МакедонијаДЗР: Отсуство на интегриран систем и слабости во контролите во Фондот за здравствено осигурувањеСпоред ревизорите, контролните активности за вршењето на здравствените услуги во здравствените установи не се соодветно воспоставени или спроведени, поради што не е обезбедено целосно потврдување на фактурите за извршени здравствени услуги.Отсуство на единствен интегриран систем за упати, лекарски извештаи и фактурирање и значајни слабости во спроведувањето на контролите во здравствените установи од страна на Фондот за здравствено осигурување, утврдиле ревизорите по извршената ревизија на финансиските извештаи и усогласеноста на Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија за 2023 година. Според ревизорите, контролните активности за вршењето на здравствените услуги во здравствените установи не се соодветно воспоставени или спроведени, поради што не е обезбедено целосно потврдување на фактурите за извршени здравствени услуги. -Непостоењето на единствен интегриран систем за издавање упати, лекарски извештаи и пресметки за извршени здравствени услуги, кои се основа за изготвување на месечни фактури/извештаи создава ризик од пропусти и грешки. Новите вградени системски контроли во ИТ системот на Фондот за фактурираните рецепти од аптеките и постојниот мануелен начин на контрола на рецептите од аптеките не се целосни и доволно ефикасни, а системот еРецепт сѐ уште не е воспоставен, се наведува во соопштението од ДЗР. Ревизорите утврдиле слабости и во функционирањето на ИТ системот на Фондот поради отсуство на ИТ стратегија, недостиг на ИТ кадар, застарена серверска структура и недоволна безбедност на ИТ системот, состојби коишто резултирале со сајбер напад во февруари 2023 година што довело до нарушено функционирање на целиот здравствен систем во државата. -По настанатиот сајбер напад реализирани се договори за изнајмување на приватен облак за податочниот центар во Фондот, како и за услуги за системска и мрежна инфраструктура и систем за сајбер безбедност, велат од ДЗР. Ревизорите утврдиле дела во постапката за упатување за лекување во странство на осигурените лица постојат повеќе слабости и неправилности, односно не е обезбедена соодветна правна заштита на барателите и не е воспоставена контрола и систем на следење на успешноста на лекувањето во странство, за што од страна на Фондот по овој основ се исплатени средства во износ од 311.237 илјади денари, односно околу 5 милиони евра. -За побарувањата за дадени аванси за лекување во странство кои заклучно со 2023 година изнесуваат 300.292 илјади денари (околу 4,8 милиони евра) не се воспоставени соодветни контроли за потврдување на фактурите од странските болници и навремено затворање на дадените аванси, што доведува до континуиран пораст на истите, се посочува во соопштението. При ревизијата утврдени се и повеќе слабости во прикажаните позиции во Билансот на состојба. -Имено, имотно правниот статус на дел од градежните објекти и земјиштето се уште не е регулиран, нецелосно е утврдена вредноста на недвижниот имот и истиот не е целосно евидентиран во деловните книги. Обврските кон добавувачите ненавремено се евидентираат во деловните книги, што доведува до нивно нереално искажување во финансиските извештаи, истакнуваат од ДЗР. Во делот на „нагласување на прашања за неизвесност“ ревизорите обелоденуваат повеќе состојби и тоа: отсуство на целосни информации за побарувањата по основ на неплатен придонес за здравствено осигурување, а наплатата на овие побарувања кои настанале заклучно со 2008 година е неизвесна, постоење неизвесност за крајниот исход на судските постапки во кои Фондот се јавува како тужена страна во земјата во износ од 317.924 илјади денари и во странство во износ од 25.627 илјади денари, како и тужител со вкупна вредност од 67.996 илјади денари, референтните цени за здравствени услуги кои паѓаат на товар на Фондот не се ажурирани и не ги одразуваат реалните трошоци и придонесот за задолжително здравствено осигурување за граѓаните кои не се здравствено осигурени по ниеден основ не е целосно исплатен од страна на Министерството за здравство, односно салдото на неисплатениот придонес на крајот на 2024 изнесува 2.136.300 илјади денари. Во делот „клучни ревизорски прашања“ се известува за начинот на плаќање на извршените услуги на здравствените установи, укажувајќи дека не е обезбедено вистинско купување на услуги предвидено со Законот за здравственото осигурување. Имено, како што посочуваат од ДЗР, Фондот во рамки на утврдениот буџет, наместо да ги надоместува извршените здравствени услуги е принуден да обезбеди средства за целосно функционирање на сите јавни здравствени установи, при што 2/3, односно 77 jавни здравствени институции имаат статус на неодржливи, поради реализиран значајно помал обем на услуги во однос на договорениот надоместок. Во делот „останати прашања“, според ревизорите, се известува за Листата на лекови на товар на Фондот која не е ажурирана од 2014 година согласно новата Методологија, во 2024 година е дополнета со само осум лека. дма/са/ https://dzr.mk/sites/default/files/2025-07/03_Fond_zdravstveno_osiguruvanje_FZO_KOMPLET_2024.pdf (Конечен ревизорски извештај) https://dzr.mk/sites/default/files/2025-07/Soopstenie_mediumi_FZOM_DRAFT_FINAL_pdf.pdf (Соопштение за медиуми – македонски јазик) https://dzr.mk/sites/default/files/2025-07/Soopstenie_mediumi_FZOM_alb_pdf.pdfТагови: ДЗР ФЗОМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМихаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
СветИран објави видео: „Ги нападнавме американските бази во Бахреин со беспилотни летала“Иран и неговите сојузници го зголемија притисокот врз САД.Иран и неговите сојузници го зголемија притисокот врз САД и сојузничките земји од Персискиот Залив на два фронта: анти-хутиските сили се повлекоа од брегот на Црвеното Море, додека Иран изврши напади со беспилотни летала врз американските воени бази во Бахреин. Саудиската воена кампања против Хутите во Јемен претрпе голем пораз откако јеменските сили поддржани од Ријад, кои се борат на страната на меѓународно признатата влада, се повлекоа од областа околу теснецот Баб ел-Мандеб за да ја зајакнат одбраната на Аден, привременото седиште на владата на југот од земјата. Images of IRGC attack on the radar site of a U.S. air defense system at the Riffa helicopter base in Bahrain, carried out with six Shahed-136 kamikaze drones. https://t.co/2IZRZdwW9w — MenchOsint (@MenchOsint) November 15, 2026 Ирански напади Објавата означува очигледен крај на шестнеделната владина контраофанзива насочена кон потиснување на Хутите од устието на Црвеното Море и обезбедување на витална рута за испорака на нафта. Во меѓувреме, иранските напади врз Бахреин, дом на Петтата флота на американската морнарица во Персискиот Залив, веројатно дополнително ќе го зголемат притисокот врз американскиот претседател Доналд Трамп да ја реши војната што започна пред девет месеци. Трамп во последните денови изјави дека може да се воздржи од напад врз Иран освен ако САД не се соочат со нови провокации од Техеран или од Хутите во Јемен, иако ќе ја задржи американската поморска блокада на Иран, објави Ројтерс во саботата. Откако непопуларната војна придонесе за поразот на републиканците на среднорочните избори за Конгресот, Трамп почна да ја намалува важноста на постигнувањето дипломатско решение. Војната меѓу САД и Иран се смири по раната фаза, но со застојот на дипломатијата, изгледите за итно решавање на поширокиот конфликт или војната во Јемен се мали. Напредок на Хутите Повлекувањето на јеменските владини сили од областа Баб ел-Мандеб, преземено за зајакнување на одбраната на Аден, би можело да отвори простор за Хутите понатаму да напредуваат кон тој град, кој е седиште на меѓународно признатата влада откако ја протераа од главниот град Сана пред повеќе од десет години, истакнува Ројтерс. „Јужните вооружени сили објавија спроведување на операција за прераспоредување од аеродромот Дубаб и областа Баб ел-Мандеб, западно од покраината Таиз“, објавија владините сили. „Овој чекор беше преземен за да се заштити главниот град Аден и соседните провинции како приоритет, како и да се зајакнат фронтовските линии и да се потиснат постојните закани.“ Во септември, Хутите го окупираа брегот на Црвеното Море и теснецот Баб ел-Мандеб. Офанзивата на саудиската воена кампања минатиот месец ги освои клучните позиции околу теснецот, но Хутите не беа целосно протерани од областа. Хутите одговорија со засилување на нападите со беспилотни летала и ракети врз Саудиска Арабија, напаѓајќи ги главните аеродроми и напаѓајќи енергетски постројки, што предизвика скок на цените на глобалните пазари на нафта. Извор: Индекс.хрТагови: Иран Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија31-годишен охриѓанец приведен поради претепување девојкаОхридската полиција приведе 31-годишен маж по пријава дека физички ја нападнал својата девојка.. Неофицијално, девојката синоќа била брутално претепана и оставена буквално без свест на улица во Охрид, по што итно била пренесена во болница. Според информациите во неколку медиуми, двајцата прво биле заедно во ресторан, каде што започнала меѓусебна расправија. По заминувањето од таму, насилството продолжило во автомобил, од каде што наводно насилникот ја исфрлил во близина на маркет. Од СВР Охрид го потврдуваат инцидентот, но без да наведат повеќе детали. Од таму само потврдија дека е приведен 31-годишниот Х.К од Охрид.Тагови: претепување Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаФронтекс: Речиси 110.000 мигранти влегле нелегално во ЕУ оваа годинаНелегалните преминувања во Европската Унија се намалија за 29 проценти во првите 10 месеци од 2026 година, во споредба со истиот период минатата година, објави европската гранична агенција Фронтекс.Агенцијата со седиште во Варшава регистрираше речиси 110.000 гранични преминувања во тој период. Бројките се намалија на речиси сите миграциски рути, намалување што комесарот за миграција на Европската Унија, Магнус Брунер, го припиша на посилната меѓународна соработка. Паѓање на бројките „Намалувањето на нелегалната имиграција во Европската Унија е резултат на континуирана работа и поголема стабилност во клучните региони“, изјави Брунер за германските медиуми претходно оваа недела. „Зад ова стојат реформи, меѓународни договори и заеднички мерки со нашите партнерски земји по должината на миграциските рути.“ Најостар пад е забележан на централната медитеранска рута помеѓу Северна Африка и Италија. Најголем број нелегални влегувања во ЕУ, речиси 60 проценти, се случуваат во источниот Медитеран. Сепак, бројките се намалуваат и таму, за околу 12 проценти. Спротивен тренд е забележан во западниот Медитеран, каде што има зголемување од 21 процент во споредба со 2025 година. Промените беа особено изразени на западноафриканската рута долж атлантскиот брег до шпанските Канарски Острови. Изгубени животи во Медитеранот На оваа рута, нелегалните преминувања се намалија за 13 проценти во истиот период, но вкупниот пад го прикриваше наглото зголемување во октомври, кога преминувањата беа четири пати повисоки од оние регистрирани во октомври 2025 година. Обидите да се стигне до Европа со небезбедни чамци честопати завршуваат трагично. Според Меѓународната организација за миграција (ИОМ), повеќе од 2.000 луѓе ги загубиле животите во Средоземното Море само оваа година. Извор: Индекс.хрКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook