ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните гледаат дека координирани се ставовите на Венко Заев и Апасиев на штета на дијаспората
2ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните гледаат дека координирани се ставовите на Венко Заев и Апасиев на штета на дијаспората
3Николоски: Завршивме со реконструкција на железничката обиколница Скопје, линијата Драчево - Илинден
БалканДводневен штрајк на таксистите во Атина Таксистите во Атина, организирани од нивниот синдикат, од 6 часот утрово започнаа 48-часовен штрајк со што грчката метропола денеска и утре ќе биде без такси превоз. Таксистите во Атина, организирани од нивниот синдикат, од 6 часот утрово започнаа 48-часовен штрајк со што грчката метропола денеска и утре ќе биде без такси превоз, јави дописничката на МИА од Атина. Од Синдикатот на такси превозници (САТА) соопштија дека преку штрајкот, меѓу другото, бараат укинување на обврската за регистрација на нови такси возила само како возила со нулта емисија од 1 јануари 2026 година; бараат одговор од Владата во врска со апликациите за такси услуги; бараат да се реши проблемот со компании што изнајмуваат автомобили со возачи; построги казни и контроли за нелегални такси возила; зголемување на тарифата согласно зголемувањето на минималната плата; бараат и намалување на ДДВ за такси услугите итн. Во рамките на 48-часовниот штрајк, за денеска е закажан протест со возилата од центарот на Атина до аеродромот во Атина за да го изразат нивното незадоволство за „фиксните цени и нелојалната конкуренција промовирани од администрацијата на аеродромот во соработка со апликацијата Убер“. Утре пак, исто така со такси-возилата ќе одржат протест пред Министерството за транспорт. Штрајкот ќе заврши в петок во 6 часот наутро.Тагови: грција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Свинско месо во кромидВо среда (01.07.2026) во емисијата гостин ни бeше Мишко Крстевски.Состојки за денешниот рецепт: 400 гр. свинска кртина 150 гр. путер 2 големи главици кромид 3 лажици балсамико сол и бибер 2 лажици сенф За маринада: 2 - 3 лажици мед 2 лажици сенф 1 лимон сол и бибер се пече со фолија малку магдонос за украсување Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДаниела Димовска нова претседателка на скопскиот Кривичен суд10:27Пропадна и последниот обид за партиски консензус за Изборниот законик15:00Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42
Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00
Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
МакедонијаСДСМ: Платформа за спас на Мицкоски (ЗНАМ 2.0) - нема да помине!Кога веќе не поминуваат дефокусирачки теми, лажни афери, „Харис Џиновиќ“, „Дубаи“ и слични конструкции, организираната криминална група предводена од Мицкоски премина кон нов метод - обид за создавање на внатрешни фракции Кога веќе не поминуваат дефокусирачки теми, лажни афери, „Харис Џиновиќ“, „Дубаи“ и слични конструкции, организираната криминална група предводена од Мицкоски премина кон нов метод - обид за создавање на внатрешни фракции и платформи а со цел слабеење на СДСМ, токму како што претходно тоа го направија со ЗНАМ. Најпрво се обидоа одвнатре преку Јован Деспотовски и Петре Шилегов. Кога тоа не успеа, сега се обидуваат однадвор. Платформата на Андреј Петров и Игор Ивановски - Шема работи веќе осум месеци. Нејзината единствена цел е да ја фрагментира и ослабе единствената вистинска опозициска алтернатива СДСМ. Ова не е реформска иницијатива. Ова е платформа за спас на Мицкоски. Христијан Мицкоски е во паника. Неговата партија загуби преку 150.000 гласови, рејтингот му е на историски најниско ниво, нема резултати, а буџетот е празен. Ја укина техничката влада на сила, а сега на сила се обидува да го промени изборниот закон и да воспостави модел за кражба на гласовите од дијаспората. Кога веќе не може да ја контролира ситуацијата со лаги и афери, се обидува да ја контролира преку изборен инженеринг. Сите овие месеци јасно се покажа дека оваа интересна група работи директно за Мицкоски и за спас на неговата власт. Сателитите се разоткриени. Обидот за ново издание на ЗНАМ не им помина. СДСМ и граѓаните кои се собираат околу Фронтот за вистина и правда нема да дозволат повторно да се повтори сценариото од 2024 година. Време е за мобилизација. Време е власта повторно да се врати во рацете на народот. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните гледаат дека координирани се ставовите на Венко Заев и Апасиев на штета на дијаспоратаГраѓаните гледаат дека координирани се ставовите на Венко Заев и Апасиев на штета на дијаспората, сакаат да го спречат проширувањето на уставно загарантираното право на глас.Меѓу СДС и Левица не може да се најде разлика, тие се едно исто. Настапите им се синхронизирани, ставовите исти. Што денес зборува Венко Заев, тоа утредента го зборува Димитар Апасиев, тоа што го вели и пишува СДС, уште веднаш го повторува политичката партија Левица. Договорот меѓу Левица и СДС за координирано дејствување, кога станува збор за блокирање на новиот Изборен законик, веќе е очигледен и со секој изминат ден се повеќе се потврдува. Не само што нема разлика во нивните ставови, туку напротив, тие им се исти и во голема мера се надополнуваат. Тоа што и СДС на Венко Заев и Левица се против решението македонската дијаспора да добие полесен пристап за остварување на своето уставно загарантирано право на глас, не е случајност. Нивна заедничка цел е да спречат проширување на демократското право на глас за нашите иселеници, како и да создадат нови пречки во изборниот процес. И ваквата нивна цел, координираност и целосна синхронизираност на ставовите и настапите на Венко Заев и Апасиев се повеќе им станува јасна на македонските граѓани и во државава и во странство, и тие добро знаат дека ова е однапред договорена стратегија. Тоа што друго граѓаните знаат, е дека ВМРО-ДПМНЕ е партија што секогаш ги штити правата на сите македонски граѓани каде и да се и работи во нивен и интерес на државата. Токму затоа и ќе продолжи да се залага Изборниот законик да се донесе со широк политички консензус, ќе работи за спроведување на реформите и за обезбедување можност македонската дијаспора да го оствари своето право на глас на поедноставен можен начин. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter