3Коперникус: Овој октомври бил најтопол во историјата- последиците за целиот свет би биле катастрофални
МакедонијаДЗР: 61 % од вработените во Министерството за односи меѓу заедниците не оделе на работа, а земале плата Од Министерството за односи меѓу заедниците во време на раководењето на Артан Груби се исчезнати 30 лаптопи, над 25.000 евра, се точело гориво и за возила кои не се на оваа институцијаОд Министерството за односи меѓу заедниците во време на раководењето на Артан Груби се исчезнати 30 лаптопи, над 25.000 евра, се точело гориво и за возила кои не се на оваа институција, а Државниот завод за ревизија констатирал дека едно лице работело се и сешто, додека други земале плата без да се појават на работа. Извештајот што денеска го објави ДЗР се однесува на работата на Министерството во 2024 година, во времето кога се смени власта. Во обемниот извештај се вели и дека 61 процент од 244 вкупно вработени во институцијата не се знае дали воопшто оделе на работа. -За исплата на плати и надоместоци за 244 вработени во Министерството, исплатени се 165.010 илјади денари, од кои за 150 вработени по Потпрограмата К5 -Соодветна и правична застапеност на заедниците и како преведувачи, или за 61% од вработените, исплата на плата се врши без да се обезбеди доказ за присутност на работа и за полно работно време, и покрај воспоставената електронска евиденција на работното време за вработените, велат од ДЗР. Ревизорите утврдиле и дека 8.367 евра биле исплатени за гориво без да се врши контрола на регистарските таблици и видот на набавеното гориво, со што вработените си овозможиле полнење на приватни возила на државна сметка. Евидентирани се бројни злоупотреби и на тендерски постапки и јавни набавки. -Ревизорите утврдија нецелосно спроведен попис на средствата и обврските со состојба на 31.12.2024 година, при што 28% од вкупните основни средства со сегашна вредност од 1.565.000 илјади денари, односно 25.360 евра, не се пронајдени при вршењето на годишниот попис на основни средства, а како резултат на невоспоставена пракса на издавање реверси за задолжување на вработените со опремата која им е доделена на користење, исто така 30 преносни компјутери не се пронајдени со пописот – ДЗР. Државни пари министерството доделило и на 33 здруженија и фондации во висина од 320.900 евра, но ревизијата утврдила дека 17, треба да вратат средства во Буџетот на државата во висина од 19.850 евра, бидејќи не доставиле докази за трошење на средствата. Вицепремиерот и министер за односи меѓу заениците Иван Стоилковиќ, кој го наследи Груби на оваа позиција, а на чија иницијатива беше свикана ревизијата кога го презеде министерското место, за Канал 5 вели дека е задоволен од наводите во ревизијата, кои како што вели биле утврдени и од нив самите во министерството. -Многу е важно што ДЗР прв пат влегува во оваа институција да изврши ревизија. Што укажува дека ова функционирало подолго време надвор од институциите на системот и надвор од контрола на државнбиот систем. Сето ова што е наведено во извештајот на ДЗР сите поединчени случаи се документирани и предаде на надлежните органи, што до Обвинителство, што до финансиска полиција, така што од тој аспект ние сме очистиле се што се очекувало од нас. Наведено е и во извештајот на ДЗР Нема веќе седење дома, земање плата, расчистивме со таа работа, изјави Стоилковиќ. Стоилковиќ вели дека сите нивни податоци за злоупотребите во министерството се доставени до надлежните органи. Засега скопското обвинителство официјално го гони екс вицепремиерот за милионските злоупотреби во Државна лотарија. Тагови: ДЗР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот Среде скандалот со Алта банка доцни исплатата на плати во повеќе државни институции, меѓу кои и во најголемата енергетска компанија ЕСМ.Вработени реагираат дека вакво нешто се нема случено досега. Вообиечано плата добивале во првите пет дена од месецот. Според информациите, вработените во ЕСМ добиле и СМС-пораки дека се уште не се знае кога точно ќе биде исплатена октомвриската плата и дека треба да бидат трпеливи. Дополнитено, од општини пристигнуваат реакции дека преку Трезорот не можат да реализираат плаќања. Што се случува? Дали Мицкоски и неговата ВМРО ОКГ до толку ја испразнија државната каса што веќе не можат да се сервисираат ниту редовните обврски? СДСМ со месеци предупредува за катастрофалната состојба со буџетот. Дупката во буџетот е околу 900 милиони евра, јавниот долг неконтролирано расте. Мицкоски и ВМРО ги доведоа државните финансии во сериозна опасност, со криминалните политики создадоа нов долг од 4 милијарди евра за две години и до крај на година ќе биде и над 60% од БДП. Затоа е вториот ребаланс, затоа се задолжувањата – затоа нема пари за минимална плата од 600 евра, затоа нема пари за земјоделците, празна е касата, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
БалканАвтобуска несреќа во Хрватска: Најмалку двајца загинати (ВИДЕО)Две лица загинаа, а неколку други се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи утрово околу 7:25 часот на автопатот А3 во правец на Загреб, веднаш по раскрсницата Иваниќ-Град. Автобусот со српски регистарски таблички се преврте, потврди полицијата, објави 24 сата со ВИДЕО од несреќата. Повредените лица ќе бидат префрлени во болниците во Загреб. Итните служби пристигнаа на местото на несреќата, а ангажиран е и хеликоптер на Итната медицинска помош. На терен се и пожарникари. Сообраќајот се одвива бавно, по левата лента. Во тек е полициска истрага за утврдување на околностите на несреќата. „Утрово, на 8 ноември, околу 7:25 часот на автопатот А3, км 61 во правец на Загреб (веднаш по раскрсницата Иваниќ-Град), се преврте автобус со српски национални ознаки, при што загинаа две лица. Неколку лица се повредени и ќе им биде укажана медицинска помош во болниците во областа на Загреб. Сообраќајот е забавен, се одвива по левата лента. Во тек е истрага“, соопшти полицијата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУтрово најстудено во Скопје со минус 3 степени, во текот на денот променливо облачно време Денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и температура до 15 степени, информираат од УХМР.МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во 0С) -3 Скопје-Петровец, -2 Крива Паланка, Тетово, Велес, Демир Капија, Берово, Маврови Анови, Попова Шапка, -1 Скопје-Зајчев Рид, Битола, Кавадарци, Лазарополе, 0 Прилеп, Струмица, Штип, Крушево, 2 Виница, 3 Охрид, Гевгелија, 4 Претор. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА Променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 15 степени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook