Движењето „Јас Верувам„: СДСМ со антиалбански дејствија, го разрешува Арбен а го именува Александар

Овде гласно зборуваме против дискриминацијата и нееднаквоста. Фактот дека Арбен е заменет со Александар е симптоматично за нашето општество.

Г-дин Заев, кажете ни само една причина за разрешување на Др. Зиберит - се што знаеме е дека тој направи одлична работа како директор на Центарот за јавно здравје, особено во време на кризата со Корона, кога беше на првите редови на борбата против пандемијата.

Отпуштивте посветен и професионален државен службеник затоа што тој го изрази своето мислење на Фејсбук а зборувате за демократија и граѓански права?

Го сменивте, и покрај неговата лојалност и професионалност, со Македонец? Кажете ни, ако Арбен навистина згрешил, зошто не одбравте еден од многуте албански здравствени експерти кои имаат исти вештини или можеби и подобри од Александар?

Господине Заев, јасно е дека вие целите на евтини македоснки гласови. Но, од некој што сака да ја води државата, очекувавме морален интегритет и очекувавме чесност. Ние Албанците очекуваме еднаквост.

Во 2016 година, многу Албанци гласаа за СДСМ - затоа што ветивте еднаквост, ветивте општество за сите. Во 2016 година ви однапред ви ја дадовме доверба. Ви ги дадовме нашите гласови. Ветивте дека ќе бидете поразлични од ВМРО. Вие станавте премиер само заради албанските гласови. Ги добивте нашите гласови, а за возврат, ние добивме само повеќе од истото. Г-дине Заев, разочарани сме! Г-дине Заев, гневни сме!

Ова не се однесува само на Арбен Зибери. Ова се однесува на фактот дека Албанците сè уште не се еднакви. Македонците сè уште се привилегирани во сите области на општеството. А Албанците сè уште се граѓани од втор ред. Се соочуваме со нееднаква правда, се соочуваме со дискриминација во работата и во секојдневниот живот.

Знаеме дека како политичар не можете да го менувате менталитетот на луѓето преку ноќ. Но, ние очекувавме да вие да играте примерна уога. Очекувавме искрени напори за еднаквост. А вие го заменивте Арбен со Александар. Само затоа што неговиот чичко се осмели да се кандидира за премиер како Албанец. Позиција за која верувате дека ви припаѓа само вас. Затоа што сте Македонец.

И така функционираат работите во Македонија. По четири години измама за општество за сите.

Ова не е се однесува само за Арбен. Сите сме Арбен. Ова не засега сите нас.

Движење „Јас Верувам„

Српската министерка за образование : Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

Ѓукиќ Дејановиќ истакна дека утре пред се семејствата на убиените деца ќе имаат можност достоинствено да ја изразат својата болка, сеќавање и страдање.

Српската министерка за образование Славица Ѓукиќ Дејановиќ денеска изјави дека утре во Белград со програма наречена „Будење“ ќе се одбележи првата годишнина од масовното убиство во ОУ „Владислав Рибникар“ во кое животот го загубија девет ученици и еден работник од училишното обезбедување на 3 мај 2023 година.

Ѓукиќ Дејановиќ истакна дека утре пред се семејствата на убиените деца ќе имаат можност достоинствено да ја изразат својата болка, сеќавање и страдање.

Министерката во изјава за РТС нагласи дека секој 3 мај ќе биде ден на голема тага и сеќавање на жртвите./МИА

СДСМ: Дали ОЈО се злоупотребува за изборната кампања?

После денешната прес конференција на ДПМНЕ прашањето е дали Белата палата води истраги вклучително и споменатата?

СДСМ нема да навлегува во мотивите на ОЈО, секако дека секој што го прекршил законот треба да одговара, но, доколку се утврди дека нема прекршување на законот очекуваме исто така одговорност.

Постои сомнеж дека ова е можеби и злоупотреба за избораната кампања. Вештачењето е од 25.04.2024 година, само еден ден после првиот круг од претседателските избори, а предлогот е доставен за 3 работни дена потоа.

Дали ОЈО се злоупотребува за изборната кампања исто како и хајката против Каевски набргу ќе стане јасно.

Ал Џезира - Финален предлог на Резолуцијата за геноцидот во Сребреница

Конечниот предлог на Резолуцијата, во која имаа увид од Ал Џезира, се состои од седум точки.

Конечниот предлог за Резолуцијата што ќе го одбележи 11 јули како ден на сеќавање на жртвите од геноцидот во Сребреница во БиХ во 1995 година е испратен до претседателот на Генералното собрание на ОН, Денис Френсис, потврди амбасадорот на Босна и Херцеговина во ОН, Златко Лагумџија.

Конечниот предлог на Резолуцијата, во која имаа увид од Ал Џезира, се состои од седум точки, а целта е да се зачува споменот на жртвите од Сребреница и да се спречи нивното негирање и величење на осудените за воени злосторства.

Повикувајќи се на неколку пресуди на Меѓународниот суд на правдата (МСП) и Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија, во конечниот предлог на Резолуцијата се вели:

- Прогласете го 11 јули за Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница во 1995 година;

- Безрезервно се осудува секое негирање на геноцидот во Сребреница како историски настан и се повикуваат земјите-членки да ги зачуваат утврдените факти, вклучително и преку нивните образовни системи, преку развивање соодветни програми, со цел да се спречи негирање и искривување на фактите и појава на геноцид во иднина;

- Безрезервно ги осудува дејствијата кои ги глорифицираат оние што се осудени за воени злосторства, злосторства против човештвото и геноцид од страна на меѓународните судови, вклучително и оние кои се одговорни за геноцидот во Сребреница;

- Ја нагласува важноста од завршување на процесот на пронаоѓање и идентификување на преостанатите жртви на геноцидот во Сребреница и нивното достоинствено погребување;

- Повикува на продолжување на гонењето на оние извршители на геноцидот во Сребреница кои се уште треба да се соочат со правдата;

- Ги охрабрува сите држави целосно да се придржуваат кон нивните обврски според Конвенцијата за спречување и казнување на злосторството геноцид, како што е применливо, и обичајното меѓународно право за спречување и казнување геноцид со должно почитување на релевантните одлуки на Меѓународниот кривичен суд (МСП );

- Бара од генералниот секретар на ОН да воспостави информативна програма со наслов „Геноцид во Сребреница и Обединетите нации“, ги започнува своите активности со подготовките за годишнината во 2025 година и понатаму бара генералниот секретар да донесе резолуција за проверка од сите земји-членки, организации во рамките на системот на Обединетите нации и граѓанските организации за соодветна усогласеност;

- Ги повикува сите земји-членки, организации од системот на Обединетите нации, други меѓународни организации и регионални организации, како и граѓанското општество, вклучително и невладините организации, академските институции и другите релевантни фактори да го одбележат Меѓународниот ден, вклучително и посебни ознаки и активности во спомен и чест на жртвите на геноцидот во Сребреница 1995 година, како и соодветно образование и јавна свест.

Резолуцијата, чии формални предлагачи се Германија и Руанда и спонзори на повеќе од 20 други земји, вклучително и највлијателните западни земји како САД, Велика Британија, Франција и Италија, требаше да биде објавена на 2 мај во седиштето на ОН, но гласањето беше одложено, па сега се очекува да биде кон средината на месецот. /МИА

притисни ентер