МакедонијаДвижење ЗНАМ – За Наша Македонија: Децата во градинките во општина Центар без соодветна грижа и заштита препуштени сами на себе„Станува збор за нешто што е повеќе од скандал, нешто што е вистинска закана, директна опасност по животот и здравјето на децата.„Фрапирани сме од случувањата во детската градинка „13 Ноември“ во Центар“ рече на денешната прес конференција портпаролот на Движењето, Никола Мемов и појасни дека тоа што таму се случува е нешто што ниту еден родител не сака да си го замисли, а уште помалку да го доживее за своето најмило. „Станува збор за нешто што е повеќе од скандал, нешто што е вистинска закана, директна опасност по животот и здравјето на децата. Замислете, деца во градинката „13 Ноември“ во Центар пронашле употребен наркомански шприц во дворот каде што секојдневно играат. Наместо топка, наместо играчки, тие го држеле шприцот во рацете, си го разменувале, ја кршеле иглата и, најстрашно, се гребеле и се боцкале едни со други“ рече Мемов. Тој нагласи дека е тоа шок за едно семејство, бидејќи наместо сигурност и грижа за своето дете во градинката, добиваат страв, неизвесност и траума. „И наместо раководството на градинката и општината Центар, под чија надлежност се градинките, веднаш да реагираат, наместо истите овие да излезат со објаснување и со план за заштита, родителите добиваат закани „да молчат“ и да не зборуваат за случајот. Дали молкот е поважен од животот и здравјето на децата“, нагласи Мемов и упати неколку прашања до градоначалникот на општина Центар: „Господине градоначалник на Центар, • Дали децата во градинките се препуштени сами на себе? • Дали дворот на градинката „13 Ноември“ е безбедно место за игра или ризична зона каде децата можат да најдат употребени игли и шприцеви? • Дали е точно дека на родителите им било кажано да молчат и да не зборуваат јавно за случајот? • Дали безбедноста и здравјето на децата ви се приоритет или сè додека не се случи несреќа ќе останеме неми сведоци на вашето неисполнување на обврските?“ Портпаролот на ЗНАМ, Мемов нагласи дека градинката треба да биде втор дом на децата, а не место на страв и опасност. „Родителите ја доверуваат најголемата светост, своите деца, и имаат право да бидат сигурни дека тие се безбедни. Случајот во градинката “13 Ноември” во Дебар маало, не е изолиран инцидент, тоа е аларм. Аларм дека системот во Центар не функционира. Аларм дека се игра со здравјето на децата. Аларм дека институциите молчат кога треба да обезбедат заштита, хигиена и безбедност. Ние, од Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, ќе прашуваме, ќе бараме одговори и ќе инсистираме на одговорност за случајот. И нема да застанеме тука – ќе бараме и ќе се залагаме за подобрување на условите во сите детски градинки, ќе бараме зајакнување на безбедносните мерки и редовни контроли, за вакви скандали никогаш повеќе да не се повторат. Затоа што за децата нема компромис, рече на денешната прес конференција портпаролот на Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија, Никола Мемов. Запрашан кој е ставот на Движењето ЗНАМ во однос на пожарите кои деновиве се случуваат и за кои има индиции дека се подметнати и дали има политичка позадина, Мемов одговори: „Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија апсолутно ги осудува сите вакви настани. Апелираме до органите на управата, до Министерството за внатрешни работи да ги пронајдат сторителите, да ги лоцираат и да преземат соодветни мерки за нивно санкционирање. Апсолутно е недозволиво во услови на нормален живот да ни се случуваат вакви инциденти. Очигледно е од снимките дека пожарите се подметнати“. Тагови: Движењето ЗНАМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветПолитико: НАТО го ревидира своето воено планирање, се очекува договор во февруариСојузниците во НАТО започнале преговори за најголема ревизија на своето воено планирање во последните две децении.Сојузниците во НАТО започнале преговори за најголема ревизија на своето воено планирање во последните две децении, при што приоритет е обезбедување доволно капацитети за потенцијален судир со Руската федерација, наместо обезбедување воено присуство во други мисии како што е КФОР во Косово, пренесува светскиот медиум Политико. Европски претставници во повеќе наврати предупредија на можноста за руски напад на територијата на нато до 2029 година, А според нацрт-документот, сојузниците до февруари треба да постигнат конечен договор. Оваа промена нема автоматски да влијае на тековните мисии на НАТО, како што е во Косово, тврди Политико, меѓутоа, од сојузниците ќе се бара или да обезбедат доволно сили за водење голема европска војна или присуство во тековните мисии но не и двете истовремено. Сегашниот фокус на северноатлантската алијанса надвор од својата територија е воглавно на Косово, Ирак и Авганистан, меѓутоа, руската инвазија врз Украина го пренасочи приоритетот кон одбрана на Европа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаУтре во Даблин ќе се одржи неформален самит на ЕУ, во фокусот ќе биде и УкраинаУтре во Даблин, Ирска ќе се одржи неформален самит каде ќе се соберат лидерите на 27-те земји-членки на ЕУ, заедно со претседателката на Европската комисија – Урсула Фон Дер Лајен.Утре во Даблин, Ирска ќе се одржи неформален самит каде ќе се соберат лидерите на 27-те земји-членки на ЕУ, заедно со претседателката на Европската комисија – Урсула Фон Дер Лајен, а со самитот ќе претседава претседателот на Европскиот совет – Антонио Кошта. Целта на неформалниот самит е дискусија за актуелни прашања и стратешки приоритети за унијата. Иако засега говорниците не се објавени, како што посочува организаторот - Ирска, која моментално претседава со Советот на Европската унија, неформалниот формат на состанокот ќе овозможи отворена политичка дискусија и стратешко размислување за прашања што влијаат врз идниот правец на Европската унија, а во фокусот ќе биде и Украина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканПо верижниот судар на автопатот Тракија ќе се проверува асфалтотПо тешките верижни судири на автопатот „Тракија„ во Бугарија, во кои загинаа 11 лица а над 50 беа повредени - се проверува состојбата на асфалтот.Освен примероци од прилепливоста на асфалтот, Обвинителството побарало документи од агенцијата за патна инфраструктура, за пуштањето во употреба и поправките на делницата каде што се случија несреќите, по што ќе биде изготвено и техничко-градежно вештачење. Врз основа и на сеопфатното вештачење кое ќе ја опфати и судско-медицинската анализа, Обвинителството ќе одлучи дали постојат основи за покренување обвиненија против одредени поединци. Во меѓувреме обвинителството нема да поднесе обвиненија против романскиот возач кој беше задржан по карамболот, а кој учествувал во почетокот на првиот верижен судар. Лекарите од болниците во Сливен, Јамбол и Бургас продолжуваат да се борат за животите на четворица најтешко повредени во несреќата на автопатот.Тагови: Бугарија сообраќаен хаос Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook