ДЗР: Општина Охрид нема донесено урбанистички планови за 20 населени места, ниту има преземено мерки за отстранување на бесправно изградените објекти - Канал 5

ДЗР: Општина Охрид нема донесено урбанистички планови за 20 населени места, ниту има преземено мерки за отстранување на бесправно изградените објекти

Општина Охрид нема донесено урбанистички планови за 20 населени места, нема преземено мерки за отстранување на бесправно изградените објекти, особено во заштитените подрачја.

ДЗР: Општина Охрид нема донесено урбанистички планови за 20 населени места, ниту има преземено мерки за отстранување на бесправно изградените објекти

Општина Охрид нема донесено урбанистички планови за 20 населени места, нема преземено мерки за отстранување на бесправно изградените објекти, особено во заштитените подрачја, поставувањето урбана опрема е без дозволи и платени комунални такси, а субвенционирањето на јавните претпријатија во вкупен износ од 36 505 илјади денари е без програма и претходно обезбедена согласност од Советот, покажа ревизијата спроведена од Државниот завод за ревизија (ДЗР).

Според конечниот Извештај што го објави ДЗР, во дел од населените места се утврдени изведени градби и градежни активности на објекти за индивидуално домување и хотелски комплекс за кои не е платен надоместок за уредување градежно земјиште и не се издадени одобренија за градење.

Општина Охрид нема искажано побарувања по основ на надоместок за одржување јавна чистота, а ЈП „Охридски Комуналец“ со години не ги уплаќа овие средства во општинскиот буџет. За 2024 година, по овој основ јавното претпријатие прикажало обврски од 22 880 илјади денари, а Општината има поднесено тужби за 2021, 2022 и 2023 година во износ од 53 831 илјада денари. Исто така, не се искажани побарувања за комунална такса за користење простор за паркирање моторни возила на територијата на Општината. Јавното претпријатие кое стопанисува со паркинзите на подрачјето на општината ЈП „Билјанини извори” Охрид со години ја нема уплатено комуналната такса, чија обврска, според евиденцијата на претпријатието, изнесува 3 901 илјада денари.

-Без Одлука од Советот на Општината, извршен е отпис на побарувања од буџетски корисници во износ од 534 илјади денари за фактурирани комунални трошоци во период од 2017-2020 година) и отпис на 4 832 илјади денари, претплатни салда за кои нема соодветна поткрепувачка документација, а се однесуваат на повеќе физички и правни лица. Даночните обврзници кои се стекнале со дополнителен или нов имот во минати години не се задолжени со данок на имот, a за данокот на имот кој не е платен во пропишаниот рок не се пресметува и наплатува камата. Надоместокот за уредување на градежното земјиште се пресметува по Одлуки од 1997, 1999 и 2011 година, во кои е утврден процентот на висината на надоместокот по зони од просечна градежна вредност по 1 м 2 за нето површина во износ од 17 илјади денари, а зоните не се ажурирани според степенот на уреденост, што влијае на остварените приходи и средствата потребни за уредување на земјиштето, наведува ДЗР.

Според Извештајот, за 11 населени места/села Советот на општината нема донесено урбанистички планови за село и урбанистички план вон населено место, а за 9 населени места донесени се решенија за одобрување на планска програма за изработка на урбанистички план, но истите сеуште не се донесени. Во дел од населените места ревизијата утврди изведени градби и градежни активности на објекти за индивидуално домување и хотелски комплекс, за кои не е платен надоместок за уредување на градежно земјиште и не се издадени одобренија за градење.

-Во постапките за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти не се почитуваат законски пропишаните рокови и не се следи наплатата на надоместокот за уредување правен статус на бесправно изградени објекти кој е на одложено плаќање (12 еднакви месечни рати), така што се издадени решенија со само една извршена уплата. Иако Советот има донесено 1 748 одлуки за утврдување на потребата од донесување урбанистичко планска документација со цел вклопување на бесправно изградените објекти, во рок од пет години по нив не е постапено. За бесправните објекти кои не ги исполнуваат условите за издавање на урбанистичка согласност донесени се 4 847 решенија за одбивање, но не се преземени мерки да бидат отстранети, иако овластените градежни инспектори за период од 2019 - 2024 година издале 456 правосилни управни акти за нелегални градби. Со ова, не е испочитувана обврската предвидена со Планот за заштита на културно наследство за детален инвентар на сите бесправно изградени објекти, проценка на нивното влијание врз исклучителната универзална вредност на општината и отстранување на сите бесправни изградени објекти, особено во Националниот парк „Галичица“, за кои, врз основа на претходно спроведените оценки ќе се утврди дека претставуваат закана за доброто, вклучително и за интегритетот и автентичноста на градот, пишува во Извештајот.

Ревизијата утврдила и дека не е донесен урбанистички план за крајбрежјето (појасот со ширина од 50 метри, сметано од границата на КП 1/1 „Охридско Езеро“), а за Годишната програма за поставување урбана опрема за 2024 година, не е обезбедено позитивно мислење/согласност од Управата за заштита на културното наследство.

-Во текот на 2024 година, 23 угостителски објекти користат јавна прометна површина без издадено одобрение за поставување на урбана опрема и уплатена комунална такса за користење на просторот, а издадените одобренија иако се однесуваат за период од три месеци, се користат за 12 месеци. Поставената урбана опрема, (натстрешници кои се градежно прицврстени на јавната површина со фиксна конструкција, челични столбови, затворен простор со стаклена преграда) не претставува лесно монтажен-демонтажен елемент и ја нарушува основната намена на просторот и безбедноста на сообраќајот. За вршење угостителска дејност надвор од деловниот објект на простор наменет за давање угостителски услуги, не се издадени одобренија од страна на градоначалникот на општината, согласно Законот за угостителска дејност. „Поставена урбана опрема“ Општината не остварува приходи по основ на комунална такса за користење на површини во кампови, подигање шатори и друга слична употреба, иако на територијата на Општина Охрид регистрирани се 6 авто кампови. 3Врз основа на спогодба од 2023 година, извршена е експропријација на градежно земјиште во КО Велгошти, сопственост на правно лице, кое земјиште согласно ГУП е наменето за градење на објекти за општа употреба/гробишта, а како надомест за експроприраното земјиште се дава градежно земјиште во државна сопственост со намена хотелски комплекс, оценуваат ревизорите.

Согласно извршената овластена проценка, експроприраното градежно земјите е проценето во вредност од 3 315 илјади денари, додека земјиштето кое се дава како надомест на 2 622 илјади денари, а за разликата од 693 илјади денари понудена е друга недвижност за која се уште постапката е во тек.

-Со оглед дека се предлага надоместок за експроприрана недвижност на друго државно земјиште предметот е доставен и до државното правобранителство на РСМ кое укажува да се запазат одредбите од Законот за води кои се однесуваат на земјиште кое не смеело да биде предмет на правниот промет, бидејќи се наоѓа во непосредна близина на крајбрежниот појас на Охридското езеро. За капиталните вложувања во водоводната, канализационата мрежа и атмосферска канализација, како и доградбата на општинската зграда не е запишано правото на сопственост иако објектите подолго време се користат. Објектите за кои со одлуки од 2005 година се пренесени основачките права и обврски како и правото на сопственост врз основните, средните училишта и една детска градинка се запишани во сопственост на единките корисници, без одлука на советот на општината. За изградба на општинските патишта, пречистителни станици и линиски инфраструктурни проекти кои согласно Законот за градење спаѓаат во втора категорија нa градби, не е обезбедено одобрение за градење, градежните активности се изведуваат без изготвен проект и проектна документација, а техничките спецификации/премер пресметки се изработени од страна на надлежните служби. По овој основ во текот 2024 година исплатени се вкупно 49.431 илјади денари, информира ДЗР.

Во Извештајот е заклучено дека се констатирани состојби, неправилности и неусогласености во работењето на Општината и поради нивното значење е изразено мислење со резерва за реалноста и објективноста на финансиските извештаи за 2024 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дали Американците се повлекуваат?

Пентагон размислува за повлекување на околу 25.000 американски војници од Европа, при што едно од сценаријата предвидува намалување од дури 40.000 војници.

Дали Американците се повлекуваат?

Покрај копнените сили, повлекувањето би можело да опфати и авиони, бродови и друга воена опрема.

„NBC News“, повикувајќи се на два извора, известува дека Германија, Италија и Шпанија би можеле да бидат најмногу погодени. Конечна одлука сè уште не е донесена. Се очекува генералот Алексус Гринкевич – командант на американските сили во Европа и Врховен сојузнички командант за Европа – во петок да му претстави првична проценка на секретарот за одбрана Пит Хегсет, додека конечната препорака би требало да биде подготвена до 6 ноември.

Во моментов, околу 80.000 американски војници се стационирани низ Европа, вклучително и околу 10.000 во Полска. Според „NBC“, опциите што се разгледуваат вклучуваат намалување на воздушните, поморските и копнените сили, додека дел од војниците и воените капацитети би можеле да бидат прераспоредени на источното крило на НАТО – поблиску до руската граница – наместо целосно да бидат повлечени.

Администрацијата на Трамп ја иницираше оваа ревизија во јуни како дел од напорите европските сојузници да преземат поголем дел од товарот за сопствената конвенционална одбрана. Хегсет ја опиша оваа цел како НАТО во кое Европа ја презема водечката улога и ја презема „примарната одговорност“ за сопствената одбрана. Извештајот доаѓа еден ден откако претседателот Доналд Трамп најави „значителен напредок“ во врска со воспоставувањето постојана американска воена база во Полска, чија локација – според него – би можела да биде објавена „многу наскоро“.

Најавата за можно повлекување од голем обем предизвика загриженост кај законодавците од двете партии. „NBC“ цитира неименуван републикански конгресмен кој го опиша намалувањето од 25.000 војници како „апсолутно неприфатливо“, истакнувајќи: „Не можете да ги одвратите Русите со евтини решенија“.

Конгресот претходно воспостави законски пречки за повлекувања од голем обем. Според годишниот закон за одбранбена политика за 2026 година, на Пентагон му се забранува да користи одредени средства за одржување на бројноста на трупите во Европа под 76.000 во период подолг од 45 дена, освен ако високи претставници на одбраната претходно не достават безбедносни проценки и потврди до Конгресот, по што следи период на чекање од 60 дена.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димитровски: Дијалогот со Бугарија треба да продолжи во духот на заемното почитување на правата

Заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски денеска учествуваше на петтото издание на Форумот „EU Meets the Balkans 5.0“, што се одржа во Софија. 

Димитровски: Дијалогот со Бугарија треба да продолжи во духот на заемното почитување на правата

На почетокот Димитровски ја поздрави публиката во салата на Технолошкиот парк на бугарски јазик. Тој рече дека нема никакви инструкции од македонската Влада, во Бугарија нашите политички претставници и претставниците на другите институции да зборуваат на англиски јазик.

-Можам да зборувам на мојот мајчин македонски јазик, можам и на бугарски кој го владеам, но важно е да се разбереме и важно е што ќе кажам.

Во обраќањето, Димитровски ја истакна определбата на нашата земја за полноправно членство во Европската Унија и нагласи дека европската интеграција останува наша стратешка цел.

„Иднината на земјата ја гледаме во Европската Унија. Нашата цел е полноправно членство, за што спроведуваме реформи и ќе продолжиме да работиме со реално возможна динамика“, истакна Димитровски.

Тој нагласи дека европската интеграција на Западен Балкан не е само процес на проширување, туку и инвестиција во безбедноста, стабилноста и конкурентноста на Европа.

Димитровски посочи дека Македонија останува посветена на спроведувањето на реформите и усогласувањето со европските стандарди, очекувајќи постигнатиот напредок соодветно да биде вреднуван во пристапниот процес. Во тој контекст, ја истакна и важноста на добрососедските односи и регионалната соработка за европската перспектива на регионот. Тој нагласи дека нашата земја се залага за нивно унапредување преку отворен и конструктивен дијалог и реализација на конкретни регионални проекти.

Во однос на постепената интеграција, Димитровски истакна дека таа треба да обезбеди конкретни европски придобивки за граѓаните и да се одвива паралелно со процесот на целосна интеграција, со јасна перспектива за полноправно членство во Европската Унија.

Осврнувајќи се на прашањето на човековите права, Димитровски нагласи дека земјите членки на ЕУ имаат различни пристапи кон ова прашање, но за нашата земја почитувањето на правата на сите заедници е јасна определба. Во тој контекст, посочи дека вклучувањето на Бугарите во Уставот не претставува проблем, што го потврдува и Акцискиот план за малцинствата, кој се однесува на сите етнички заедници во земјата, вклучително и на бугарската заедница. Истовремено, нагласи дека е потребно заемно почитување на европските стандарди, вклучително и на пресудите на Европскиот суд за човекови права. Воедно, изрази очекување дијалогот со Бугарија да продолжи во наредниот период, во насока на надминување на отворените прашања и унапредување на заемното почитување на правата.

На Форумот учествуваа високи претставници на Европската Унија и земјите од регионот, кои дискутираа на теми поврзани со европската интеграција на регионот, како и безбедноста и економскиот развој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Митева: Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ја унапредува својата соработка со жените од ЕПП

Силната соработка се гради со присуство, со размена на идеи и со заедничка визија.

Митева: Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ја унапредува својата соработка со жените од ЕПП

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ја унапредува својата соработка со EPP Women, како дел од нашето европско политичко семејство. Овие два дена учествувам на академијата „Да ја искористиме силата на жените“ во Атина, која претставува можност за споделување на искуства, воспоставување нови иницијативи за градење соработки, како и за отворена дискусија за актуелните предизвици со кои се соочува Европа.

Упатувам искрени честитки до Mairead McGuinness за изборот за претседателка на организацијата на жени на европската народна партија. Нејзиното долгогодишно искуство и посветеност се значаен потенцијал за понатамошно зајакнување на организацијата.

За нас ова е континуитет на долгогодишното партнерството што го градиме, со амбиција за уште поголема соработка, посилно поврзување и поголема видливост на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ во европското политичко семејство.

Продолжуваме заедно, со јасна европска перспектива и зајакната соработка.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер