Дводневна акција за генерално чистење на Скопје

Град Скопје и ЈП „Комунална хигиена" – Скопје во соработка со останатите градски претпријатија денеска почнаа масовна дводневна акција за генерално чистење на сите скопски општини.

Во рамки на акцијата ќе се реализираат активности за миење на главните и на споредните улици со автоцистерни, рачно и машинско метење и отстранување на дивите депонии. „Комунална хигиена" во девет скопски општини ќе постави специјални контејнери за собирање кабаст отпад, во кои граѓаните ќе имаат можност да го одложат стариот мебел, отпадот од електричната и електронската опрема. Претпријатието на терен ќе реализира и едукативни разговори со граѓаните со цел решавање на актуелните проблеми со неправилно одложување на отпадот.

– „Комунална хигиена" со сите свои капацитети и ресурси се приклучува кон масовната акција за чистење на Град Скопје. Во текот на првите шест месеци од годинава, нашите екипи исчистија и транспортираа 4.674 кубни метри отпад од диви депонии, што претставува зголемување од дури 443 проценти во однос на истиот период минатата година. Ги потсетуваме граѓаните дека хигиената и чистотата на Град Скопје во голема мера зависи од нивните постапки и апелираме до жителите на нашиот град да го почитуваат Законот за јавна чистота и својот отпад да не го одложуваат на јавни површини, изјави директорот на ЈП „Комунална хигиена" Абдусамед Шабани. /МИА

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер