ДЗР: За дигитализација на матичните книги 8,5 милиони евра, процесот сè уште незавршен - Канал 5

ДЗР: За дигитализација на матичните книги 8,5 милиони евра, процесот сè уште незавршен

И покрај тоа што дигитализацијата на матичните книги започна пред повеќе од една деценија и во неа се вложени над  осум и пол милиони евра, Државниот завод за ревизија укажува дека сè уште не е завршена дигитализацијата на матичните книги.

ДЗР: За дигитализација на матичните книги  8,5 милиони евра, процесот сè уште незавршен

И покрај тоа што дигитализацијата на матичните книги започна пред повеќе од една деценија и во неа се вложени над 520 милиони денари или осум и пол милиони евра, Државниот завод за ревизија укажува дека сè уште не е завршена дигитализацијата на матичните книги.

Скенирани се 52 проценти од записите во матичните книги, а внесени во електронскиот матичен регистар се 49 проценти од записите. Ваквиот степен на реализација, според ДЗР, не овозможува поедноставување и забрзување на услугите за граѓаните, ниту пак, доведува до подобрување на квалитетот на податоците што ги користат надлежните институции согласно своите законски надлежности.

Според државниот ревизор Зоран Ристовски, системските слабости се најголемиот проблем. Според пресметките на ревизорите, за внесување на податоци во електронскиот систем се ангажирани 286 лица кои ако би имале по 100 внесувања на ден во матичниот регистар, за една година би биле внесени четири милиони записи. А, и матичарите во подрачните единици имаат ваква обврска.

- Околу 8ипол милиони евра се вложени во целиот систем. Никој не може да каже дали е тоа малку или многу, ако се гледат ефектите врз основа на што граѓаните ќе добијат подобри услуги. Имаме проблем во делот на рализација на процесот, ако нема ефект од вложените средства, тогаш проблемот е на другата страна. Дополнително, документите што ќе ги добиете по електронски пат, многу малку можете да ги користите за вашите потреби во администрацијата,- - Зоран Ристовски Државен завод за ревизија.

Констататирано е дека Управата се уште нема спроведено попис на матичните книги по матични подрачја. Дел од книгите се оштетени, а дел од архивската граѓа од трајна вредност веќе не може да се користи за потврдување на запишаните податоци.

Анализата на податоците покажува дека 92 проценти од електронските изводи се издаваат во Скопје, додека во поголемите градови како Прилеп, Битола, Охрид и Тетово бројот на издадените изводи е значително помал. Во помалите и рурални средини, како Гевгелија, Делчево и Пехчево, употребата на електронските услуги е речиси занемарлива.

YouTube video

ЦСКА Москва ќе се враќа во Евролигата

 Во интервју за француските медиуми познатиот кошаркарски тренер Димитрис Итудис, најави можност кошаркарската Евролига да биде составена од 30 екипи. Тој ја посакува оваа бројка како споредба со НБА лигата и бројот на тимови кои играат таму.

ЦСКА Москва ќе се враќа во Евролигата

- Мојот сон е да имаме лига со 30 екипи и сите да бидат конкурентни. Руските екипи ќе се вратат во Евролигата, а меѓу првите ќе биде ЦСКА Москва која воедно е и акционер, изјави Итудис актуелен тренер на Хапоел Тел Авив и претседател на здружението на тренери на Евролигата. Оваа екипа како освојувач на Еврокупот ќе игра во новата сезона во Евролигата.

Итудис смета дека потребна е и промена на системот во Евролигата, односно зголемување на бројот на екипи кои би играле во следната фаза.

ВМРО-ДПМНЕ: Само СДС и бугарските политичари се во одбрана на Данела

Некогаш големата СДС се сведе заедно со Бугарија да бидат гумата за спасување на кариерата на Данела Арсовска.

ВМРО-ДПМНЕ: Само СДС и бугарските политичари се во одбрана на Данела

И СДС во точно три случаи се јавува во јавноста за Данела.

Првиот кога ја напаѓаше дека таа е неспособна и има бугарско државјанство.

Вториот случај, кога во опозиција ја користеше за напаѓање на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

И третиот случај, кога заедно со Бугарите ја брани Данела.

Скопјани ја препознаваат вистината и добро знаат што седи во позадина.

ВМРО-ДПМНЕ доследно и принципиелно повикуваат на расветлување на инцидентот во Чаир, но и на разгледување и надзор на случајот со дивоградбите.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС убедливо губи

Ако е лажна анкетата каде СДС има четири пати понизок рејтинг од ВМРО-ДПМНЕ, а Мицкоски повисок рејтинг од сите заедно политичари, тогаш ги повикуваме СДС да објават вистинска и релевантна анкета.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС убедливо губи

Еве, самите нека посочат на која релевантна анкета води СДС.

Вистината е дека на ниту една анкета не води СДС и Венко Филипче. Тие се непрепознатливи поради нивната неконструктивност, непрепознатливост и целосна безидејност. Главната политичка активност на СДС и Венко Филипче се состои во некрофилија и пироманство. Во таква една состојба нормално дека нема напредок.

За нас, довербата од граѓаните значи пред се обврска и одговорност да се бориме за промени и решавање на проблемите и хаосот кој го наследивме.

Јасно е дека СДС не е алтернатива и тоа го покажуваат сите анкети на јавното мислење.

ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер