1Аргентина им ги отвори вратите на богатите- пасош се продава за 350.000 долари, со опција од 800.000
Медведев му се извини на повредениот гледач, дисквалификацијата скапо го чинеше- се огласи и Ѓоковиќ (ВИДЕО)
1Медведев му се извини на повредениот гледач, дисквалификацијата скапо го чинеше- се огласи и Ѓоковиќ (ВИДЕО)
Телохранителот на Џеј Ло стана хит, фановите ѝ пишуваат: Човекот на твојот живот стои покрај тебе (ВИДЕО)
2Телохранителот на Џеј Ло стана хит, фановите ѝ пишуваат: Човекот на твојот живот стои покрај тебе (ВИДЕО)
МакедонијаДЗР: Од 34 општини со седиште во град, ГУП-овите на 22 не го исполнуваат стандардот за зеленилоОд 34 општини со седиште во град, ГУП-овите на 22 не го исполнуваат стандардот за озеленетост од 25 м2 по глава на жителМасовната урбанизација на просторот, долгите постапки за донесување на урбанистички планови, недонесените годишни програми за подигнување и одржување на зеленилото, финансирањето на урбанистички планови од приватни лица, неизрекувањето на глоби кон прекршителите, придонесуваат да не се исполни препорачаниот стандард на озеленетост во градовите, констатира Државниот завод за ревизија. Во денеска објавената ревизија на успешност на тема „Урбанистичко планирање на зелената инфраструктура во градовите“ со цел да се даде одговор на прашањето „Дали мерките и политиките на централната и локалната власт обезбедуваат ефикасно планирање на зелената инфраструктура во градовите?, се наведува дека со опфатот и доказите кои биле обезбедени по пат на примена на ревизорската методологија и техники, ревизорите стекнале разумно уверување дека мерките и политиките на централната и локалната власт не обезбедуваат ефикасно планирање на зелената инфраструктура во градовите. Според ДЗР, поделбата на дејноста просторно и урбанистичко планирање и некоординираноста на надлежните институции, резултира со недостаток на правна рамка што ќе го уреди просторното планирање и зелената инфраструктура, а со законските решенија за утврдување на правен статус на бесправно изградените објекти се нарушува системот на урбанистичко планирање. Како што наведува ДЗР, постојниот Просторен план не претставува добра основа за дефинирање на стратешките и планските документи во државата од пониско ниво, кои во периодот од 2021 до 2024 година се донесуваат врз основа на неажурирани податоци и информации и не соодветствуваат на состојбите во државата. Поради слабости во дефинирање на надлежностите на институциите /органите инволвирани во процесот и невоспоставената институционална соработка и координација, паралелно се водат и одржуваат два информациски системи кои не ги споделуваат во целост податоците во Национална инфраструктура на просторни податоци. Од 34 општини со седиште во град само две општини (Град Скопје и Општина Охрид) имаат донесено стратегии за развој на зеленилото, Зелен катастар во форма на ГИС[1] портал имаат три општини (Град Скопје, Кавадарци и Охрид), а 18 општини не ја испочитувале обврската за донесување на годишни програми за подигање и одржување на зеленилото, што укажува на немање долгорочна визија, цели, активности и индикатори за следење на урбаното зеленило на локално ниво, стои во извештајот. Постапката за донесување на урбанистички планови се врши преку електронски систем е-урбанизам, но, посочуваат ревизорите, поради комплексноста, обезбедувањето на мислења од 22-30 институции / установи и правни лица, должината на законски утврдените рокови и нивното недоследно почитување, од вкупно 34 општини со седиште во град, 8 општини (23 проценти) имаат важечки ГУП, 24 општини (71 процент) имаат ГУП со изминат плански период, а две општини (6 проценти) воопшто немаат донесено генерален урбанистички план. Генералните урбанистички планови на 14 општини се донесени по изминување на 3 до 5 години од планскиот период за кој се однесуваат, со што градовите не се во можност да ги разработат со детални планови за времетраење на периодот. Во периодот од 2020-2024 година, 77 проценти од постапките за донесување на ДУП во системот е-урбанизам не се завршени поради непочитување на законски утврдениот рок за траење на постапката до 18 месеци која за одредени општини трае и до 4 години. ГУП-овите на 22 општини не го исполнуваат препорачаниот стандард за озеленетост од 25 м2 по глава на жител, а зелените површини кои се одржуваат и новоподигнатите зелени површини во корелација со бројот на жители согласно пописот од 2021 година укажува дека ниту една општина не го исполнува стандардот утврден во одредбите на член 19 од Законот за урбано зеленило. Снимките од извршеното снимање со дрон на повеќе локации и во повеќе градови покажуваат дека централните градски подрачја на градовите не содржат доволно јавни зелени површини кои треба да придонесат за намалување на загадувањето и чиста животна средина. Општина Чаир и Кисела Вода учествуваат само со 3 проценти од урбаното зеленило на Град Скопје. Иако во ГУП на Штип се предвидени 16,9 проценти зелени површини со намена Д, преку ЈКП „Исар“ од Штип се одржуваат 8,97 ха што претставува само 0,39 проценти од површината на генералниот урбанистички план 2.292 хектари. Актуелниот ГУП на Тетово е со плански период од 2003-2013 година и предвидува 12,4 проценти зелени површини. Карактеристично за Тетово е што нема градски парк, наведува ДЗР. Оценува и дека изборот на урбанистички планови и проекти на општините кои ќе се финансираат од годишните програми за финансирање на урбанистички планови, донесени од Владата во периодот 2020-2024 година е извршен на нетранспарентен начин, без јавен повик, комисија и критериуми за избор, а средствата кои се предвидени не се доволни за финансирање на сите проекти. Од друга страна, недоволната информираност, заинтересираност и начинот на размислување на граѓаните за учество во постапките за донесување на урбанистички планови, како и финансирањето на плановите од страна на заинтересираните правни / физички лица со 48 проценти во годишните програми на општините доведува до состојба на преовладување на приватниот над јавниот интерес. - Општините не обезбедуваат доволно средства за одржување на јавни зелени површини со оглед дека 80 проценти од нив немаат донесено одлуки за наплата на надоместот за одржување на зелени површини, 20-30 проценти ги наплатуваат комуналните такси за користење на јавни зелени површини и поставување рекламни паноа на зелени површини, додека 59 проценти од општините не издвоиле средства за подигнување на нови зелени површини во периодот од 2020-2024 година. Централната и локалната власт нема обезбедено ефикасен мониторинг и контрола, односно неизрекувањето на глоби спрема прекршителите, како и намалените износи на глобите за прекршоци, придонесува зеленилото да се уништува, да не се одржува и да не се заменува со ново зеленило. Министерството за животна средина и просторно планирање не врши надзор над општините во делот на спроведувањето на законските одредби за урбано зеленило и не е обезбедено континуирано следење на состојбите и промените во просторот, од причина што годишните извештаи за степенот на спроведување на просторниот план на државата се изработени со нецелосни податоци за фактичката состојба, а во периодот од 2021 - 2024 година, воопшто не се изработуваат, констатира ДЗР. За надминување на утврдените состојби дадени се препораки со цел преземање мерки и активности од страна на надлежните институции и одговорни лица за создавање услови со кои ќе се подобри урбанистичко планирање на зелената инфраструктура во градовите. Владата треба да ги задолжи министерствата за животна средина и просторно планирање, за култура и туризам, и за внатрешни работи, да обезбедат услови за користење на системот за е-урбанизам, како и да обезбеди финансиски средства за реализирање на предвидените планови/проекти согласно Годишната програма за финансирање на изработка на урбанистички планови. На Министерството за животна средина и просторно планирање му се препорачува да преземе активности за доработка на предлог Законот за просторно планирање и негово предлагање до Владата, да воспостави надзор над општините од страна на Секторот за соработка со локалната самоуправа и управните и надзорните работи во однос на спроведување на Законот за урбано зеленило. Министерството за транспорт, пак, треба да преземе активности за утврдување на законски рокови за постапување на советите на општините во постапките за донесување на урбанистичките планови, да изготви критериуми за избор на проекти кои ќе бидат вклучени во годишната програма на Владата и да утврди финансиски средства, поединечно за секој проект. Исто така да утврди законска обврска во Законот за урбанистичко планирање, општините во градот Скопје да доставуваат годишни анализи до Град Скопје за степенот и начинот на спроведување и реализација на ГУП-от со донесените ДУП-ови. Да спроведува кампањи со цел подигање на свеста на јавноста за можностите кои ги дава информацискиот систем е-урбанизам, да донесе подзаконски акт со кој ќе се утврдат прецизни критериуми заначинот на пресметка на надоместот за подигање и одржување на јавни зелени површини предвиден во Законот за комунални дејности. Да ги измени одредбите на Законот за урбано зеленило во делот на висина на глобите за сторени прекршоци и начинот на изрекување на глобата во делот на недонесување на Стратегија за развој на зеленилото и Зелен катастар Препораката за Агенцијата за планирање на просторот е да ја интензивира динамиката за донесување на Просторниот план надржавата за период од 20 години. ДЗР има препораки и за единиците на локалните самоуправи. За донесување стратегии за развој на зеленилото од општините Битола, Гевгелија, Кавадарци, Куманово, Прилеп, Струмица, Штип и Тетово, за воспоставување зелен катастар во форма на ГИС портал достапен за јавноста од општините: Битола, Гевгелија, Охрид, Прилеп, Куманово, Струмица, Тетово и Штип, за донесување на годишни оперативни програми за одржување и подигање на јавно зеленило од општините Битола, Гевгелија, Куманово, Прилеп, Штип и Тетово... Се препорачуваат активности и за реално планирање на потребите за финансирање на урбанистички планови во годишните програми и определување на финансиски средства поединечно за секој план/проект за Град Скопје и општините: Прилеп, Битола, Кавадарци, Куманово, Штип, Струмица, Охрид, Тетово и Гевгелија. Исто така и за подигање на нови зелени површини со цел постигнување на стандардите за зеленило по глава на жител за Град Скопје и општините: Прилеп, Битола, Кавадарци, Куманово, Штип, Струмица, Охрид, Тетово и Гевгелија. При донесување на урбанистичките планови да се запазат утврдените норми за обезбедување на зелени површини по глава на жител за Град Скопје и општините: Прилеп, Битола, Кавадарци, Куманово, Штип, Струмица, Охрид, Тетово и Гевгелија. Меѓу препораките се и донесување на одлуки за наплата на надоместокот за одржување на јавни зелени површини и наплата на надоместоците за користење на јавни зелени површини и поставување на рекламни паноа на зелени површини и нивна редовна наплата за општините: Куманово, Кавадарци, Струмица, Битола, Охрид, Тетово, Штип и Гевгелија, како и зајакнување на инспекцискиот надзор од страна на комуналната инспекција и изрекување на санкции за прекршителите на законските одредби за Град Скопје и општините: Прилеп, Битола, Кавадарци, Куманово, Штип, Струмица, Охрид, Тетово и Гевгелија. Тагови: ДЗР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваПоранешна порно ѕвезда со 17 годишен стаж открива што ѝ било најтешко (ФОТО)Поранешната ѕвезда во филмови за возрасни Линдзи Брук одлучи јавно да проговори за тоа што се случува зад сцената по 17 години во индустријата. На Threads, таа ги покани следбениците да ѝ постават прашања за работата што ја напушти во 2024 година, а нејзините одговори се отворија за заработката, условите за работа, дрогата и последиците од долгогодишното работење во индустријата. „Најдобриот дел? Завршено“ Брук објасни дека по толку години, тешко ѝ е да избере нешто позитивно од самото снимање. „Најдобриот дел? Хм. Завршено. Најлошиот дел: секс со целосен странец.“ Таа откри дека во еден момент заработувала околу 1.500 долари по сцена, но верува дека тоа не било доволно со оглед на работата што ја работела. Во текот на првите десет години, снимала речиси секој ден, додека подоцна нејзината работа била значително намалена. Кога ја прашале дали целата индустрија е токсична, таа не дала едноставен одговор. „Има добри и лоши работи во секоја работа. Постојат одлични компании за кои сакав да работам, но и оние од чии сетови едноставно си заминав.“ Таа зборуваше и за дрогата Најсериозниот дел од нејзините одговори се однесуваше на начинот на кој се справувала со својата работа. Брук рече дека во текот на целата кариера користела дрога за емоционално да се одвои од она што се случувало на снимањето. „Не, јас сум во состојба на дисоцијација. Земам наркотици. Се ставам настрана и влегувам во улогата.“ „Дрогите ѝ го олеснија“, односно, како што објасни, дрогата ѝ ја олесни работата. Ги користела за да не може ништо да чувствува за време на снимањето, додека дома ги користела за да може воопшто да чувствува било што. Брук, која е мајка на три деца, се обидела да ја напушти индустријата по раѓањето на секое дете. Сепак, финансискиот притисок и стигмата поврзани со нејзината претходна работа ја терале да се враќа секој пат. „Требаше да бидам мртва“ Пресвртницата се случила во 2024 година, кога, непосредно пред да потпише нов договор, зела смртоносна доза апчиња. Преживеала обид за самоубиство, а подоцна одлучила целосно да престане со дрогата и порно индустријата. „Требаше да бидам мртва. Тоа не е драма, тоа е фармакологија.“ Таа на својот Substack наведува дека 1 ноември 2024 година бил првиот ден кога не земала апчиња ниту алкохол, и тогаш решила да ги напушти дрогата, работата и претходниот начин на живот. View this post on Instagram A post shared by Lindsay Brooke (@lindsay13rooke) За причината зошто конечно одлучила да си замине, таа рекла: „Сакав да се откажам од моментот кога почнав. Не знаев како. Се откажав затоа што повеќе не можев да земам доволно дрога за да потпишам уште еден договор.“ „Порнографијата е изградена врз илузии“ По напуштањето на индустријата, Брук почнала да пишува и јавно да зборува за своите искуства. На својата страница, таа се опишува себеси како поранешна работничка во индустријата за возрасни која денес се обидува да зборува за тоа што ѝ донел таков живот. Особено е упатена кон мажите кои ја перцепираат порнографијата како претстава за вистинскиот сексуален живот. „Целата индустрија е изградена врз илузии. Жените всушност не сакаат мажите да ги прават сите работи што им ги покажуваме во филмовите. Жените не сакаат да имаат секс со мајстор кој дошол да го поправи мијалникот, а камоли да имаат оргии со нивната маќеа или девојки.“ View this post on Instagram A post shared by Lindsay Brooke (@lindsay13rooke) Брук тврди дека порнографијата може да создаде искривена слика за сексот и врските и ги предупредува мажите дека она што го гледаат на екранот не треба автоматски да се сфаќа како претстава за вистинските желби на жените. Зборувајќи за сопственото искуство, таа заклучи: „Колку повеќе е нарушен вашиот систем, толку повеќе машинеријата има контрола врз вас. Јас сум надвор... зошто сте сè уште внатре?“Тагови: ѕвезда порно Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00Горивата поевтинуваат, дизелот за 3 бензините за 1,5 денари 12:35ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08Мицкоски на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце08:54Лице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:01
Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00
ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08
СветАргентина им ги отвори вратите на богатите- пасош се продава за 350.000 долари, со опција од 800.000 Колку вреди пасошот на една земја? Аргентина штотуку даде многу специфичен одговор - најмалку 350.000 долари.Јужноамериканската земја ја започнува првата програма за државјанство преку инвестиција во Јужна Америка, која ќе им овозможи на богатите странци да добијат аргентинско државјанство преку директен финансиски придонес во државата или купување државни обврзници. Што нуди Аргентина во рамките на програмата Програмата треба да започне да прифаќа апликации во текот на последниот квартал од оваа година, а на потенцијалните кандидати ќе им бидат понудени две опции, според „Бизнис и финансии“. Првата е директна, неповратна уплата од 350.000 долари во аргентинската државна каса. Втората бара значително повеќе пари - купување на посебна државна обврзница во вредност од 800.000 долари. Програмата беше презентирана за време на „Неделата на Аргентина“ во Париз од страна на министерот за економија Луис Капуто и началникот на кабинетот Диего Сантили. Пасошите како начин за привлекување капитал Зад необичната понуда стои многу специфична економска цел. Владата на претседателот Хавиер Милеј се обидува да привлече нов странски капитал, да го зголеми приливот на долари и дополнително да ја отвори аргентинската економија за меѓународни инвеститори. Властите ја претставуваат програмата како уште еден дел од реформите насочени кон подобрување на инвестициската клима во земјата. Аргентина со години се соочува со големи финансиски проблеми, а според АП, новата програма би можела да донесе до 2,5 милијарди долари во следните пет години. Во исто време, земјата се соочува со десетици милијарди долари обврски за надворешен долг. Колку чини пасош за целото семејство? Можноста нема да биде ограничена само на главниот апликант. Членовите на неговото семејство исто така ќе можат да аплицираат за државјанство, но за дополнителен надомест. Брачниот другар, како и невенчаните или вонбрачните деца на возраст од 18 до 25 години без свои деца, ќе можат да аплицираат со дополнителен придонес од 100.000 долари по лице. За дете под 18 години ќе бидат потребни уште 25.000 долари. Така, според пресметките на аргентинската влада, типично семејство од четири лица - родители и две малолетни деца - би можело да аплицира за аргентинско државјанство за вкупно 500.000 долари преку модел на плаќање што не може да се врати. Парите нема да бидат единствениот услов Чек од 350.000 долари нема автоматски да значи добивање пасош. Аргентина најавува детални проверки на кандидатите, вклучувајќи го потеклото на парите, идентитетот, криминалното досие и други безбедносни критериуми. Сите средства ќе мора да поминат низ официјалниот финансиски систем, со примена на правила за спречување на перење пари и финансирање на тероризам. Аргентина започна со подготовка на законската рамка за државјанство преку инвестиции уште во 2025 година, кога беше овозможено странец кој прави инвестиција од особено значење да побара натурализација без оглед на должината на претходниот престој во земјата. Сега, за прв пат, државата ја прецизираше и цената на овој пат до пасош - 350.000 долари што не може да се вратат или 800.000 долари преку државни обврзници.Тагови: Аргентина пасош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СудбинаПосвоиле пет деца, па ги претвориле во робови- осудени се на 375 години затвор и казна од 4,4 милиони долариПет афроамерикански деца кои биле принудени да трпат злоупотреба и држени во услови слични на робови од страна на нивните посвоители ќе добијат огромна финансиска компензација.Децата, кои некогаш биле посвоени од Џин Кеј Вајтфедер (63) и Доналд Лантс (64), добиле спогодба во вредност од 4,4 милиони долари од државата Западна Вирџинија поради начинот на кој Службите за заштита на децата се справиле со повеќекратните пријави за нивна загрозеност, објавува Дејли Меил.. Парите ќе им бидат распределени на децата преку фонд за доверба и ќе се користат за да им се помогне да се опорават, бидејќи неколку од нив сè уште се соочуваат со сериозни последици од траумата предизвикана од злоупотребата. „Тоа значи дека овие деца ќе добијат шанса да бидат деца. Тие беа ограбени од нивната невиност и детство од луѓе кои им биле родители, кои всушност биле чудовишта“, рече адвокатот Данте ди Трапано, кој ги застапуваше. Платената сума претставува максимална компензација што секое дете можеше да ја добие според државните ограничувања, а спогодбата ја плати Одборот за управување со ризици на Западна Вирџинија. 375 години затвор за „тинејџерски клуб“ Спогодбата доаѓа повеќе од една година откако Вајтфер и Лантс беа осудени на децении затвор за злоупотреба на деца. Вајтфер моментално отслужува казна од 215 години, со минимум 40 години за да се добие условна слобода. Лантс беше осуден на 160 години затвор, со задолжителен минимум 30 години зад решетки пред да може да аплицира за условна слобода. И двајцата беа осудени да платат вкупно 280.000 долари отштета на децата. Децата беа пронајдени од полицијата во октомври 2023 година заклучени во барака до домот на двојката во Сисонвил. Бараката немаше светла, храна или вода, а областа беше под надзор со камери. Вајтфер тврдеше дека децата не биле држени против нивна волја и дека бараката се користела како „тинејџерски клуб“. Сепак, детективите утврдија дека децата биле заклучени од надвор. Откако властите ги пронајдоа трите постари деца заклучени во бараката, открија и деветгодишно девојче заклучено во главната куќа. Децата имаа силен мирис, носеа валкана облека и имаа рани на нозете. Предупредувањата беа игнорирани, децата беа подложени на расистички навреди Подоцна беше откриено дека соседите го пријавиле она што го забележале во куќата во Службата за заштита на децата, но нивните извештаи во голема мера не беа земени предвид. Сосетката Џојс Бејли сведочеше на суд дека видела како Лантс ги тера децата да носат тежок материјал за ограда, кофи со вода и резервоари за пропан низ дворот. Според неа, децата биле толку исцрпени од работата што во еден момент најстарото момче едвај можело да оди. За време на судењето беа презентирани и расистички текстуални пораки. Најстарото дете, сега 18-годишно, сведочеше дека нејзините посвоители ја принудувале да копа со рацете, ги хранеле неа и нејзините браќа и сестри претежно со сендвичи со путер од кикирики и ги принудувале да користат кофа за да се олеснат. Таа исто така рече дека нејзините посвоители одбивале да јадат од истите чинии како децата и ја нарекувале „валкана“. И покрај овие обвинувања, Службата за заштита на децата не обезбеди документација дека нејзините службеници разговарале со децата, изјави адвокатот на ди Трапано во тужбата против државата. Според сведочењето на судењето, агенцијата едноставно оставила белешка на вратата на семејството. Кога службениците конечно разговарале со децата, Лантс и Вајтфер биле доволно блиску за да го слушнат разговорот. „Целиот систем е расипан“ „Имаше многу повици од соседите, и мислам дека имаше само една посета на таа куќа. Требаше да има многу повеќе“, рече ди Трапано. Тој тврди дека „целиот систем е расипан“ и дека начинот на кој се обработуваат пријавите за злоупотреба на деца, вклучително и обуката на вработените, начинот на кој се спроведуваат интервјуата и начинот на кој се документираат случаите, треба да се промени. Портпаролот на гувернерот на Западна Вирџинија, Патрик Морисеј, Ларс Далсеид, рече дека вработениот кој ги интервјуирал децата бил отпуштен за време на претходната администрација. Тој додаде дека сегашната администрација направила промени за зајакнување на системот за заштита на децата, вклучително и реорганизација на управувањето, појасни правила и дополнителна обука за вработените. Децата оттогаш се сместени кај нови згрижувачки семејства. Двајца од нивните нови згрижувачки родители зборуваа на суд за тоа каков е нивниот живот сега. Еден опиша одење на плажа, забавни паркови и музеи. „За мене како адвокат беше неверојатно искуство да видам дека овие деца сега имаат нешто за што да бидат среќни“, рече диТрапано. Нова тужба за претходни обвинувања Ди Трапано и неговата фирма сега планираат да поднесат уште една тужба, овој пат против Одделот за социјални услуги на државата Вашингтон. Тие тврдат дека агенцијата им дозволила на Вајтфедер и Лантс да ги преместат децата од Вашингтон во Западна Вирџинија и покрај претходните обвинувања за злоупотреба на деца. Во Вашингтон нема ограничување на штетите, така што децата би можеле да добијат дополнителна отштета ако успеат во нивната тужба. Државниот претставник Холис Луис, исто така, објави дека ќе воведе закон наречен Закон за спречување на притвор на деца, кој би барал од семејствата што се преселуваат во Западна Вирџинија и планираат да ги школуваат своите деца дома да го известат Одделот за социјални услуги. Луис додаде дека верува оти Вајтфедер и Лантс не се преселиле во Западна Вирџинија поради убавината или економијата на државата, туку затоа што верувале дека таму можат да се однесуваат кон своите деца со мал надзор. Тој нагласи дека родителите треба да имаат можност да изберат како да ги воспитуваат своите деца, но дека мора да постојат и разумни мерки за да се спречи таквите можности да се искористат за злоупотреба. Луис рече дека треба да им оддаде признание на жителите на Сисонвил кои продолжиле да го пријавуваат случајот на Службите за заштита на децата и на полицијата. „Всушност, заедницата беше таа што го крена алармот. Да не беа нивните напори, овие деца можеби сè уште ќе беа поробени и злоупотребувани, или ќе се случеше нешто полошо“, рече тој.Тагови: деца робови Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00Горивата поевтинуваат, дизелот за 3 бензините за 1,5 денари 12:35ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08Мицкоски на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце08:54Лице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:01
Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00
ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08