Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува
2Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува
АвтомобилизамДвоен триумф на Малинковски на Монца во Twingo CupДавид Мaлинковски до две победи на патеката Монца во Twingo Cup е лидер во генерален пласман во првенството на Македонија. На две трки до крај на првенството Давид Малинковски има 105 бода, десет повеќе од Марко Блажевски кој на Монца имаше доста проблеми и само на првата трка успеа да се искачи на подиумот. Последните две трки од Twingo Cup се планирани за крајот на ноември на патеката Серес во Грција каде ќе се решава за титулата, најверојатно меѓу Малинковски и Блажевски. На двете трки на Монца поради излетувања и инциденти трипати мораше да излегува безбедносното возило. Првата трка заврши со возење на безбедносното возило низ целта, а на второто неколку кругови истото беше на патеката додека истата се расчисти. Првата трка се возеше во „ноќни услови“ и поради намалената видливост истата заврши со безбедносно возило. Вкупно 35 возила се појавија на Монца, и покрај за првенството на Twingo Cup истото се бодуваше и за првенството на Македонија. Настапија возачи од Словенија, Македонија, Србија, Австрија и од Италија. За малите возила Twingo патеката на Монца беше вистински предизвик. Особено неизвесна беше првата трка која беше последна на програмата. Но, поради претходните доцнења и таа почна подоцна од предвиденото. Брзо се стемни на патеката, па поради намалената видливост имаше излетувања и инциденти. Меѓу оние што завршија во песокта беа и Слободан Трајковски кој се изврте, но за среќа беше никакви последици, а дебитантот Бојан Петрушевски кој извозе одлични квалификации исто така беше вклучен во инцидент и му беше уништен предниот дел, па не ја заврши трката исто како и Борис Стојменов. Во таков однос на силите најсреќен беше Давид Малинковски кој победи пред Зоран Мираковски, и пред Марко Блажевски. На втората трка на самиот старт Марко Блажевски успеа да „скокне“ десет мета и од 18 да стигне до 8 место. Се бореше во група заедно со Стефанчиќ, Јеловиќ и Глазер и во вториот круг и нив ги престигна одеднаш и се искачи на 5 место со можност да се вклучи и во борба за повисок пласман. Монца повторно се покажа како брза писта каде и најмал инцидент може многу да одземе од стекнатото, и токму Блажевски излета на еден свиок по кој падна дури на 26 место. Во меѓувреме и безбедносното возило влезе на патеката откако Јака Штуфлек излета, па неколку круга се возеше зад безбедносното возило. Давид Малинковски ги избегна незгодните ситуации и продолжи како петтопласиран, а во целта милиметри решаваа дали тој или Лука Глазер е подобар. Словенецот за 0,018 секунди побрзо влезе низ целта. Покрај Малинковски кој двапати се искачи на врвот на пиедесталот, единствено уште Зоран Мираковски двапати беше на пиедесталот. На првата трка тој го освои второто место, а на втората беше третопласиран. Со бодовите освоени на Монца сега Мираковски е на третото место во генерален пласман со 73 бода. Марко Блажевски кој пред Монца беше лидер и имаше предност од десет бода во однос на Малинковски, имаше убава шанса на втората трка да освои максимални бодови, па дури и да се замеша за пиедесталот, но во моменти кога беше петтопласиран самиот излета и падна на дното, по што беше тешко да се врати меѓу најдобрите. Заврши на петтото место и сега има 95 бода и е втор во генерален пласман, односно десет помалку од Малинковски Одлично профитираше од Монца и Ангелче Стојковски кој „заработи“ вкупно 25 бода на двете трки и се искачи на четвртото место во генерален пласман. Тој на првата трка беше четвропласиран, а на втората беше втор. Монца ќе остане во сеќавање и за Бојан Петрушевски кој првпат седна зад управувач на Twingo на трка од Twingo Cup. Откако во слободните квалификации беше одличен на петтото место, на квалификациите беше 11. на првата трка имаше пех и не освои бодови. Но, на втората заврши како четвртопласиран и ги освои првите 10 бода сезонава.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Кристина Агилера гола во када: Интимни делови ги покри со еден детаљСветската музичка ѕвезда пејачката Кристина Агилера најави изненадување за Ноќта на вештерките преку провокативни фотографии, но сè уште нема откриено каков костим подготвува.Американската пејачка Кристина Агилера повторно го привлече вниманието на социјалните мрежи. Овој пат, таа објави провокативна фотографија на која позира гола во када, покривајќи ги интимните делови од телото со емоџија во форма на духови. Покрај објавата, пејачката напиша: „Подготовки за Ноќта на вештерките во последен момент“, наговестувајќи дека подготвува нов костим за претстојниот празник. Сепак, таа не откри во што планира да се маскира оваа година. Фотографиите брзо предизвикаа бројни реакции кај нејзините следбеници. Додека некои упатија комплименти, други се пошегуваа на сметка на долгото чекање за нова музика. „Се надевам дека овогодинешниот костим е поп-ѕвезда која наскоро ќе издаде нова музика“, напиша еден корисник на социјалните мрежи. Агилера, која јавноста ја памети по хитови како „Genie in a Bottle“ и „Ain’t No Other Man“, го издаде својот последен албум со нови песни во 2022 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканСоветот на ЦБ на Црна Гора и ја одзеде лиценцата на Алта ПејНа денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица.На денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, откако во спроведената постапка беше утврдено дека законски пропишаните услови за вршење на оваа дејност повеќе не се исполнети. Одлуката е донесена во согласност со Законот за платен промет, врз основа на сеопфатна проценка за исполнетоста на регулаторните барања, вклучително и критериумите кои се однесуваат на подобноста на квалификуваниот учесник, како и на обезбедувањето стабилно, безбедно и законито работење на платежната институција. Од CBCG нагласуваат дека оваа одлука не претставува ризик за финансиската стабилност на Црна Гора, ниту пак влијае врз редовното функционирање на платниот систем. „Alta Pay Group“ DOO Подгорица не е банка, не прима депозити од граѓани и правни лица и нема никакво влијание врз стабилноста на финансискиот систем на Црна Гора. Централната банка навремено ги презеде сите неопходни активности во рамките на својата надлежност, со цел да се обезбеди уредно исполнување на обврските на „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, имајќи ги предвид тековните случувања, како и да се заштитат интересите на корисниците. Советот на ЦБЦГ потврдува дека финансискиот систем на Црна Гора е стабилен, а платниот промет функционира редовно и безбедно. Граѓаните и стопанството можат и понатаму да ги користат платежните услуги на банките и на другите овластени даватели на платежни услуги во Црна Гора. Централната банка ќе продолжи одговорно, навремено и транспарентно да ја информира јавноста за сите прашања од значење за безбедноста на платниот промет и стабилноста на финансискиот систем.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМанасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжуваГолема благодарност до секој еден жител на општина Брвеница кој го даде својот глас за нашиот кандидат Стојанчо Радичевски, кој во својата програма вети подобра иднина, повеќе инфраструктурни проекти и нови улици, наспроти поделбите по етничка линија од страна на ДУИ, директно и индиректно поддржана во вториот круг од СДС, политичката партија Левица и ВРЕДИ. Додека ние ја потенциравме силата на единството, за една Брвеница за сите, нашите опоненти максимално го искористија национализмот и повикаа гласањето да биде врз основа на етничка припадност, а не врз основа на програма, визија и проекти. По овие избори, граѓаните, Македонци и Албанци, ќе очекуваат проекти, а не национализам. Ќе очекуваат резултати, а не демагогија за тоа од која политичка партија доаѓа градоначалникот. За нас резултатот е повеќе од одличен, затоа што, споредено со последните парламентарни избори, имаме 1.300 гласови повеќе. Иако тоа не беше доволно за победа, ВМРО-ДПМНЕ бележи раст во бројот на освоени гласови. Почитувани граѓани, Во првиот круг од овие предвремени локални избори, апсолутно ги декласиравме нашите директни опоненти, СДС и политичката партија Левица, кои беа на четвртото и петтото место на изборите. Жалиме што ВРЕДИ во Брвеница ја пропушти можноста да биде поразличен од ДУИ, исто како што се покажа и дека кандидатите на СДС и Левица беа тројански коњ во корист на ДУИ, за да ги трошат гласовите на гласачкото тело. Сами против сите. Го почитуваме резултатот, а волјата на граѓаните е неприкосновена. Сепак, Брвеница нема да биде заборавена. Владата, предводена од премиерот Мицкоски, ќе продолжи да го помага и да вложува во развојот на Брвеница. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook