Дводневен Џез фестивал во Куманово - Канал 5

Дводневен Џез фестивал во Куманово

Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев" вечер и утре ќе биде одржан традиционалниот џез фестивал. 

Дводневен Џез фестивал во Куманово

Двете фестивалски вечери почнуваат во 20:00 часот. Кумановци ќе имаат можност да уживаат во настапите на бендови од македонската сцена, Грција, Словенија и БиХ.

Фестивалот го организира Институтот за наука, уметност, култура и спорт, а е поддржан од Министерството за култура.

Директорот на фестивалот Марјан Стевановски изјави дека послениве три години се постигнува целта, афирмација на џез музиката и џез културата.

– Иако бевме скептични изминативе години се покажа дека нашата публика има потреба за ваков вид музика, од тој аспект фестивалот премина во традиција со квалитативни и квантитативни елемнти во тој поглед. Цврсто веруваме дека фестивалот ќе продолжи да се реализира и во иднина, изјави Стевановски.

Вечер ќе настапат Мacedonian Dixieland Jazz Orchestra и Танос Ставридис Трио од Грција, а утре Васко Атанасовски Трио од Словенија и Аднан Тескерeџиќ од Босна и Херцеговина.

Уметничкиот директор, Филип Ставновски истакна дека кумановци ќе имаат можност да слушнат квалитетна музика, со различни стилови на џез и интересна програма.Цената за влез е 100 денари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шеснаесет маратонци пливаат на 39. Охридски пливачки маратон

Шеснаесет маратонци, од кои 11 во машка и пет во женска конкуренција, учествуваат на 39. Охридски пливачки маратон, што денеска се плива во водите на Охридското Езеро.

Шеснаесет маратонци пливаат на 39. Охридски пливачки маратон

25 километри долгата патека Климе Савин од Свети Наум до градското пристаниште во Охрди го пливаат маратонци од Македонија, Србија, Турција, Канада, Италија, Шпанија, Португалија и Аргентина.

Боите на Македонија ќе ги бранат Александар Илиевски, Петар Цеков, Леонид Мишевски и Росана Гошева.

Покровители на маратонот се Општина Охрид, Министерството за спорт и претседателката Гордана Силјановска Давкова, додека технички организатор е пливачкиот клуб „Охридски Бранови 2008“ од Охрид.

Наградниот фонд на годинашниот маратон изнесува 15 илјади долари, а паричните награди ќе бидат распределни соодветно за најдобрите пливачи во двете категории.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Синоќа 262 сообраќајни прекршоци во Скопје, 102 санкции за возачи на мотоцикли, шест лишени од слобода

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Синоќа 262 сообраќајни прекршоци во Скопје, 102 санкции за возачи на мотоцикли, шест лишени од слобода

Во текот на изминатата вечер (21/22.08.2026) во периодот од 18:00 до 01:00 часот Одделението за безбедност на патниот сообраќај и полициските станици од општа надлежност при СВР Скопје, спроведоа зајакната акциска контрола во делот на сообраќајот со посебен акцент за преземање мерки за мотоцикли, мопеди трицикли и четирицикли при што санкционирани се 262 возачи. Од нив за возачи на мопеди и мотоцикли изречени се 102 мерки и тоа 93 санкции за управување мотоцикли без заштитна кацига, четири мерки за несоодветна категорија, пет санкции за управување без положен возачки испит и 160 останати мерки за други видови на прекршоци меѓу кои за не носење возачка дозвола, не носење сообраќајна дозвола, не истакнати таблици, минување на црвено...

Исто така привремено е одземен еден мотоцикл поради измината важност на регистрација повеќе од шест месеци, а шест лица се лишени од слобода по член 297 а од Кривичниот законик.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Битола беше одбележан Денот на формирањето на седмата македонска ударна бригада

Заменик градоначалничката на Битола Марина Крстиќ денеска присуствуваше на свеченоста по повод одбележувањето на Денот на формирањето на седмата Македононска ударна бригада 22 август 1944 година.

Во Битола беше одбележан Денот на формирањето на седмата македонска ударна бригада

На свеченоста беше интонирана химната на Република Македонија, по што присутните положија свежо цвеќе пред спомениците.

Во име на општина Битола свежо цвеќе положи и се поклони пред спомениците на народните херои Васко Карангелевски и Пецо Гудовски во градското шеталиште во Битола, заменик градоначалничката Крстиќ.

Пригодно обраќање имаше претседателот на огранокот за формирањето на седмата Македонска ударна бригада, а свеченоста ја организираше Здружението на ветерани на одбраната и безбедноста на Република Македонија-огранок Битола.

Општина Битола

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер