Двојно убиство во Чачак, Србија-син со нож си ги убил родителите - Канал 5

Двојно убиство во Чачак, Србија-син со нож си ги убил родителите

Двојно убиство  во населбата Кеј Љубиќ во Чачак.

Двојно убиство во Чачак, Србија-син со нож си ги убил родителите

Во стан пронајдени избодени тела на почитуван лекар и неговата сопруга, осомничениот по злосторството пеш заминал за Белград?!Синот е осомничен дека со нож си ги убил родителите.

Синоќа околу 21:00 часот во населбата на Кеј Љубиќ во Чачак се случило двојно убиство.

Според се уште непотврдените информации, синот е осомничен дека со нож ги убил татко си и мајка си.

- Телата се пронајдени во станот, а синот осомничен за двојното убиство е пронајден три часа подоцна во село Сврачковци, се претпоставува дека пеш заминал за Белград - изјави за РИНУ извор запознаен со случајот.

Според првите, исто така неофицијални информации, убиениот бил истакнат лекар од Чачак.

Српските медиуми пренесуваат дека станувало збор за хармонично семејство, добро ситуирано и функционално, родителите финансиски ги обезбедиле двата сина. Соседите велат дека и двајцата имале стан во Белград.

Во зградата се уште се видливи траги од крв, што сведочи за монструозното злосторство.

Соседите се во неверување откако во нивниот влез се случило двојно убиство.

- Не разбуди таа страшна вест, не можеме да се вразумиме. Утрово најдовме крв на влезот. Беа добри соседи, убиениот работеше во болница, не знам што друго да кажам. Ниту нивниот син, кој е осомничен за криминал, не го познавав баш добро, изјавил за РИНУ еден од соседите.

Мотивот за злосторството засега не е познат, надлежните органи покренале истрага.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денеска нови цени на нафтените деривати

Регуалаторната комисија за енергетика денеска треба да донесе нова одлука за малопродажните цени на горивата.

Денеска нови цени на нафтените деривати

Со претходната одлука бензините поскапеа за 4,5 денари, а дизелот поскапи за 6,5 денари по литар. Во последната пресметка на регулаторна продолжена беше и примената на намелените акцизи и тоа за 2 денари кај бенизните и за 4 денари по литар кај дизелот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Новак Ѓоковиќ и Арина Сабаленка ги добија своите противници на Ју-Ес Опен

Најтрофејниот свтески тенисер во историјата Новак Ѓоковиќ и најдобрата светска тенисерка Арина Сабаленка ќе се соочат со Френсис Тиафо и Лејла Фернандез во осминафиналето на Грен слемот во Њујорк,  УС Опен во конкуренција на мешани двојки.

Новак Ѓоковиќ и Арина Сабаленка ги добија своите противници на Ју-Ес Опен

Ќе видиме како домашната публика ќе реагира на мечот против северноамериканскиот пар и кого ќе го поддржува, а според моменталната ситуација, натпреварот е закажан за утре, 25 август.

Во евентуалното четвртфинале, ги очекуваат победниците од дуелот меѓу брачниот пар Гаел Монфис и Елина Свитолина, односно Алекс Ил и Феликс Оже-Алијасим.

И Александра Круниќ би можела да се најде во главната ждрепка доколку таа и Мате Павиќ ги победат Пејтон Стернс и Кристијан Харисон.

Меѓу поинтересните парови во главната ждрепка се Карлос Алкараз и Серена Вилијамс, кои ги очекуваат своите противници од квалификациите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВРЕДИ: Груби пред правдата, „пеењето“ на Бујар даде резултат…

Денес „пеењето“ на Бујар Османи добива поинакво значење: Артан Груби е пред правдата, а Бујар сè уште го чека моментот да направи чекор кон лидерската позиција во ДУИ.

ВРЕДИ: Груби пред правдата, „пеењето“ на Бујар даде резултат…

Со месеци Бујар молчи за Груби, иако некогаш двајцата беа на врвот на ДУИ. Денес се однесува како никогаш да немале заедничка политичка историја.

Наместо мандатот како министер за надворешни работи да го користи во интерес на државата, Бујар го искористи и за своите внатрепартиски пресметки во ДУИ, „пеејќи“ де ваму де таму и правејќи сметки за преземање на раководството на ДУИ.

Денес сценариото станува сè појасно: Груби пред судот, Али Ахмети под притисок, а Бујар ја чека фотелјата на претседателот на ДУИ.

Но, прашањето е едноставно: зошто Бујар молчеше за Груби кога беа заедно на врвот на ДУИ? Што знае тој за оваа приказна и зошто денес се однесува како Груби никогаш да не постоел?

Зашто во политиката, понекогаш не е важно само кој зборува, туку и зошто досега молчел.

Ако „пеењето“ на Бујар било за правда, нека го каже тоа отворено. Ако било за власт и за фотелјата на Али Ахмети, тоа веќе сите го разбираат.

Груби нека одговара пред правдата. Бујар нека им одговори на граѓаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер