МакедонијаДЗР изврши ревизија на финансиските извештаи во ЈЗУ Здравствен дом РесенДржавниот завод за ревизија (ДЗР) изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Јавна здравствена установа Здравствен дом Ресен на сметката на основен буџет за 2024 година.Од ДЗР информираа дека изразиле мислење со резерва за реалноста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеност на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива за 2024 година. -Со извршената ревизија на финансиските извештаи на Здравствениот дом за 2024 година во делот на евиденциите на постојаните средства со кои располага Здравствениот дом утврдени се состојби кои влијаат на реалноста и објективноста на Билансот на состојба. Тие се однесуваат на неусогласеност помеѓу сметководствената и материјалната евиденција и невоспоставена сметководствена евиденција на средства добиени по пат на донација, во делот на евиденциите на залихите со кои располага Здравствениот дом утврдивме дека не е воспоставена сметководствена и материјална евиденција на вакцини за имунизација на населението и лекови и потрошен материјал за третман на дијабетес кои во име и за сметка на Здравствениот дом ги набавува Министерството за здравство, дел од објектите со кои располага Здравствениот дом имаат статус на бесправно изградени објекти, во делот на набавка на тестови и материјали за лабораториски испитувања утврдивме несоодветна примена на Законот за јавните набавки, соопштија од ДЗР. За надминување на утврдените состојби ревизијата на ДЗР даде препораки со цел преземање на мерки и активности од одговорните лица во функција на подобрување на состојбите, меѓу кои и за реактивирање на амбулантите во рурално населените места. -Здравствениот дом поседува неколку пункта, амбуланти со чие користење може да се обезбедат услови за давање на здравствени услуги во руралните места, но истите не се функционални и потребно е да се обезбеди чистење, делумно реновирање, набавка на мебел и опрема, да се обезбеди медицински персонал со кој до денот на ревизијата Здравствениот дом не располага поради неодобрени нови вработувања, средства за набавка на лекови бидејќи само дел од потребните лекарства може да се обезбедат од залихите на Здравствениот дом. Со извршениот увид во приложената документација нагласуваат од ДЗР, утврдивме дека со Програмата не е предвидена временска рамка на активности ниту пак потребен буџет за нивно извршување поради што неизвесно е кога и дали ќе се обезбеди примарна здравствена заштита во руралните места каде не е избран лекар. Имајќи го предвид наведеното ревизијата е на мислење дека Здравствениот дом во соработка со Министерството и Фондот треба да отпочне активности за обезбедување на средства, опрема и персонал за ставање во функција на пунктовите, амбулантите во рурално населените места.Тагови: ДЗР Здравствен дом Ресен Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПриведен 31-годишник од тетовско за издржување затворска казна од една година Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа - Затвор Тетово за издржување на казната.На 22.11.2026 во 13:30 часот, полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Тетово, во координација со Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР, го привеле М.Б.(31) од с.Челопек, тетовско, врз основа на судска наредба за издржување казна затвор во траење од една година за сторено кривично дело по член 386 став 1 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа - Затвор Тетово за издржување на казната.Тагови: затворска казна Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЃорѓиевски: 80 години ЈУ Детски дом „11 Октомври“, 80 години љубов и грижа за децата без родителиЃорѓиевски денеска со особена чест присуствуваше на свеченоста по повод осум децении постоење на ЈУ Детски дом „11 Октомври“.Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска со особена чест присуствуваше на свеченоста по повод осум децении постоење на ЈУ Детски дом „11 Октомври“, што се одржа под покровителство на Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски. - Осум децении во кои генерации воспитувачи и стручни работници со знаење, трпение и љубов им обезбедуваат сигурна и професионална грижа на децата без родители и без родителска грижа. Секое дете заслужува да расте со чувство дека припаѓа. Да има кому да му се довери кога нешто го мачи, кого прво да го израдува со добра вест и кој да му каже „Верувам во тебе“ токму кога му е најпотребно. На сите што низ годините сте биле таа поддршка за децата, од срце ви благодарам. По 80 години, вредноста на вашата работа најдобро се гледа во оние навидум мали, а за едно дете огромни моменти кога знае дека може да смета на вас. Наша одговорност е да им бидеме потпора и додека растат и кога ќе дојде време сами да го изберат својот пат. Нека е честит големиот јубилеј – изјави Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека како градоначалник на Скопје, останува посветен, во соработка со надлежните институции, на тоа овие деца да ги имаат истите можности како и нивните врсници - да учат, да спортуваат, да го откријат својот талент и со самодоверба да зачекорат во самостоен живот.Тагови: Орце Ѓорѓиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПарното во Скопје повторно поскапува: Од 1 јануари повисоки сметки за 7,5 проценти?Скопјани од 1 јануари 2027 година ги очекува ново поскапување на парното греење.Според пресметките од предлог-одлуките објавени на веб-страницата на Регулаторната комисија за енергетика, за најголем дел од домаќинствата цената на греењето ќе се зголеми за околу 7,5 проценти. За фирмите и другите правни лица, пак, предвидено е зголемување за околу 13 проценти. Како главна причина се наведува растот на цената на природниот гас. Ова ќе биде трето поскапување на парното во период од една година, а од регулаторната комисија велат дека конечните проценти ќе се знаат по одржувањето на редовна седница за барањата.Тагови: парно Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter