Македонија на Медитеранските игри: Од Мерсин 2013 до Таранто 2026 – три учества, три златни медали и спортска приказна што продолжува
1Македонија на Медитеранските игри: Од Мерсин 2013 до Таранто 2026 – три учества, три златни медали и спортска приказна што продолжува
Аријана Гранде се повлекува од јавноста – не може повеќе да ги поднесе коментарите за својата тежина: „Ѝ се гледаат коските“
1Аријана Гранде се повлекува од јавноста – не може повеќе да ги поднесе коментарите за својата тежина: „Ѝ се гледаат коските“
МакедонијаДЗР: За дигитализација на матичните книги 8,5 милиони евра, процесот сè уште незавршенЗа дигитализација на матичните книги 8,5 милиони евра, процесот сè уште незавршен, а дел од граѓаните добиваат изводи издадени на машина за пишување. Државниот завод за ревизија укажува дека се уште не е завршена дигитализацијата на матичните книги и покрај тоа што започнала пред повеќе од една деценија и во неа се вложени над 520 милиони денари. Скенирани се 52 проценти од записите во матичните книги, а внесени во електронскиот матичен регистар се 49 проценти од записите. Ваквиот степен на реализација, како што соопшти денеска ДЗР, не овозможува поедноставување и забрзување на услугите за граѓаните, ниту пак, доведува до подобрување на квалитетот на податоците што ги користат надлежните институции согласно своите законски надлежности. Според ДЗР, недостатокот на јасна стратегија, контролни механизми и квалификувани човечки ресурси, спор го оневозможуваат подобрувањето на услугите за граѓаните и го зголемуваат ризикот од злоупотреби на лични податоци и губење на архивскиот материјал од трајна вредност. - Непостоењето на темелни анализи и јасен акциски план за дигитализацијата на матичните книги довело до зголемување на трошоците, од првично планираните 13,1 милион денари на 157 милиони денари. И покрај ова многукратно зголемување на предвидените трошоци, процесот сè уште не е завршен. Вкупните трошоци за набавка и одржување на електронскиот матичен регистар и дигитализација на матичните книги, од 2012 до денес, изнесуваат 520.952 илјади денари, или приближно 8,5 милиони евра.Со цел забрзување на постапките за дигитализација на матичните книги, од 2018 до 2024 година, склучени се 288 договори за дело со 216 лица за „внесување на податоци во електронски матичен регистар во поголем обем“. Утврдено е дека поголемиот дел од ангажираните лица не извршувале активности поврзани со внесување на податоци во електронскиот матичен регистар, туку биле ангажирани во извршување на други работни задачи за што исплатени се средства во износ од 30.578 илјади денари, стои во извештајот на Државниот завод за ревизија од извршената ревизија на информациски системи како ревизија на успешност на тема „Дигитализација на матичните книги“, со цел да одговори на прашањето Дали со дигитализацијата на матичните книги и процесите во Управата за водење на матичните книги ќе се поедностават и забрзаат услугите за граѓаните, а нивниот квалитет ќе се подобри? Со ревизијата утврдено е дека Управата нема обезбедено соодветни услови за сместување на матичните книги и чување на архивскиот материјал од трајна вредност и на документарниот материјал за истиот да не се оштети, исчезне или уништи. Констататирано е дека Управата се уште нема спроведено попис на матичните книги по матични подрачја. Дел од книгите се оштетени, а дел од архивската граѓа од трајна вредност веќе не може да се користи за потврдување на запишаните податоци. Отсуството на упатство за евиденција, чување и спроведување на попис во Управата, не овозможува централизирана евиденција на матични книги и нивна локација, што го зголемува ризикот од нивно оштетување или губење. -Неусогласеноста на законската и под законската регулатива донесена во 2016 година во делот на обрасците, доведува до издавање на изводи на родени со нецелосни податоци и на не унифицирани обрасци за сите граѓани. Исто така, ревизијата констатира недостаток на искусни и квалификувани ИТ човечки ресурси во Управата, што го зголемува ризикот по безбедноста на нејзиниот информациски систем. Ненавремено и недокументирано управување со корисниците и корисничките привилегии создава можности за неовластен пристап до лични податоци на граѓаните и коруптивни дејствија, предупредува ДЗР. Ревизорите констатирале дека во Управата недостасува повеќе од 55 искусни и квалификувани човечки ресурси, а намалениот степен на супервизија и контрола на чувствителните работни места, стои во извештајот, дополнително го зголемуваат ризикот од грешки во работењето. - Отсуствува следење и анализа на логовите од пристапите во системот, како и надзор врз спроведување на политиките и процедурите за пристап во просториите на Управата. Оваа доведува до можност матичарите да пристапуваат во просториите на Управата и електронскиот матичен регистар вон утврденото работно време, за време на викенди и празници.Имено, утврдено е дека дел од вработените вршат внесувања и измени во електронскиот матичен регистар пред 6:30 часот и по 22 часот, без соодветен надзор. Исто така, во повеќе месни канцеларии се печатат и издаваат изводи од матичните книги и за време на викенди и празници, се наведува во соопштението од ДЗР. Како што појаснуваат, дигитализацијата на матичната евиденција преку електронските изводи значително ја олеснува пристапноста до административните услуги, овозможувајќи издавање документи преку порталот на Управата. За ова, граѓаните мора да бидат регистрирани на Националниот портал за е-услуги или на порталот на Управата. Анализата на податоците покажува дека 92 проценти од електронските изводи се издаваат во Скопје, додека во поголемите градови како Прилеп, Битола, Охрид и Тетово бројот на издадените изводи е значително помал. Во помалите и рурални средини, како Гевгелија, Делчево и Пехчево, употребата на електронските услуги е речиси занемарлива. Ова, посочува ДЗР, укажува на потребата од засилена поддршка и развој на дигиталните сервиси, со цел обезбедување еднаков пристап за сите граѓани. Од друга страна, покажала ревизијата, во Управата се доделени 61 сертификат за електронски потпис, кои се распределени меѓу матичарите од сите одделенија и подрачни канцеларии. Со анализа на податоците ревизорите констатирале дека речиси целокупниот број на електронски изводи се потпишува од само три лица од подрачното одделение Скопје, додека 13 матичари воопшто не користеле електронски потпис. - Во подрачното одделение Скопје, каде е и најголем бројот на издадени изводи, не се користи системот „земи бројче“, граѓаните чекаат во редици за поднесување на барања и подигнување на готови документи со што се овозможува настанување на ризик од коруптивно однесување од граѓаните и од вработените на Управата. За надминување на утврдените состојби, дадени се препораки со цел надлежните институции да преземат мерки и активности за обезбедување поефикасни, поквалитетни и подостапни услуги за граѓаните, преку целосна и функционална дигитализација на матичните книги и поврзаните процеси, со што ќе се придонесе кон современа и одржлива јавна администрација, насочена кон потребите на граѓаните, информира Државниот завод за ревизија (ДЗР).Тагови: ДЗР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
МакедонијаКонтинуирани вонредни инспекциски надзори низ КарпошКомуналната и градежната инспекција на Општина Карпош продолжува со спроведување на вонредни инспекциски надзори, особено во вечерните часови.Општинските инспекциски служби извршија теренска контрола и обиколка на урбаната опрема поставена пред угостителските објекти и локали на територијата на Општина Карпош. При контролите, комуналниот и градежниот инспектор констатираа неправилности кај неколку угостителски објекти, при што на еден правен субјект му беше изречена глоба, а беа издадени и неколку опомени поради отстапувања од одобрениот Елаборат за урбана опрема. Општина Карпош повторно упатува апел до сите сопственици на угостителски објекти доследно да ги почитуваат законските одредби и условите утврдени со Елаборатот за урбана опрема. Инспекциските контроли продолжуваат и во наредниот период, со цел обезбедување на почитување на законските прописи и уредно функционирање на јавниот простор на територијата на општината. Општина КарпошТагови: Општина Карпош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Други спортовиМакедонија на Медитеранските игри: Од Мерсин 2013 до Таранто 2026 – три учества, три златни медали и спортска приказна што продолжуваОд првиот настап како независна држава до денес, македонските спортисти освоија 14 медали на Медитеранските игри – три златни, две сребрени и девет бронзени. Сите медали се освоени во индивидуални спортови, а најголем број резултати доаѓаат од борење, карате, таеквондо и бокс Со претстојното учество на XX Медитерански игри во Таранто, Македонија по четврти пат ќе биде дел од едно од најзначајните мултиспортски натпреварувања во медитеранскиот регион. Во изминатите три настапи како независна држава, македонските спортисти создадоа низа успешни спортски приказни, стекнаа драгоцено меѓународно искуство и освоија медали кои се потврда за нивната посветеност, работа и развојот на македонскиот спорт. На Собранието на Меѓународниот комитет на Медитеранските игри (МКМИ), одржано во Пескара, Италија, во 2009 година, Македонија, преку Македонскиот олимписки комитет, беше официјално примена како полноправна членка на оваа меѓународна спортска организација, со што ги стекна условите за учество на Медитеранските игри. Македонија првпат настапи како независна држава на Медитеранските игри во 2013 година во Мерсин, Турција. Со делегација од 116 спортисти, нашата земја беше претставена во 19 спортови и дебито го заврши со пет освоени медали – едно сребро и четири бронзени медали. Најголемиот дел од освоените медали во Мерсин дојдоа од боречките спортови, со што уште на првото учество беше потврдена силната традиција и квалитетот на македонските спортисти во овие дисциплини. Вториот настап следуваше во 2018 година во Тарагона, Шпанија. Овие игри останаа запаметени како најуспешниот настап на Македонија според бројот на освоени медали. Македонските спортисти освоија шест медали, меѓу кои и првите златни медали во историјата на македонските настапи на Медитеранските игри. Берат Јакупи во карате го освои првото злато за Македонија, а златен медал освои и Магомедгаџи Нуров во борење. Дополнително, Дејан Георгиевски во таеквондо освои сребро, додека бронзени медали освоија Ненад Келебиќ и Жарко Арсовски во карате, како и Дејан Митров во борење. Последниот настап пред Таранто 2026 беше во 2022 година во Оран, Алжир. Македонската делегација освои три медали – едно злато и две бронзи. Магомедгаџи Нуров во борење повторно се искачи на највисокото место на пиедесталот, додека Владимир Егоров во борење и Дејан Георгиевски во таеквондо освоија бронзени медали. Несомнено, освоените медали се резултат на долгогодишната работа, посветеноста и дисциплината на спортистите, но и на придонесот на Македонскиот олимписки комитет, националните спортски федерации, тренерите и стручните тимови кои стојат зад нивниот развој. Покрај освоените медали, значењето на Медитеранските игри е многу пошироко. Тие претставуваат важна сцена за афирмација на македонскиот спорт, место каде младите и искусните спортисти ги одмеруваат силите со најдобрите во регионот и стекнуваат искуство кое често претставува чекор кон нови големи спортски предизвици. Со настапот во Таранто 2026, Македонија ќе ја продолжи својата медитеранска спортска приказна. Четвртиот настап на овие игри ќе биде нова можност за македонските спортисти да се претстават на големата меѓународна сцена, да ги промовираат олимписките вредности и да испишат нови страници во историјата на македонскиот спорт.Тагови: Медитерански игри Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
МакедонијаЖерновски: Мицкоски и на Илинден избра да дели - го лаже и го третира својот народ како „талог“Денеска мораме да изреагираме на тоа што го видовме за време на илинденските празници, а тоа е еден говор полн со омраза и навреди од страна на премиерот.Значи, на најголемиот државен празник, на Илинден, Мицкоски ја употреби, односно ја злоупотреби говорницата за повторно да ја продолжи својата политика на поделби, омраза и навреди. Мицкоски од говорницата повторно зборуваше за „талог“. Повторно своите сограѓани ги нарече „талог“. Кој е тој „талог“ за кој, всушност, зборува Мицкоски? Тоа се сите оние што не се согласуваат со него. Тоа се сите оние што знаат колку е Мицкоски неспособен. Тоа се сите оние што знаат колку Мицкоски лаже. Тоа се сите оние што се борат за правда, за еднаквост, за одговорност, сите оние што се борат за европска перспектива на својата држава. Истиот човек кој со години нас, граѓаните, нè нарекува, цитирам, „талог на општеството“, „мекотели“, „мочуриште“, „медиокритети“, „лешинари“, повторно, и тоа од говорницата во Пелинце, каде што требаше да се испрати порака за обединување, го користи истиот јазик на омаловажување. Повторно истиот јазик на етикетирање. На денот кога треба да се зборува за слобода, на денот кога треба да се зборува за достоинство, за иднина, Мицкоски повторно избра да ги навредува своите сограѓани. Мицкоски повторно избра да го дели народот. Ова веќе не е патриотизам. Ова е патолошка политичка омраза и тоа веќе треба јасно да се каже. И додека самиот Мицкоски за својот народ зборува како за „талог“, Македонија тоне во економска криза. Животниот стандард секојдневно опаѓа. Водата е отруена во сè повеќе населени места во државата. Државата е заглавена без напредок во евроинтеграциите. Реформите стојат во место. Или, како што и самиот Мицкоски кажува, тој ја клати државата, ги клати граѓаните во еден привиден воз, а возот всушност не постои, а богами не постои ни шина. Граѓаните секојдневно ја плаќаат цената на неговата неспособност и секојдневно се уверуваат во начинот на кој Мицкоски ги навредува. Прво, во еден квазипатриотски вознес , ги повикуваше граѓаните летните одмори да ги поминат покрај прекрасните македонски езера, реки и планини, за неколку дена потоа самиот тој да изјави дека нема да оди на одмор во Македонија, туку ќе оди на друго место. Откако му стана јасно дека ги лаже граѓаните, на сите ни кажа дека тој, всушност, нема да оди на одмор, туку ќе оди на екскурзија. Така што, ако го видите Мицкоски на плажа, да знаете дека тој е на екскурзија. Почитувани, Христијан Мицкоски не може да биде премиер на сите граѓани сè додека нас нè нарекува „талог“. Сè додека македонските граѓани ги нарекува „талог“, ние, за жал, немаме премиер, немаме лидер. Ние имаме шеф на една организирана криминална група. Ете, тоа е Христијан Мицкоски. Прес конференција на СДСМ, Андреј Жерновски – член на Извршниот одбор и секретар за меѓународна соработкаТагови: Жерновски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00