Движење ЗНАМ – Караван „Со срце за нашата општина“ - Канал 5

Движење ЗНАМ – Караван „Со срце за нашата општина“

"Со срце за нашата општина", караванот на Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија во посета на Општинските организации во Прилеп, Долнени, Крива Паланка, Врапчиште и Брвеница.

Движење ЗНАМ – Караван „Со срце за нашата општина“

Во Прилеп и Долнени со членовите и симпатизерите на Движењето се

сретнаа: потпретседателката на ЗНАМ, Весна Бендевска, членовите на

Извршниот одбор, Ристо Николоски и Злате Мехмедовиќ, како и директорот

на Центарот за комуникации и аналитика, Никола Мемов.

Средбите се одржаа во позитивна атмосфера во пресрет на локалните

избори. Стана збор и за неодамна одржаниот Втор Конгрес на партијата и

отчетот на носителите на јавни функции од редовите на Движењето ЗНАМ за

наша Македонија во Владата на Република Македонија.

Потпретседателката на ЗНАМ, Бендевска особено се задржа на критериумите

кои треба да ги исполнат кандидатите за советници. Таа потенцира дека

тие мора да ги отсликуваат заложбите на партијата за чесно, отчетно и

одговорно работење.

На средбите стана збор и за следните активности кои треба да се

реализираат на терен, а со кои ќе се согледаат проблемите со кои се

соочуваат граѓаните, а се со цел, заедно со нив да се состави програмата

и да се дефинираат проектите за настапот на претстојните локални

избори.

Во Крива Паланка како дел од караванот ,,Со срце за нашата општина" беа

Игор Филков, претседавач на Централниот одбор на ЗНАМ и членот на

Извршниот одбор проф д-р Јасмин Циривири, како и пратеничката Даниела

Белимова.

Тие во своите обраќања пред членовите на партијата говореа за

државотворната и национална политика што ја води Движењето и ги

потенцираа заложбите и целите за унапредување на општеството и

Македонија во целина, како европска држава. Беше речено дека е потребно

да се продолжи со европските интеграции, но не по секоја цена. Се

разговараше и за други прашања од правната, здравствената и социјалната

сфера.

Присутните членови на ЗНАМ ги посочија проблемите со кои се соочуваат во

секојдневниот живот, а беа дадени и предлози за проекти кои би можеле да

бидат дел од програмата за локалните избори.

Стана збор и за активностите во предизборниот период за да се постигнат

резултати кои ќе овозможат ЗНАМ да направи вистински и коренити промени

во живеењето на граѓаните на Крива Паланка.

Караванот „Со срце за нашата општина" беше и во Брвеница и Врапчиште.

Со членовите на партијата и со симпатизерите на ЗНАМ се сретнаа

потпретседателот на Движењето, Борче Серафимовски и пратеникот Даниел

Стојчевски.

На средбата се разговараше за активностите пред престојните локални

избори. Стана збор и за критериумите за советници, кои треба да се со

углед во средината и да се чесни, работливи и одговорни.

Во фокусот беше и програмата, која како што беше нагласено, мора да биде

издржана и со проекти кои се реални и остварливи, а кои ќе придонесат во

подобрувањето на квалитетот на живот на жителите од Врапчиште и

Брвеница.

ЗНАМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Хаос поради нозете на Џеј Ло

Светската музичка ѕвезда Џенифер Лопез покажа дека дури и на 57-годишна возраст може да се пофали со завидна фигура, а нејзиното последно телевизиско појавување повторно привлече внимание поради нејзиниот изглед.

Фото: Хаос поради нозете на Џеј Ло

Извајаните нозе на „жешката“ латиноамериканка Џеј Ло предизвикаа хаос, напорните тренинзи вродија со плод.

Латино дивата Џенифер Лопез гостуваше во емисијата „The Tonight Show Starring Jimmy Fallon“, каде што се појави во краток фустан што ги истакна нејзините затегнати и мускулести нозе.

За оваа пригода, таа одбра впечатлив мини-фустан во маслинеста боја, чиј крој дополнително ја нагласи фигурата по која таа е препознатлива со години.

Токму мини-должината ги стави нејзините извајани нозе во центарот на вниманието, особено додека таа седеше на каучот во студиото.

Стајлингот го заокружи со чевли со шпиц во кафеава нијанса, златни алки, часовник, прстени и обетки.

Косата ја зачешла наназад и ја врза во високо опавче, додека очите ги истакна со шминка, а усните ги остави во неутрални тонови.

Сепак, фотографиите од студиото брзо привлекоа внимание, а нејзиниот избор на облека уште еднаш покажа дека пејачката радо избира парчиња што ја истакнуваат нејзината фигура и дека не се плаши од кратки и провокативни кроеви.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Ретко кој го забележа шеширот покрај бујното деколтет!

Од шеширот едвај се гледа, но градите сепак „штрчат“, дали знае некој која е оваа убавица?

Фото: Ретко кој го забележа шеширот покрај бујното деколтет!

Раперката Карди Б не пропушти прилика повторно да ги покаже своите прекрасни бујни облини – но и својот префинет вкус за мода и модни трендови.

Синоќа во Лос Анџелес се одржа 17-тото доделување на наградите „Гувернерс“ (Governors Awards), настан на кој присуствуваа бројни ѕвезди.

Американската раперка Карди Би не ја пропушти можноста да заблеска на овој настан, воодушевувајќи ги сите присутни со своето модно издание.

За хуманитарниот настан, таа му ја довери довербата на модниот дизајнер Тамара Ралф и облече нејзин фустан од висока мода. Како што може да се види, белиот фустан, кој е кроен со нагласен струк, ја истакна нејзината витка фигура, но истовремено ги нагласи и нејзините бујни гради.

Интересен беше и делот на стомакот – златниот елемент во стил на корсет, кој на целата креација ѝ даде нота на модерен гламур.

Сепак, главниот акцент во стајлингот беше преголемата шапка, која совршено се вклопи во оваа комбинација и го претвори целокупниот изглед на раперот во уметничко доживување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

НБА инвестира милијарди во европската кошарка !

Најсилното светско кошаркарско првенство, НБА планира да инвестира милијарди долари во создавањето на нова европска кошаркарска лига, во која сака да ги вклучи најголемите фудбалски клубови од Стариот континент.

НБА инвестира милијарди во европската кошарка !

НБА не се откажува од идејата за започнување ново кошаркарско натпреварување на Стариот континент, а амбициите на американската организација стануваат сè поголеми.

Според информациите на британскиот „Скај њуз“ (Sky News), планот е да се формира огромен инвестициски фонд кој би располагал со милијарди долари. Средствата првенствено би биле наменети за изградба на модерни спортски сали, развој на инфраструктурата и привлекување на големи европски клубови.

Целта на НБА е да создаде натпреварување кое ќе ги обедини најпознатите спортски брендови во Европа и ќе стане сериозен конкурент на Евролигата.

Посебно внимание привлекува списокот на клубови што американската организација сака да ги вклучи во проектот. Меѓу нив се Реал Мадрид, Барселона, Милан и Пари Сен Жермен. Идејата е овие фудбалски гиганти да добијат свои кошаркарски франшизи и да ја искористат својата постоечка популарност за развој на нов спортски производ.

НБА особено смета на британскиот пазар, па Лондон и Манчестер веќе се споменуваат како потенцијални градови домаќини за нови тимови. Ова би му дало дополнителна комерцијална вредност на европскиот проект и би ја отворило вратата кон пазар каде што кошарката сè уште ја нема популарноста што ја ужива фудбалот.

Сепак, реализацијата на еден ваков голем потфат нема да биде едноставна. Дел од потенцијалните инвеститори се загрижени поради огромните трошоци за започнување на натпреварувањето, но и поради неизвесноста во однос на неговата долгорочна профитабилност.

Инаку, НБА претходно се обиде да најде заеднички јазик со Евролигата, но договор меѓу двете страни не беше постигнат. По неуспешните преговори, американската организација продолжи да ја развива идејата за посебно европско натпреварување, со поддршка од ФИБА.

Доколку планот се реализира, европската клупска кошарка би можела да влезе во сосема нова ера, со огромни финансиски вложувања и доаѓање на некои од најголемите спортски имиња.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер