„Розов пикник појадок“ во Градскиот парк- организторите побараа подобра превенција и скрининг за жените
2„Розов пикник појадок“ во Градскиот парк- организторите побараа подобра превенција и скрининг за жените
МакедонијаДЗС добива прва републичка пожарна составена од 50 армиски и полициски возила пренаменети за гаснење на шумски пожариДирекција за заштита и спасување добива прва републичка пожарна составена од 50 возила за гаснење на шумски пожари, кои имаат одлични карактеристики и капацитети за справување со тешко достапни терени. Станува збор за армиски и полициски возила кои се пренаменети и ставени на располагање на Владата и на Дирекцијата за заштита и спасување, а на барање на општините за справување со пожарите во земјава. Премиерот Христијан Мицкоски, на промоцијата на армискиот полигон „Криволак“, посочи дека станува збор за полициски и армиски возила кои повеќе од осум години беа запуштени и не биле запалени, а со кои сега државата многу поподговени ја пречекува сезоната на пожари. -Благодарност до сите кои што учествуваа во оваа активност. На овој начин државата заштедува неколку десетии милиони евра, а да не зборувам колку капацитетите се зголемени, изјави Мицкоски. Тој информираше дека неделава треба да стигне и вториот авион од сервис, а третиот се очекува до крајот на август. - По два полициски и армиски хеликоптери се исто така подготвени доколку има потреба. Навистина не можеме да правиме споредба со претходно. Можам да кажам дека многу, многу поподготвени сме од минатото доколку има вакви предизвици, изјави Мицкоски. Директорот на Дирекција за заштита и спасување Стојанче Ангелов, по презентациијата на опремата и возилата, рече дека за разлика од минатите години сега имаме многу повеќе ресурси. -За првпат имаме неспоредливо повеќе ресурси за справување со пожари. Овие возила со резервоар за вода од 1,5 тони може да стигна до места, на кои и најсовремени џипови не би можеле, изјави Ангелов. Градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев, информираше дека целокупната инвестиција е од општествено одговорни компании и лица и дека државата за првпат добива прва републичка пожарна. -Пред три месеци земавме за обврска сите возила кои беа расходовани да ги ставиме во функција. Денеска 34 возила за гаснење на отворен пожар се презентирани. Имаат одлични карактеристики и капацитети за справување со тешко достапни терени. Целокупната инвестиција е од општествено одговорни компании и лица, изјави Јанчев. Станува збор за застарената и магационирана опрема, како што се БТФ70/80, старите хермалини и слично, кои што беа во магацините на Министерството за одбрана и МВР, а кои се модернизирани и на кои им се инсталирани посебни резервоари за вода, пумпи кои што работат на висок притисок и можат да пристапуваат на непристапни терени.Тагови: пожари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЕсенска дератизација во Општина АеродромЕсенска дератизација деновиве се спроведува на целата територија на Општина Аеродром, со цел уништување на глодачите и заштита на здравјето на населението.Опфатени се 3.000 шахти, во кои се поставуваат 9.000 мамци, како и во сите основни училишта и градинки на територијата на општината. Есенската и пролетната дератизација се важна превентивна мерка за заштита на населението од појава и ширење на болести што ги пренесуваат глодачите и се спроведуваат во соработка со Центарот за јавно здравје - Скопје. Општина АеродромТагови: Општина Аеродром Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДимитриевски од Гостивар: Со Бугарија ќе разговараме, но од македонскиот идентитет не отстапуваме!Продолжува отчетот пред граѓаните.По средбите и разговорите низ Македонија, денес Движењето ЗНАМ – За наша Македонија го продолжи отчетот под мотото “Две години работа. Две години резултати. Една љубов – Македонија” во Гостивар, каде пред граѓаните беа презентирани резултатите од досегашната работа. Пред гостиварчани, претседателот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски говореше за конкретните резултати од капиталните проекти, зголемувањето на платите и економскиот стандард, но и за едно од најважните прашања за македонската држава, европската интеграција. Во однос на капиталните инвестиции, Димитриевски посочи дека отчетот најдобро се мери преку конкретните проекти што се реализираат низ општините и кои директно го подобруваат секојдневието на граѓаните. „Кога зборуваме за резултати, зборуваме за нешто што граѓаните можат да го видат и почувствуваат. Во изминатиот период поддржани се повеќе од 1.200 проекти во општините, од кои дел веќе се завршени, а дел се во реализација. Тоа се улици, водоводи, канализации, училишта, спортски објекти и друга инфраструктура. Но, зад секој од овие проекти стои нешто многу поважно, подобар услов за живот, подобра услуга и нова можност за развој на секоја општина.“ порача Димитриевски. Димитриевски во своето обраќање се осврна и на мерките за подобрување на животниот стандард, нагласувајќи дека растот на економијата мора да се почувствува директно кај граѓаните. „Работиме на зголемување на платите во јавниот сектор, од административните службеници, преку вработените во образованието и здравството, до припадниците на безбедносниот сектор. Со потпишаните колективни договори и постепеното зголемување на платите, вложуваме во луѓето и во вреднувањето на нивниот труд. Подобриот стандард мора да биде резултат што граѓаните ќе го почувствуваат“ порача Димитриевски. Говорејќи за европската интеграција и односите со Република Бугарија, Димитриевски порача дека Македонија има јасна европска определба, но и јасно поставени црвени линии кога станува збор за македонскиот идентитет, јазик и култура, нагласувајќи дека ставот што ЗНАМ го застапува од своето основање денес е и став на Владата и државна позиција на Македонија. Тој нагласи дека ЗНАМ ја поддржува иницијативата за средба и разговор со бугарската страна, но дека Македонија повеќе нема да дозволи билатералните прашања да се претвораат во услови за нејзината европска иднина. „Ние сме за разговор, за средба и за добрососедски односи со Бугарија. Но, да бидеме јасни, за идентитетот, јазикот и културата на македонскиот народ нема да преговараме. Претходната власт дозволи едно билатерално прашање да биде внесено во европскиот процес и од билатерален проблем да стане европско прашање. Денес поради таквите одлуки сите ја плаќаме цената. Ние нема да ја повторуваме таа грешка. Македонија ќе оди кон Европската Унија, но во Европа ќе влеземе како Македонци, со македонски јазик, македонска култура и сопствен национален идентитет“ порача Димитриевски. На панел-дискусијата свои обраќања имаа и пратеникот Павле Арсовски, кој говореше за актуелните политички процеси и работата во Собранието, поранешниот министер за правда Игор Филков, кој се осврна на реформите во правосудството и владеењето на правото, како и заменик-министерот за дигитална трансформација Радислав Настасијевиќ Варџиски, кој говореше за процесите и реформите во дигиталната трансформација на јавните услуги. Движењето ЗНАМ продолжува со отчетот пред граѓаните низ Македонија, со порака дека резултатите мора да бидат видливи во секој град и секое населено место, затоа што Македонија не се гради само со зборови и ветувања, туку со работа што останува зад нас и со дела што граѓаните ги чувствуваат во својот секојдневен живот. Центар за комуникации и аналитика ЗНАМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеД-р Митевска: Кардиоваскуларните заболувања се црвена зона за смрттност во МакедонијаСекој трет смртен случај лани бил резултат на кардиоваскуларни заболувања. 6.880 смртни случаи во 2025 година биле од кардиоваскуларни заболовања, или 34% од смртните случаи се на срцеви заболувања што можеле да се превенираат. Редовни контроли на кардиолог, регулирање на шеќер во крвта, висок притисок, откажување од цигари се клучни за здраво срце. Во неделата за заштита од кардиоваскуларните заболувања објаснува кардиологот Ирена Митевска. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter