ДЗР: Слабостите во работењето и неправилностите во Агенцијата за филм не се надминати и се повторуваат - Канал 5

ДЗР: Слабостите во работењето и неправилностите во Агенцијата за филм не се надминати и се повторуваат

Слабостите во работењето и неправилностите во Агенцијата за филм не се надминати и се повторуваат, заклучува Државниот завод за ревизија (ДЗР) во Конечниот ревизорски извештај за работата на Агенцијата за филм на Република Македонија за 2024 година.

ДЗР: Слабостите во работењето и неправилностите во Агенцијата за филм не се надминати и се повторуваат

Слабостите во работењето и неправилностите во Агенцијата за филм не се надминати и се повторуваат, заклучува Државниот завод за ревизија (ДЗР) во Конечниот ревизорски извештај за работата на Агенцијата за филм на Република Македонија за 2024 година, што денеска го објави на својата веб-страница.

-Склучените договори за производство на долгометражен и краткометражен игран, документарен и анимиран филм како и за фестивали бележат тренд на континуирано и значителено зголемување, особено во периодот од 2022 година до 2024 година, при што соодносот одобрен буџет/обврски по проекти изнесува 1 наспрема 5, што укажува дека во континуитет Агенцијата презема повеќе обврски од одобрениот буџет. Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Агенцијата за филм за 2024 година. Со извршената ревизија за 2024 година изразено е неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеност со законската регулатива, упатства и воспоставените политики. Утврдените состојби со извршената ревизија за 2024 година упатуваат на заклучокот дека состојбите утврдени со Конечниот извештај на овластениот државен ревизор за 2021 година како и со ревизорските извештаи од претходниот период се повторуваат и утврдените слабости не се надминати, наведува ДЗР во соопштение.

Како што посочува, во 2024 година „постои континуирана промена на раководната структура што влијае на начинот на работењето и остварување на основната цел на Агенцијата за која е формирана“. Во извештајот е нотирано дека Агенцијата за филм „во континуитет се соочува со недостиг на кадровски капацитети на стручен и обучен кадар во секторите клучни за дејноста, што исто така влијае на квалитетот на извршувањето на дејноста и работењето на Агенцијата. Тој недостиг го надополнува со ангажирање на лица по договор на дело, додава ДЗР, „без спроведена постапка за исполнетост на условите и квалификациите за соодветното работно место“.

-Обврските по неисплатени проекти по одобрени средства од буџетот на Министерството за култура и туризам за кои се склучени договори за производство на долгометражен и краткометражен игран, документарен и анимиран филм како и за фестивали бележат тренд на континуирано и значителено зголемување особено во периодот од 2022 година до 2024 година. Соодносот одобрен буџет/обврски по проекти изнесува 1 наспрема 5, што укажува дека во континуитет Агенцијата презема повеќе обврски од одобрениот буџет. Значителното зголемување на обврските на Агенцијата ги нарушуваат барањата на Законот за финансиска дисциплина како и начелото на сигурно финансиско управување предвидено со Законот за буџетите и може да доведе до судски постапки и трошоци по основ на камати. Пописот на средствата, побарувањата и обврските во Агенцијата за филм не е извршен, ниту е направено усогласување на искажаната состојба во деловните книги со фактичката состојба, иако за тоа биле донесени неколку решенија. Попис не е извршен ниту во претходните години, што претставува сериозен пропуст во финансиското управување. Агенцијата нема изготвена Стратегија за развој на филмската дејност, со што недостигаат јасни насоки за долгорочниот развој и приоритетите во оваа област, стои во извештајот на ДЗР.

Нотира и дека одговорните лица до Владата не доставуваат шестмесечни извештаи за работењето на Агенцијата, „што негативно влијае на транспарентноста и отчетноста во работењето“. Ревизорите утврдиле дека не е воспоставена ажурирана евиденција за филмските продуценти, дистрибутерите, киноприкажувачите, како и за филмовите снимени со средства од Буџетот на Република Македонија. Недостасува и евиденција за филмовите што се дистрибуирани и прикажани во домашните кина.

-Во текот на ревизијата е утврдено дека е извршено поништување на Конкурсот за финансирање на филмски проекти (игран, документарен и анимиран филм) без законски основ, што претставува прекршување на пропишаните процедури. Констатирани се слабости во постапката за спроведување на конкурсите за филмски проекти и фестивали, како и отсуство на интерен акт или процедура која би ги дефинирала правилата за спроведување на овие постапки. Причина за тоа е укинувањето на претходно важечкиот Правилник за поддршка на филмски проекти. Агенцијата не воспоставила целосни и навремени контроли во процесот на реализација на филмските проекти и фестивали. Недостасува документација од страна на продуцентските куќи за докажување на исполнетите услови, што укажува на ризик од ненаменско користење на доделените средства, стои во соопштението.

Ревизорите утврдиле слабости и во следењето на динамиката на реализација и исплатата на филмските проекти што, посочува ДЗР, „создава ризик од нефункционална распределба и користење на буџетските средства“. Евидентирано е дека е склучен договор за финансирање на проектни активности на здруженија од областа на филмската дејност без законски основ, „што претставува прекршување на законската рамка“.

Агенцијата нема организирана и воспоставена единица за внатрешна ревизија, иако тоа е законска обврска. Отсуството на ваква единица, укажѕва ДЗР, го ограничува капацитетот за внатрешна контрола и подобрување на квалитетот на работењето.

-Во делот на приходите, ревизијата утврди дека се користи стара и неажурирана Методологија за утврдување на надоместоците од 2015 година, иако постојат промени во законските акти кои ја уредуваат оваа област. Агенцијата донела Одлука за определување надомест за администрирање на филмските проекти доставени по конкурс, но истата нема законски основ и не е во согласност со постојните прописи. Исто така, е утврдено дека Агенцијата не располага со ажурирана евиденција за правните лица од кои треба да остварува приходи врз основа на својата дејност, што влијае на целосноста на финансиското известување. Не се врши ниту навремена изработка на решенија за пресметка на надоместите што доведува до задоцнета наплата и неефикасно управување со приходите. Во рамките на внатрешните процеси, не се воспоставени механизми за усогласување помеѓу службата што ги издава решенијата и сметководствената евиденција, што создава ризик од несогласувања во финансиските податоци. Исто така, ревизијата утврди дека продуцентите кои добиле средства по конкурси, а чии филмови се завршени и имаат премиера, не ја доставуваат комплетната документација за докажување на остварената бруто добивка од филмските проекти. Агенцијата при тоа не го остварува своето право на учество во добивката во висина од 50 проценти од сопственото финансирање, наведува Државниот завод за ревизија.

Ревизорите известуваат за потребата од доуредување на Законот за филмската дејност за потребните квалификации за именување членови на Филмскиот совет во делот за тоа кои лица се сметаат за истакнати поединци од областа на филмот и културата, како и за висината на банкарската гаранција која треба да ја обезбедат филмските продуценти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Неивесна е судбината на 133.000 Рохинџи во Малезија, откако Турција одби да ги прими

Малезискиот премиер Анвар Ибрахим денес потврди дека Турција не е подготвена да го прифати предложениот трансфер на 10.000 Рохинџи од Малезија, која е дом на повеќе од 133.000 членови на претежно муслиманската малцинска заедница.

Неивесна е судбината на 133.000 Рохинџи во Малезија, откако Турција одби да ги прими

„Јас лично добив потврда од турската влада пред два дена дека тие дури и не се подготвени да го разгледаат предлогот. Малезија побара тој да се разгледа за да се реши дел од нашиот проблем“, изјави Анвар пред парламентот, објави SCMP.com.

Малезија не е потписничка на Конвенцијата на Обединетите нации за статусот на бегалците и нема законска рамка за да им се даде трајна заштита на бегалците.

Изјавата на малезискиот премиер дојде помалку од една недела откако Меѓународниот суд на правдата го прогласи Мјанмар за одговорен за геноцид врз Рохинџите за време на воената кампања во 2017 година, обележана со масовни убиства, силувања и други сериозни кршења на човековите права.

Судот му наложи на Мјанмар да го олесни безбедното, доброволно и достоинствено враќање на заедницата, како и да обезбеди репарации.

Изјавата на Анвар е во спротивност со тврдењето на вицепремиерот Ахмад Захид Хамиди во петокот дека е постигнат договор за преселување на бегалците во Турција преку програми за стручно оспособување прилагодени на потребите на турската индустрија.

Неговата изјава беше отстранета околу еден час подоцна, а Анкара подоцна ги отфрли обвинувањата како „неосновани“.

Махи Рамакришнан, основач на групата за права на бегалците „Надвор од границите на Малезија“, рече дека владата им должи на јавноста и на бегалците Рохинџа целосно објаснување.

„Не можете да објавите дека кабинетот одобрил предлог за преселување на 10.000 бегалци во друга земја, јавно да објавите дека земјата домаќин се согласила да ги прифати, а потоа да ја повлечете таа објава без никакво објаснување“, рече таа.

Податоците од Агенцијата за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) покажуваат дека бројот на бегалци што ја напуштаат Малезија во рамките на програмите за преселување се намалил од 7.012 во 2024 година на 1.365 во 2025 година.

Глобално, бројот на заминувања преку програмите на Обединетите нации се намалил од 116.528 на 37.248 во истиот период.

Поранешниот малезиски министер за надворешни работи, Сејед Хамид Албар, изјави дека членовите на Асоцијацијата на земјите од Југоисточна Азија (АСЕАН) не се подготвени да ја преземат одговорноста за прифаќање на бегалци.

Тој ја наведе бегалската криза во Виетнам, која започна во 1975 година, како исклучок, кога Малезија прифати бегалци со разбирање дека подоцна ќе се вратат во својата татковина или ќе се преселат во други земји, како што се САД и Франција.

Анвар ги бранеше разговорите со властите во Мјанмар, чиј воен водач и претседател Мин Аунг Хлаинг ја посети Малезија на 7 и 8 октомври.

„Бесконечното очекување дека ќе се најде трета земја не даде резултати. Очекувањето дека тие лесно би можеле да се вратат дома, исто така, не е исполнето“, изјави малезискиот премиер пред парламентот.

Тој рече дека 10.476 државјани на Мјанмар се репатрирани во земјата на трошок на властите на Мјанмар, вклучувајќи 1.476 лица кои беа транспортирани со воени бродови на 29 септември.

Тој рече дека уште 6.803 лица треба да ја напуштат Малезија во декември.

Анвар рече дека, според мониторингот на малезиските разузнавачки агенции, немало случаи на притисок меѓу 10.476 лица кои биле репатрирани.

Но, УНХЦР соопшти дека не им е даден пристап до оние што се вратени во септември за да ја проценат нивната ситуација и праша дали одлуките донесени додека биле во притвор може да се сметаат за доброволни.

На 6 октомври, Анвар му рече на парламентот дека групата повратници не ги вклучува Рохинџите.

Во саботата, Малезиската комисија за човекови права повика на запирање на репатриациите сè додека условите за заштита на повратниците не можат независно да се потврдат.

Државата Ракхин во Мјанмар, која граничи со Бангладеш и е историска татковина на Рохинџите, е вмешана во години вооружен конфликт.

Војската се бори против армијата Аракан, етничка вооружена група, а истражителите на ОН документираат злоупотреби на правата на Рохинџите од двете страни, вклучително и присилно регрутирање.

Законот за државјанство на Мјанмар од 1982 година ја остави заедницата без државјанство, и покрај тоа што нејзините членови живеат во земјата со генерации, според УНХЦР.

Бангладеш е дом на повеќе од 1,2 милиони Рохинџи, од кои околу 1,17 милиони се во преполни бегалски кампови во областа Кокс Базар, според бројките објавени од властите на Бангладеш и УНХЦР во октомври.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Иранска пејачка и четири члена на нејзиниот бенд добија по 74 удари со камшик- не носела хиџаб на настапот

Иранската пејачка Парасту Ахмади вчера беше камшикувана 74 пати затоа што настапуваше без задолжителниот хиџаб, изјави нејзиниот адвокат Мостафа Нили, како што објави Иран за човекови права (IHRNGO).

Иранска пејачка и четири члена на нејзиниот бенд добија по 74 удари со камшик- не носела хиџаб на настапот

Четири члена од нејзиниот концертен тим беа исто така камшикувани 74 пати, соопшти IHRNGO на социјалните медиуми, цитирајќи го Нили.

Казните беа извршени во Одделот за извршување казни на Обвинителството на Ком, а меѓу нив беа Ахмади, организаторот на концертот Мохсен Лашкари и музичарите Сохеил Фагих-Насири, Амин Тахери и Амир-Али Пирнија.

Случајот следеше по објавувањето на интернет на снимки од „концертот во каравансарај“ на Ахмади, снимен во декември 2024 година во историскиот каравансарај Деир-е Гачин во близина на Ком, свет шиитски град каде што се наоѓаат голем број исламски религиозни училишта и се смета за упориште на религиозниот конзерватизам.

Видео од претставата, на која не присуствувала публика, ја прикажува Ахмади како пее заедно со машки музичари. Таа носела долга црна облека без ракави, а косата ѝ била откриена, кршејќи ја политиката за задолжително носење хиџаб во Иран.

Махмуд Амири-Могадам, директор на IHRNGO, за CNN изјави дека облеката на Ахмади била фактор во изрекувањето на пресудата, но додаде дека обвинителството се темели и на фактот дека таа пеела јавно и, пошироко, на нејзиното противење на иранските власти.

Кратко по објавувањето на видеото, новинската агенција Мизан, која е поврзана со иранското судство, објави дека властите отвориле постапка против Ахмади и членовите на продукцискиот тим за она што го опиша како „нелегален концерт“.

Агенцијата соопшти дека претставата не е во согласност со „законските и религиозните стандарди“ на земјата.

Судот ги осуди сите петмина за „навреда на јавниот морал“ со производство и дистрибуција на онлајн содржина опишана како вулгарна и неморална. Покрај камшикувањето, им беше забрането и да се занимаваат со уметнички и музички активности и да патуваат во странство во рок од две години.

Апелацискиот суд ја потврди пресудата во септември. Амнести интернешнл го опиша камшикувањето како сурова, нечовечка и понижувачка казна.

Групата за човекови права ги обвини иранските власти во извештај од минатата година дека сè повеќе прибегнуваат кон произволно притворање, гонење и камшикување на пејачки, новинарки и активистки за женски права кои го оспоруваат задолжителното носење превез.

Казната доаѓа во услови на постојан притисок врз женските изведувачи во Иран. Пејачката Хива Сејфизаде беше осудена на четири години затвор од понизок суд за „поттикнување корупција и проституција“ откако изведе традиционална иранска музика во Техеран во февруари 2025 година.

Сејфизаде во видео објавено на социјалните мрежи во август изјави дека испеала само неколку стихови од познатиот персиски поет од 13 век Саади Ширази и се запраша како изведбата може да претставува поттикнување корупција или проституција.

Таа рече дека има намера да поднесе жалба. Иранските власти не коментираа веднаш за наводното камшикување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ограбена е вилата на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон- разбојници упаднале во нивниот омилен семеен имот

Селскиот имот на Вилијам и Кејт Мидлтон, принцот и принцезата од Велс, бил цел на крадци, дознава „Дејли меил“.

Ограбена е вилата на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон- разбојници упаднале во нивниот омилен семеен имот

Полицијата во Норфолк наводно истражува провала во Анмер Хол, која се случила во вторник вечерта.

Куќата со десет спални соби се наоѓа на имотот Сандрингам, кој му припаѓа на кралот Чарлс III, и е свадбен подарок што им го дала на принцот и принцезата од Велс покојната кралица Елизабета II.

Принцот и принцезата од Велс и нивните деца, Џорџ, Шарлот и Луис, биле во Виндзор во времето на инцидентот.

Тие редовно ги поминуваат викендите и празниците во Анмер Хол, кој се смета за нивно омилено одморалиште.

Кенсингтон Палас одби да коментира за безбедносните прашања, објави Дејли Меил.

Принцот од Велс моментално е на Даунинг стрит, каде што разговара за заедничките приоритети со британскиот премиер Енди Бернам, вклучително и справувањето со бездомништвото.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер