Беше страв и трепет за мафијата, а сега е пронајден мртов- случајот ја потресе Италија, се огласи и Мелони
2Беше страв и трепет за мафијата, а сега е пронајден мртов- случајот ја потресе Италија, се огласи и Мелони
3Претседателката на Молдавија го алармира НАТО: Русија ја напаѓа Европа на два фронта, едниот е особено опасен
3Серија инциденти на Мис Универзум: Мисица е отруена, друга паднала по скали, Бугарката имала тешка сообраќајка
МакедонијаДЗР констатирал слабости во договорените јавно-приватни партнерстваВо текот на вршењето на ревизијата, како што е наведено во соопштението, утврдени се вкупно 68 договори за доделување на ЈПП, но поради несоодветно воспоставена евиденција постои ризик бројот на склучени договори за ЈПП да е над утврдениот.Иако во воспоставените јавно-приватни партнерства (ЈПП) се вложени значителни средства, ревизијата за периодот од 2017 до 2024 година констатира недостатоци во законските и институционалните рамки, како и во процесите за доделување и спроведување на договорите. Овие слабости, заедно со ограничената конкуренција и несоодветно реализираните договори не ги исполниле очекувањата за обезбедување ефикасни јавни услуги и значајно подобрување на инфраструктурните објекти, соопшти денеска Државниот завод за ревизија (ДЗР). Од ДЗР велат дека извршената ревизија на успешност на тема „Подобрување и унапредување на јавните услуги и инфраструктурните објекти со јавно приватно партнерство“, е со цел да се оцени дали преземените мерки и активности за воспоставување и реализација на договори за јавно приватно партнерство (ЈПП) обезбедуваат ефикасни јавни услуги и подобрени инфраструктурни објекти. Во текот на вршењето на ревизијата, како што е наведено во соопштението, утврдени се вкупно 68 договори за доделување на ЈПП, но поради несоодветно воспоставена евиденција постои ризик бројот на склучени договори за ЈПП да е над утврдениот. -Со извршената ревизија опфатени се 25 постапки за ЈПП, при што од расположливите податоци утврдено е дека јавниот партнер наплатил надоместоци во износ од приближно 1,5 милиони евра, додека на приватниот партнер му платил надоместоци во износ од приближно 3 милиони евра. Вкупното учеството на приватните партнери во овие договори изнесува приближно 37 милиони евра, што ја претставува само набавна вредност на изградените објекти. Учеството на јавниот партнер е значително, но истото не може вредносно да се искаже со оглед на тоа дека се работи за отстапени права (обезбедени согласности и дозволи за градба, решенија), отстапување на земјиште, градежни објекти и опрема, се наведува во соопштенеито. Дополнително, како што велат од ДЗР, не се врши редовно мерење и следење на ефектите од склучените договори за ЈПП, поради што не може да се утврди нивното влијание врз квалитетот на јавните услуги и инфраструктурниот развој на државата. Ревизијата покажала дека постапката за доделување на договори за воспоставување на ЈПП се спроведува без детални подготвителни активности, односно кај 80 отсто од спроведените постапки за воспоставување на договори за ЈПП кои биле предмет на ревизија не се изготвени Извештаи за претходна анализа каде треба да се наведат основните елементи за проектот. -Анализата на спроведените електронски аукции, опфатени со ревизијата, покажува дека приближно 80 отсто од договорите, се склучени со единствениот најповолен понудувач што упатува на отсуство на конкуренција. Во текот на ревизијата се утврдени слабости во содржината на склучените договори за ЈПП, што претставува можност од неисполнување на обврските на приватниот партнер, несоодветна правна заштита која не создава услови за наплата на казнени пенали во случај на неквалитетно извршување/не извршување на договорите, се наведува во соопштението. Ревизорите утврдиле кај поединечни случаи неправилности во делот на воспоставувањето и реализацијата на договорите за ЈПП, што не овозможува постигнување најдобра вредност за вложените парични средства. -Констатирано е и состојба на склучен договор за ЈПП со времетраење од 96 години, што е спротивно на законскиот лимит од најмногу 35 години. Во тек се судски постапки во кои јавен партнер се јавува како тужена страна за долг од приближно 3,9 милиони евра. Со извршената ревизија во одделни постапки ревизорите утврдија слабости во начинот на воспоставување и реализација на договорите за ЈПП, истакнуваат од ДЗР. Во извештајот е посочено дека за развој и унапредување на туризмот, зачувување на традиционалната македонска архитектура и храна, некогашниот начин на стопанисување и етнологијата, Владата во 2011 година започнала со изградба на Комплексот „Македонско село“ локациски сметен во село Горно Нерези. -Инвестицијата на државата во Комплексот „Македонско село‘‘ од 293.961 илјади денари, не ги даде очекуваните резултати, поради што за изнаоѓање решение и негова употребна вредност во 2016 година се склучил договор за воспоставување на ЈПП. Очекуваниот приход за целото времетраење на договорот изнесува 53.800 илјади денари, што претставува 18% од висината на вкупната инвестиција. Сепак, договорот, кој бил склучен без доволни подготвителни активности и анализи, не обезбеди долгорочна соработка и економски придобивки, поради што истиот беше раскинат од страна на концесионерот во октомври 2018 година, поради економска неисплатливост, велат од ДЗР. Имајќи го во предвид значителното вложување во изградбата на објектот, со ревизијата се укажува дека доколку Комплексот „Македонско село‘‘ во иднина не биде ставен во функција и редовно одржуван, постои ризик истиот да биде целосно оштетен од надворешни влијанија, човечки фактор и други штетни влијанија. Ревизијата утврдила дека Владата во 2019 година донела Одлука за започнување на постапка за доделување на договор за воспоставување на ЈПП за интегрирано менаџирање со иновативни решенија за хируршки зафати и здравствена заштита од инфекции, заради остварување болнички интегрирани услуги за управување со централни стерилизациски станици, персонализирани комплети на стерилни хируршки инструменти, стерилен медицински материјал (облека) за една употреба во хируршките сали, третман на ризици од биолошки отпад и дезинфекција на хируршки сали. -Во декември 2019 година, склучен е договор за ЈПП меѓу Владата преку Министерство за здравство како јавен партнер и група на економски оператори како приватен партнер, за период од 15 години, со кој приватниот партнер се обврзал да реновира и адаптира четири објекти во Центри за стерилизација, во рок од две години, односно до декември 2021 година. Поради нецелосно исполнети услови од страна на јавниот партнер, рокот за реализација повеќепати е пролонгиран на неопределено време, се наведува во соопштението. Ревизорите констатирале дека Комисијата за следење на реализацијата на договорот за ЈПП, која е составена од претставници и на јавниот и на приватниот партнер, констатирала дека приватниот партнер во целост извршил реновирање, адаптирање и опремување само на Центар за стерилизација на хируршка опрема на објектот кој се наоѓа во ЈЗУ УК ТОАРИЛУЦ1 – Клиника за ортопедија „Мајчин дом“ – Скопје, додека кај другите три објекти не се отпочнати активности бидејќи истите не им биле предадени во владение на приватниот партнер. -Во мај 2024 година, Комисијата повторно извршила обиколка во просториите на ЈЗУ УК за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ Скопје и констатирала дека се запазени протоколите и стандардите за отпочнување со работа, но до завршување на ревизијата соработката по основ на ЈПП сè уште не е воспоставена. Во август 2024 година со цел информирање за прогресот за имплементација на договорот за ЈПП, од страна на Министерството за здравство подготвена и испратена е информација до Владата, која е разгледана како документ од информативен карактер, при што не се дадени предлог – заклучоци за натамошно постапување, се посочува во соопштението од ДЗР. Ревизорите истакнуваат дека доколку не се воспостави соработка помеѓу двата партнери и не се изнајде заедничко решение постои ризик од потенцијални штети за двете страни. Овие штети, како што велат, не се ограничени само на економски аспекти, туку може да имаат и негативно влијание врз јавната перцепција за институциите и квалитетот на здравствените услуги кои им се обезбедуваат на граѓаните. -Во ноември 2021 година, склучен е договор за доделување на ЈПП за управување со паметни туристички инфо и промо центри во Полошкиот регион. Предмет на договорот е обезбедување услуги за функционирање на вакви центри на две локации — во Тетово и Попова Шапка. Од страна на јавниот партнер обезбедени се монтажни објекти од привремен карактер, додека во договорот не се прецизирани конкретно обврски на приватниот партнер. Договорот е склучен со вкупна вредност од 60.000 илјади денари, со цел да се обезбедат навремени и квалитетни информации за туристите поврзани со сместување, угостителство, настани и други релевантни содржини, како и да се поддржат маркетинг иницијативи, промоција на локални производи и креирање атрактивни туристички понуди кои ќе го поттикнат развојот на туризмот во регионот, истакнуваат од ДЗР. Со ревизијата е утврдено дека приватниот партнер, паметниот и информативен промотивен Центар не го користел наменски за промоција на туризмот, туку за вршење комерцијална дејност. -Комисија за имплементација и надзор на договорот за ЈПП, дала предлог до директорот на Центарот за развој на Полошки плански регион за раскинување на договорот. За да го избегне тоа и да ја продолжи соработката, приватниот партнер, преку договор за „сингуларна сукцесија“ 2 , ги пренел своите права и обврски на друго правно лице. Притоа, не биле обезбедени соодветни докази за личната и економскофинансиската способност на новиот приватен партнер, што е спротивно на начелата за еднаков третман, транспарентност и недискриминација при избор и работа со приватни партнери, соопшти ДЗР. Во 2012 година АД Водостопанство - подружница „Тиквеш“ Кавадарци врз основа на пре – физибилити студија за реконструкција на постоечки објекти и имплементација на 4 нови МХЦ на река Бошава спровела постапка за воспоставување на договор за ЈПП. Во 2012 година подружница „Тиквеш“ Кавадарци склучува договор за ЈПП за реализација на проектот Бошава за повеќенаменско искористување на водите, со кој е уредено приватниот партнер да изгради 5 МХЦ. Бројот на МХЦ не е согласно физибилити студијата, јавниот повик и тендерската документација за воспоставување ЈПП. Наведената состојба покажува дека склучениот договор за ЈПП не е усогласен со подготвителните активности и спроведената постапка за доделување на договор, што може да влијае на оправданоста и квалитетот на вршењето на дејноста на јавниот партнер. Во делот на правната рамка, ревизорите утврдиле дека националното законодавство за ЈПП не е во целост усогласено со Директивата 2014/23/ЕУ за доделување на договорите за концесија и разликите се однесуваат на области кои се предмет на уредување и правилата за воспоставување на договорите за ЈПП. Дополнително, ревизорите укажуваат на отсуство на национални политики и сеопфатна стратегија за развој на ЈПП, што негативно се одразува врз планирањето на проектите, распределбата на ресурсите и дефинирањето приоритети. Ова, пак, го отежнува привлекувањето на економски оператори и го забавува развојот на квалитетни јавни услуги и инфраструктура. Ревизорите утврдиле дека иако Советот за ЈПП, бил именуван од Владата два пати, како значајно советодавно тело за унапредување и ефективно остварување на ЈПП во земјата, сепак не ја извршувал законската функција. Поради тоа недостасуваат промотивни активности за ЈПП, предлози за проекти склучени со помош на ЈПП, иницијативи и предлози за изменување на прописите во областа. При ревизијата утврдени се слабости во националната законска регулатива за ЈПП, што неповолно влијае врз начинот на планирање, воспоставување, управување, следење и отчетност на проектите за ЈПП и нецелосно почитување на начелата на еднаквост, недискриминација, пропорционалност и транспарентност во постапките. Дополнително, не е предвидено постоење на Единствен електронски систем за ЈПП, преку кој транспарентно би се спроведувале сите постапки и би се овозможило автоматско водење регистар на доделени договори. -Недостатокот на Единствен електронски систем за ЈПП и нецелосно ажурираниот Регистар на доделени договори за ЈПП (се води како табеларен преглед во excel), кој треба да биде единствена база на податоци за следење на целокупниот процес, влијае врз успешното спроведување на законот и не обезбедува транспарентен и унифициран пристап до информации за склучените договори, се наведува во соопштението. Според ревизорите начинот на кој е уреден надзорот не е доволно прецизен и не овозможува навремено следење и информирање за степенот на реализацијата на договорите. -Законската регулатива не содржи прекршочни одредби за недоставено известување за склучен договор, ниту одредби за известување за раскинат договор за ЈПП од страна на јавниот партнер до МЕ, што влијае на ажурното водење на Регистарот на доделени договори за воспоставување на ЈПП и неговата комплетност. Недоволна кадровска екипираност кај јавните партнери, неповолно влијае во начинот на спроведување на надзорните активности кај ЈПП, велат од ДЗР. Според ревизорите за надминување на наведените состојби дадени се препораки со цел преземање на мерки и активности од надлежните институции, а во функција на обезбедување ефикасни јавни услуги и подобрени инфраструктурни објекти.Тагови: ДЗР јавно-приватно партнерство Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СудбинаЖена, прогласена за мртва се разбудила во мртовечница- доктор потоа ја убил за да си ја прикрие грешката 73-годишна Русинка била прогласена за мртва во декември 2025 година од страна на лекар за реанимација, но два часа подоцна покажала знаци на живот во мртовечницата. Докторот е обвинет дека ѝ инјектирал смртоносен лек за да ја прикрие својата грешка. Тој е уапсен и е задржан во притвор. Можеби мислите дека ова е сценарио за ТВ серија. Сепак, оваа приказна навистина се случила во Русија минатата година. Лекар за реанимација е осомничен дека ѝ инјектирал смртоносен лек на 73-годишна пациентка, која погрешно била прогласена за мртва, за да ја прикрие својата грешка, објави оваа недела рускиот новински портал Газета.ру. Против него е покрената истрага. На 17 декември 2025 година, Галина, 73-годишна жена, била примена во болница во Северодвинск, Архангелска област, поради акутна тромбоза. Сепак, за време на третманот, нејзиното срце застанало. Речиси половина час, Олег Г., 29-годишен лекар, се обидувал да ја реанимира, но без успех. Потоа специјалистот ја прогласил за мртва. Тој ѝ инјектирал пропофол Сепак, според првичните резултати од истрагата, срцето на жената наводно повторно почнало да чука без лекарот да забележи. Кратко потоа, 73-годишната жена, која била прогласена за мртва, била однесена во мртовечница. Сепак, два часа подоцна, еден од вработените забележал знаци на живот и го известил лекарот. Потоа случајот добил сосема поинаков пресврт. Наместо да ѝ пружи итна медицинска помош, лекарот за реанимација ѝ инјектирал пропофол, интравенски анестетик што се користи за индуцирање и одржување на анестезија и кој може да предизвика респираторна депресија. Истражителите веруваат дека Олег Г. ѝ го дал овој смртоносен лек за да ја прикрие својата првична грешка. Покрената е истрага за „убиство на лице во беспомошна состојба“. Олег Г., кој дипломирал во 2023 година, бил уапсен и потоа задржан во притвор. Тој ги негира обвиненијата и тврди дека постапил во согласност со медицинскиот протокол. На телото на жената ќе биде спроведен токсиколошки тест за да се утврди со сигурност причината за смртта на 73-годишната жена.Тагови: Доктор мртовечница Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
СветСтудентка во Калифорнија брутално убила бездомник, па побарала помош од мајка ѝ Студентка од колеџ во Сан Хозе и нејзината мајка се осомничени дека избоделе маж до смрт, а потоа го скриле неговото тело во клисура во близина на Ливермор! Двете се уапсени, соопшти полицијата, откривајќи детали за грозоморното злосторство. Алесија Ниевес Солас (22) и нејзината мајка, Вероника Рангел (55) се уапсени под обвинение за убиство, соопшти полициската управа во Сан Хозе. Жртвата, идентификувана како Марселино Перез Хименез (44), престојувал во засолниште за бездомници во Сан Хозе, објави „Меркјури њуз“. Последен пат бил виден на 22 август, кога влегол во стан во апартманите „Павона“ на Северната 7-ма улица во Сан Хозе, соопшти канцеларијата на шерифот. Влегол во станот со Солас, носел пакување пиво од 24 парчиња. Следниот ден, безбедносните камери во комплексот наводно ги снимиле Солас и нејзината мајка како се борат со голема, тешка кутија. Според судските документи добиени од „Меркјури њуз“, мајката и ќерката користеле рачна количка за да ја пренесат кутијата до нивниот изнајмен автомобил. Шерифската канцеларија соопшти дека подоцна го следела движењето на автомобилот од станбениот комплекс до улицата Тесла. California nursing student, 22, stabs man to death then dumps him in ravine with help from her mom: cops https://t.co/t4J5hVoaZ9 https://t.co/m1IeuqB4MH — California Post (@californiapost) November 23, 2026 Мистеријата почнала да се одгатнува попладнето на 25 август, кога возач го запрел својот автомобил за да направи пауза во близина на улицата Тесла и улицата Иглс Ран. Погледнал во клисура и видел нешто што личело на човечко тело, па се јавил во канцеларијата на шерифот на округот Аламеда. Полицајците го пронашле телото скриено под ѓубрето што луѓето го фрлале од автомобилите што минувале. Мажот бил избоден со нож, соопшти канцеларијата на шерифот. Солас била уапсена во Лос Анџелес, а подоцна екстрадирана назад во Сан Хозе, каде што е притворена во затворот во округот Санта Клара. Нејзината мајка била уапсена истиот ден во Сан Хозе. Ренџел, која работи во болница, била ослободена од затвор под надзор. Таа рекла дека верува оти нејзината ќерка дејствувала во самоодбрана. Не е јасно како Солас и Хименез се познавале. Мотивот за наводното убиство е под истрага, соопштија властите на Калифорнија.Тагови: Калифорнија студентка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БизарноАмериканската влада објави документи за суштеството „Бигфут“, деталите го зачудија светот (ВИДЕО)Американската влада објави документи поврзани со едно од најпознатите митски суштества од локалниот фолклор - Бигфут, познат и како Саскуч.Тие содржат извештаи за необични траги, сведоштва на ловци и детали од истраги кои привлекуваат внимание на јавноста со децении, објави Пипл. Случаи од Монтана и Орегон Следејќи го примерот на Пентагон, кој на почетокот на 2026 година ја прошири јавно достапната архива за неидентификувани летечки објекти, Шумската служба на својата веб-страница објави и помала збирка документи за мистериозното суштество. Федералната агенција, која работи во рамките на Министерството за земјоделство на САД, објави документи со наслов „Bigfoot/Sasquatch Records“ на 15 октомври, во согласност со Законот за слобода на информации. Според веб-страницата, историските документи потекнуваат од нивната канцеларија во Вашингтон, но се однесуваат на средби и случаи поврзани со Бигфут во сојузните држави Монтана и Орегон. Меѓу нив е исечок од весник од 2003 година за мистериозни отпечатоци пронајдени во Монтана. Текстот, преземен од изданието на Clark Fork Valley Press, опишува „стотици неидентификувани траги“ пронајдени во близина на патот. Вклучува и интервјуа со локалните жители кои ги откриле. Заедно со написот беа објавени и фотографии од наводните стапалки, за кои жителите претпоставуваа дека „припаѓаат на Сасквач“. „Што друго би можело да биде? праша еден од нив. Вториот документ ја претставува истрагата на американското Министерство за земјоделство за пријавени „траги пронајдени во шумата во Орегон во 1982 година“. „Чудни индиции“ Извештајот се занимава со друго наводно откритие на стапалки од Бигфут во сливот на Мил Крик, во Националната шума Уматила во Орегон. Документот, од 18 јуни 1982 година, опишува три случаи во кои биле забележани наводните траги и вклучува фотографии од тие наоди. Според извештајот, во текот на истрагата биле направени и гипсови од отпечатоците, пренесува People. Родни Џонсон, идентификуван во документот како биолог на дивиот свет, напишал дека заклучил дека големите отпечатоци „не биле направени од суштество кое оди на две нозе и тежи повеќе од 136 килограми“, опис кој многу наликува на вообичаените поими за Бигфут. Во извештајот од 1982 година, Џонсон исто така изјавил дека, доколку траките се лажни, некој ќе мора „да вложи извонреден напор и внимание во нивното создавање“. „За малку ќе се посомневав дека за да се направат тие „лажни“ стапала, мора да се употреби гипс направен од вистинско стапало. Меѓутоа, ако беше така, другите набори на стапалото треба да се видат“, се наведува во документот. Третиот документ претставува лично сеќавање на уште една средба со „невообичаени траги“ во Монтана, за време на ловечка експедиција во 1949 година. Историски извештај од областа Пети Крик беше составен од Лео Кини, кој се сеќава дека видел „низа отпечатоци“ во таа прилика. Група од четворица ловци верувале дека трагите му припаѓаат на суштество кое украло елен што го застрелале за време на претходниот лов. Наводни средби во Охајо Кини најпрво напиша дека мислеле дека е „голема мечка“, бидејќи заедно со отпечатоците забележале „силен мирис“ и „грчење звук“. „Меѓутоа, мечките не одат само на задните нозе, освен на кратки растојанија, и нормално би влечеле толку голем труп“, напиша тој. „Што и да беше, го крена лосот целосно, така што не ја допираше земјата“, додаде Кини. Сепак, иако објавувањето на документите е ново, тие не мора да претставуваат нов доказ дека Bigfoot всушност постои. Дејвид Дејглинг, професор по антропологија и автор на книга за наследството на Бигфут во американската култура, изјави за Њујорк Тајмс дека документите објавени од Шумската служба се „вообичаената приказна за Бигфут“. „Објавувањето на овие документи во никој случај не е револуционерно“, рече тој. Објавувањето доаѓа неколку месеци откако серијата наводни средби со мистериозното суштество во Охајо повторно го разгореа интересот за Бигфут претходно оваа година. Таму случаите беа најбројни од крајот на седумдесеттите. Отприлика во исто време, документарецот Марк Еванс сними филм, чија премиера беше прикажана на фестивалот SXSW, за кој тврди дека конечно докажува дека најпознатата снимка од Бигфут на сите времиња е всушност „неверојатна измама“.Тагови: суштество Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook