Движење ЗНАМ – За Наша Македонија: Лагите и манипулациите на СДСМ немаат крај - Канал 5

Движење ЗНАМ – За Наша Македонија: Лагите и манипулациите на СДСМ немаат крај

Денеска повторно сме сведоци на отровните манипулации на СДСМ, кој, по којзнае кој пат, се обидува да го оцрни градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски и неговото работење.

Движење ЗНАМ – За Наша Македонија: Лагите и манипулациите  на СДСМ немаат крај

Немајќи што самите да понудат на СДСМ многу им пречат проектите што градоначалникот на Куманово, Димитриевски ги реализира за подобар живот на граѓаните во Куманово.

Така и овој пат го критикуваат, критизираат и претпоставуваат и инсинуираат.

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски во досегашната работа секогаш делувал согласно законите, одговорно, отчетно и исклучиво во интерес на граѓаните.

Во конкретниот случај, точно е дека е склучен договор за изведба на градежни работи со фирмата РМК ГРАДБ АС Дооел Скопје во сопственост на Рафис Камберовски.

Точно е и дека надзорот е на АК ИНЖЕНЕРИ ДООЕЛ од Цветово, во сопстевеност на Муарем Камберовски.

Сакаме да појасниме дека станува збор за два различни правни субјекти во различни дејности. Нема никаков случај на конфликт на интереси на двата правни субјекти.

Двата правни субјекти работата ја добиле по пат на јавна набавка и имаат потпишано договор со Општина Куманово, целата документација е уредна и чиста, согласно законот за јавни набавки.

СДСМ цело време пласира лаги и клевети, зашто не може да се помири со поразот во Куманово што го доживеа и што ќе го доживее на локалните избори наесен.

Сите напади им се залудни, затоа што граѓаните знаат да препознаат кој е неговиот вистински глас и кој носи резултати. Уште поважно граѓаните знаат да препознаат кој е со нив, кој ги решава проблемите со кои се соочуваат и е искрен во зборовите, намерите и делата.

Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија е новата политичка сила која секојдневно ја добива довербата на граѓаните со чесна и одговорна работа.

СДСМ за разлика од Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија покажа дека живее далеку од реалноста, далеку од граѓаните и народот и воопшто не се грижат за неговото добро. Резултатот на нивната работа им беше испорачан на парламентарните избори, а новиот пораз ќе им биде испорачан наесен на локалните.

Времето на политичарите, како оние од СДСМ е минато. На Македонија и се потребни луѓе кои ќе ја направат каква ја посакуваме. Демократска, економски напредна, праведна за секој граѓанин.

Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија и неговиот Претседател, Максим Димитриевски, ги повикуваат институциите, Државниот завод за ревизија, Државната комисија за спречување корупција, јавното обвинителство да си ја завршат работата и да ги испитаат сите наводи.

Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија секогаш е на страната на граѓаните и така и ќе остане, без разлика на клеветите, манипулациите на оние што не доведоа до работ.

Центар за комуникации и аналитика

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сакскобурготски: Историските теми треба да им се препуштат на историчарите, а политичарите кон практичните прашања

Наследникот на бугарскиот царски престол и поранешен премиер Симеон Сакскобурготски по средбата со македонскиот премиер Мицкоски во Брисел порача дека многу од историските теми треба да им се препуштат на историчарите.

Сакскобурготски: Историските теми треба да им се препуштат на историчарите, а политичарите кон практичните прашања

Наследникот на бугарскиот царски престол и поранешен премиер Симеон Сакскобурготски по средбата со македонскиот премиер Мицкоски во Брисел порача дека многу од историските теми треба да им се препуштат на историчарите, а политичарите да се насочат кон практичните прашања и кон членството на Македонија во Европската унија.

-Сакскобурготски порача дека дијалогот и добрососедските односи се во интерес на сите. Притоа, нагласи дека историските прашања треба да им се препуштат на историчарите, додека политичарите треба да се посветат на практичните прашања и на европската иднина на Македонија.

Оваа изјава потсетува дека во Бугарија сѐ уште постојат умерени, разумни и добронамерни политичари кои сакаат да ја видат Македонија како напредува, наместо нејзината иднина постојано да биде заложник на историски спорови и политички условувања.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шест уставни судови од Балканот ја усвоија Охридската декларација

Шест уставни судови од Балканот ја усвоија Охридската декларација, независноста, транспарентноста и ефикасноста во функција на поголема доверба во уставните судови.

Шест уставни судови од Балканот ја усвоија Охридската декларација

Шест уставни судови, членки на Форумот на балканските уставни судови (BCCF) едногласно усвоија Охридската декларација за време на 4. годишен состанок, кој се одржа од 12 до 14 ноември 2026 година во Охрид, во организација на Уставниот суд на Република Македонија.

Целта на Декларацијата е да се утврдат заеднички насоки за зајакнување на независноста, транспарентноста и ефикасноста на уставните судови, зголемување на довербата на граѓаните во уставното судство, како и одговорна примена на современите технологии и вештачката интелигенција во функција на заштитата на човековите права и владеењето на правото.

Документот беше едногласно усвоен од претседателите и претставниците на шесте уставни судови кои се полноправни членки на Форумот:

Уставниот суд на Република Македонија;

Уставниот суд на Република Албанија;

Уставниот суд на Република Бугарија;

Уставниот суд на Република Косово;

Уставниот суд на Црна Гора;

Уставниот суд на Република Турција.

На годишниот состанок учествуваа и претставници на Уставниот суд на Босна и Херцеговина, кој има статус на набљудувач во Форумот, како и претставници на судови од Европа, Азија и Африка и на меѓународни судски институции и организации.

Трите столба на довербата: независност, транспарентност и ефикасност

Со Охридската декларација, уставните судови се заложуваат за натамошно унапредување на својата работа преку:

- Зајакнување на независноста, непристрасноста и професионалниот и личниот интегритет на уставните судии;

- Унапредување на транспарентноста и отвореноста кон граѓаните;

- Редовно информирање на јавноста за активностите и одлуките на уставните судови;

- Објавување соопштенија за судските одлуки на јазик разбирлив за пошироката јавност;

- Одржување редовни брифинзи со новинарите и комуникација преку социјалните медиуми;

- Навремено одлучување по предметите во разумен рок, без неоправдано одолжување на постапките;

- Примена на современи системи за управување со предметите и дигитални алатки за поефикасно функционирање на судовите.

Во Декларацијата се нагласува дека довербата на јавноста претставува основен предуслов за авторитетот и легитимитетот на уставните судови, а се гради преку независно, непристрасно и професионално одлучување и квалитетно образложени одлуки засновани на Уставот.

Вештачката интелигенција како помошна алатка, а не замена за судиите

Посебно значење во Охридската декларација е дадено на примената на вештачката интелигенција во уставното судство.

Уставните судови се согласни дека пристапот кон новите технологии треба да биде отворен, но претпазлив, имајќи ги предвид правните, етичките и организациските ризици поврзани со нивната употреба и ефектите врз правата на граѓаните.

Вештачката интелигенција може да придонесе за поефикасна обработка на предметите, но не смее да ја замени независната судиска анализа, правното расудување и одлучувањето на уставните судии.

Толкувањето на Уставот, оценувањето на правните аргументи и конечното одлучување по предметите мора да останат задача и одговорност на судиите.

Уставниот суд на Црна Гора го презема претседавањето со BCCF во 2027 година

На состанокот, покрај усвојувањето на Охридската декларација како завршен документ, едногласно беа донесени уште две одлуки:

-Предавање на претседавањето со Форумот за 2027 година на Уставниот суд на Црна Гора.

-Одржување на петтиот годишен состанок на Форумот во мај 2027 година во Црна Гора, во организација на тамошниот Уставен суд.

Со организирање на овој настан, Уставниот суд на Република Македонија го заврши своето претседавање со Форумот, оставајќи основа за натамошно продлабочување на регионалната соработка и унапредување на стандардите за независно, транспарентно и ефикасно уставно судство.

Со усвојувањето на Охридската декларација беше заокружен работниот дел на Четвртиот годишен состанок на Форумот на балканските уставни судови, во чии рамки се одржа меѓународната конференција на тема „Современи предизвици за владеењето на правото: Улогата на уставните судови“.

Преку три работни сесии, со учество на повеќе од 20 домашни и странски говорници, беа дискутирани прашањата за зголемување на довербата на граѓаните во уставните судови и предизвиците на уставното судство во дигиталната ера.

На свеченото отворање се обратија претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, претседателот на Собранието, Африм Гаши, министерот за правда, проф. д-р Јетон Шасивари,. Обраќање имаше и заменик - претседателот на Владата Александар Николоски. Преку видео врска се обратија претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килијан Вал. Конференцијата обедини претседатели и судии на уставни судови од Европа, Азија и Африка, учествуваа потпретседателката и член на Венецијанската комисија, судија од Европскиот суд за човекови права, генералниот секретар на Конференцијата на африканските уставни институции, претседателите на уставните судови на Австрија, Турција, Азербејџан, Бугарија, Косово, Египет, Словенија, Црна Гора, Босна и Херцеговина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: Филипче и СДС и натаму лажат дека Алта банка имала забрана за работа во ЕУ и бегаат од надзорна расправа

Филипче и СДС и натаму лажат дека Алта банка имала забрана за работа во ЕУ.

Манасиевски: Филипче и СДС и натаму лажат дека Алта банка имала забрана за работа во ЕУ и бегаат од надзорна расправа

Не сносејќи никаква одговорност, се расфрлаа со лаги, манипулации и со нивните јавни говори се обидоа да го девалвираат банкарскиот систем.

Излажаа за забраната на Алта банка, излажаа дека банката е неликвидна, дека ќе пропадне, дека граѓаните ќе останат без своите пари и што ли уште не излажаа.

За на крајот да испадне дека сето тоа што го говореа е лага. Да излезе, дека тие биле првите кои влегле во деловни односи со Алта банка и Давор Мацура.

Затоа денес бегаат од надзорната расправа и бегаат од вистината која излезе на виделина.

Бегаат затоа што знаат што правеле и мислат дека и другите ќе прават како нив. Едноставно кај Филипче и СДС работи Фројд.

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер