Мицкоски ќе се обрати на презентацијата на новиот извештај на Светска банка „Македонија: Излез од стапицата на среден доход“
1Мицкоски ќе се обрати на презентацијата на новиот извештај на Светска банка „Македонија: Излез од стапицата на среден доход“
Медведев му се извини на повредениот гледач, дисквалификацијата скапо го чинеше- се огласи и Ѓоковиќ (ВИДЕО)
1Медведев му се извини на повредениот гледач, дисквалификацијата скапо го чинеше- се огласи и Ѓоковиќ (ВИДЕО)
НБАДвократниот светски шампион Роуз се пензионираАмериканскиот кошаркар Дерик Роуз објави дека се пензионира на 35 години.-Следното поглавје е за бркање на вашите соништа и споделување на вашиот развој. Верувам дека вистинскиот успех доаѓа кога ќе станете такви какви што сте создадени да бидете, а јас сакам да му покажам на светот кој сум јас надвор од кошарката, изјави Роуз за „The Athletic“. Последниот тим за кој играше Роуз беше Мемфис. На Американецот му остана уште една година од договорот со клубот, играчот требаше да заработи 3,4 милиони долари. Претходно во кариерата, Роуз играше за Чикаго булс, Њујорк никс, Кливленд кавалирс, Минесота тимбервулвс и Детроит пистонс. Во 2011 година, Роуз беше прогласен за најкорисен играч во НБА, со што стана најмладиот добитник на наградата МВП на 22-годишна возраст. Тој е и светски шампион во 2010 и 2014 година. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски ќе се обрати на презентацијата на новиот извештај на Светска банка „Македонија: Излез од стапицата на среден доход“Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува и ќе има обраќање на презентацијата на новиот извештај на Светска банка „Македонија: Излез од стапицата на среден доход“.Овој документ на Светска банка се однесува на економските предизвици и можностите за забрзување на економскиот раст, спроведувањето на потребните реформи, со акцент на подобрување на управувањето и конкурентноста, поттикнување на инвестициите, технологијата и иновациите, како и развој на вештините и подобро искористување на работната сила.извештајот вчера беше презентиран пред пратениците во собранието.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија Намалени цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литарОд ноќеска на полноќ цените на бензините се намалија за 1,5 денар, а на дизелот за 3 денари. На сила и натаму се мерките за намалување на акцизите на горивата, како и за намалување на ддв-то за дизелот, што според премиерот мицкоски е главна причина за потфрлањето на приходната страна на буџетот за околу 120 милиони евра во однос на проектираното.. Затоа, до крајот на месецот најави втор ребаланс со кој за истиот износ ќе се скратат и дел од планираните расходи.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоВедро и студено утро со дневна температура од 22 до 29 степениСпоред Управата за хидрометеролошки работи денеска утрото ќе биде ведро и студено, а во текот на денот сончево и релативно топло. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 6, а максималната во интервал од 22 до 29 степени. Во Скопје, сончево и релативно топло со слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 26 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Во четврток времето ќе биде сончево и релативно топло со променлива облачност во текот на денот. Во петок и за време на викендот, времето ќе биде променливо облачно со услови за врнежи од дожд.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter