ЛДП за скандалот „важи-неважи“ со дигиталните документи: Владата ја третира државата како е циркус за промотивни видеа!
2ЛДП за скандалот „важи-неважи“ со дигиталните документи: Владата ја третира државата како е циркус за промотивни видеа!
МакедонијаДвижење ЗНАМ: Средби со граѓаните, панел дискусии и теренско зајакнување на партијата под мотото: „Европска ЗНАМ, Европска иднина, Европска Македонија“Под мотото „Европска ЗНАМ, Европска иднина, Европска Македонија“, Движењето ЗНАМ за Наша Македонија започнува серија регионални панел-дискусии и отчетни трибини, проследени со непосредни средби и отворен дијалог со граѓаните.Во текот на месец јули ќе бидат организирани осум регионални панел-дискусии и отчетни трибини низ државата, посветени на отчетот за првите две години од мандатот на Владата и придонесот на функционерите на Движењето ЗНАМ во реализацијата на владината програма. „Европска ЗНАМ, Европска иднина, Европска Македонија“ не е само наслов на трибините, туку и јасен израз на визијата – Македонија како модерна европска држава со силни институции, владеење на правото, професионална администрација и одговорна власт која работи во интерес на граѓаните. Оваа иницијатива претставува дел од заложбата за отчетност и отвореност кон јавноста. Наместо политиката да се води зад затворени врати, излегуваме пред граѓаните за да дадеме отчет за сработеното, да ги слушнеме нивните ставови и да одговориме на сите прашања што ги засегаат. На овие панел дискусии говорници ќе бидат сите избрани и именувани функционери од редовите на Движењето ЗНАМ, предводени од претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски. Во нивната работа ќе се вклучат министрите, замениците министри, државните секретари, директорите и останатите носители на јавни функции од редовите на ЗНАМ, кои ќе дадат отчет за својата работа и ќе одговараат на сите отворени прашања од граѓаните во рамки на своите надлежности. Секој од нив ќе има можност да ги презентира резултатите од својата работа, а граѓаните директно да поставуваат прашања и да добијат конкретни одговори за политиките, реформите и проектите што се реализираат во нивните области на надлежност. Првата трибина ќе се одржи на 27 јуни во Скопје, во хотел Холидеј Ин, со почеток во 12:30 часот. Во рамките на настанот ќе се одржи панел-дискусија на тема „Европска ЗНАМ, Европска иднина, Европска Македонија“, на која ќе учествуваат претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, генералниот секретар и министер за јавна администрација Горан Минчев и претседавачот на Централниот одбор и министер за правда Игор Филков. Овие регионални панел-дискусии и отчетни трибини ќе бидат можност граѓаните непосредно да се запознаат со резултатите од работењето на институциите и придонесот на функционерите на ЗНАМ во спроведувањето на владините политики, но и да дадат свои предлози, сугестии и критики. Веруваме дека довербата се гради преку работа, резултати и постојана отчетност пред јавноста. Покрај активностите поврзани со регионалните трибини, Движењето ЗНАМ за Наша Македонија во наредниот период ќе реализира и сеопфатен процес на организациско зајакнување на партијата. Во таа насока ќе започне формирањето на Клубот на жени на ЗНАМ и Клубот на млади на ЗНАМ, како важни столбови за поголема вклученост на жените и младите во политичкото дејствување и креирањето политики. Истовремено, ќе биде спроведен процес на евалуација, координација и освежување на раководствата на општинските организации преку организирање изборни конференции во сите 53 општински организации на партијата. Со ова дополнително ќе бидат зајакнати локалните структури, ќе се обезбеди уште подобра организациска подготвеност и ќе се создаде силна и функционална партиска мрежа подготвена да одговори на сите политички предизвици. Крајната цел е Движењето ЗНАМ да биде целосно подготвено за следните парламентарни избори, кога и да се одржат, со јасна програма, силна организација и кадри кои уживаат доверба кај граѓаните. Затоа, ги покануваме граѓаните, сите членови на ЗНАМ, медиумите, граѓанските организации и сите заинтересирани активно да се вклучат во овие отворени форуми и заеднички да разговараме за предизвиците и перспективите на Македонија. На прес конференцијата портпаролот на партијата, Никола Мемов беше запрашан која е генералната оценка на работата на функционерите од ЗНАМ, а особено на двата министири. „Ние направивме анализа на работењето на нашите функционери и генералната оценка е дека се во рамките на спроведување на владината програма“. Запрашан до каде се преговорите за владината реконструкција и дали се веќе договорени промените и ЗНАМ ќе го изгуби ресорот правда, протпаролот Мемов одговори: „Ние имавме неколку средби на партиско лидерско ниво и преговарачките тимови работат во континуитет. На маса се сите отворени теми. Нема конечен договор за ниту едно прашање. Очекуваме разврска кон средината на следната недела“. На прашањето што бара за возврат ЗНАМ за да го напушти ресорот правда и дали е точно дека се тоа МВР, финансии или одбрана, Мемов рече: „Пред две години Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија беше покането од страна на ВМРО-ДПМНЕ да учествува во владата со свои кадри, имајќи ги во предвид изборните резултати, но и кадровскиот потенцијал и искуство што може да го даде ЗНАМ во владата. Оттаму, ние не сме тие кои што бараа да влезат во владата. Ние бевме поканети да влеземе во владата“. Запрашан дали се врши анализа на работата на секој министер одделно и дали е тоа можна причина за промена или се работи за некои други фактори, Мемов рече дека во разговорите се прави анализа и евалуација на работата на сите министри и додаде: „Ова не е испитување и оценка на министрите на ЗНАМ од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Значи, се прави анализа на работата на сите министри во владата и генерално работата на владата и спроведувањето на владината програма. ЗНАМ во владата влезе не заради задоволување на лични амбиции и задоволување на кадровски решенија од ЗНАМ. Ние влеговме во владата поради остварувањето на програмските определби, цели и принципи на ЗНАМ кои што се составен дел на владината програма. Оценуваме дека во овој двегодишен мандат владината програма се спроведува со интензитет и на начин кој што сме го димензионирале на самиот почеток при влезот во владата“. Центар за комуникации и аналитика На прашањето дали постои можност ЗНАМ да нема конечен договор со ВМРО и што тоа ќе значи, портпаролот Мемов рече дека сите опции се отворени. ЗНАМТагови: Движењето ЗНАМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37Вицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55
Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24
ЖивотКејт Мидлтон откри дека го обожавала Горан Иванишевиќ: „Бев фасцинирана од него“Британската принцеза Кејт Мидлтон откри дека, додека растела, била голем обожавател на хрватскиот тенисер Горан Иванишевиќ, признавајќи дека тој ја фасцинирал. Принцезата од Велс зборуваше за својата љубов кон тенисот уште во 2017 година, во документарниот филм на Би-Би-Си „Сју Баркер: Нашиот Вимблдон“, а нејзините изјави повторно го привлекоа вниманието на јавноста. Осврнувајќи се на своето детство, Кејт откри дека Вимблдон заземал посебно место во нејзиното растење. „Секогаш го следев Вимблдон. Тој беше дел од моето растење. Мислам дека е неверојатно важен дел од англиското лето и дека ги инспирира младите луѓе, исто како што ме инспирираше и мене кога бев помлада“, сподели принцезата. Меѓу тенисерите што особено уживала да ги гледа, таа го издвои Горан Иванишевиќ. „Го обожавав Горан Иванишевиќ; бев фасцинирана од него. Истото важи и за Пит Сампрас, Андре Агаси и Штефи Граф“, призна Кејт, како што пренесува CdM. Сопругата на Принцот Вилијам, принцезата Кејт Мидлтон уште од детството гаи љубов кон тенисот, а денес е редовен гостин на Вимблдон, каде што често им ги врачува трофеите на победниците. Во истиот документарен филм, таа откри и дека нејзината мајка, Керол Мидлтон, има свој омилен тенисер. Станува збор за швајцарскиот ас Роџер Федерер, кон кого нејзината мајка – како што низ шега призна Кејт – чувствува посебна наклонетост. Принцезата додаде дека нејзината мајка веројатно нема да се налути поради ова откритие, напоменувајќи дека Федерер можеби веќе е свесен за тоа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Студентскиот дом „Стив Наумов“ продолжува да се распаѓаСДММ е со студентите - Бараме достоинствени услови во домовите и студентски оброк од 200 денари.Студентскиот дом „Стив Наумов“ продолжува да се распаѓа. Еден месец по реконструкцијата, распад систем. Прво протекуваше вода од сите страни, немаше греење, сега пукна и бојлер. За среќа, па нема повредени. Ова ли е домот од А-категорија што го ветуваа Јаневска и Мицкоски? Влага, прокиснати соби, нема греење, нема топла вода, а сега и пукнат бојлер! Ама затоа двојно се зголеми партиципацијата за сместување. За што плаќаат студентите 6.600 денари месечно? За дефекти во домот што требаше да биде целосно реновиран! Што добија студентите? Ништо. Ниту достоинствени услови за живот во домовите, ниту повисок студентски оброк – преживуваат со мизерни 140 денари студентски оброк. Со вториот ребаланс власта ги скрати парите за образование, за реконструкција и енергетска ефикасна рехабилитација на студентските домови. Нема повисок студентски оброк. Ете толку им е грижа за студентите. Мицкоски нема пари за младите, затоа што ги троши за своите криминални тендери. Студентите заслужуваат достоинствен живот. СДММ е со студентите. Бараме зголемување на студентскиот оброк на 200 денари, тоа е минимумот за пристоен и здрав оброк, за подобри услови за студентите. Прес конференција на Стефанија Кузмановска, претседателка на СДММ СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛДП за скандалот „важи-неважи“ со дигиталните документи: Владата ја третира државата како е циркус за промотивни видеа!Кого зафркавате и со чија интелигенција си подигрувате кога за само 24 часа сами си ја паѓате сопствената лага? Како раштиман оркестар сте – што воопшто правите на владина седница, дали министрите воопшто имаат поим што прават другите ресори, или воопшто не ги интересира и се на некој светски конгрес додека ја бламираат целата држава? На 28 октомври премиерот Христијан Мицкоски се сликаше на гламурозна скапо платена претстава и триумфално ја промовираше апликацијата „м.Услуги“, ветувајќи му на народот крај на шалтерите и дигитални документи на мобилен. Но, само ден подоцна, бледата реалност ја спушти рампата: министерот Стефан Андоновски излезе и ладнокрвно соопшти дека дигиталната лична карта и возачка дозвола не важат при полициска контрола, бидејќи МВР и институциите воопшто не се подготвени! ЛДП бара јавен одговор на прашањата: Колку народни пари чинеше оваа скапа промотивна фарса за џабе, кога електронските документи на мобилен не можат да се користат на терен? Кој ќе понесе одговорност за оваа скандалозна некоординираност на владата? Ќе понесе ли некој одговорност за ова ново јавно бламирање на премиерот и целата владина машинерија? Можеби она што треба јавноста да го дознае многу брзо: Дали некој намерно го мести премиерот во сопствената партија, бидејќи ова веќе е чисто лудило – еден ден едно, друг ден друго и тоа за секое живо прашање? „Ова е врв на несериозност и политичко аматерство! Граѓаните се уморија од евтини ПР-трикови, празни QR-кодови и фешти каде се делат лажни надежи. Додека министрите се сликаат за лајкови, граѓанинот и понатаму мора да ја носи пластичната лична карта за секој случај и да истражува по шалтерите каде што државата е дигитална, а каде заглавена во камено време. Доста со лажни паралелни реалности – или направете функционален систем кој работи за народот, или престанете да го малтретирате со секојдневни бламажи“, вели Цветанка Геговска, членка на Извршниот одбор на Либерално-демократската партија (ЛДП). ЛДП бара итна одговорност и престанок на овие евтини дигитални маскаради. Државата не е циркус за промотивни видеа, а граѓаните заслужуваат сериозни институции, а не министерство за чист ПР!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook