Николоски: Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се одвива по план, она што беше невозможно станува реалност
2Николоски: Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се одвива по план, она што беше невозможно станува реалност
3Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата
МакедонијаДЗР: Само 13 отсто од државните институции ги користат податоците од Централниот регистар на населениеСамо 13,46 проценти од државните институции поврзани на Платформата за интероперабилност ги користат податоците од Централниот регистар на население, додека кај приватните компании овој процент е 36,36 отсто. Недостигот на системски контроли за размената на податоци носи ризик за заобиколување на правилата и ја доведува во прашање безбедноста на личните податоци на граѓаните, се вели во ревизорскиот извештај за извршената ревизија на информациски системи, како ревизија на усогласеност на тема: „Усогласеност на процедури за безбедност на податоците од Централниот регистар на население“. -Со извршената ревизија утврдено е дека само 13,46% од државните институции поврзани на платформата за интероперабилност ги користат податоците од Централниот регистар на население, додека кај приватните компании овој процент е речиси трипати повисок и изнесува 36,36%. Дополнително, отсуството на системски контроли за размената на податоци меѓу институциите укажува на ризик од заобиколување на правилата за користење на единствениот регистар, што ја доведува во прашање безбедноста на личните податоци на граѓаните, велат од ДЗС. Државниот завод за ревизија извршил ревизија на информациски системи како ревизија на усогласеност на тема „Усогласеност на процедури за безбедност на податоците од Централен регистар на население“ кај Министерството за дигитална трансформација, правен наследник на МИОА за период од 2019 година до 2024 година. Врз основа на извршената ревизија, преку примена на ревизорски техники и методологија, добиено било разумно уверување дека освен за состојбите кои се однесуваат на капацитетот на човечки ресурси, недефинирани чувствителни работни позиции, отсуство на процедури за активностите поврзани со функционирање на ЦРН, отсуство на процедури за утврдување на исполнување на стандардите за квалитет на податоците, отсуство на дефинирани стандарди за примена на ИТ безбедност, отсуство на системски контроли за размена на податоци меѓу институциите кои би спречиле заобиколување на ЦРН, во сите материјални аспекти се во согласност со релевантната законска и подзаконска регулатива, стратешки документи, договори и воспоставени политики. -Централниот регистар на население е интегрирана база на лични податоци на населението во Република Македонија и се води во електронска форма во Министерството за дигитална трансформација. Базата се генерира врз основа на автоматско интегрирање на податоците содржани во поединечните бази на податоци што ги водат надлежните органи, како Министерството за внатрешни работи, Министерството за дигитална трансформација -Управа за водење на матични книги и надлежниот орган за водење на адресниот регистар на Република Македонија. Законот за Централниот регистар на население го уредува водењето на поединечните бази на податоци, како и пристапот и обработката на податоците содржани во регистарот од страна на другите субјекти. Овие податоци се однесуваат на личните податоци на граѓаните на Република Македонија, како и на податоците за странски државјани со регулиран престој подолг од една година, појаснуваат од Државниот завод за ревизија. Во рамки на спроведената ревизија биле опфатени две клучни области и тоа: законската рамка и безбедност на личните податоци кај ЦРН и изворниците на податоци, Министерство за внатрешни работи и Управа за водење на матични книги. -Секој изворник на податоци е должен извршениот упис, промена или бришење во поединечната база на податоци да го интегрира во ЦРН во реално време, со отстапување од 5 минути од времето на уредно извршениот упис, промена или бришење. Од направените анализи утврдено е дека синхронизацијата на податоците меѓу изворниците со ЦРН е на дневна основа , што остава можност за фреквентни промени на податоци кај изворниците во текот на 24 часа без синхронизација со ЦРН. Ваквата состојба овозможува можни разлики на податоците помеѓу податоците во ЦРН и податоците во изворникот, со што се зголемува ризикот институциите да користат и обработуваат не ажурирани податоци за граѓаните, се вели во соопштението од ДЗР. Од направените анализи на имплементацијата на законската и подзаконската регулатива која се однесува на Централниот регистар на население утврдено било дека отсуствуваат механизми за потврдување на стандардизиран квалитет на податоците во изворниците на податоци, како и отсуство на Правилник за стандардите и правилата за безбедност на информациските системи што се користат во органите за електронска комуникација. -Дополнително, постои и неусогласеност во однос на барањата за интеграцијата и синхронизацијата на податоците од изворниците во реално време. Исто така, Регистарот за правните лица кои имаат пристап до ЦРН, не содржи целосни податоци за правните лица. Пристапот до податоците од ЦРН е овозможен единствено преку Платформата за интероперабилност, а институциите и субјектите се должни да обезбедат усогласеност со технолошките стандарди за да пристапат до податоците од ЦРН. Иако органите на државната управа, единиците на локалната самоуправа и другите државни органи основани согласно со Уставот и со закон, кои обезбедуваат услуги за остварување на правата и обврските од интерес и за потребите на населението во Република Македонија се должни да ги користат податоците од Регистарот единствено заради остварување на своите законски утврдени надлежности или заради извршување на дејноста за која се регистрирани и имаат право на пристап до податоците од ЦРН, само 52 институции и 11 приватни компании се поврзани на платформата за интероперабилност што укажува на ограничена примена на системот и недоволна искористеност на неговиот капацитет, се вели во соопштението од ДЗР. Анализата на правните лица приклучени на Платформата за интероперабилност покажала дека државните институции во значително помал процент ги користат податоците од ЦРН, само 13,46 отсто, во споредба со приватните компании, кај кои овој процент изнесува 36,36 отсто. Извршена била анализа на доставените извештаи за преземени податоци од ЦРН, при што утврдено било дека од воспоставувањето на регистарот вкупно се реализирани 19.769.806 повици, од кои 44.261 биле неуспешни. Процентот на успешност на повиците изнесува високи 99,78 отсто што укажува на стабилна техничка функционалност на системот. -Објавениот регистар на надлежни органи и други субјекти што користат податоци од ЦРН на веб страната на Министерството за дигитална трансформација, содржи нецелосна евиденција на податоците за овие правни субјекти, но и до кои податоци граѓаните имаат дозвола за пристап. Овие состојби не се усогласени со законски утврдените надлежности на институциите, што може да ја наруши заштитата на личните податоци и да ја намали довербата во институциите. Во делот на безбедност на личните податоци во ЦРН и изворниците на податоци утврдено е дека отсуствуваат системски контроли за размена на податоци меѓу институциите кои би спречиле заобиколување на ЦРН. Воедно отсуствуваат пишани процедури за доделување на пристап на правните субјекти кои ги користат податоците, како и контролни механизми за потврдување на минималните стандарди за административна безбедност на системите кај изворниците на податоците, велат од ДЗР. Со ревизијата е утврдено дека постои недоволен број на вработени кои се ангажирани за извршување на активности за реализација на должностите во повеќе сектори и одделенија, како и отсуство на раководители во клучни организациски единици. Дополнително, не биле дефинирани чувствителни работни позиции во актот за систематизација на работните места во министерството за дигитална трансформација, а отсуствуваат и процедури за активностите поврзани со функционирање на ЦРН од страна на надлежното министерство. За надминување на констатираните состојби ДЗР дал препораки со цел преземање на мерки и активности за подобрување на состојбите со зајакнување на човечките капацитети, воведување пишани процедури и прирачници, системски контроли за безбедност и размена на податоци, како и автоматизиран надзор на несовпаѓања во базите на лични податоци. Тагови: ДЗР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
СветПо неколку часа укината забраната за летови во САД: „хаосот ќе продолжи“Федералната администрација за воздухопловство на САД (FAA) соопшти дека авиокомпаниите можат да ги продолжат летовите по прекинот на системот за контрола на летот низ целата земја што траеше неколку часа.Сепак, предупреди дека доцнењата и откажувањата ќе продолжат. Забраната за летови, која влијаеше на милиони Американци, беше укината во 20:15 часот по локално време, изјави американскиот министер за транспорт Шон Дафи. Long queue of planes waiting to take off from Chicago airport after nationwide flight suspension in the US https://t.co/k4acig2RQy — LIMON (@limondar0) November 14, 2026 Сепак, Дафи им рече на новинарите дека прекинот имал влијание и дека проблемите ќе траат со денови. „FAA“ соопшти дека „темелно ги тестирала“ своите системи за да потврди дека се стабилни и дека операциите остануваат сигурни пред да одобри продолжување на летовите. Сепак, околу 2.000 полетувања закажани за денес беа откажани, објави „CNN“. Повеќе од 7.700 летови во Соединетите Држави беа откажани вчера, додека повеќе од 8.000 беа одложени. Преетставници од администрацијата ја обвинија застарената технологија за прекинот и предупредија дека слични инциденти ќе се случат повторно додека системот не се модернизира. Air traffic across the United States has come to a standstill. A communications failure grounded flights for more than four hours, leaving thousands of flights canceled and airports packed with stranded passengers. It’s hard to believe an entire nation’s aviation system could be thrown into chaos like this… https://t.co/YwAqp9MAJ4 — NyanChuu🔮🇯🇵🍭 (@tanpukunokami) November 14, 2026 Домашните летови во Соединетите Американски Држави повторно добија дозвола за полетување откако федералните власти вчера воведоа неколкучасовна забрана за безбедност, предизвикана од прекин на телекомуникациите. На прес-конференција рано утрово, министерот за транспорт Шон Дафи предупреди дека се можни понатамошни прекини доколку системот не се надгради итно. Тој апелираше до Конгресот да го одобри потребното финансирање за модернизацијата и додаде дека враќањето во нормален сообраќај ќе биде бавно. Дафи рече дека ќе биде потребно време за да се смири хаосот во патувањето, бидејќи многу патници остануваат заглавени на аеродромите. Anger and frustration spread across US airports after a nationwide flight suspension left thousands stranded for hours. Long queues, cancellations and delays disrupted travel, with passengers struggling to find alternative arrangements. #UnitedStates #USAirports #Flight https://t.co/5V9BlWnfIt — Molitics Global (@Molitics_global) November 14, 2026 Проблемот е застарен систем Министерот за внатрешна безбедност Марквејн Малин претходно прецизираше дека прекинот е предизвикан од ажурирања на застарените системи извршени од „FAA“ и дека проблемот е предизвикан од „прекин на телекомуникациите“ и дека нема докази дека станува збор за кибернапад. Тој нагласи дека прекинот на летовите не е резултат на безбедносна закана за Соединетите Американски Држави. Некои патници седеле во авиони и чекале со часови на пистата бидејќи аеродромите немаат простор на портите за да им дозволат да се симнат. Ова е втор пат таква забрана за летови да се воведе во Соединетите Американски Држави, првата беше прогласена по терористичките напади од 11 септември 2001 година. Извор: Б92Тагови: летање САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
МакедонијаНиколоски: Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се одвива по план, она што беше невозможно станува реалностСилно сме посветени заедно со изведувачот и надзорот и согласно зададениот рок ќе го завршиме целосно, изјави НиколоскиИзградбата на автопатот Охрид-Кичево се одвива со одлична динамика. Силно сме посветени заедно со изведувачот и надзорот и согласно зададениот рок ќе го завршиме целосно, изјави заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски. "Изведбата на автопатот оди со одлична динамика и морам да кажам дека сите се ангажирани и изведувачите и надзорот. Навистина прават одлична работа и се повеќе и јавноста може тоа да го види, така што остануваме на она што го ветивме, а тоа е согласно роковите, до крајот на мај месец да имаме не само целосно пуштен автопат, туку и автопат со сите потребни документи, нешто што, за жал, не сме го гледале често во минатото"- истакна заменик претседателот Николоски. Тој потврди дека завршени се и градежните работи на потегот од Извор до Врбјани заедно со тунелите кај Пресека. Најави дека во моментов се спроведува најновата европска директива за безбедност во сообраќај за тунели. "Од друга страна, оној најтежок дел, што оди од селото Извор -кичевско до селото Врбјани во Дебарца, очекувам во следните неколку недели да биде ставен во функција. Таму градежните работи се целосно завршени, што може да се види и со голо око. Пробиен е тунелот, двете тунелски цевки се пробиени, едната е во должина од 2.100 метри, втората е во должина од 1.990 метри и се работи за најдолги тунелски цевки во Македонија. Исто така четирите галерии што се на овој дел се завршени. Завршен е и целосно трупот на патот, мостовите, вијадуктите, така што од градежен аспект целокупната работа е завршена. Она што го правиме во моментов е спроведување на најновата европска директива за безбедност во сообраќај, особено во тунели, така што се прават сите потребни тестирања со цел да имаме највисоко ниво на безбедност во рамки на тунелот. И ова ќе е првпат оваа европска директива да биде применета не само во Македонија, туку во целиот регион и во таа насока во моментов се случуваат тестирањата" -изјави вицепремиерот Николоски. Министерство за транспортТагови: Александар Николоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
МакедонијаМицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и ВладатаИзјава за медиуми на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски од Општина Кисела Вода.„Добар ден и од мене. Како што вчера најавив, полека, проект по проект ќе ги завршуваме, но и проект по проект оние коишто не се почнати ќе ги отпочнуваме. Како што кажа и градоначалничката, станува збор за проект каде што имаме јасна соработка помеѓу Владата и општината. Целокупниот проект е многу значаен за овој дел на Општина Кисела Вода, затоа што тоа што недостасуваше досега, тоа е водата за пиење. Ќе биде конечно затворен тој проблем. Откако ќе биде завршена оваа подземна инсталација, следен чекор е да го поминеме и патот со нов асфалт. Така што плански се работи, систематски се работи, потребите се јасни, а ние како Влада, нашата задача и цел е да овие потреби одговориме согласно нашите можности и се надевам дека тоа досега го правиме. Сакам да изразам благодарност и до градоначалничката, до советниците коишто ја поддржуваат работата на градоначалничката, до пратениците во македонското Собрание, до колегите од Владата, до Министерството за животна средина и просторно планирање. Како што кажав, ова е заеднички проект и добро е што оваа синергија функционира и на терен и се прават вакви проекти, а ние како Влада ќе продолжиме и понатаму да реализираме она што се потреби на граѓаните. Ви благодарам.“ Тагови: Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00