Двоен триумф на болидите на Ферари тна Гран прито во Монте Карло

Возачите на Ферари ги освоија првите две места на денешната трка за Големата награда на Монако што се возеше во Монте Карло.


Ова е прва 1-2 победа за Ферари по пауза од седум години, а прва победа во Монако по 2001 година.

Трката на првата позиција ја заврши Себастијан Фетел, кој во „пит-стопот“ го мина клупскиот колега Кими Раиконен, кој ја имаше пол позицијата и водеше до 40 круг.

На третата позиција се пласира Даниел Рикардо од Ред Бул, а четвртото место го освои Валтери Ботас од Мерцедес.

Со денешната победа Фетел има вкупно 129 поени, пред Луис Хамилтон кој има 104, а Ботас е трет со 75. Кај конструкторите прв е Ферари со 196 поени, пред Мерцедес со 179. Следната трка се вози на 11.јуни за Голмената награда на Канада во Монтреал.

Арсенал се надева дека Жоргињо ќе го продолжи договорот

Фудбалерот од средниот ред на Арсенал, Жоргињо може да го напушти клубот.

Според „Standard“, за 32-годишниот Италијанец силно се заинтересирани Јувентус, Лацио и Наполи. Во исто време, лондонскиот клуб се надева дека играчот ќе ги одбие понудите и ќе го продолжи договорот со Топџиите.

Оваа сезона Жоргињо одигра 35 натпревари, постигна гол и две асистенции.

Се шпекулира дека одлуката дали Жоргињо ќе остане во Арсенал во голема мера ќе зависи дали неговиот тим ќе ја освои Премиер лигата. /МИА

Изречени 130 санкции за брзо возење на територија на државата

На територијата на државава во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 130 санкции за брзо возење.

Од нив, како што информираа денеска од Министерството за внатрешни работи, 12 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 53 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 77 надвор од населено место.

Санкционирани 157 возачи под дејство на алкохол

МВР информира дека вчера, во акциска контрола, се санкционирани 157 лица кои возеле под дејство на алкохол.

Контролата била спроведена од 16.00 до 22.00 часот на територијата на Република Северна Македонија.

Според МВР, санкционирани се и 183 други видови на сообраќајни прекршоци.

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, наведува Министерството.

притисни ентер