МакедонијаДЗР: Вештачката интелигенција е глобален приоритет, но сè уште нема законска рамка-Вештачката интелигенција е глобален приоритет, но сè уште нема законска рамка, национална стратегија, ниту институционална координација за нејзина примена.Ограничената достапност на отворени податоци, слабата координација со меѓународните тела и ниската институционална подготвеност претставуваат сериозни пречки за развој на вештачката интелигенција (ВИ) во државата. Пристапот до отворени, структурирани и машински читливи податоци од јавниот сектор е еден од клучните предуслови за развој на системи базирани на ВИ. Иако уште во 2018 година е воспоставен Портал за отворени податоци, тој не функционира од почетокот на 2025 година, што ја ограничува транспарентноста и иновативниот потенцијал на бизнис-секторот, констатира Државниот завод за ревизија (ДЗР) во извршената ревизија на на тема „Можности за употреба на Вештачка интелигенција во јавниот сектор”. Целта на ревизијата е да оцени дали јавниот сектор е подготвен за користење на вештачка интелигенција во своите активности. Иако вештачката интелигенција е препознаена како значаен фактор за дигиталната трансформација, ревизијата утврди дека Национална стратегија и законска регулатива за утврдување на правилата за имплементација на проекти со вештачка интелигенција во јавниот сектор не е донесена. Собранието на седницата одржана на 27 јуни 2025 година го донесе Закон за безбедност на мрежни и информациски системи со кој се уредува безбедноста на мрежните и информациските системи, надлежните органи за безбедност на мрежните и информациските системи, мерките за безбедност на мрежни и информациски системи и за управување со ризикот за сајбер безбедност, како и други прашања поврзани со безбедност на мрежни и информациски системи. -Употребата на вештачката интелигенција се споменува во повеќе стратешки документи, но најчесто како дел од пошироки цели, без придружни акциски планови и без координиран пристап. Вложувањата во ИКТ инфраструктура за напредни истражувачки ресурси, како што се суперкомпјутери, специјализирани сервери за обработка на големи податоци и машинско учење, развој на технолошки центри, се незначителни и придонесуваат за намален интерес за проекти со користење на вештачка интелигенција, се посочува во ревизијата. И покрај тоа што не е донесена национална стратегија, ниту законска рамка за примена на ВИ во јавниот сектор, се додава во ревизијата, во периодот од 2018 до 2023 година, преку Фондот за иновации и технолошки развој се финансирани 48 проекти со елементи на ВИ во вкупна вредност од 6.110.044 евра (375.768 илјади денари). -Ниту еден од поддржаните проекти за ВИ не е имплементиран во јавниот сектор. Недоволната промоција и отсуство на јавен регистар на проекти за ВИ ја ограничуваат нивната видливост, следливост и примена, што негативно влијае врз можностите за нивна имплементација, популаризација и понатамошни вложувања во јавниот сектор. Во 12 области (Авионска индустрија, авто/агро индустрија, ветерина, е-бизнис, енергетика, здравство, ИТ / финансии, ИТ/ образование, јавен сектор, правен сектор, производство и финансии), кофинансирани се по еден проект поврзан со ВИ, се прецизира во ревизијата. Иако Владата во 2023 година го промовираше првиот дигитален асистент базиран на вештачка интелигенција АДА, со цел зголемена транспарентност и подобра информираност за инвестициските можности, како што се нагласува, алатката веќе не е во функција, и покрај вложените 150 илјади евра, една од причините е што не е продолжен договорот со економскиот оператор кој ја изработил и ја одржувал апликацијата. -Иако 96,99% од населението е покриено со 5G мрежа, а над 68% од домаќинствата имаат пристап до фиксни мрежи со многу висок капацитет, Република Северна Македонија сè уште не располага со современа и сеопфатна дигитална инфраструктура што е предуслов за примена на вештачка интелигенција. Недостасуваат понови генерации на суперкомпјутери, стабилни дата центри и специјализирани системи за обработка на големи податоци, што ја ограничува подготвеноста на земјата за примена на ВИ во јавниот сектор. И покрај најавите, сè уште не е изграден технолошкиот парк во Скопје, а постојните иницијативи остануваат недовршени. Ова укажува на итна потреба од вложувања во инфраструктура што ќе овозможи сигурна, доверлива и ефикасна примена на новите технологии, во согласност со европските регулативи и стратешките цели за дигитална трансформација, констатира ДЗР. Во ревизијата с епосочува дека вештачката интелигенција има потенцијал да го подобри функционирањето на повеќе сектори и тоа: Здравство, Јавна администрација, Енергетика, Финансиски сектор, Образование, Земјоделство, Безбедносен сектор и Индустрија. Сепак, овие потенцијали остануваат недоволно искористени поради отсуство на национална стратегија за ВИ, соодветна инфраструктура и квалификуван кадар. -Поради нефункционалноста на порталот и отсуството на номиниран контакт со Open Data Europe, нашата држава не е вклучена во официјалните Open Data Maturity извештаи за 2023 и 2024 година. Сепак, на 15 април 2025 година, Министерството за дигитална трансформација номинира претставник и повторно започнува процесот за вклучување во европските анализи, констатираат ревизорите. Во поглед на подготвеноста за користење на ВИ во јавниот сектор, како што посочуваат, постојат повеќе истражувања и рангирања. Глобалниот индекс за одговорно користење на вештачка интелигенција (GIRAI), за југоисточна Европа нашата земја се наоѓа на 6-тото место од рангираните 9 држави. -Од друга страна, според Глобалниот индекс на иновации (GII) за 2024 година, Македонија бележи пад за четири позиции од 54 на 58 место. И индексот за подготвеност за ВИ на ММФ ја позиционира земјата на 77 место од 174 држави, што укажува дека иако постои потенцијал, потребни се значителни подобрувања во дигиталната инфраструктура, човечкиот капитал, иновациите и економската интеграција, како и регулативата и етиката во доменот на вештачката интелигенција, се вели во ревизијата. Се посочува дека универзитетите во државата играат значајна улога во развојот на човечки капацитети за развој на вештачката интелигенција, но недостига системска поврзаност со јавниот сектор и заедничка платформа за соработка. -Според добиените одговори од 6 високообразовни институции, најголем капацитет имаат ФИНКИ и ФЕИТ при УКИМ, со вкупно над 1.700 дипломски, 220 магистерски и 37 докторски трудови поврзани со ВИ. Дел од универзитетите учествуваат во NLP проекти како TTS-MK и ChatMed. Сепак, недостасуваат јавен регистар, формализирани програми за преквалификација, и централизирана евиденција на кадри обучени за ВИ, со што се ограничува потенцијалот за координиран развој на оваа клучна област. Проектите за обработка на природен јазик (NLP) претставуваат значајни чекори кон локален развој на вештачка интелигенција, со фокус на зачувување и практична примена на македонскиот јазик, констатира ДЗР. Моделот „Буки“, развиен од УКИМ во 2024 година, како што велат, овозможува автоматска транскрипција на говор во текст со интерпункција и граматика, применлив во образованието, јавната администрација и за лица со попреченост. -Во рамките на пилот проектот за бројот 112, се користи ВИ за реално временска анализа и препораки при итни повици, но неговата целосна имплементација е ограничена поради дополнителни финансиски барања и недостиг на правна и техничка рамка. Овие иницијативи ја покажуваат потребата од посветени инвестиции, јазична адаптација и институционална поддршка за да се искористи целосниот потенцијал на ВИ во критични области од јавниот интерес. Иако законодавната рамка за заштита на личните податоци е усогласена со GDPR на ЕУ, ревизијата утврди дека примената на овие стандарди при имплементација на ВИ проекти е недоволна и ризична, се посочува во ревизијата од ДЗР.Тагови: ДЗР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизНовата снимка од Мараја Кери предизвика загриженост, фановите коментираатСнимка од Мараја Кери во Бразил предизвика загриженост кај нејзините обожаватели. На социјалните мрежи, луѓето почнаа да се прашуваат дали сè е во ред со 57-годишната пејачка, откако видео од нејзино јавно појавување покажа дека таа се движи малку нестабилно додека излегува од автомобил. За време на престојот во Бразил, пејачката делеше автограми и се фотографираше со фановите кои се собраа да ја поздрават, држејќи транспаренти. Иако изгледаше добро расположена, некои гледачи забележаа дека ѝ треперат рацете и дека чекори несигурно. Снимката беше објавена на „TikTok“. Фановите се прашуваат дали сè е во ред „Дали треба да се грижиме?“ – праша еден корисник на „TikTok“. „Изгледа како да чувствува болка“, напиша друг, додека трет ѝ посака добро здравје на пејачката: „Се молам за неа и ѝ испраќам убави желби на нашата Божиќна кралица“. Сепак, не сите ја протолкуваа оваа ситуација како причина за загриженост. Некои укажаа на конкретните услови во кои се движеше пејачката: врнеше дожд, теренот беше закосен, а Кери носеше високи потпетици. „Како прво, врне дожд. Второ, теренот е закосен. Трето, таа носи високи потпетици. Четврто, не сака да падне“, напиша еден корисник. На снимката се гледа и како нејзиниот асистент ја држи околу половината додека таа поминува покрај фановите. Засега нема информации кои укажуваат на тоа дека Мараја Кери има некакви здравствени проблеми, а самата снимка не е доволна за да се донесе таков заклучок.Тагови: Мараја Кери Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Технологија„Microsoft“ и големиот прекин – што навистина се случи?Услугите на „Microsoft“ конечно работат правилно по повеќе од 24 часа –што навистина тргна наопаку?„Microsoft“ го реши големиот проблем што предизвика повеќе од 24 часа застој на „Microsoft 365“, тоа предизвика сериозни прекини во работењето на бизнисите и владините агенции низ целиот свет. Проблемите започнаа на 12 ноември околу 17:17 часот по средноевропско време, кога услугата „Exchange Online“ падна. Малку повеќе од два часа подоцна, проблемите се проширија на остатокот од платформата „Microsoft 365“. Што го предизвика тоа? „Microsoft“ првично се сомневаше дека невообичаено големиот сообраќај е причина за проблемите. Сепак, последователната истрага покажа дека неколку серверски системи неочекувано престанаа да работат, оставајќи ги преостанатите сервери неспособни да се справат со зголеменото оптоварување. Обидите за рестартирање на серверите беа неуспешни, бидејќи тие повторно престанаа да реагираат откако се врати сообраќајот. Компанијата на крајот утврди дека проблемот е поврзан со претходно надградување на капацитетот на мрежата, предизвикано од последователна промена во мрежната инфраструктура. Потоа инженерите применија поправка на компонента одговорна за автентикација и насочување на сообраќајот. Обновувањето беше спроведено постепено, со обработка на заостанати е-пораки. „Microsoft“ нагласи дека нема докази за злонамерна активност и дека вештачката интелигенција не е причина за проблемот. Кој беше засегнат? Покрај „Outlook“ и „Exchange Online“, прекините влијаеја на календарите на „Teams“, закажувањето состаноци, „Copilot“, „SharePoint“ и „Intune“. Некои функции продолжија да работат за време на прекинот. Влијанието се почувствува надвор од технолошкиот сектор. Националната здравствена служба на Велика Британија (NHS) мораше да се потпре на алтернативни системи, додека индиските авиокомпании „Air India“, „IndiGo“ и „Akasa Air“ пријавија проблеми со поддршката за е-пошта. Проблемите влијаеја и на финансиските институции. Една тајванска компанија дури мораше да користи факс за да ги потврди трансакциите со акции. Според „Downdetector“, имало повеќе од 7,4 милиони пријави за проблеми низ целиот свет. Сепак, овој број не го претставува вкупниот број на индивидуални корисници погодени од прекинот. Извор: Б92Тагови: Microsoft Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
ЕвропаФранција на нозе: 200.000 луѓе на улицитеФранцуската полиција уапси 121 лице за време на протестите одржани низ целата земја, објави француското Министерство за внатрешни работи.Според Министерството, околу 106.000 луѓе учествувале во демонстрациите, додека синдикатите проценуваат дека околу 200.000 граѓани се собрале на улиците. 22 лица се приведени во Париз, вклучувајќи тројца малолетници. Апсењата се главно за носење оружје од категорија Д, навреди и кршење на забраните за посетување одредени места или учество во демонстрации, објавува „BFMTV“. Според полициските податоци, околу 24.000 луѓе протестираа во француската престолнина, додека младинските синдикати проценуваат дека на улиците имало близу 100.000 демонстранти. Низ цела Франција се одржаа повеќе од 60 протестни собири. Во Париз истовремено се одржаа три одделни демонстрации - против предлог-закон за претпоставка за легална употреба на оружје од страна на безбедносните сили, меѓународен марш против насилството врз децата и протест на движењето „Жолти елеци“ против зголемувањето на трошоците за живот. Тензии беа пријавени во Париз, Бордо, Нант, Лион и Руан. На Плоштадот на нацијата во Париз, полицијата употреби солзавец за да ја растера толпата, што предизвика први знаци на паника кај демонстрантите. Во Нант, полицијата употреби водени топови, додека во Бордо беа пријавени судири за време на кои некои демонстранти фрлаа предмети кон полицијата. Во Тулуз, според организаторите, протестираа 6.000 луѓе, додека полицијата соопшти дека имало 1.800. Собирот помина без инциденти. The Protests in France are Massive https://t.co/CefTcDvpqL — Ryan Rozbiani (@RyanRozbiani) November 14, 2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00