Движење ЗНАМ – За Наша Македонија - Караван „Со срце за нашата општина“ - Канал 5

Движење ЗНАМ – За Наша Македонија - Караван „Со срце за нашата општина“

Караванот „Со срце за нашата општина“ на движењето „ЗНАМ За Наша Македонија“ во посета на Битола, Лозово, Бутел, Богданци и Дојран.

Движење ЗНАМ – За Наша Македонија - Караван „Со срце за нашата општина“

Во пресрет на претстојните локални избори, градот на конзулите, Битола беше дел од караванот "Со срце за нашата општина" на Движењето ЗНАМ За Наша Македонија, кое сѐ посилно ја шири својата визија за одговорна, транспарентна и народно ориентирана локална самоуправа.

Потпретседателот на ЗНАМ, генерал Павле Арсоски кој го предводеше караванот, обраќајќи им се на присутните нагласи:

„Ние не ветуваме невозможни проекти, туку нудиме искрена, чесна и остварлива програма, креирана заедно со граѓаните. Затоа овој караван

патува низ Македонија – за да слушне, запише и прерасне во вистински глас на народот“.

На средбата граѓаните ги споделија проблемите со кои се соочуваат во секојдневието, како и нивните очекувања од идните локални власти.

Членовите на Извршниот одбор, Јасмина Петковска и Викотр Јовановски ги презентираа клучните приоритети на Движењето засновани на потребите на обичниот човек: подобрување на инфраструктурата, поддршка за младите и семејствата, развој на локалната економија и враќање на довербата во институциите. Тие исто така се задржаа и на главните принципи на движењето: почит кон секој граѓанин, одговорност во управувањето и визијата за современа, и европска Македонија.

Потпретседателката на ЗНАМ Весна Бендевска го предводеше караванот „Со срце за нашата општина“ во Лозово, каде што заедно со членот на Извршниот одбор, Злате Мехмедовиќ, имаше конструктивна средба со граѓаните и активистите на партијата. При тоа се разговараше за идните активности на Движењето и неговото јакнење на локално ниво.

Во фокусот беа теми поврзани со организацискиот раст, теренската мобилизација и подготовките за претстојните локални избори.

„Изминатиот период го искористивме за значајно унапредување на нашето присуство на терен – низ формирање силна општинска структура и ангажирање нови, мотивирани кадри. Со непосредниот контакт со граѓаните добиваме вредни согледувања и предлози за локалните решенија. Веруваме дека вистинската промена почнува од теренот – со луѓе што се искрено посветени на заедницата“, рече Бендевска.

На средбата се разговараше и за критериумите за утврдување на кандидати за советници, како што се: искуство, углед меѓу жителите, ангажман во локалната средина, вредносен интегритет и подготвеност за работа во интерес на општината.

Иницирани се чекори за креирање на развојна програма за Лозово, која ќе се темели на реални предизвици и приоритети, со вклучување на стручно мислење, поддршка од граѓанските организации и партнерство со локалниот бизнис сектор.

Караванот „Со срце за нашата општина“ ја посети и Општинската организација во Бутел кој го предводеше Горан Минчев, генералниот

секретар на партијата заедно со Миодраг Лабудовиќ, претседател на Градската организација, пратеничката Даниела Белимова и членовите на

градскиот одбор: проф. д-р Билјана Андреска Богдановска, Генерал Горанчо Котески, Љупчо Марковски Калц, д-р Горан Ајдински, Мишко Барзов, Александра Цветановска, Ѓорѓи Чековски, Марија Тодоровска и Владимир Гиновски.

Состанокот со членството помина во позитивна атмосфера, исполнета со одлични дискусии кои донесоа богатство од идеи и предлози за кои ќе придонесат во подобрувањето на квалитетот на животот на секој граѓани.

„Секоја посета е доказ дека Движењето ЗНАМ сериозно расте, како по бројот на членови, така со довербата кај граѓаните која е од ден на ден

поголема, затоа што ЗНАМ е подготвено да испорача вистинска вредност за нашите општини“, рече генералниот секретар, Минчев.

Средби со локалните раководства на општинските организации на ЗНАМ во Богданци и Дојран, во рамките на теренските активности "Со срце за нашата општина ", оствари претседавачот на Централниот одбор на партијата, Игор Филков.

Во работна атмосфера беа разменети информации за одржаниот Втор Конгрес на партијата, како и за отчетот на носителите на јавни функции од редовите на Движењето ЗНАМ За Наша Македонија во Владата на Република Македонија. Се разговараше отворено и за критериумите и начинот на кој ќе се составуваат кандидатските листи за советници во општините Богданци и Дојран, а стана збор и за активностите за утврдување на новите локални политики и проекти со кои ќе се настапи на претстојните локални избори.

Центар за комуникации и аналитика на Движењето ЗНАМ За Наша Македонија

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Борците во рингот, браќата Нурмагомедов се пуштени од затвор Умар и Усман Нурмагомедов се пуштени од затвор по насилно однесување.

Борците во рингот,браќата Умар и Усман Нурмагомедов се пуштени од затвор по насилничкото однесување во елитен хотел во Абу даби. 

Борците во рингот, браќата Нурмагомедов се пуштени од затвор Умар и Усман Нурмагомедов се пуштени од затвор по насилно однесување.

Грузискиот УФЦ-борец и шампион, Мераб Двалишвили, бил физички нападнат од браќата Нурмагомедов, Усман и Умар.

Тој тврди дека напаѓачите го изненадиле од зад грб додека тој и еден негов пријател извршувале медиумски обврски пред меч. Како што подоцна беше објавено, едно од лицата било осудено на шест месеци затвор поради тепачка во хотелско лоби во Абу Даби, во која учествувале непоразениот ПФЛ-шампион Усман Нурмагомедов и ММА-борецот Мераб Двалишвили.

Властите во Абу Даби потврдија дека казната за осумтемина обвинети е променета – тие нема да издржуваат затворска казна, туку ќе треба да платат парична казна од 150.000 дирхами, односно 41.000 долари.

Според информациите објавени во ММА медиумите и од извори блиски до случувањата, дошло до помирување меѓу грузиските и руските борци, бидејќи Мераб Двалишвили и неговиот пријател Саба Лазишвили не побарале кривично гонење на семејството Нурмагомедов.

Целиот случај се одрази врз спортските планови на Умар Нурмагомедов, кој требаше да се бори против живата легенда на УФЦ, Јураја Фејбер.

Неговиот настап беше откажан, а на негово место настапи Лазишвили. Браќата Нурмагомедов сега се на слобода, а останува да се види какви ќе бидат понатамошните последици од овој инцидент.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсен раководител во ДЗС - барал мито за да издаде позитивно мислење

500 евра поткуп за позитивно мислење за изградба на објект. Ваква пријава добил директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, од граѓанин кој му се пожалил дека советник за урбанистичко планирање од ДЗС, му побарал пари.

Уапсен раководител во ДЗС - барал мито за да издаде позитивно мислење

500 евра поткуп за позитивно мислење за изградба на објект. Ваква пријава добил директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, од граѓанин кој му се пожалил дека советник за урбанистичко планирање од ДЗС, му побарал пари за издавање на потребното мислење. Ангелов вели дека веднаш го упатил лицето случајот да го пријави во МВР. По пријавата следувала полициска акција и апсење на вработениот, кој сега е осомничен за кривично дело примање поткуп.

-Пред неколку дена добив повик од граѓанин кој ми се пожали дека од страна на лице вработено во ДЗС како Советник за урбанистичко планирање му биле побарани 500 евра за да добие позитивно мислење потребно за изградба на објект. Засегнатото лице го упатив случајот веднаш да го пријави во Одделот за организиран криминал на МВР. Ја користам оваа прилика да се заблагодарам на безмалку сите вработени во ДЗС кои чесно, совесно и пожртвувано ги извршуваат своите работни обврски,- – Стојанче Ангелов, директор на ДЗС.

Од МВР информираат дека лицето било лишено од слобода во координација со Обвинителството. По целосно документирање на случајот најавија соодветна кривична пријава. Од ОЈО велат дека јавнообвинителска одлука ќе биде донесена утре.

-Се постапува за обезбедување докази. Лицето е задржано по насоки на јавен обвинител, а во текот на утрешниот ден ќе биде донесена јавнообвинителска одлука,- – ОЈО Скопје.

Ангелов ја поздрави акцијата и ги повика граѓаните кои се соочуваат со незаконско постапување од страна на вработени во Дирекцијата, случаите веднаш да ги пријават во надлежните институции.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Актерката Лидија Вукичевиќ полиена со јогурт пред Собранието на Србија

Мегапопуларната српска актерка Лидија Вукичевиќ пред да влезе во Собранието на Србија е полеана со јогурт.

Видео: Актерката Лидија Вукичевиќ полиена со јогурт пред Собранието на Србија

Една од идните пратенички од листата собрана околу СНС, Лидија Вукиќевиќ, е полиена со јогурт на скалите пред Собранието на Србија.

Лидија Вукичевиќ утрово беше полиена со јогурт од страна на Марија Радовановиќ, поранешна секретарка на Медицинскиот факултет во Белград, во моментот кога пристигнала пред Собранието на Србија.

Пратеничката од редовите на СНС дојде на конститутивната седница на Собранието на Србија во црно-бела комбинација, а носеше и капут со интересен крзнен детаљ околу вратот.

Посебно внимание привлече нејзиниот избор на модни додатоци – таа се одлучи за чанта и очила од брендот „Гучи“.

Станува збор за црн кожен часовник во „винтиџ“ стил, чија цена изнесува околу 3.000 евра, додека очилата од истиот бренд чинат околу 800 долари.

Откако беше полиена и влезе во Собранието, видно вознемирената актерка им се обрати на присутните медиуми, веднаш по лидерот на СНС, Александар Вучиќ. Актерката одлучи да не ги извади очилата, а бидејќи гласот ѝ трепереше, се претпоставува дека таа се расплакала.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер