СДСМ: Отпуштање наставници, затворање училишта и хајка против директори – образованието е под окупација од ВМРО
2СДСМ: Отпуштање наставници, затворање училишта и хајка против директори – образованието е под окупација од ВМРО
3Петрушевски: Граѓаните не треба да бидат заложници на партиската паника на Филипче и СДС, водата во Гостивар е повторно питка
ФудбалЅвезда на Баер Леверкузен по 4 години ја оставил девојката- не потпишувала предбрачен договор Нигерискиот напаѓач и ѕвезда на Баер Леверкузен, Виктор Бонифас, стави крај на четиригодишната врска со Норвежанката Рике Хермин, откако парот не успеал да постигне договор за условите на нивниот брак.Клучниот камен на сопнување било инсистирањето на Хермин на брак без предбрачен договор, додека Бонифациј сметал дека таков договор е неопходен за да се заштити неговата финансиска иднина. Предбрачниот договор, правно обврзувачки документ кој ја регулира распределбата на имотот во случај на развод или смрт, бил задолжителен за Бонифациј, додека Хермин го толкувала како недостаток на доверба во нивната врска. И покрај обидите да ги надминат разликите, парот решил да тргне по свој пат. Бонифациј, кој има само 24 години, продолжува да блеска на фудбалските терени. Минатата сезона беше клучен играч во походот на Баер кон шампионската титула во Германија, додека оваа сезона е во одлична форма. Тој постигна осум гола на 15 натпревари во сите натпреварувања, со што го потврди статусот на еден од најбараните напаѓачи во Европа. Nigerian footballer, Victor Boniface has reportedly ended his 4 years relationship with his Norwegian girlfriend, Rikke Hermine. According to reports, she insisted on a legal marriage without a prenup (A prenup is a contract protecting assets and finances of both parties in case… pic.twitter.com/dkW1KgHqzu — African Hub (@AfricanHub_) January 22, 2025 Пред да пристигне во Германија во 2023 година, Бонифас ја изгради својата кариера во клубови како Реал Сафир, Лефке, Бодо/Глимт и Унион СГ. Неговата моментална пазарна вредност се проценува на 45 милиони евра, што го става меѓу највредните африкански фудбалери. Иако се соочува со лични предизвици, Бонифас покажува дека знае како да остане фокусиран на она што најдобро го прави – постигнување голови и доминација на фудбалскиот терен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29За излез од Македонија на ГП Богородица час на Табановце 30 минути09:05Гостиварци му се враќаат на нормалниот живот по еден месец без вода15:00Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06 Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00
ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29
Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06
Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00
ЕвропаНов обид за нелегален премин во Сеута: Уапсени 150 мигрантиМароканската полиција пресретна и уапси околу 150 мигранти кои се обиделе да влезат во шпанската северно-африканска енклава Сеута.За време на операцијата, како што пренесуваат светските бил употребен солзавец, а на безбедносните сили им помагаа хеликоптери, беспилотни летала и полициски кучиња. Според извештаите, најголем дел биле граѓани на земјите од подсахарска Африка, но и десетици марокански државјани. Најновиот обид за нелегален премин на границата доаѓа две недели откако повеќе од 72.000 мигранти влегоа во Сеута, при што околу 100 луѓе загинаа во обидот да стигнат до европско тло.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29За излез од Македонија на ГП Богородица час на Табановце 30 минути09:05Гостиварци му се враќаат на нормалниот живот по еден месец без вода15:00Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06 Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00
ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29
Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06
Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00
МакедонијаСДСМ: Отпуштање наставници, затворање училишта и хајка против директори – образованието е под окупација од ВМРОДодека Мицкоски беше на „научнообразовна екскурзија“ во Белгија, Јаневска дома ја спроведува своја „образовна програма“ - ги злоупотребува образовните институции за политичка пресeметка од најдолен вид.Наместо фокус на подобро образование – ВМРО и Јаневска создадоа хаос во образованието, се отпуштаат наставници и се затвораат како што најави над 20 подрачни училишта ширум државата. ВМРО ОКГ ја партизираше секоја институција, па сега на ред дојдоа и директорите од училиштата. Според информациите кои стигнаа до нас, двајца инспектори од Државниот просветен инспекторат, периодов спроведуваат хајка кон директори кои не се партиски послушници. Прашуваме, дали едни исти двајца инспектори, Мирјана Насковска и Тони Илиев во повеќе училишта спроведуваат вонредни инспекциски надзори по претставки со слична или идентична содржина. Дали врз директори од средни училишта се врши притисок да поднесат оставка или да се откажат од функцијата пред истекот на нивниот мандат. Дали власта на Мицкоски врши политичка операција за чистење на кадри, неподобни директори и поставување на партиски послушници. Дали инспекцискиот надзор е претворен во механизам за смена на неподобни директори. Затоа ли овие двајца инспектори се појавуваат во речиси сите инспекциски надзори, а истовремено се и кадровски унапредувани и или наградувани. Очигледно Наскова и Илиев се „инспектори од доверба“ на ВМРО, за специјална намена. Инспектори кои се користат за однапред зададена политичка задача. Ваква постапка за притсок и смена на неподобни директори се одвива и во средното училиште во Скопје „Панче Арсовски“, каде што постапуваат токму овие двајца инспектори. Истовремено, веќе има директори кои ги оспориле решенијата за разрешување. Дел од постапките се пред второстепени органи, а има и случаи во кои Управниот суд интервенирал и ја вратил постапката на повторно одлучување, како и случаи со мериторни одлуки во корист на разрешени директори. СДСМ не е против инспекцискиот надзор, но се противи да биде злоупотребен овој механизам како средство за реваншизам и поставување на партиски подобни директори. Го повикуваме Државниот просветен инспекторат веднаш да ја запре оваа политичка операција за елиминација на неподобни директори. Јавно да одговори: зошто едни исти инспектори се појавуваат во повеќе вакви постапки? Бараме проверка на постапувањето на инспекторите, на критериумите за нивните кадровски унапредувања или дополнителните надоместоци, на начинот на распределба на предметите и наводите за притисоци врз директори. Партиските интереси и канџи мора да се тргнат од образованието. Тоа требало да го види Мицкоски на научната екскурзија во Бриж. Училиштата не се партиски штабови. Директорите не се партиски послушници. Затоа македонското образование со ВМРО-ОКГ тоне. Државниот просветен инспекторат треба да биде чувар на законите, а не чувар на партиските интереси и политички инструмент на власта на ВМРО. Прес-конференција на СДСМ, Јованче Манасков – Комисија за образование СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПетрушевски: Граѓаните не треба да бидат заложници на партиската паника на Филипче и СДС, водата во Гостивар е повторно питкаДодека институциите работат и ги решаваат проблемите, СДС се обидува политички да профитира преку ширење страв и паника меѓу граѓаните.Последен пример е ширењето на лаги и манипулации за наводна загадена вода во Скопје. Прво пласираат обвинувања, а кога ќе бидат демантирани со факти, нема ниту извинување ниту одговорност. Исто беше и со водата во Гостивар. Надлежните институции ги направија потребните испитувања и потврдија дека водата е безбедна за пиење. Наместо да ги прифати фактите, СДС продолжува да создава сомнеж кај граѓаните. Граѓаните не треба да бидат заложници на партиската паника на СДС. Водата во Гостивар е безбедна, а институциите ја следат состојбата и постапуваат одговорно. Додека Филипче е на Паљури со Заев, хаосот во СДС е поголем од кога било. Наместо да измислуваат кризи, во СДС треба да се справат со сопствениот хаос. Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter