ДЗС: Активни четири пожари, два полициски и еден армиски хеликоптер го гаснат пожарот над магистралниот пат Скопје - Блаце - Канал 5

ДЗС: Активни четири пожари, два полициски и еден армиски хеликоптер го гаснат пожарот над магистралниот пат Скопје - Блаце

Во моментов има 12 пожари на отворено, од кои четири се активни, еден е локализиран, а седум се изгаснати, објави ЦУК.

ДЗС: Активни четири пожари, два полициски и еден армиски хеликоптер го гаснат пожарот над магистралниот пат Скопје - Блаце

Од 5 часот утрово два полициски хеликоптера го гасат пожарот во реонот на Блаце. До овој момент, како што информира МВР, исфрлени се повеќе од 30 тони вода, а хеликоптерите се уште интервенираат на локацијата.

-Од 5 часот денеска полициски службеници од Хеликоптерската единица за полициски намени при МВР, со два хеликоптера на единицата за полициски намени, бел 412 и агуста бел 212, се активни во гасењето на пожарот во реонот на Блаце. До овој момент исфрлени се повеќе од 30 тони вода и се уште активно оперираат, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Активни се пожарите во Општина Прилеп: село Бешиште, каде е зафатена мешана шума, во Општина Македонски Брод во село Црешнево каде гори деградирана дабова шума и грмушки. Во Општина Чашка под Солунска глава, помеѓу изворите на Бабуна и Бабина дупка – само чад во карпест дел (шумски пожар).

Во Општина Чучер Сандево: помеѓу село Блаце и село Чучер зафатена е мешана шума и ниска вегетација. За негово гаснење од утрово во пет часот ангажирани се два полициски хеликоптера, еден армиски хеликоптер, како и три возила на Дирекцијата за заштита и спасување - еден хермелин со цистерна, еден пинцгауер на и едно теренско возило „амарок", дејствуваат како поддршка на скопската БППЗ (Бригада за противпожарна заштита Скопје) која со повеќе пожарникари и возила го гаси големиот пожар на отворен простор на територијата на општина Чучер Сандево над магистралниот пат Скопје - Блаце, кој изби вчера во попладневните часови.

Како што изјави директорот на ДЗС Стојанче Ангелов, најверојатна причина за пожарот во оштина Чучер Сандево е фрлен отпушок од цигара од возило во движење или намерно потпалување.

-Од мое непосредно забележување можам да кажам дека овој пожар изби непосредно до магистралниот пат кон Блаце и можна причина е фрлен отпушок од цигара од возило во движење или намерно потпалување. Затоа, апелираме до граѓаните да се однесуваат совесно и никогаш да не фрлаат отпушоци од цигари надвор од возило, дури и тогаш кога се убедени дека се изгаснати, апелира Ангелов.

Доколку забележат пожар, посочи тој, граѓаните веднаш да се јават на бројот 112.

МВР утрово соопшти дека патниот сообраќај до граничниот премин Блаце ноќеска е нормализиран и укината е и забраната за товарните моторни возила и за автобусите. Сообраќајот на оваа делница синоќа поради пожарот над магистралниот пат А4 Скопје – Блаце кај тунелот, кој се прошири, беше пренасочен за патнички возила, а беше воведена забрана за товарни моторни возила.

Инаку, локализиране е пожарот во општина Делчево каде гореше Градска депонија.

Изгаснати се пожарите во Општина Сара во село Љубин каде гореше ниска вегетација и борова шума, во Општина Ѓорче Петров во населба Даме Груев, покрај река Лепенец каде беше зафатена ниска вегетација, потоа во Општина Карпош кај болницата во Бардовци каде гореа грмушки и ниска вегетација. Во Општина Прилеп пожарот кај Фабриката Партизанка со кој беше зафатена ниска вегетација и дрвен праг од железничка пруга, стрниште гореше во Општина Чешиново-Облешево во село Чешиново, како и ѓубре и ниска вегетација на ул.„Октомвриска револуција“ кај My market и гуми и ѓубре кај автопатот близу бензинска пумпа Макпетрол во општина Куманово.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тајфун во Јапонија: Доаѓаат ветрови со брзина од над 200 километри на час

Се очекува голем, моќен тајфун да стигне до копното во јужна Јапонија, Окинава и Амами.

Тајфун во Јапонија: Доаѓаат ветрови со брзина од над 200 километри на час

Властите ги повикаа жителите во областите да останат во состојба на висока готовност поради силни ветрови, кои би можеле да достигнат повеќе од 200 километри на час и обилни дождови во текот на следните неколку дена, објави „NHK“.

Јапонските метеоролози соопштија дека тајфунот Долфин се наоѓал 180 километри источно-североисточно од островот Минамидаито во префектурата Окинава.

Тајфунот се движи кон запад со брзина од 15 километри на час. Ветрови до околу 145 километри на час дуваат во близина на центарот на тајфунот, со максимални налети од околу 215 километри на час.

Ветрови од најмалку 90 километри на час дуваат во радиус од 220 километри од центарот на бурата. Се очекува максималната брзина на ветерот денес да достигне околу 125 километри на час во Окинава, 90 во Амами и околу 70 во јужен Кјушу. Налетите на ветерот веројатно ќе достигнат 180 километри на час во Окинава, околу 125 во Амами и околу 110 во јужен Кјушу.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

222 сообраќајни прекршоци од возачи на мотоцикли, 14 лишени поради безобѕирно возење

Во текот на вчерашнит ден (05.08.2026) во периодот од 17.00 до 23.00 часот спроведена е акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 222 возачи.

222 сообраќајни прекршоци од возачи на мотоцикли, 14 лишени поради безобѕирно возење

Од нив, 186 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 14 возачи се лишени од слобода поради сторено кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик, сите возеле без возачка дозвола, а 14 мотоцикли се одземени.

За време на контролата санкционирани се и 197 други видови на сообраќајни прекршоци.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончево и многу топло

Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. 

Утре сончево и многу топло

Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Попладне ќе има локален развој на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 38 степени.

Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 37 степени.

Продолжува периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која во некои места ќе достигне до 40°C. Во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер