ДЗР: Застарени сместувачки капацитети, задолженост и континуирани загуби - Канал 5

ДЗР: Застарени сместувачки капацитети, задолженост и континуирани загуби

Застарени сместувачки капацитети, задолженост и континуирани загуби го обележуваат работењето на ЕЛЕМ ТУРС ДООЕЛ Скопје.

ДЗР: Застарени сместувачки капацитети, задолженост и континуирани загуби

Ревизорите утврдиле недоследности во работењето на ЕЛЕМ ТУРС ДООЕЛ Скопје и констатирале дека се соочува со акумулирани загуби од приближно 1,2 милијарди денари и обврски над 268 милиони денари. Застарените сместувачки капацитети, нерационалното трошење на средства и несоодветното управување го доведуваат друштвото до сериозни предизвици во работењето, констатира Државниот завод за ревизија по извршената ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Друштвото за туризам, угостителство, рекреација и спорт ЕЛЕМ ТУРС ДООЕЛ Скопје, за 2023 година.

ДЗР информира дека ЕЛЕМ ТУРС ДООЕЛ Скопје се соочува со неповолна финансиска состојба уште од своето основање во 2012 година, при што во континуитет остварува загуби од работењето која акумулирана до 2023 година изнесува 1.196.650 илјади денари, односно 19.395 илјади евра и претставува 92 проценти од основната главнина.

- И покрај тоа што во 2023 година е искажана најмала загуба во последните шест години, што се должи на статусните промени во друштвото и неговата намалена активност, сепак друштвото во континуитет искажува негативен финансиски резултат од работењето, не е ликвидно и е во лоша финансиска состојба. За да продолжи со вршење на својата дејност и подмирување на обврските, друштвото во континуитет склучува трипартитни договори со основачот за преземање на долг. Во периодот од 2018 до 2023 година (со исклучок на 2020 година) преку договори склучени со АД ЕСМ Скопје (преземач на долгот), ЕЛЕМ ТУРС ДООЕЛ Скопје (должник) и конкретните доверители, преземени се долгови, од кои во 2023 година преземен е највисок износ на долг од страна на основачот во износ од 180.902 илјади денари. Обврските за враќање на долгот кон основачот постојано растат и во 2023 година изнесуваат 268.382 илјади денари. Во август 2022 година, ЕЛЕМ ТУРС ДООЕЛ Скопје склучил договор со друштво за менаџмент од Скопје, основано непосредно пред потпишувањето на договорот, за набавка на аутсорсинг услуги во вкупен износ од 20.000 илјади денари, односно 324.000 евра. Времетраењето на договорот е до крајот на 2022 година, а имал ретроактивна важност од два месеци. Со извршената ревизија утврдено е дека реализацијата на договорот продолжила во 2023 година и исплатени се вкупно 34.052 илјади денари, што претставува 70 проценти надминување од вредноста на договорот, информира Државниот завод за ревизија.

Извршената анализата на бројот на ангажирани извршители по договор за аутсорсинг, нивните работни активности и бројот на редовно вработени лица во Подружница Попова Шапка, споредено со нискиот износ на приходи остварен од сместувачките капацитети во периодот мај – септември 2023 година, како што посочува ДЗР, не овозможи уверување за потребата и оправданоста од ангажманот на надворешни извршители во тој период, што влијае на рационалното трошење на јавните средства.

-Со извршената ревизија е утврдено дека, ЕЛЕМ ТУРС ДООЕЛ Скопје располага со градежни објекти и опрема во износ од 284.377 илјади денари, кои заради вршење на дејноста се изложени на ризици и за истите одговорното лице нема спроведено постапка за осигурување на имотот и средствата на друштвото од кражби, пожар и други елементарни непогоди, што може да предизвика штета врз имотот и средствата на друштвото во случај на настанување на ризиците. Од 2018 година ЕЛЕМ ТУРС ДООЕЛ Скопје започнал со реализација на проект „Ладен оброк‘‘, со кој вработените во АД ЕСМ Подружница РЕК Битола се снабдуваат со оброк. По тој основ друштвото само во првите два месеци од 2023 година, остварило приход од АД ЕСМ Скопје во износ од 11.217 илјади денари (36% од вкупно остварените приходи на друштвото). За реализација на овој проект континуирано се набавувани стоки без претходно спроведена постапка за доделување на договор за јавна набавка, што не е во согласност со одредбите од ЗЈН и може да влијае на економичното, ефикасно и ефективно користење на јавните средства, посочува ДЗР.

Од извршениот теренски увид на постојните сместувачки капацитети на Хотел „Молика‘‘ - Битола, Хотел „Попова Шапка‘‘ - Тетово, Хотел „Славија‘‘ – Тетово, Одморалиште „Свети Стефан‘‘ - Охрид, Одморалиште „Маврово‘‘ - Маврови Анови и Автокамп „Ливадиште‘‘ - Струга, со исклучок на хотел „Молика‘‘ – Битола, констатирано е дека капацитетите се застарени и во најголем дел не ги обезбедуваат минимално технички услови за сместување.

- Сместувачкиот капацитет во Одморалиште „Свети Стефан‘‘ – Охрид не може да се користи поради исклучена електрична енергија, додека во тек е реновирање на сместувачките и угостителските капацитети во Авто камп „Ливадиште‘‘ - Струга. За поголема искористеност на постојните капацитети потребна е сеопфатна анализа на состојбите, инвестиции кои ќе ја зголемат нивната атрактивност, ќе го подобрат квалитетот на услугите и ќе овозможат постигнување на стандардите, препорачуваат ревизорите.

Како што информираат, во текот на октомври и ноември 2022 година врз основа на претходно одобрение и одлука од Надзорниот одобор на АД ЕСМ -Скопје, од страна на Управниот одбор на основачот, биле формирани две нови друштва: Друштво за туризам, угостителство, рекреација и спорт ЕСМ МОЛИКА ДООЕЛ- Битола - Друштво за туризам, угостителство, рекреација и спорт СКИ ЦЕНТАР ПОПОВА ШАПКА ДООЕЛ -Тетово.

Процесот на преструктуирањето на друштвото, укажуваат, е проследено со одредени слабости. Имено, недвижните ствари биле отстапени на новите друштва, но тоа не било случај и со движните ствари, чија сметководствена вредност изнесува 190.735 евра, а за кои не била обезбедена проценка за нивната вредност од страна на овластен проценител. Дополнително, различниот пристап при прераспределба на вработените од подружниците Попова Шапка и Молика во новоформираните друштва резултирал со покренување на судски постапки од страна на дел од вработените.

Со извршената ревизија констатирани се и други состојби кои се однесуваат на извршениот попис, исплати без поткрепувачка документација, несоодветно евидентирање и други неправилности и неусогласености од различна природа, кои влијаат на изразување на мислење со резерва за реалноста и објективноста на финансиските извештаи за 2023 година и неповолно мислење за усогласеноста со законската регулатива.

За надминување на констатираните состојби дадени се препораки со цел преземање на мерки и активности од надлежните лица и органи во функција на подобрување на состојбите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Српскиот тренер Александар Саша Ѓорѓевиќ се враќа во Турција

По двегодишна пауза, српскиот тренер Александар Саша Ѓорѓевиќ се враќа на тренерската работа и го презема турскиот Бахчешехир.

Српскиот тренер Александар Саша Ѓорѓевиќ се враќа во Турција

Како што објави Eurohoops, поранешниот селектор на Србија и Кина веќе ги договорил сите детали за соработката со клубот од Истанбул.

Ѓорѓевиќ ќе го наследи српскиот стручњак Марко Бараќ на клупата, а главна цел на клубот во следната сезона ќе биде пласман во Евролигата. Иако во изминатите недели се шпекулираше дека би можел да го преземе амбициозниот проект во Рим, кој го поддржува Лука Дончиќ, Ѓорѓевиќ на крајот реши да ја прифати понудата од Турција.

Неговиот последен ангажман беше на клупата на кинеската репрезентација, која ја напушти во 2024 година.

Во меѓувреме, тој беше поврзуван со неколку европски клубови и проектот Дубаи, но чекаше соодветно враќање на тренерската сцена. Ова ќе биде негово враќање во Истанбул, каде што веќе го водеше Фенербахче и ја освои титулата турски шампион во текот на сезоната 2021/22.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: ЗНАМ повторно ја брани изолацијата на Македонија, Мицкоски и неговата криминална група

ЗНАМ денеска излезе со соопштение во кое вели дека ЕУ интеграцијата мора да се темели на реформи, а не на „нови условувања“.

СДСМ: ЗНАМ повторно ја брани изолацијата на Македонија, Мицкоски и неговата криминална група

Ова е класична манипулација.

Нема нови условувања.

Уставните измени се дел од европската преговарачка рамка уште од самиот почеток. Тоа не е „уцена“, туку основен услов за отворање на преговорите - што вчера јасно го потврди и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.

Реформи оваа власт не спроведува.

Нека го прочитаат извештајот на Вајц и Комитетот на Европскиот парламент.

Таму јасно се вели дека нема напредок, нема владеење на правото и дека постои странско мешање.

ЗНАМ, партијата создадена и финансирана од Мицкоски за да ја разбие опозицијата, повторно ја брани политиката на изолација.

Наместо да им кажат на граѓаните дека без уставни измени нема напредок, тие повторно играат на картата на лаги - „национално достоинство“ и „уцени“.

Ова е истата приказна што ја турка и ВМРО-ОКГ со месеци.

Целта е јасна: да се спречи Македонија да влезе во ЕУ, за да може криминалната група на Мицкоски и Максим Димитриевски да продолжат да работат без контрола и без одговорност.

СДСМ уште одамна рече: поддржуваме само една работа - внесување на малцинствата во Уставот. За сè друго - не сме и нема да бидеме дел од оваа криминална структура.

Доста е со лаги и манипулации.

Реформи сега. Малцинства во Уставот сега. Европа сега.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кривичниот суд одреди 30 дена притвор за Стефан Богоев и други три лица

Кривичниот суд одреди 30 дена притвор за Стефан Богоев и други три лица осомничени за случајот со злоупотреби  околу тендер за чистење на граничните премини и терминалите, во периодот од јули 2023 до март 2024 година.

Кривичниот суд одреди 30 дена притвор за Стефан Богоев и други три лица

Oсомничените преку фаворизирање на одреден економски оператор и ограничување на конкуренцијата му овозможиле на правниот субјект да се стекне со противправна имотна корист во износ од над 18 милиони денари од обвинителството велат и дека во рамките на истрагата се обезбедени докази и за примање и давање награда за противзаконито влијание и дека првоосомничениот примил награда во износ од 111.600 денари за искористување на својата службена положба.

По распитот обвинителката соопшти дека барањето за притвор е заради опасност од бегство и влијание врз сведоци...

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер