Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот
1Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот
ЗабаваЅирнете во орманот на вашата баба, можеби таму се крие ова парче облека кое е хит за претстојната сезонаКарираниот дезен, широкиот крој и можноста за комбинирање го лансираат ова здолниште меѓу најмодерните парчиња за оваа сезона.Здолништата се најдобра модна алтернатива во сите ситуации кога ќе ни здодеат панталоните или фармерките. Можеме да ги комбинираме и да ги носиме во текот на целата година. Модата е непредвидлива, па понекогаш парчињата облека што не сме ни можеле да ги замислиме ни во најлудите сништа, се враќаат на модната сцена на голема врата. Тартан - карираниот дезен повторно во фокусот Дизајнерите оваа сезона го враќаат традиционалниот тартан претворајќи го во елегантно парче кое ги поврзува класиката и трендот. Годинава, враќањето на карираниот класичен шкотски модел што некогаш означувал припадност на клановите, а благодарение на модните дизајнери, тартанот станува современ стил. Од Милано до Њујорк, карираната сукња е новата кралица на уличната мода. Може да се комбинира со хулахопки и чизми, а напролет да се носи со балетанки или чевли. Како да се носи тартан здолништето? Внимание: Предолгото здолниште може да ја „пренатрупа“ силуетата, додека должината до листовите дава совршени пропорции, особено во комбинација со пократки маички, џемпери или јакни. За шик издание изберете средна должина или должина помеѓу средна и долга. Тартан здолништето со висок струк можете да го комбинирате со рамни чизми, овој стил внесува свежина во секој изглед. Може да го носите со популарните „мото“ чизми или легендарните „мартинс“. Сличен ласкав ефект се постигнува ако ваквото здолниште со средна должина го комбинирате со кратко сако кое ја следи фигурата. Иако тартанот обично доаѓа во класични темни тонови (црвена, сива, кафена, црна), одлично изгледа и во нежни пастелни нијанси, како светложолта, розова или виолетова. Ваквите здолништа во комбинација со мокасини и „бомбер“ јакна ќе бидат главна модна ѕвезда во претстојните пролетни денови.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМногу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреваротШкотските навивачи ги освоија улиците на Скопје. Не очекува ли жешка атмосфера вечерва на арената Тодор Проески, на дуелот мегу Макеоднија и Шкотска.Каква беше денеска атмосферата во Скопје, каде видливо беше присуството на таканаречената Тартан арми. Какви се очекувањата на шкмотските навивачи? Скопје вечерва носи возбудлива атмосфера и поради уште еден настан традиционалната Бела ноќ. Што всушност носи нејзината програма, која најавено е дека ке трае до 3 часот по полноќ? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЦентарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритамСкопје денеска живее во фудбалски ритам. Неколку часа пред дуелот Македонија – Шкотска, центарот на градот е исполнет со навивачи од двете репрезентации, со песна, добро расположение и позитивна атмосфера пред вечерашната пресметка. Највпечатливи, како и секогаш, се гостите. Шкотите во препознатлив стил – со килтови, знамиња и песна – уште од претпладне ја загреваа атмосферата низ скопските улици. Добро расположение и кај македонските навивачи. Со надеж дека домашниот терен ќе донесе пресврт, тие очекуваат Македонија да ја прекине лошата серија и да стигне до првиот позитивен резултат. За македонската репрезентација ова е можност пред домашната публика да го поправи впечатокот по поразите од Швајцарија и Словенија. Вечерва од 20 часот и 45 минути, атмосферата од скопските улици ќе се пресели на трибините на Националната арена „Тодор Проески“. Таму прогнозите ќе завршат, а ќе почне борбата за првата победа во групата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријаваНа 02.10.2026 во 18:00 часот во Велес, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го лишија од слобода Н.М.(42) од Велес. Имено, тој бил забележан како на неколку места остава пакувања со бела грутчеста материја и при преглед на местата во негово присуство, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, кафена грутчеста материја и дигитална вага, а при преглед кај Н.М. биле пронајдени и одземени пари. Исто така, по издадена судска наредба од Основен суд Велес, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Н.М., каде биле пронајдени и одземени пари. Тој бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: дрога Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16