ЗдравјеДвојно намален бројот на заболени од туберкулоза, се решава проблемот со недостиг на кадар во диспанзеритеБројот на заболени од туберкулоза во државава континуирано опаѓа. Од 560 регистрирани пациенти во 2007 година на 217 во 2018 година. Предвидени се 25 милиони денари пред се за спроведување на превентивните програми, идентификување на ризични групи, рана детекција на туберкулозата кај нив и кај други целни групи. Новина се предвидените средства за набавка на нов дигитален рендген апарат. Средствата ќе ги обезбеди Министерството за здравство, а постапката ќе ја спроведе ЈЗУ Институт за белодробни заболувања и туберкулоза. Ова денеска го истакна министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференцијата по повод одбележувањето на Светскиот ден за борба против туберкулозата, што, како што посочи, е одлична можност да се подигне свеста и да се укаже на превенција и контрола на оваа болест. Појасни дека и покрај достапната терапија, методи на рано откривање, дијагноза и третман, сепак во одредени делови во светот има континуирана епидемија. – Ова е одлична можност да укажеме на преземањето на финансиските програми од страна на Владата после прекинувањето на финансирањето на овој многу значаен проект за земјата од Глобалниот фонд. Го преземавме не само финансирањето, туку самото спроведување на програмите, рече Филипче. Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза со години нананазад, потенцира, има експерти кои имаат одлично познавање на оваа патологија, располагаат со регистар на пациенти кои спроведуваат ротација на лекари и медицински сестри, кој како механизам се покажа како одличен со оглед на огромниот дефицит на лекари и медицински сестри со кој се соочуваме посебно во диспанзерите за туберкулоза. – Во 2018 година донесовме четиригодишна стратегија која се заснова на целите за одржлив развој на ОН, но и Глобална стратрегија на СЗО која значи целосно искоренување на тубекулозата до 2030 година, додаде Филипче. Директорот на Институтот, Арбен Љабеништа рече дека располагаат со најсовремени методи за дијагноза на туберкулозата. Посочи дека поради пензионирање на кадарот од диспанзерите за туберкулоза пред се на пневмофизиолозите се наметнува прашањето за иднината на целата мрежа на оваа служба на ниво на државата. – Две основни прашања бараат решение. Кој е профилот на здравствените работници кои ќе се вклучат во контрола на туберкулозата и како ќе се продолжи со додипломската и специјалистичката настава на Медицинскиот факултет за едукација за туберкулоза која постои во незначителен сегмент без вклучување на Институтот за белодборни заболувања и туберкулоза, додаде д-р Љабеништа. Доктор Билјана Илиевска Попоска од Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза истакна дека стапката на откриени случаи со туберкулоза во државата изнесува 10,5 на 100.000 жители. Посочи дека се бележи благо зголемување на смртните случаи во 2017 година кога тој број изнесуваше 13, а во 2016 година имаше седум смртни случаи. – Станува збор за болест на помладата популација. Годишно се откриваат од десет до 12 деца болни до туберкулоза. Доминираат случаи со белодробна форма на туберкулоза која е заразна и се шири во околината, но со 23 отсто се застапени и вонбелодробните форми на туберкулоза. Туберкулозата успешно се лекува, има бесплатни лекови, сите пациенти ги добиваат бесплатно и успехот на лекување достигнува до 88 отсто. Во однос на ризичните популации се спомнуваат ХИВ инфицираните, лицата кои престојуваат во казнено-поправните установи и психијатриските болници. Од 2007 до 2017 година беа регистрирани само четири случаи меѓу болните од тубекулоза со ХИВ инфекција. Во 2017 година регистриравме три случаи болни од туберкулоза со ХИВ позитивен статус, рече д-р Илиевска Попоска. Одговарајќи на новинарско прашање истакна дека факт е дека постојат проблеми пред се заради недостиг на кадар кој се одлеваше изминатите години поради пензионирање и одредени диспанзери останаа без соодветна здравствена структура пред се ова се однесува на лекарите. – Направени се разговори со Министерството и трасиран е пат за да се надмине проблемот. Лекарите интернисти ќе треба да ги преземат овие обврски и во својата работа би се занимавале и со проблемите кои ги носи туберкулозата. Најголем проблем околу организациската поставеност постои во источниот дел на државата каде е најмал бројот на болните. Во одредени општини годишно се регистрираат три четири случаи, но и за овој мал број регистрирани случаи мора да постои континуирана здравствена заштита, додаде д-р Илиевска Попоска. Христијан Јанкулоски од Националниот координативен механизам рече дека државава спаѓа во земјите со ниска стапка на ХИВ и тубекулоза и се заблагодари за тоа што Владата предводена од Министерството за здравство после финансирањето на Глобалниот фонд ги презеде сите програми со финансирање од Националниот буџетот односно од буџетот на Министерството за здравство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотЈП „Лајка“ со над 75% зголемен обем на заловувања и ветеринарни третмани во 2026 годинаБележиме значителен раст на оперативните резултати во 2026 година, со најизразено зголемување во периодот од април до октомври, кога бројот на заловени и третирани кучиња е зголемен за над 75%.Бележиме значителен раст на оперативните резултати во 2026 година, со најизразено зголемување во периодот од април до октомври, кога бројот на заловени и третирани кучиња е зголемен за над 75% во споредба со истиот период минатата година. Во првите десет месеци од 2026 година, претпријатието има реализирано вкупно 1.285 заловувања, 1.084 ветеринарни третмани и 310 вдомувања. Во споредба со истиот период во 2025 година, тоа претставува зголемување од 52% кај заловувањата, 50% кај ветеринарните третмани и 8% кај вдомувањата. Изразено во бројки, оваа година се заловени 440 повеќе кучиња, третирани се 362 повеќе, а нов дом добиле 23 кучиња повеќе во однос на минатата година. Особено значаен раст е забележан во периодот од април до октомври, кога се реализирани 1.014 заловувања и 852 ветеринарни третмани, наспроти 580 заловувања и 483 третмани во истиот период минатата година. Овие резултати укажуваат на значително зголемен интензитет на теренската работа и поголем опфат на бездомните кучиња на територијата на Град Скопје. Една од поважните промени во работењето на ЈП „Лајка“ е повторното воведување на стратешко заловување по општини, со кое, покрај редовното постапување по пријави од граѓаните, се спроведуваат и однапред планирани теренски активности. Наместо интервенциите да се засноваат исклучиво на поединечни пријави, екипите систематски обработуваат цели подрачја, населба по населба и локација по локација, со цел поголем број бездомни кучиња да бидат опфатени со програмата за хуман третман. Заловените бездомни кучиња поминуваат низ ветеринарен третман кој вклучува стерилизација или кастрација, вакцинација против беснило, тестирање за лајшманиоза, микрочипирање и третман против внатрешни и надворешни паразити, по што понатаму се постапува согласно предвидените процедури. И покрај зголемениот обем на работа, сакаме да посочиме дека долгорочното справување со проблемот на бездомните кучиња не зависи единствено од активностите на претпријатието, туку и од одговорноста на сопствениците на домашни миленици.Затоа упатуваме апел до сите сопственици да ги микрочипираат и регистрираат своите кучиња, согласно законските обврски. Микрочипирањето не е само законска обврска, туку и начин за сигурна идентификација на сопственикот, особено во ситуации кога кучето ќе се изгуби или ќе биде затекнато на јавна површина. Одговорното сопствеништво, спречувањето на неконтролираното размножување и ненапуштањето на милениците се неопходни за долгорочно намалување на бројот на бездомни кучиња. Резултатите од 2026 година покажуваат значителен напредок во обемот на работењето на ЈП „Лајка“, но и ја нагласуваат потребата од континуирана работа, институционална соработка и поголема одговорност на сопствениците, со заедничка цел - похуман и поодржлив пристап кон проблемот со бездомните кучиња во Скопје.Тагови: ЈП Лајка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУчество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
ФудбалФИФПРО тимот на годината без освојувачот на Златната топка Хари КејнДобитникот на „Златната топка“ капитенот на Англија, Хари Кејн, изненадувачки го нема во тимот на годината!Легендарниот Лео Меси повтормно е меѓу најдобрите 11-сетмина. Добитникот на „Златната топка“, Хари Кејн, на изненадување на сите, не се најде во идеалниот тим на годината според ФИФПРО (FIFPRO). Од друга страна, Лионел Меси по рекорден 18-ти пат е дел од најдобрите 11 во изборот на професионалните фудбалери. Овогодинешниот добитник на „Златната топка“ (Ballon d'Or), капитенот на англиската репрезентација Хари Кејн, изненадувачки не се најде во идеалниот тим според изборот на ФИФПРО (FIFPRO). Во гласањето учествуваа фудбалери од 73 земји, а Лионел Меси се најде меѓу најдобрите 11 по рекорден 18-ти пат. Аргентинецот повторно е избран во најдобриот тим, откако во 2023 година не беше дел од него. Во нападот, покрај него, се најдоа Ерлинг Халанд, Килијан Мбапе и Ламин Јамал. Во идеалниот тим за сезоната 2025/26 се наоѓаат четворица шпански репрезентативци кои летово ја освоија светската шампионска титула: Родри, Пау Кубарси, Давид Раја и Ламин Јамал. Неочекуван е и изборот на голманот. Голманот на Арсенал која за време на Светското првенство му беше резерва на Унаи Симон е избран за прв голман во идеалниот тим, иако шпанската единивца, беше прогласена за најдобар голман на годината во изборот на списанието „Франс фудбал“. FIFPRO Светски тим (World 11) за сезоната 2025/26. ГОЛМАН: Давид Раја (Арсенал, Шпанија) ОДБРАНА: Пау Кубарси (Барселона, Шпанија), Ашраф Хакими (Пари Сен Жермен, Мароко), Нуно Мендеш (Пари Сен Жермен, Португалија) СРЕДЕН РЕД: Џуд Белингам (Реал Мадрид, Англија), Родри (Манчестер Сити/Барселона, Шпанија), Витиња (Пари Сен Жермен, Португалија) НАПАД: Ерлинг Халанд (Манчестер Сити, Норвешка), Килијан Мбапе (Реал Мадрид, Франција), Лионел Меси (Интер Мајами, Аргентина), Ламин Јамал (Барселона, Шпанија).Тагови: ФИФА Хари Кејн Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Шпагети во сосВо вторник (03.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Игор АндреевскиСостојки за денешниот рецепт: 500 гр. шпагети 200 гр. мелено месо 2 главици кромид 2 чешниња лук 400 мл. доматен сос масло сол, бибер и др. зачини малку свежо нане или магдонос Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter