МакедонијаДЗР: Населението брзо старее - потребни се реформи на пензискиот системМакедонија се соочува со сериозен демографски колапс – покажува последната анализа на Државниот завод за ревизија. Населението старее, младите се иселуваат, а работоспособните граѓани се сè помалкубројни. Според податоците, до 2055 година секој трет жител во државата ќе биде постар од 65 години, додека во исто време се намалува бројот на млади, главно поради нискиот наталитет и масовното иселување. Разликите меѓу бројот на родени деца и учениците кои подоцна завршуваат образование стануваат сè поизразени, а до 2050 година според проекциите работоспособното население ќе се намали за речиси 470 илјади лица. Од ДЗР апелираат на темелни реформи и насочување на државните политики кон овој проблем. - Во 2024 година од земјата заминале 13% од сите живородени деца кои требало но не биле запишани во прво оделение, односно за само 6 години бројот на деца е намален за над 2700, кај матурантите оваа разлика е значително повисока и изнесува околу 22.000 живородени деца во средно образование во земјата, а матурирале 14.000, што е намалување од 35%. - Љубица Тошевска – ДЗР Како директна последица од стареењето на населението, пензискиот систем се соочува со сериозни ризици за одржливост. Ревизијата покажува дека првиот столб со години работи со дефицит, а разликата се покрива со трансфери од државниот буџет кои во 2024 година достигнале околу 690 милиони евра. Од ДЗР алармираат дека без навремени реформи, овие трошоци би можеле да достигнат 7,4 проценти од БДП до 2057 година, што претставува сериозен товар за јавните финансии. - Анализите покажуваат дека пензискиот систем веќе подолго време отежнато работи се соочува до дефицит и во неговото работење се потребни интервенции од буџетот во државата. Да се оцени потребата од промени во пензисиот систем, во делот на висината на процентот, дали тоа ќе биде процентот за придонеси во пензиско-инвалидското осигурување, староста за пензионирање, односно продолжување на работниот век на луѓето.- Љубица Тошевска – ДЗР Покрај финансиските ризици, ревизијата укажува и на недостиг на услуги за старите лица. По истекот на Националната стратегија за стари лица во 2020 година, државата сè уште нема нов сеопфатен документ, а услугата помош и нега во домот е достапна за помалку од 1 процент од лицата над 65 години, додека во 31 општина воопшто не постои. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Абигејл интернет-сензација, милиони фанови секојдневно го разгледуваат нејзиниот профил Сексапилната Абигејл го привлече првото поголемо внимание на јавноста во 2013 година, кога нејзината фотографија на социјалните мрежи стана вирална.Абигејл Рачфорд од Пенсилванија некогаш сакала да стане фудбалерка, но сепак морала рано да се откаже од спортот поради здравствени проблеми. Во тоа време, таа немала претстава дека неколку години подоцна ќе стане една од најпознатите ѕвезди на Инстаграм и едно од најбараните имиња во светот на манекенството. Таа првпат привлече значително внимание од јавноста во 2013 година, кога нејзина фотографија стана вирален хит на социјалните мрежи. Оттогаш, нејзината кариера бележи незапирлив подем. Се пресели во Лос Анџелес и работеше како модел за престижни списанија како *Maxim*, *Esquire* и *Playboy*; денес, таа има милиони следбеници ширум светот. Абигејл често ја нарекуваат „Кралица на облините“ и „Кралица на Инстаграм“, а токму нејзиниот изглед, харизма и впечатлив стил се она што ја издвојува од останатите. Покрај модните снимања, таа соработува со бројни брендови и сама ги води своите проекти на социјалните мрежи, градејќи притоа успешен личен бренд. Сепак, зад тие гламурозни фотографии стојат многу труд и напорна работа. Одржувањето на нејзиниот изглед бара часови посветеност, специјализирани третмани и постојана грижа, како и креативност во водењето на кариерата. Абигејл Рачфорд стана една од препознатливите личности на дигиталната ера и пример за тоа како социјалните мрежи можат да создадат нова глобална ѕвезда за кратко време.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизОткриен денот на свадбата на Кристијано и Георгина Откриено кога се жени светската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо: Местото на свадбата има посебно значење за него.Најплатениот светски фудбалер Кристијано Роналдо и неговата долгогодишна свршеница Георгина Родригез треба да стапат во брак следниот викенд, пренесува „Сан“ (The Sun). Според таблоидот „Сан“, Кристијано Роналдо и Георгина Родригез ќе го кажат судбоносното „да“ следниот викенд. Повикувајќи се на португалски извори, парот одлучи да ја организира свадбата од соништата на островот Мадеира, поточно во Фуншал – градот каде што славниот Роналдо ја започнал својата фудбалска кариера. Според локалните медиуми, катедралата во главниот град на островот е веќе резервирана за следната сабота, а свечената церемонија е закажана за 15:00 часот. По црковниот дел, големата прослава треба да продолжи во луксузниот хотел „Савој Палас“. Роналдо и Георгина инаку се во врска од 2016 година, а се свршија во август минатата година. Гласините за претстојната свадба дополнително ги поттикна самата Георгина, откако објави интересна фотографија на Инстаграм. Тагови: Георгина Кристијано Роналдо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09Гостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето15:00МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35На Богородица и Табановце времето на чекање е околу 30 минути до 1 час10:24
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35
ФудбалАртета за Винисиус: Арсенал ќе биде многу амбициозенПредводникот на англискиот фудбалски шампион Арсенал, Микел Артета се осврна на шпекулациите во медиумите за интересот на „топџиите“ за Винисиус Жуниор, изјавувајќи дека клубот ќе биде „многу амбициозен“ на трансфер-пазарот. Според Goal.com, Арсенал внимателно ја следи ситуацијата со договорот на бразилскиот напаѓач во Реал Мадрид, бидејќи клубот бара засилување од светска класа за својот напад. Менаџерот на Арсенал беше воздржан кога беше прашан за евентуалното ангажирање на ѕвездата на Реал Мадрид, но испрати јасна порака во врска со намерите на клубот. По убедливата победа од 4:1 во подготвителниот натпревар против Џирона, Артета нагласи дека лондонскиот тим е подготвен да заземе одлучен пристап во потрагата по нови играчи. Кога беше директно прашан за ангажирањето на бразилското крило, тој внимателно ги бираше зборовите, но јасно ги изнесе своите цели. „Активни сме и се обидуваме да го подобриме и развиеме тимот. Тоа е јасно. Очекуваме одредени случувања во наредните недели бидејќи сакаме да напредуваме, исто како и сите други“, рече Артета. „Тоа е очигледно и на пазарот и преку потезите што ги прават нашите ривали – нема само да стоиме и да гледаме. Имаме големи амбиции за она што сакаме да го постигнеме.“ „Разликите се минимални. Сакаме да бидеме подобри, а нивото на конкуренција ќе расте, па затоа мораме да ја зголемиме конкуренцијата во самиот тим. Мораме да утврдиме што ни недостасува за да стекнеме поголема предност. Тоа е нашиот начин на размислување“, додаде тој. Оптимизмот на Арсенал произлегува од застојот во преговорите меѓу Винисиус и раководството на Реал Мадрид. Шпанскиот клуб би можел да биде принуден да го продаде играчот доколку наскоро не се постигне договор, бидејќи постои ризик тој да си замине како слободен играч следното лето.Тагови: Арсенал Артета Винисиус Жуниор Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook