ДЗС: Ангелов во Кипар на состанок на директори за цивилна заштита на земјите од ЕУ - Канал 5

ДЗС: Ангелов во Кипар на состанок на директори за цивилна заштита на земјите од ЕУ

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, учествува на 56. состанок на директори за цивилна заштита на земјите членки на Европската Унија (ЕУ) и на земјите учеснички во Механизмот за цивилна заштита на ЕУ .

ДЗС: Ангелов во Кипар на состанок на директори за цивилна заштита на земјите од ЕУ

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, учествува на 56. состанок на директори за цивилна заштита на земјите членки на Европската Унија (ЕУ) и на земјите учеснички во Механизмот за цивилна заштита на ЕУ од 14 до 16 април 2026 година во Никозија, Кипар.

Како што соопшти ДЗС, главна тема на состанокот била подготвеноста за претстојната сезона на пожари на отворено, унапредувањето на цивилно-воената соработка, како и улогата и перспективата на вештачката интелигенција во цивилната заштита.

- Посебна сесија на овој меѓународен 56. состанок на директори за цивилна заштита беше посветена на зајакнувањето за соработка во рамките на европскиот Механизам за цивилна заштита и на соработката на земјите од Западен Балкан. Притоа се разговараше за тековните ризици со кои се соочуваат државите и за развој на националните капацитети за справување со нив. Во рамките на оваа сесија се одржаа и посебни билатерални средби со претставниците на Директоратот за европски операции за цивилна заштита и хуманитарна помош на ЕУ (DG-ECHO) - се наведува во соопштението од ДЗС.

Состанокот во Никозија го отворил министерот за внатрешни работи на Кипар, Константинос Јоану, кој од јануари до септември оваа година претседава со Советот на Европа. Заедно со Ангелов е и Роберт Малезански, раководител на Одделението за специјализирани услуги со летала во ДЗС.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ананас на каросерија на БМВ- посветено е на почината тркачка легенда (ВИДЕО)

На прв поглед, ананасот на каросеријата на спортски BMW изгледа како необичен украс, но на овој автомобил има посебно значење.

Ананас на каросерија на БМВ- посветено е на почината тркачка легенда (ВИДЕО)

На прв поглед, ананасот на каросеријата на спортски БМВ изгледа како необичен украс, но на овој автомобил има посебно значење: тој е личен симбол на среќа за Алекс Занарди, на кого BMW Italia му посвети уникатен M3 Competition по повод неговиот 60-ти роденден.

Автомобилот наречен M3 Tribute to Alex Zanardi е создаден во соработка со италијанското дизајнерско студио BorromeoDeSilva. Посветен е на возач чија решителност и оптимизам оставија трага надвор од светот на автомобилските трки.

BMW Italia го избра актуелниот M3 Competition од генерацијата G80 како основа за овој автомобил, а партнерите Алкантара и Бефуел учествуваа во реализацијата на проектот.

Ананасот како симбол на оптимизам

Каросеријата е украсена со посебна интерпретација на препознатливите тркачки бои на М дивизијата на BMW, инспирирани од изгледот на неговите натпреварувачки автомобили низ историјата.

Студиото BorromeoDeSilva го вклучи мотивот на ананас во графиката како знак на оптимизмот и решителноста на Занарди со кои се соочи со навидум непремостливи предизвици. Динамичните линии и деталите во боја го поврзуваат тркачкото наследство на BMW M со животната приказна на Занарди.

Внатрешност инспирирана од моделот M3 E30 Sport Evolution

Специјалните детали продолжуваат и во кабината. Седиштата се тапацирани со антрацит алкантара со ласерски перфорирани делови. Под нив се наоѓа основа што тече во боја, создавајќи постепени транзиции инспирирани од традиционалните бои на BMW M - сина, виолетова и црвена.

Истиот мотив се повторува на облогите на вратите, додека целата внатрешна декорација е почит кон моделот M3 E30 Sport Evolution.

Лансирањето на автомобилот се совпаѓа и со 40-годишнината од M3. BMW Italia постави трајна спомен-плоча во своето седиште, Куќата на BMW Italia, опишувајќи го Занарди како „најголемиот модел што некогаш сме го имале“.

Повеќе од две децении соработка со BMW

Соработката на Занарди со BMW започна пред повеќе од две децении. Тој се врати на трките во 2003 година, натпреварувајќи се за BMW Team Italy-Spain на Европскиот шампионат за туристички автомобили. Од 2005 до 2009 година, тој беше официјален возач на BMW Motorsport во Светското првенство за туристички автомобили на FIA, WTCC.

Во тој период, тој постигна четири победи, меѓу кои онаа во Ошерслебен во август 2005 година е особено запаметена.

Тој ја продолжи својата соработка со BMW со настапи во шампионатот Blancpain Sprint Series, 24 часа Спа-Франкоршамп, DTM и 24 часа Дајтона. Во 2018 година, тој се натпреваруваше во DTM зад воланот на моделот M4 DTM, а во 2019 година во Дајтона го возеше M8 GTE.

Четири параолимписки златни медали

Успесите на Занарди не беа поврзани само со автомобилизмот. По сериозната несреќа на Лаузицринг во 2001 година, што резултираше со ампутирање на двете нозе, тој се врати на натпреварувањата и имаше исклучителна кариера во возењето велосипед со рачен погон.

На Параолимписките игри во Лондон во 2012 година и во Рио де Жанеиро во 2016 година, тој освои вкупно четири златни медали, а на тоа додаде и бројни титули на светски шампиони.

Важен дел од животот на Занарди беше помагањето на другите. Преку фондацијата Бимбингамба, тој им помагаше на децата со ампутирани екстремитети, додека со проектот Обиетиво3 им овозможи на лицата со попреченост да спортуваат.

Тој, исто така, влијаеше на развојот на италијанската програма за општествена одговорност на БМВ, SpecialMente, која промовира вклучување во општеството, образование и поддршка на ранливите групи.

Занарди ќе наполнеше 60 години на 23 октомври 2026 година. Почина на 1 мај оваа година.

Неговата работа ја продолжува неговиот син Николо

Поврзаноста на БМВ со семејството Занарди продолжува преку неговиот син Николо, амбасадор на програмата SpecialMente и инструктор во автошколата Italian Driving Experience на БМВ. Николо, исто така, учествува на курсеви за лица со попреченост, за кои користи специјално адаптиран М2.

Како што истакна извршниот директор на BMW Italia, Серџо Солеро, Занарди беше многу повеќе од возач или амбасадор на брендот. Тој ја отелотвори способноста да ги претвори животните неволји во нови можности, а неговиот пример продолжува да инспирира дури и по неговата смрт.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Двајца хирурзи ручале во близина на плоштадот во Краков - едниот го спасил херојот полицаец од сигурна смрт

Еден од двајцата хирурзи кои им помагале на жртвите на улиците по масовното пукање во Краков, Полска, изјави дека неговиот колега „несомнено“ му го спасил животот на тешко ранет полицаец.

Двајца хирурзи ручале во близина на плоштадот во Краков - едниот го спасил херојот полицаец од сигурна смрт

Двајцата лекари ручале во близина на Главниот плоштад во градот во саботата, кога вооружен напаѓач почнал неселективно да пука, при што убил шест, а ранил 15 лица.

Лекарите веднаш интервенирале за да им помогнат, дури и на напаѓачот, како и на двајцата полицајци кои биле застрелани додека се обидувале да го совладаат сторителот, објави Би-Би-Си.

Денеска полицајците – кои премиерот ги нарече „вистински херои“ бидејќи спречиле дополнителни жртви – се разбудиле од кома.

Обвинителите започнаа истрага за тероризам, откако претходно министрите изјавија дека 24-годишниот полски напаѓач – кој сè уште е во критична состојба – наводно бил инспириран од „крајно десничарски идеологии“.

Меѓу загинатите, покрај четворица Полјаци, имало и еден британски државјанин и една австриска државјанка.

Како што пренесуваат локалните медиуми, професорот Михал Пенџивјатр и д-р Матеуш Виердак ручале во центарот на Краков со своите семејства кога слушнале истрели.

„Одеднаш дотрча син ми и рече: ’Тато, таму пукаат кон луѓе, луѓе паѓаат на земја‘“, изјави Пенџивјатр за весникот „Факт“.

Пенџивјатр раскажа дека кога пристигнале на местото на настанот, им пружиле помош и на напаѓачот и на полицајците.

„Кога станува збор за спасување животи, не е важно кој е кој“, додаде тој.

Откако пукањето престанало, Пенџивјатр се погрижил за другите жртви и за сторителот, додека Виердак почнал да му помага на полицаецот кој бил застрелан во градите за време на престрелката.

„Тој, народски кажано, ги наполни градите [на полицаецот] со завои и му ги вметна рацете внатре“, изјави тој за „Факт“.

„Да не беше тоа, не знам како ќе завршеа работите, бидејќи на брзата помош се чекаше долго.“ Во меѓувреме, Пенџивјатр изјави дека се јавил во болницата „Јован Павле II“, каде што се наоѓа Одделот за торакална и кардиохирургија.

„Инсистирав да го однесат таму, бидејќи, според мене, таму имаше најголеми шанси за преживување, со оглед на тоа што таму имаше специјалисти токму за овој вид на повреда“, изјави тој за „Факт“.

Според локалните медиуми, Виердак е реномиран хирург во Краков. Од Универзитетската болница во Краков наведуваат дека Пенџивјатр е раководител на Одделот за општа, онколошка, метаболичка и ургентна хирургија.

Полицајците се идентификувани како постари полицајци Јакуб Кулик и Артур Морански.

Истрагата продолжи во центарот на Краков, пред повторното отворање на Главниот плоштад.

Напаѓачот сè уште не е идентификуван од страна на властите.

При претресот на неговиот дом по нападот во центарот на Краков, пронајдени се телата на неговите родители и сестра.

Националното јавно обвинителство во Полска покрена истрага за нападот, при што водечка улога презеде единица специјализирана за „терористички дела“.

Одделно, се појавија информации дека шестмина волонтери од Цивилната одбрана на Даблин, исто така, помогнале по пукањето.

Џејмс Меконел, еден од нив, изјави за „RTE News“ дека групата била на туристичка посета на градот и се наоѓала во близина на главниот плоштад кога се случило пукањето.

Волонтерите, кои се обучени за давање медицинска помош, веднаш се обиделе да им помогнат на повредените, спроведувајќи „кардиопулмонална реанимација и запирање на крварење“.

Сведоците кои биле во близина на местото на нападот опишаа паника и збунетост на плоштадот додека се одвивал инцидентот.

Руби Кетрин Ворен од Лондон слушнала истрели и „им викнала на пријателите да бегаат, па сите потрчавме за да си ги спасиме животите“.

Бидејќи не знаеле каде се наоѓа напаѓачот – или дали ги има повеќе – тие „продолжиле да трчаат“ сè додека не пронашле хотел во кој се скриле.

Како се одвивало смртоносното пукање во Краков

Том Брук од Западен Јоркшир се наоѓал во „Мекдоналдс“ во близина на плоштадот кога слушнал „повеќе истрели и видел луѓе како бегаат барајќи засолниште“.

Тој продолжи: „Потоа излегов на плоштадот и видов болничари како укажуваат помош на некого пред една продавница, а на 20 метри од таму имаше мртво тело покриено со заштитни фолии“. За време на нападот, осомничениот носел целосна воена тактичка опрема и, според описите, поседувал оружје од воен тип – но од владата изјавија дека тој не е припадник на полските вооружени сили.

Полскиот министер за внатрешни работи, Марчин Кјервински, изјави дека „сè укажува на тоа“ оти осомничениот бил „фасциниран од крајнодесничарски идеологии“ и застапувал ултранационалистички ставови.

Нападот започнал во саботата, непосредно пред 15:00 часот по локално време (14:00 часот по Гринич), во историскиот центар на Краков.

На снимките се гледа како возилото на напаѓачот со голема брзина се движи низ центарот на градот, додека луѓето бегаат, а се слушаат и истрели од огнено оружје.

Излозите на продавниците биле искршени од куршуми, а бил погоден и еден трамвај за време на нападот, кој, според полицијата, траел околу три минути.

Градоначалникот на Краков соопшти дека поднел итно барање двајцата полицајци, кои биле повредени додека се обидувале да го запрат напаѓачот, да добијат титула почесни граѓани на градот.

Главниот плоштад вечерва повторно беше отворен, откако беше повлечен безбедносниот кордон.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мурињо го собори рекордот на Ла Лига

Реал Мадрид убедливо ја победи Валенсија со 3:0 на „Местаља“ вчера вечерта во 12-то коло од Ла Лига, а со таа победа тренерот Жозе Мурињо дополнително ја подобри својата веќе импресивна статистика. 

Мурињо го собори рекордот на Ла Лига

Тоа беше 97-ма победа на Португалецот во 126 натпревари, со што неговата стапка на успех достигна 77 проценти.

Овој резултат го става Мурињо на првото место меѓу тренерите кои воделе најмалку 100 натпревари во шпанското првенство. Никој во историјата на натпреварувањето нема поголем процент на победи во таа категорија. Веднаш зад него е Пеп Гвардиола, кој забележа 116 победи во 152 натпревари, што претставува стапка на успех од 76,3 проценти.

Флик има уште подобар процент

Според податоците на шпанските статистичари, Карло Анчелоти е следен на листата со 71,1% (162 победи во 228 натпревари). Ханси Флик има уште подобар коефициент од Мурињо, 79,3 проценти победи, но сегашниот тренер на Барселона сè уште не ја достигнал границата од 100 водени натпревари. Флик забележа 69 победи во 87 натпревари.

1. Ханси Флик - 79,3 % (69 победи во 87 натпревари)

2. Жозе Мурињо - 77% (97 победи во 126 натпревари)

3. Пеп Гвардиола - 76,3 % (116 победи во 152 натпревари)

4. Карло Анчелоти - 71,1 % (162 победи во 228 натпревари)

Во победата над Валенсија, Реал поведе со голот на Федерико Валверде во 28-та минута, а Арда Гулер го дуплираше водството во 36-та минута. Конечните 3:0 ги постави Килијан Мбапе во 75-та минута. За мадридскиот тим ова беше осма последователна победа во сите натпреварувања.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер