МакедонијаДЗР: Од 2020 до 2023 во државава вкупно 31.176 сообраќајки, 15.724 со потешки последициОд 2020 до 2023 во државава вкупно 31.176 сообраќајки, 15.724 со потешки последици, загинале 457 лица. Мерките и активностите на надлежните институции иако придонесуваат за подобрување на условите за управување со безбедноста во сообраќајот на патиштата, не се ефикасни за намалување на жртвите во сообраќајните незгоди, покажува ревизорскиот извештајот на тема „Безбедноста во сообраќајот на патиштата во Република Македонија“ на Државниот завод за ревизија. - Јавно достапните податоци од веб страната на МВР упатуваат на загрижувачки состојби во однос на бројот на сообраќајни незгоди случени на патиштата во државата: имено во периодот 2020-2023 година се случиле вкупно 31.176 сообраќајни незгоди, од кои 15.724 се со потешки последици, а загинале 457 лица, се наведува во извештајот на ДЗР. Ревизорите оцениле дека мерките и активностите кои се преземаат од страна на надлежните институции иако придонесуваат за подобрување на условите за управување со безбедноста во сообраќајот на патиштата, не се ефикасни за намалување на жртвите во сообраќајните незгоди до посакуваната состојба на национално и Европско ниво. - Втората Национална стратегија за безбедност на сообраќајот на патиштата за период 2015-2020 година е последна донесена национална стратегија за подобрување и зајакнување на системот за управување со безбедност на сообраќајот на патиштата. За периодот од нејзино донесување до денот на ревизијата, не е изработен ниту еден документ за евалуација на ефектите од планираните мерки и активности, ниту извештај за степенот на нејзината реализација, од причина што Владата нема формирано Координативно тело надлежно за наведените активности, велат од ДЗР. Втората Национална стратегија за безбедност во сообраќајот на патишта 2015-2020, како што се посочува, имала за цел бројот на жртви на сообраќајни незгоди до 2020 година да се намали до просечниот број на жртви во земјите-членки на Европската Унија, бројот на жртви – млади возачи да се намали за 30%, бројот на сериозно повредени да се намали за 40% и бројот на деца- жртви на сообраќајни незгоди да се сведе на нула. По спроведената ревизија било утврдено дека целите не се постигнати, односно бројот на жртви во сообраќајните незгоди за 2020 година не е намален до просекот во државите членки на ЕУ. -Целта за намалување на бројот на жртви – млади возачи за 30% не е мерлива, бидејќи нема дефинирано категоријата „млад возач“; бројот на сериозно повредени лица кој во 2020 година изнесува 801 лице и не е намален за 40 % во однос на 2009 година кога истиот изнесувал 985 лица; бројот на деца - жртви во сообраќајот да биде нула не е постигната и истиот во 2020 година изнесува 8 лица, стои во извештајот. Ревизорите утврдиле дека во периодот 2019-2023 година, Македонија, во однос на земјите од Западен Балкан освен Косово, има помал број на загинати лица во сообраќајни незгоди на патиштата на милион жители. Од ДЗР посочуваат дека за периодот по 2020 година не е изготвена нова, трета национална стратегија. -Во отсуство на нова Национална стратегија, политиките за управување со безбедноста во сообраќајот Владата ги воспоставува и имплементира низ други стратешки и плански документи од областа во координација со други надлежни институции, се наведува во извештајот. Во него се нагласува дека Национална транспортна стратегија 2018-2030 - НТС е оперативен стратешки документ за подобрување на квалитетот на транспортната инфраструктура и услуги, со активности поврзани со унапредувањето на безбедноста на патиштата во државата, базирана на транспортната политика на ЕУ, транспортната политика на Транспортната опсерваторија на Југоисточна Европа (СЕЕТО), која продолжува со Договор за основање на Транспортната Заедница, ратификуван од Република Македонија во 2017 година. За следење на имплементацијата е задолжено Министерството за транспорт. За изработка на НТС потрошени се 12,9 милиони денари (210.000 евра), обезбедени од ЕУ преку програмата ИПА 1. Во извештајот на Транспортната заедница за 2023 година, како што посочуваат од ДЗР, нотирано е ниско ниво на вкупниот напредок во спроведувањето на Акцискиот план за безбедност на патиштата во РСМ, кое пред сè се должи на недостиг од национална стратегија за безбедност на патиштата за период 2021 – 2030 година, како и незавршени активности за измена на законската регулатива и формирање на Агенција за безбедност на патиштата. -Национална стратегија за Интелигентни транспортни системи 2023-2032 - ИТС е изработена во рамки на Проектот за олеснување на трговијата и транспортот во Западен Балкан, за чија подготовка се реализирани 17,7 милиони денари (288.000 евра) со заем од МБОР-Светска банка, одобрен во 2019 година, се наведува во извештајот. Ревизорите утврдиле бавна реализација на предвидените активности од двете национални стратегии, што од своја страна предизвикува продолжување на роковите, неефикасно користење на средствата, создава нови трошоци и не овозможува постигнување на очекуваните ефекти за зголемување на безбедноста на патиштата и намалување на бројот на сообраќајни незгоди и жртви. Од ДЗР велат дека Собранието иако има обврска, на предлог на Владата да донесе Стратегија за развој и одржување на државните патишта, чие спроведување е во надлежност на Министерството за транспорт, од пропишувањето на оваа законска обврска во 2008 година до денот на вршење на оваа ревизија, наведената Стратегија не е донесена. Ревизорите во текот на ревизијата ги анализирале активностите на Министерството за внатрешни работи, Министерството за транспорт, Јавното претпријатие за државни патишта и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот. Во рамки на ЕУ, развиен е CADaS протокол, како минимален сет на стандардизирани податоци кој овозможува споредливи податоци за сообраќајни незгоди и анализи на Европско ниво. -МВР има воспоставено база на податоци за сообраќајни незгоди на патиштата во државата, која овозможува евидентирање на податоците за случени сообраќајни незгоди, но не е во целост усогласена со CADaS протоколот, бидејќи не се внесуваат географските координати на локацијата на сообраќајната незгода поради недоволна техничка поддршка од опрема со која располага МВР, се наведува во извештајот. Според анализите на податоците од базите сообраќајните незгоди со последици се случиле дење (59%), при добри атмосферски услови/сончево време (45%), на улици во населени места (63%) и на сува површина на патот (79%), што укажува на тоа дека условите на патот не се главна причина за предизвикување на сообраќајни незгоди; најголем број се случиле на територија на СВР Скопје-41%; СВР Тетово- 14%; СВР Битола и Охрид – 9%, Штип-8%, Куманово-7%, Велес и Струмица-6%. Најчестите сообраќајни прекршоци по видови, како што велат од ДЗР, констатирани со спроведените контроли во период 2019-2023 година се однесуваат на брзо возење, поминување на затворен сигнал, неправилно престигнување и недавање првенство на минување. -При спроведените контроли најголем број од возачите се исклучени поради управување на возило без возачка дозвола, а значаен е и бројот на исклучени возачи поради возење под дејство на алкохол. Поради технички ограничувања на апликацијата за спроведени контроли, како и на внесување на географските координати на локацијата на сообраќајните незгоди, МВР не е во можност истите да ги користи како основ за планирање нови активности и креирање нови мерки за зголемување на ефикасноста на интервенциите на МВР, посочуваат од ДЗР. Оттаму додаваат дека со Законот за возила е уредено МВР да води Регистар на возила со цел воспоставување систем за размена на податоци меѓу субјектите од областа на возилата за одобрување, пуштање на пазар, технички преглед, регистрација и пуштање во сообраќај на патиштата. Регистарот на возила, како што велат од ДЗР, се уште не е воспоставен, поради тоа што не е изготвен потребниот подзаконски акт. - Системот „Safe City“ (Безбеден град) со кој располага и управува МВР, е имплементиран и функционален повеќе години за што во континуитет се обезбедуваат средства за одржување, но истиот се уште не се користи за документирање на сообраќајни прекршоци и за изрекување на казни поради неприлагодена законска регулатива, посочуваат од ДЗР. Според ревизорите и покрај континуираните напори на МВР за зајакнување на човечките и материјалните капацитети, постои потреба од зголемување на бројот на вработените во одделните СВР, набавка на опрема, како и модернизација на софтверските апликации за обработка на податоците поврзани со сообраќајни незгоди. -Во рамки на доделените надлежности за управување со државните патишта во делот на планирање, изградба, реконструкција, рехабилитација, одржување и заштита на јавни патишта, Јавно претпријатие за државни патишта - ЈПДП врши броење на сообраќајот, води катастар на државните патишта и формира неопходни бази на податоци, велат од ДЗР. Во извештајот се наведува дека за подобрување на поврзаноста на регионалните и националните патишта со главните Европски коридори, како и подобрување на капацитетот на ЈПДП за безбедност на патиштата и отпорност на климата, во октомври 2014 година склучен е Договор со МБОР-Светска банка за заем во износ од 52 милиони евра (3,2 милијарди денари). За унапредување на сообраќајното образование и воспитување на учесниците во сообраќајот, РСБСП континуирано спроведува едукативни кампањи, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот. -За реализација на кампањите во период 2019-2023 година, од планираните средства во вкупен износ од 37 милиони денари, најголем дел, односно 39% се однесуваат за изработка на материјали за кампањи, а 21% за надоместоци за работни групи ангажирани за кампањите. Утврдивме дека РСБСП не врши мерење на постигнатиот ефект од спроведените кампањи како индикатор за подобрување на истите. Приходите кои РСБС ги остварува од наплата на такса при регистрација на моторни возила се нецелосни и во период од 2019 година до октомври 2024 година неколку технички станици уплатиле помалку средства во корист на РСБСП во износ од 2 милиони денари (35.653 евра), од кои дел се однесуваат за период од над 3 години, што создава ризик од застарување за наплата, се наведува во извештајот. ДЗР посочува дека од страна на Генералниот секретаријат на Владата во 2020 година, набавени се софтвер и опрема во вкупен износ од 7,3 милиони денари, за намени поврзани со безбедноста во сообраќајот, а кои и до денот на изработка на Конечниот ревизорски извештај не се користат од ниту една институција. Министерството за транспорт е надлежно за реализација на проектот за поврзување на локални патишта. -Во март 2023 година од страна на Единицата за имплементација на проектот, подготвен е извештај и акционен план со активности и препораки за подобрување на состојбите за управување со безбедноста на патиштата кој е доставен до Министерството за транспорт во декември 2024 година, односно 20 месеци после неговото изготвување, поради што имплементацијата на дел од активностите предвидени за 2023 и 2024 година, е одложена за 2025 година, што го забавува постигнувањето на очекуваните ефекти, велат од ДЗР. Извршените анализи и спроведените инспекции на безбедноста на сообраќајот од страна на ангажираните експерти за потребите на ревизијата, како што посочуваат од ДЗР, упатуваат на висок степен на опасност на делниците предмет на анализа, не задоволителна хоризонтална и вертикална сигнализација, лошо одржување на коловозите кои може да предизвикаат сообраќајни незгоди со последици од истите. - Воспоставен е механизам за известување, со кој надлежните институции преку работни средби и состаноци, како и преку периодични и годишни извештаи редовно ги известуваат Собранието и Владата за реализација на активностите, а со нивно објавување на веб страните, се известува јавноста и другите засегнати страни за нивните тековни активности. Во делот на мониторингот, не е извршено следење на реализација на активностите од Националната стратегија за безбедност на сообраќајот на патиштата 2015-2020 и оценка на ефектите од истите, истакнуваат од ДЗР. Дополнително, како што посочуваат ревизорите, надлежните институции не вршат евалуацијата на постигнатите ефекти од спроведените мерки и активности согласно утврдените индикатори, за навремена детекција и отстранување на слабости при управување со безбедноста во сообраќајот на патиштата. По ревизијата дадени се препораки за надминување и подобрување на состојбите во делот на правната и стратешката рамка за процесот на управување безбедноста во сообраќајот, зајакнување на човечките, финансиските и техничките капацитети на институциите, како и воспоставување на систем за мониторинг и евалуација на ефектите од спроведените активности.Тагови: ДЗР сообраќајка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТехнологијаКолекционерско издание на „GTA 6“: За 400 долари добивате сè освен самата играАко се суди според огромната возбуда околу „Grand Theft Auto VI“, брзо се приближуваме кон еден од најголемите настани во светот на видеоигрите во последните неколку години.Новата „GTA“ ветува враќање на сè што ги направи автомобилите клучен дел од серијалот – од брзи потери и трки до уште подетални опции за прилагодување на возилата. Сето ова доаѓа со препознатливата мешавина од криминал, хаос и судири со законот, по кои станаа познати „Rockstar Games“. Сепак, иако очекувањата се огромни, најновата одлука на „Rockstar“ може да разочара дел од фановите. Компанијата претстави колекционерско издание насловено „The Goodtime State - Vice City Collection“, со висока цена од 399,99 долари. Проблемот е што во пакетот недостасува најважниот елемент: самата игра. Што добивате? „Rockstar“ ја претставува колекцијата како луксузен пакет со предмети за колекционери, инспириран од светот на „Vice City“. Таа содржи разновидни предмети, вклучувајќи очила за сонце „Oakley“, налепници, значки и мапа на Леонида – измислениот регион во кој се одвива дејството на „GTA VI“. Купувачите добиваат и бејзбол капа, фигура на маскотата на „Vice City“, чашка за жесток пијалак, торба за носење преку тело, приврзок за клучеви, стапче за мешање коктели и магнетно огледало. Иако колекцијата е очигледно наменета за сериозни колекционери, во кутијата нема да го најдете најважниот предмет: „GTA VI“. За самата игра, ќе треба да издвоите дополнителни 79,99 долари за стандардното издание или 99 долари за „Ultimate“ верзијата. Тоа значи дека купувачот што го сака целиот пакет ќе мора да плати речиси 480 или 500 долари, во зависност од изданието на играта. „GTA VI“ без физички диск Колекционерскиот сет пристигнува во време кога „Rockstar“ веќе предизвика реакции со одлуката „GTA VI“ да биде првиот голем AAA наслов на компанијата без традиционално издание на физички диск. Играта ќе биде достапна дигитално преку продавниците на „PlayStation“ и „Xbox“, додека физичките примероци во продавниците ќе содржат само код за преземање. Оваа одлука предизвика негативни реакции во дел од гејмерската заедница. Извршниот директор на „Take-Two Interactive“, Штраус Зелник, го бранеше овој пристап, тврдејќи дека физичките дискови веќе немаат голема смисла за потрошувачите. Ситуацијата е особено интересна за колекционерите. Тие сега можат да потрошат речиси 400 долари за кутија полна со предмети поврзани со играта, а сепак да не ја добијат самата игра во таа кутија. „Rockstar“ има направено нешто слично и претходно Сепак, ова не е првпат „Rockstar“ да продава колекционерска кутија без самата игра. Компанијата направи сличен потег во 2018 година со „Red Dead Redemption 2“, изданието „Collector's Box“ објавено тогаш, исто така, не содржеше примерок од играта. Разликата, сепак, беше во цената. Таа колекционерска кутија чинеше 99 долари – помалку од една четвртина од цената на новата „Vice City Collection“. Денес, оригиналните колекционерски кутии за „Red Dead Redemption 2“ можат да се најдат на „eBay“ по цени што надминуваат 700 долари, што покажува дека вредноста на ваквите производи може да порасне кај колекционерите со текот на времето. Сепак, останува фактот дека фановите на „GTA VI“, кои ги сакаат и колекционерските предмети и самата игра, ќе мора да ги купат одделно. Со цена од речиси 400 долари само за колекционерските предмети, „Rockstar“ очигледно цели кон најпосветените фанови на серијалот и кон колекционерите кои се подготвени да платат висока цена за предмети поврзани со еден од најочекуваните наслови во историјата на видеоигрите. Извор: Б92Тагови: GTA 6 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Живот„Многу те сакам“: Лука Модриќ им ги разнежни срцата на фановите со нова објаваЛука Модриќ преку социјалните мрежи ѝ го честиташе деветтиот роденден на својата најмлада ќерка, Софија.По тој повод, хрватскиот фудбалер сподели неколку фотографии на кои се заедно, придружени со кратка и емотивна порака. На една од фотографиите, таткото и ќерката се насмеани додека позираат заедно, додека другите прикажуваат опуштени моменти од семејниот живот. На пример, на една фотографија се гледа како Софија седи на рамениците на татко ѝ, а на друга Модриќ ѝ помага да си ја исуши косата. „Среќен роденден на мојата прекрасна и многу посебна мала принцеза! Многу те сакам!“, напиша Модриќ. Најмладото од трите деца Софија е најмладото дете на Лука и неговата сопруга, Вања Модриќ. Покрај неа, тие имаат син, Иван, и ќерка, Ема. Лука и Вања стапија во брак во 2010 година, а една година подоцна ја прославија и црковната венчавка во Загреб. Модриќ честопати преку социјалните мрежи ги одбележува важните моменти од животот на своите деца, особено нивните родендени. Неговото семејство често го придружува на фудбалски настани. Сопругата и децата честопати го бодреле од трибините за време на клучни натпревари и му се придружувале во прославите по големите победи. Извор: Индекс.хрТагови: Лука Модриќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветНов потег на Путин: Русите вежбаат со Кинезите, пристигна нуклеарно предупредувањеРускиот претседател Владимир Путин вчера присуствуваше на воена вежба на планините Урал, во која учествуваа војници од Кина и од неколку други земји.Путин го посети воениот полигон во регионот Чељабинск за да ја следи завршната фаза од вежбата „Центар-2026“. Вежбата се одржа во склоп на вежбата „Интеракција-2026“, спроведена од членките на Организацијата на Договорот за колективна безбедност – безбедносен сојуз предводен од Москва, составен од неколку поранешни советски републики. Путин изјави дека 47.000 војници учествуваат во вежбата „Центар-2026“, вежбајќи одбивање напади на 11 полигони и во Каспиското Море. Вежбата започна во понеделникот, а завршува денес. Путин предупреди дека нема да се двоуми да употреби нуклеарно оружје за одбрана на Калининград. „Околу 6.000 војници од Русија и од други земји учествуваа во завршната фаза на полигонот Чебаркул“, рече Путин. Тој додаде дека делегации од 55 земји учествувале како набљудувачи. Според извештаите на руските медиуми, во вежбата учествуваат воени единици од Белорусија, Киргистан и Таџикистан, заедно со војници од Кина, Монголија и Пакистан. За време на посетата, Путин изврши увид во различни видови вооружување, вклучително и новите беспилотни летала „Геран“ на млазен погон, кои руската војска ги користи во нападите врз Украина. Посетата на Путин уследи еден ден откако Русија го предупреди НАТО дека нема да се двоуми да употреби нуклеарно оружје за одбрана на Калининград, доколку некоја членка на воениот сојуз се обиде да ја отсече таа руска ексклава на западот на земјата од остатокот на Русија. Извор: Б92Тагови: Владимир Путин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter