ДЗР: Новите лекови за цистична фиброза не достапни за сите пациенти - Канал 5

ДЗР: Новите лекови за цистична фиброза не достапни за сите пациенти

Државниот завод за ревизија ги објави ревизорските извештаи на ЈЗУ универзитетска клиника за детски болести (две сметки) - https://dzr.mk/mk/240213-revizija-na-usoglasenost-2023-jzu-univerzitetska-klinika-za-detski-bolesti

ДЗР: Новите лекови за цистична фиброза не достапни за сите пациенти

За набавка на дел од лековите за цистична фиброза која се врши и преку Програмата за лекување на ретки болести во рамки на министерството, за 2022 година и 2023 година обезбедила средства во вкупен износ од 180.350 илјади денари, односно околу 2.9 милиони евра, кои се доволни само за 15 пациенти од 140 регистрирани пациенти.

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за детски болести за 2022 година.

Со извршената ревизија констатирани се состојби и неусогласености од различна природа, кои влијаат на изразување на мислење со резерва во однос на вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива за 2022 година.

Со извршената ревизија утврдено е дека Клиниката за детски болести воедно е и центар за лечење на пациенти кои боледуваат од цистична фиброза, а дел од нив се лекуваат со лекови кои не се на позитивната листа на лекови за кои се обезбедува условен надоместок од Фондот или пак се набавуваат преку програмата за лечење на ретки болести од Министерство за здравство.

Имено, подобрувањето на третманот и начинот на лекување на пациентите започнува од 2008 година кога во позитивната листа на лекови се воведени три инхалациони лекови, кои до пациентите се доставуваат преку инсулинските аптеки, но во периодот кој следува на пазарот се достапни нови генерации на лекови за третман на цистична фиброза кои до денот на ревизијата не се воведени во позитивната листа на лекови.

Клиниката за детски болести за набавка на дел од лековите која се врши и преку Програмата за лекување на ретки болести во рамки на министерството, за 2022 година и 2023 година обезбедила средства во вкупен износ од 180.350 илјади денари, односно околу 2.9 милиони евра. Обезбедениот износ е доволен за набавка на терапија само за 15 пациенти, додека согласно приложената документација, регистрирани се помеѓу 130 и 140 пациенти кои боледуваат од цистична фиброза.

Ненавлегувајќи во медицинската исправност на одлуките на докторите и не оспорувајќи ја потребата од вклучување на пациентите на соодветна терапија, состојбата со ограничен буџет и ограничен број на пациенти на кои им се дава терапијата, доведува до постоење на ризик од субјективизам при изборот на пациенти кои ќе бидат вклучени на терапија. Поради тоа, со ревизијата е нагласено дека е потребно Клиниката во соработка со Фондот и Министерството да преземат активности за обезбедување на средства за терапија за сите пациенти за кои постојат докази дека ги исполнуваат медицинските критериуми, потврдено од лекарски конзилиум и стручен колегиум.

Како дел од здравствените услуги кои ги нуди Клиниката е и обезбедување хормон за раст, за што во текот на 2022 година реализирани се расходи во износ од 67 милиони денари. Со извршен увид во техничките спецификации утврдено е дека предметот на набавката е поделен во пет делови за набавка на хормон за раст со исто генеричко име и ист АТЦ код, односно во секој дел се набавува истиот лек, а разликата меѓу деловите се однесува само на количината на активна супстанца – лек во количина на раствор, односно различна фармацевтска дозажна форма на лекот во која се врши комерцијалната продажба.

За секој дел поднесена е една понуда, која е избрана за најповолна, поради што набавен е хормон за раст со исто генеричко име, но од 4 различни производители/ трговски марки чии единечни вредности се разликуваат, од кои едни се поскапи бидејќи се оригинатори, а поевтините лекови се био-слични, чија цена во однос на оригинаторите е пониска за 58%.

Согласно даденото образложение од страна на одговорните лица на Клиниката и медицинскиот персонал дека хормонската терапија има ист медицински ефект без разлика на производителот на хормон кој се аплицира, и не е медицински препорачливо да се менува производителот на лекот во текот на лекувањето, ревизијата е на мислење дека е потребно Клиниката во соработка со Министерството да го евалуира начинот на кој се приклучуваат пациентите на терапија и на кој се изготвуваат техничките спецификации, со цел да се обезбеди постигнување на пониски цени во постапката за јавна набавка.

Со извршената ревизија исто така е утврдена и несоодветна примена и недоследно почитување на Законот за јавните набавки во дел од постапките што влијае на конкуренцијата и економично, ефикасно и ефективно користење на јавните средства.

За надминување на утврдените состојби дадени се препораки со цел преземање на мерки и активности од страна на надлежните институции и одговорни лица.

Државен завод за ревизија

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Китови убијци нападнаа брод со луѓе- еден од нив преживеал пекол, па објавил снимка од драмата (ВИДЕО)

Природата е сурова, немилосрдна и брутална. Особено кога три или четири китови убијци одлучат да го направат кормилото на вашата едрилица да им изгледа како играчка за џвакање.

Китови убијци нападнаа брод со луѓе- еден од нив преживеал пекол, па објавил снимка од драмата (ВИДЕО)

Токму тоа го доживеа Гиде Батлер, сурфер и морнар од Сан Диего, на 29 август 2026 година, покрај северозападниот брег на Шпанија. Батлер бил на својата 42-метарска едрилица, Сеика, по регатата „Игнасио Монтенегро трофеј“ во близина на Сан Висенте до Мар, кога се појавила група орки, објави Yahoo.com.

Китовите убијци набрзо станале агресивни. Погледнете го видеото објавено на социјалните мрежи.

Видеото, првично објавено од самиот Батлер, а подоцна споделено од популарниот профил „Природата е сурова“, прикажува сцена што е кошмар за секој морнар. Темни силуети минуваат под трупот на пловилото, додека едрилицата се тресе од повторените удари од орките кон неговиот систем за управување. Членовите на екипажот се наведнуваат над оградата, обидувајќи се да сфатат што се случува и кој дел од пловилото е оштетен.

„Изгубивме половина од кормилото“, напиша Батлер. Тој процени дека три или четири орки го следеле и го нападнале едрилицата околу осум минути.

Средбата била застрашувачка, но реакцијата на Батлер била посложена отколку што би можел да сугерира зборот „напад“. Како голем обожавател на орки, тој бил воодушевен што имал можност да ги види одблизу. Но, потоа дојдоа ударите, штетата и брзата проверка дали водата почнала да влегува во пловилото.

„Адреналинот ми беше висок“, призна тој.

За среќа, никој не бил повреден, трупот на едрилицата не бил пробиен, а оштетената „Сеика“ успеала да се врати во пристаништето без помош на спасувачките служби, чија интервенција веќе била подготвена.

Батлер се сомневал дека помалите орки биле „само младенчиња што си играат со чамецот“. Научниците сè уште не утврдиле зошто некои орки од иберската популација комуницираат со пловилата, но играта, љубопитноста и однесувањето на учење едни од други се наведуваат како можни објаснувања.

Сепак, Батлер не бил единствениот што доживеал таква средба. Веќе следниот ден, друга јахта во близина на устието на реката Виго остана без функционално кормило по средба со орки. Од 2020 година, стотици слични инциденти се регистрирани во водите на Шпанија и Португалија, од кои некои завршија со онеспособување или потонување на пловила.

Дури и познатото потонување на бродот „Алборан Коњак“ кај Гибралтар во 2024 година беше поврзано со оштетување на пловилото, а не со докази дека орките ловеле луѓе.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Талески до Савески: Зошто нема истрага за Алта банка за Мицкоски, Славески и Кочовски?

Пратеникот на СДСМ, Миле Талески, на денешната надзорна расправа за Алта банка во Собранието побара од јавниот обвинител Савески конкретни одговори дали е оформен предмет.

Талески до Савески: Зошто нема истрага за Алта банка за Мицкоски, Славески и Кочовски?

Пратеникот на СДСМ, Миле Талески, на денешната надзорна расправа за Алта банка во Собранието побара од јавниот обвинител Савески конкретни одговори дали е оформен предмет, дали се преземени предистражни дејства и дали ќе се испитува евентуалната кривична одговорност на премиерот Христијан Мицкоски, гувернерот Трајко Славески и министерката за финансии, доколку доказите укажуваат на нивна одговорност.

„Господин јавен обвинител Савески, што повеќе треба да се случи за вие и вашето обвинителство да преземете конкретни предистражни дејства пред евентуални штети да станат уште поголеми? Дали Христијан Мицкоски, како што милува да ви кажува и да ви сугерира по телефон, и за овие работи ви се меша во вашата работа?“, праша Талески.

Тој потсети дека при изборот Савески се обврзал обвинителската функција да ја врши совесно, непристрасно и одговорно. Според Талески, повеќемесечните предупредувања за потеклото на капиталот на Алта банка бараат конкретно постапување, а не само следење на состојбите.

„Вашата функција не ви дава право селективно да одлучувате кои сомнежи заслужуваат внимание, а кои ќе ги оставите да чекаат“, нагласи Талески.

Пратеникот посочи дека граѓаните се соочуваат со страв и неизвесност околу пристапот до сопствените средства, додека носителите на највисоките функции ја префрлаат одговорноста меѓу себе.

„Имаме гувернер, министерка за финансии, премиер кои јавно си ја префрлаат одговорноста за тоа кој знаел, кој требало да знае и кој не знаел за влезот и работењето на оваа банка. И покрај сето ова, вие пред јавноста изјавувате дека обвинителството ја следи ситуацијата. Тоа и сега го потврдивте, но дека сè уште е рано да се зборува за формална истрага“, рече Талески.

Тој побара да се испитаат потеклото на капиталот, сопственичката структура, поврзаните лица и финансиските трансакции, како и евентуалните сомнителни трансфери меѓу Србија и Македонија. Дополнително, побара проверка на постапувањето на Народната банка и на евентуалното политичко влијание врз нејзините одлуки.

„Дали ќе го испитате постапувањето на гувернерот Трајко Славески? Дали при преземањето на банката биле исполнети сите законски услови? Дали Народна банка навремено ги утврдила ризиците и дали презела соодветни мерки? Дали ќе ја испитате комуникацијата на Народна банка и Владата, како и евентуалното политичко влијание врз одлуките на регулаторот“, праша Талески.

Особено ја нагласи потребата од навремено обезбедување на документацијата и финансиските траги, предупредувајќи дека одложувањето може да го отежни утврдувањето на вистината.

„Дали се обезбедени сите документи, електронска комуникација, банкарска документација и финансиски траги? Дали се преземени мерки за да не бидат уништени или прикриени доказите? Дали е побарана соработка со српските правосудни органи? Затоа што секој ден на неоправдано одолговлекување може да се зголеми ризикот од губење на докази и да се отежни утврдувањето на вистината“, истакна Талески.

На крајот, тој побара јасен одговор дали обвинителството е подготвено да постапува неселективно и да ја испита одговорноста на сите вклучени, независно од нивната функција.

„Дали сте подготвени да ја испитате евентуалната кривична одговорност на гувернерот Трајко Славески, министерката за финансии и премиерот Христијан Мицкоски, доколку доказите укажуваат на нивна одговорност? Дали сте подготвени да покажете дека во оваа држава нема недопирливи функционери?“, порача пратеникот на СДСМ, Миле Талески, се наведува во партиското соопштение.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова – Ван дер Белен: Австрија останува важен и искрен поддржувач на македонскиот евроинтеграциски пат

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, оствари средба со претседателот на Република Австрија, Александер Ван дер Белен.

Сиљановска-Давкова – Ван дер Белен: Австрија останува важен и искрен поддржувач на македонскиот евроинтеграциски пат

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска на маргините на Конференцијата на страните на Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени (COP31) во Анталија, оствари средба со претседателот на Република Австрија, Александер Ван дер Белен.

Во разговорот беа потврдени одличните македонско-австриски односи, втемелени врз заемна почит, пријателство и соработка, како и врз споделени европски вредности.

Таа изрази благодарност за принципиелната поддршка од Австрија на македонскиот евроинтегративен пат и за нејзината посветеност кон стабилноста, безбедноста и европската перспектива на Западен Балкан.

Соговорниците разменија мислења за иднината на европскиот проект и процесот на проширување на Европската Унија, при што беше нагласено дека неговата кредибилност се гради врз јасни правила, еднакви критериуми и заслуги, а европската перспектива мора да остане реална и достижна за земјите кандидатки.

Сиљановска-Давкова истакна дека проширувањето не е само политичко и економско прашање, туку и безбедносно, особено во време на геополитички тензии коишто се закана за мирот во Европа.

Обајцата укажаа на можностите за продлабочување на македонско-австриската соработка во економијата, енергетиката, климатските политики, образованието и културата.

На средбата беше изразена подготвеност за интензивирање на политичкиот дијалог на највисоко ниво, а како конкретен чекор во таа насока беше договорено да се реализира официјална средба меѓу двајцата претседатели, соопштуваат од Кабинетот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер