Движењето ЗНАМ го поддржува предлогот на Мицкоски за електронски попис - Канал 5

Движењето ЗНАМ го поддржува предлогот на Мицкоски за електронски попис

Претседателот на Движењето ЗНАМ – за наша Македонија и актуелен градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски денеска изјави дека го поддржува предлогот на премиерот Христијан Мицкоски за електронски попис на населението.

Движењето ЗНАМ го поддржува предлогот на Мицкоски за електронски попис

Премиерот Христијан Мицкоски во четврокот одговарајќи на собраниската седница посветена на пратенички прашања предложи идната година да се спроведе вонреден електронски попис на населението, но го услови тоа со прифаќање на една изборна единица „веднаш“.

- Првенствено Македонија за да гради перспективна иднина, треба да има своја стратегија. За истата стратегија да се изгради првенствено треба да располага со реалните и точни бројки со што располага, почнувајќи од население, ресурси итн. Секое евидентирање на податоци е корисно не само за граѓаните, туку првенствено на државата за да може да ги гради тие долгорочни стратегии за развој. Во овој случај го споменавте пописот, верувам на идејата за електронско потпишување. Ја поздравуваме таа идеја на премиерот и го чекаме да дојде тој материјал до нас и веднаш потоа ќе се произнесеме. Да, добро е секогаш да знаеме што имаме, кого имаме и со што располагаме во државата и врз база на тоа да креираме планови за иден поголем развој на државата, рече Димитриевски пред почетокот на панел-дискусијата „Посветеност – Отчетност – Резултат“, по повод одбележувањето една година учество на Движењето ЗНАМ во Владата.

Прашан дали укинувањето на Методологијата за пописот од Уставен суд би имало импликации во однос на бројот на советниците на локалните избори, Димитриевски рече дека претпоставува оти на овие избори повторно ќе избираме ист број на советници како што се во моментов.

- Општина Куманово како најголема во државата има вкупно 33 члена на Советот, а со новото решение би имало 31. Дали ќе се успее да се донесе тој закон до изборите или не, не знам. Тоа ќе зависи од Парламентот, нивната работа, парламентарното мнозинство и процедурата на носење на законот и како тоа ќе помине низ фази. Но, во секој случај претпоставувам дека на овие избори повторно ќе избираме ист број на советници како што се во моментов. Дополнително, треба да се доработи овој закон, да се пушти во процедура и реално и соодветно граѓаните да бидат претставени во општинските совети, рече Димитриевски.

Во однос на вработувањата во јавната администрација, Дмитриески рече дека предност треба да се дава на квалитетот, а не на политичкиот и партискиот квантитет.

- Нашиот став во однос на вработувањата во јавната администрација е дека ние никогаш како ЗНАМ не се водиме по етничка или партиска припадност, туку првенствено се водиме врз база на квалитет, оспособеност на кандидатот и сето тоа што тој го има стекнато како вештина во животот за да може да се вклучи во процесот на реална реформа во Македонија, бидејќи истата ни е неопходна. Партизацијата и политизацијата на државниот систем изминативе 30 години не доведе на ова дереџе каде што сме и конечно е дојдено времето да извлечеме заклучок дека треба да дадеме предност на квалитетот во однос на политичкиот и партискиот квантитет, рече Димитриевски.

Во врска со измените на Изборниот законик за кои расправата е завршена, но не е обезбедено Бадентерово мнозинство, Димитриевски нагласи дека треба да се излезе од партиските стереотипи и да и се даде можност на државата да се развива, а при тоа секој граѓанин да се чувствува подеднакво.

- Многу пати во државата личните и теснопартиските интереси се стават во прв план за разлика од националните и државните интереси. Ние треба да се движиме како држава во насока и да носиме законски решенија кои што ќе отвараат нови перспективи и ќе не носат во ситуација како извршна власт да креираме такви политики кои ќе бидат многу попрактични за примена за граѓаните да почувствуваат поголем благодет од сето тоа. За жал, политичкте партии, особено моноетничките, многу пати калкулираат како законското соодветно решение ќе даде резултат на бројката на пратеници во идниот парламентарен состав отколку за квалитетот на живеењето на граѓаните. Треба да излеземе од тие партиски стереотипи и да дадеме можност на државата да се развива, а при тоа секој граѓанин да се чувствува подеднакво, рече тој.

Димитриевски потенцира дека со актуелното законско решение не секој глас на граѓаните се третира подеднакво.

- Со ова актуелно законско решение кое е на сила, за жал не секој глас е подеднакво третиран во државата на секој граѓанин. За да изберете пратеник во ИЕ3 ви се потребни двојно повеќе гласови отколку во ИЕ6, што е несоодветно. Пратеникот во ИЕ6 тежи двојно помалку од поддршката на пратеникот усвоена во ИЕ3. Мора да се најде усогласување и сите граѓани да се третираат подеднакво како што е напишано во Устав „со еднакви права и можности и иста тежина“, рече Димитриевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хаос на изборот за Мис Универзум- мисиците се сопнуваат, организаторот се извини (ВИДЕО)

Неколку натпреварувачки за Мис Универзум 2026 се сопнаа и речиси паднаа на импровизирана писта за време на ревијата на костими за капење. 

Хаос на изборот за Мис Универзум- мисиците се сопнуваат, организаторот се извини (ВИДЕО)

Инцидентот се случи во пресрет на финалето на натпреварот, кое е закажано за 24 ноември.

Настанот наречен „Убавина на плажа“ се одржа на 13 ноември во хотелот „Карибе Хилтон“ во Сан Хуан, Порторико. Девојките одеа по писта која всушност беше едноставна подлога поставена врз песокот. На многу луѓе високите потпетици им беа заглавени во подот, што предизвика да ја изгубат рамнотежата и да се сопнат.

Луѓето ги критикуваат организаторите

Меѓу натпреварувачките кои речиси паднаа беа претставничките на Косово, Филипините, Перу и Венецуела. Некои изгледаа како да си ги извиткале зглобовите, а други речиси паднаа со лицето надолу на земја. Сите успеаја брзо да се соберат и да продолжат да одат. Видеото набрзо се прошири на социјалните мрежи, каде што многумина ја критикуваа лошата организација и опасните услови на пистата.

„Ова е опасно за кандидатките, можеа да си ја скршат ногата. Ужас“, напиша еден корисник на мрежата X. Друг додаде: „Кутри девојки, еден погрешен чекор и можеа да си го извиткаат глуждот“. Трет коментар гласеше: „Кутрите, ова изгледа болно. Можеа да си ги исечат стапалата одејќи по тепих преку песок. Ужасна идеја, особено со толку високи потпетици“.

Организатори: Настанот не ги исполнуваше стандардите

Организацијата „Мис Универзум“ објави соопштение во кое се вели дека настанот „не ги исполнил потребните стандарди за извонредност и професионализам“. Тие исто така забележаа дека настанот бил независно продуциран од Магали Феблес, национален директор на изборот за Мис Доминиканска Република, кој добил лиценца за тоа.

Според списанието Hola!, организацијата изјавила дека не била вклучена во „оперативното управување со настанот“ и затоа не сносат никаква одговорност за продукциските одлуки што доведоа до проблемот. Тие жалеле за ситуацијата и нагласиле дека настанот не го одразува брендот Мис Универзум.

Мегали Феблес: Жал ми е што поминавте низ тоа

Магали Феблес „искрено се извини“ за инцидентот на својот Фејсбук профил. Во исто време, таа ја пофали грациозноста и смиреноста што ги покажаа натпреварувачките. „Жал ми е што мораше да поминеш низ такво искуство. Мојот продуцентски тим и јас ќе анализираме што се случи за да се осигураме дека секој детаљ ќе биде згрижен во иднина“, рече таа во изјава.

„Знам колку труд вложивте во секое појавување на писта. Ја видов елеганцијата и смиреноста со кои се смиривте. Како жена која придружувала многу девојки на ова патување, сум исклучително горда на вас“, рече Феблес.

Натпреварувачките имаа проблеми со визите

Нестабилната писта не е единствениот проблем со кој се соочи организацијата оваа година. Списанието „Пипл“ пишува дека некои натпреварувачки морале да се повлечат поради визните ограничувања воведени од Соединетите Американски Држави. Меѓу нив се претставничката на Замбија, Мубанга Памела Хатјока, претставничките на Република Конго и Јужен Судан, Џорџина Камбонго и Амилија Денг, и Вандерлеја Родригес од Ангола.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мерцедес ќе им дозволи на возачите да не го држат воланот и при брзина од 130 км/час

Mercedes-Benz воведува нова генерација системи за помош при возење кои ќе им овозможат на возачите да ги тргнат рацете од воланот при брзина до 130 километри на час. 

Мерцедес ќе им дозволи на возачите да не го држат воланот и при брзина од 130 км/час

Во исто време, автомобилот ќе може самостојно да менува лента, да обиколува побавни возила и да следи однапред одредена рута.

Новата функција наречена Hands-Free Assist, прво ќе биде достапна во Германија до крајот на 2026 година, додека пристигнувањето на американскиот пазар се очекува во текот на 2027 година.

Системот е наменет за возење по автопати и се активира само кога се исполнети соодветните услови. Возачот може да ги тргне рацете од воланот, додека автомобилот ја одржува брзината, го следи сообраќајот и управува.

Доаѓа и со Proactive Lane Change Assist, функција која може автоматски да иницира и изврши промена на лента. Ова вклучува претекнување побавни возила, но и навремено престројување, така што автомобилот ја следи навигацијата кон посакуваниот излез на автопатот.

Сепак, возачот сепак мора постојано да го следи сообраќајот и да биде подготвен да ја преземе контролата. Станува збор за систем за асистенција од втор степен на автономија, а не за целосно независно возење.

Mercedes подготвува и понапреден систем MB.DRIVE ASSIST PRO, кој ќе обезбеди поддршка во текот на речиси целото патување, од почетната точка до дестинацијата, вклучувајќи ги и градските улици.

Овој систем ќе може да помогне при вртење на раскрсници, престројување, спојување во сообраќај, како и сопирање и рестартирање на семафорите. Возачот и понатаму ќе биде одговорен за работата и безбедноста на возилото.

MB.DRIVE ASSIST PRO треба да стане достапен во Германија и САД во првата половина на 2027 година. Пред тоа, одредени корисници во Калифорнија, Штутгарт и Минхен ќе можат да ја испробаат технологијата преку програма за ран пристап, почнувајќи од крајот на 2026 година.

Компанијата планира постепено да ја прошири својата достапност на различни модели на автомобили и комбиња. Ќе може да се активираат одредени функции преку безжично ажурирање на софтверот, под услов возилото да има соодветен хардвер.

Мерцедес со овој потег сака да го намали товарот на возачот при долгите патувања и градското возење. Сепак, тоа што можете да ги тргнете рацете од воланот не значи дека возачот мора да престане да го гледа патот, да го користи телефонот или да ја препушти целата одговорност за возење на автомобилот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ликвидиран е бизнисмен во Германија- телото е пронајдено во стан, два дена никој не се посомневал

Телото на бизнисмен (38) е пронајдено во стан во франкфуртската населба Заксенхаузен, а првичните информации од истрагата укажуваат дека мажот е брутално убиен.

Ликвидиран е бизнисмен во Германија- телото е пронајдено во стан, два дена никој не се посомневал

Според полицијата и обвинителството на Германија, тој починал од повреди нанесени со тап и остар предмет.

Станува збор за Матијас Х., чие тело е пронајдено на 19 октомври во стан во една од франкфуртските населби.

Според досегашните резултати од истрагата, се верува дека злосторството е извршено два дена претходно, на 17 октомври, што значи дека телото на мажот е пронајдено само околу 48 часа по неговата смрт.

Истражителите велат дека повредите на телото укажуваат на насилна смрт. Се сомнева дека бизнисменот починал од комбинација на тапи и остри повреди.

Одделот за убиства го презеде случајот, кој се обидува да ги утврди сите околности на злосторството, како и кој стои зад смртта на 38-годишникот.

Моментално нема официјални информации за можни осомничени, мотивот за убиството или што се случило во станот пред човекот да го загуби животот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер