МакедонијаДЗС ги промени графиконите за верската припадност, за 25 пати „пораснаа“ атеиститеНаместо 21, графата за религиска припадност од пописот се намали на 13 категории.Два дена по објавените резултати, на официјалниот сајт на Државниот завод за статистика се објавени промени во табелата и конфузни пресметки. Најзабележлива е промената кај атеистите, кои од 355, сега се 8764- колку што претходно официјално броеа евангелско-протестантските христијани, а сега воопшто не се наведени. Оние групи кои броеле под 500 лица на ниво на државата, како евреи, адвентисти, баптисти, реформисти или членови на Харе Кришна, сега ги нема на табелата, а во категориите именувани како “други”, “не се изјаснил” или “непознато”, бројките се поголеми од првично објавените. Канал 5 побара објаснување од директорот на статистика Апостол Симовски, кој најави дека во понеделник ќе добиеме одговор за што конкретно станува збор. Утрово во гостување на радио Канал 77 тој рече дека се сомнева во техничка грешка во називите на графите, и негира дека се работи за интервенција за промени во бројките. За промените во табелата реагираше политичката партија Левица.. велат дека се работи за упад во базата на податоци и најавија дека ќе поднесат кривични пријави против Симовски и против институцијата со која раководи. За првпат од објавување на официјалните резултати, оценка даде и премиерот Димитар Ковачевски. Рече дека пописот е спроведен по европски стандарди, а за обвинувањата дека нема комплетни податоци за сите, Ковачевски смета дека е поради специфичните услови во кои се одвиваше и поради бојкот покренат од политичарите. За пописот да даде јасна слика, опозицијата побара да се направи дополнителна проверка на податоците за тие 132 илјади граѓани или 7,2 отсто чија етничка припадност, религија и јазик кој го говорат, сега не се познати. Ваква опција според директорот на статистика не е возможна, зашто пописот според него е завршена работа. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
НБАНБА инвестира милијарди во европската кошарка !Најсилното светско кошаркарско првенство, НБА планира да инвестира милијарди долари во создавањето на нова европска кошаркарска лига, во која сака да ги вклучи најголемите фудбалски клубови од Стариот континент.НБА не се откажува од идејата за започнување ново кошаркарско натпреварување на Стариот континент, а амбициите на американската организација стануваат сè поголеми. Според информациите на британскиот „Скај њуз“ (Sky News), планот е да се формира огромен инвестициски фонд кој би располагал со милијарди долари. Средствата првенствено би биле наменети за изградба на модерни спортски сали, развој на инфраструктурата и привлекување на големи европски клубови. Целта на НБА е да создаде натпреварување кое ќе ги обедини најпознатите спортски брендови во Европа и ќе стане сериозен конкурент на Евролигата. Посебно внимание привлекува списокот на клубови што американската организација сака да ги вклучи во проектот. Меѓу нив се Реал Мадрид, Барселона, Милан и Пари Сен Жермен. Идејата е овие фудбалски гиганти да добијат свои кошаркарски франшизи и да ја искористат својата постоечка популарност за развој на нов спортски производ. НБА особено смета на британскиот пазар, па Лондон и Манчестер веќе се споменуваат како потенцијални градови домаќини за нови тимови. Ова би му дало дополнителна комерцијална вредност на европскиот проект и би ја отворило вратата кон пазар каде што кошарката сè уште ја нема популарноста што ја ужива фудбалот. Сепак, реализацијата на еден ваков голем потфат нема да биде едноставна. Дел од потенцијалните инвеститори се загрижени поради огромните трошоци за започнување на натпреварувањето, но и поради неизвесноста во однос на неговата долгорочна профитабилност. Инаку, НБА претходно се обиде да најде заеднички јазик со Евролигата, но договор меѓу двете страни не беше постигнат. По неуспешните преговори, американската организација продолжи да ја развива идејата за посебно европско натпреварување, со поддршка од ФИБА. Доколку планот се реализира, европската клупска кошарка би можела да влезе во сосема нова ера, со огромни финансиски вложувања и доаѓање на некои од најголемите спортски имиња.Тагови: НБА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
ЕвропаЛе Пен потврди дека ќе ја укине финансиската помош за Украина доколку победи на изборитеМарин Ле Пен, лидерката на француската крајнодесничарска партија „Национален собир“, денеска потврди дека ќе ја прекине финансиската помош за Украина доколку победи на претседателските избори следната година. Таа ја даде оваа изјава по средбата со украинскиот амбасадор во Париз, пренесува „Еуроњуз“ (Euronews). Ле Пен изрази жалење што состојбата со француските јавни финансии не дозволува продолжување на финансиската помош за Украина, но нагласи дека Франција ќе испочитува дел од своите претходно преземени обврски. Според анкетата на агенцијата „Елаб“ (Elabe), објавена на 14 ноември, Ле Пен моментално ужива поддршка од околу 32 отсто од гласачите пред претседателските избори во 2027 година. Жан-Лик Меланшон, од крајнолевичарската партија „Непокорена Франција“, има поддршка од околу 17 отсто. Во пресрет на петтата годишнина од почетокот на руската инвазија врз Украина, партијата „Национален собир“ издаде соопштение во кое се наведува дека Франција не може да продолжи да ѝ дава финансиска помош на Украина, иако ќе ги испочитува постојните обврски. Тие вклучуваат европски заем за Украина во износ од 90 милијарди евра, донации на опрема, хуманитарна помош и поактивен дипломатски ангажман. Ле Пен ја опиша својата средба со украинскиот амбасадор во Франција, Вадим Омелченко, како срдечна. Таа изјави дека тоа била можност повторно да ја потврди својата поддршка за Украина. Нејзините изјави повторно покренаа прашања во врска со минатите врски на нејзината партија со Русија. Во 2017 година, Ле Пен се сретна со рускиот претседател Владимир Путин во Кремљ, а нејзината партија претходно имаше земено заем од руска банка – долг што беше целосно отплатен во 2023 година. Според соопштението од партијата „Национален собир“, Ле Пен и украинскиот амбасадор воделе отворен разговор за иднината на војната. Ле Пен нагласи дека постигнувањето мир – колку и да е тешко – мора да остане приоритет за сите. Нејзините политички противници предупредуваат дека инсистирањето на брз крај на војната би можело да ја принуди Украина да прифати неповолни услови во мировниот договор. За време на денешната средба, Ле Пен побара од украинскиот амбасадор да му пренесе на претседателот Володимир Зеленски дека таа е подготвена да разговара со него во Париз или Брисел. Сепак, таа не спомна ништо за можноста да отпатува во Киев, иако Зеленски претходно ја покани да го посети украинскиот главен град.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизЕмили Ратајковски привлече внимание на моминска вечер (ФОТО)Манекенката Емили Ратајковски (35) привлече внимание со своите смели модни избори на моминската вечер на нејзината најдобра пријателка, Барбара „Бабс“ Кнап.За прославата во Њујорк, таа се одлучи за две провокативни изданија, споделувајќи фотографии на Инстаграм, пренесува „Hello!“. Две провокативни изданија за моминската вечер Емили објави серија фотографии од прославата, на кои можеа да се видат многу балони, каубојски шешири и пердуви. За првиот дел од вечерта, таа носеше украсени црни панталони и многу краток топ со реси, кој едвај ѝ ги покриваше градите. View this post on Instagram A post shared by Emily Ratajkowski (@emrata) Подоцна, таа се пресоблече за вечера во францускиот ресторан „Le Veau d'Or“, избирајќи црн топ со екстремно длабоко деколте. „Мојата најдобра пријателка се мажиииии!!! @babsjeanne“, напиша таа покрај фотографиите. Нејзините следбеници беа очигледно импресионирани. „Изгледаш неверојатно!“, коментираше еден корисник. „Одлични фотографии, изгледаш повеќе од прекрасно“, додаде друг, додека трет напиша: „Преубава си, како и секогаш“. Неодамна привлече внимание и на црвениот тепих Претходно овој месец, Ратајковски исто така привлече внимание со своите модни избори. На гала-настанот „LACMA Art+Film“, одржан на 7 ноември во Лос Анџелес, таа се појави во впечатлив фустан од „Gucci“. View this post on Instagram A post shared by Emily Ratajkowski (@emrata) Креацијата, инспирирана од античка Грција, се одликуваше со исклучително висок шлиц и длабоко, асиметрично деколте, со блескав украс поставен на едното рамо. Манекенката сподели фотографии од ова издание и на Инстаграм. „Ви благодарам @lacma, @demna, на целиот тим на @gucci и на мојот тим од соништата што ја направија мојата сабота толку посебна!“, напиша таа.Тагови: Емили Ратајковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32