Куриер и Руседски: Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња, неговата статистика го потврдува тоа!
2Куриер и Руседски: Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња, неговата статистика го потврдува тоа!
МакедонијаДвижење ЗНАМ: Генерал Горанчо Котевски, поранешен Началник на Генералштабот на АРМ за носител на Советничката листа за Град СкопјеДвижењето ЗНАМ – За Наша Македонија на денешната прес конференција ги соопшти ноителите на советничките листи за претстојните локаллни избори во скопските општини и во градот Скопје. Портпаролот на Движењето, Никола Мемов рече дека ЗНАМ ја претвора довербата на народот во силни советнички листи, како и во конкретни програми, проекти и одлуки што носат вистинска промена, стои во соопштението на ЗНАМ кое МИА го пренесува интегрално. „Зад нас се месеци исполнети со посветена работа на терен, во кои преку двете кампањи низ целата држава илјадници граѓани ни ја доверија војата визија за подобар живот во своите општини. Со гордост, но и со чувство на голема одговорност дозволете ми пред граѓаните на Република Македонија да ги соопштам донесените одлуки. Мемов рече дека на последната седница на Извршниот одбор на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија била усвоена одлука на претстојните избори да настапате со свои советнички листи во 53 општини, плус Градот Скопје. „Оваа бројка е гласот на народот. Оваа бројка е доказ дека Движењето ЗНАМ е најбрзо растечкото движење во Македонија. Секој град, секоја општина, секое маало што ќе добие наша советничка листа е симбол на довербата која ја градиме со луѓето. Нашата визија за чесна, праведна и посветена политика ја обедини енергијата на граѓаните од цела Македонија. Во редовите на ЗНАМ за кандидати за членови на совет се приклучија доктори, професори, инженери, спортисти, угледни луѓе од сите области. Дозволете ми да ги соопштам носителите на советничките листи во скопските општини: - за носител на листата во Аеродром, предложен е Љупчо Марковски Калц, поранешен капитен на фудбалската репрезентација на Македонија и член на златната шампионска генерација на Вардар - за носител во Центар е предложен м-р Крумислав Мишко Барзов магистер по спортски менаџмент, член на европскотo жири за автомобил на годината и еден од најистакнатите автомобилски ентузијасти во државата - за носител во Карпош е предложен проф д-р Јасмин Циривири, професор на Медицинскиот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, врвен хирург ортопед во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје; - за носител во Бутел е предложен Ѓорги Станко Чековски, член на кошаркарската репрезентација на Македонија и дел од тимовите на „МЗТ Скопје“ и „Работнички“; - за носител во Гази Баба е предложен Зоран Доневски, пензиониран началник во полицијата, дипломиран економист, почитуван и познат помеѓу граѓаните на Гази Баба како чесен и професионален во неговата кариера; - за носител во Ѓорче Петров предложен е Тони Симиќ, легендарен центар на кошаркарската репрезентација на Македонија и омилен играч на тимовите на „МЗТ Скопје“ и „Работнички“; - за носител во Кисела Вода предложен е Сашо Петровски, дипломиран економист, истакнат приватен стопанственик; - за носител во Чаир предложен е Николче Наумов, дипломиран правник, докажан експерт од областа на кривичното право, истакнат адвокат кој ќе биде коректор на одлуките и гарант на законитоста во работењето на Општина Чаир“, соопшти Мемов.Тој нагласи дека ова се луѓе со интегритет, со знаење и со чиста и искрена намера да работат за нивните соседи, за нивните заедници, за наша Македонија. „Тие се нашата најголема гаранција дека ветувањата ќе станат дела, дека ќе изградиме поуредени општини, поурбанизирани места за живеење, почиста животна средина и подобар квалитет на живот за сите. Извршниот одбор донесе одлука за поддршка на натпартискиот кандидат за градоначалник на Општина Кочани – д-р Влатко Грозданов“, рече Мемов и додаде дека со оваа одлука јасно покажуваат дека нивната борба не е за партиски интереси, туку за визија, одговорност и напредок. „Во градот Скопје ќе настапиме со силна листа, предводена од Генерал Горанчо Котески, поранешен Началник на Генералштабот на АРМ. Човек кој целиот свој живот го посвети на одбраната и безбедноста на државата, човек кој ја носеше униформата со чест и достоинство. Денес, тој ја носи визијата за развој на нашиот главен град – срцето на Македонија, градот кој ги собира сите бои, култури и генерации. На градската листа ќе препознаете луѓе кои секојдневно вложуваат во развојот на главниот град, луѓе со кредибилитет, искуство и искрена љубов кон Скопје. Дозволете ми покрај носителот на листата Генерал Горанчо Котески да Ви претставам само дел од предложената градска листа: - Проф. д-р Билјана Андреска Богданоска, доктор на економски науки, актуелен Ректор на Европски универзитет – Скопје; - проф д-р Горан Ајдински, редовен професор на Филозофскиот факултет на УКИМ, декан на Факултетот во два мандати - Мире Јанев, скопска урбана легенда, сопственик на култниот локал „Плеј кафе“ на улица „Македонија“, познат како Миро Плеј; Ова се луѓе кои го чувствуваат пулсот на градот, кои ја знаат секоја негова мака, секоја негова надеж и кои се подготвени да го вратат Скопје на граѓаните – чисто, современо и достоинствено. Дополнително, на последните места од градската листа ќе препознаете актуелни носители на јавни функции од Движењето ЗНАМ, луѓе кои немаат ниту една дамка во своето работење и покажуваат како треба да се раководат институциите во Македонија, луѓе кои со особена чест ја прифатија одговорноста да бидат дел од оваа листа. На листата се предложени: - д-р Лилјана Којиќ, директор на Здравствен дом „Железара“ - Виктор Јовановски, Член на УО и директор на секторот за комерција во ЕСМ; - д-р Злате Мехмедовиќ, директор на Универзитетската Клиника за физикална медицина и рехабилитација; - Марин Докузовски, истакнат спортски работник, селектор на кошаркарската репрезентација на Македонија и тренер на „Работнички“; - Игор Трајановски, доктор на општествени науки, Генерален директор на АД „Аеродроми на Македонија“, рече Мемов. „Тоа е најсилниот доказ за нашата суштина и пристап во политиката - во ЗНАМ нема привилегии, нема затворени кругови, нема политика за фотелји и за лични интереси. Ова е само почеток. Силата на ЗНАМ секојдневно расте – во секоја општина, во секој дом, во секое семејство. Со овие луѓе, со оваа енергија и со оваа визија сигурни сме дека ќе ја донесеме промената што граѓаните низ целата држава ја заслужуваат“, соопшти портпаролот на Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија, Никола Мемов на денешната прес конференција. Движење ЗНАМ – За наша МакедонијаТагови: Движењето ЗНАМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканСе урна воен хеликоптер во Турција- нема информации за жртвиВоен хеликоптер С-70 се урна и се запали во турскиот град Малатја, објавија локалните медиуми.Според Ројтерс, откако се слушнал силен тресок во близина на контејнерската населба Саманкој, воениот хеликоптер се урнал и се запалил. На местото на настанот во источна Турција пристигнале пожарникари, медицински служби и екипи за пребарување и спасување, додека полицијата презела безбедносни мерки во поширокото подрачје. Сè уште нема прецизни информации за бројот на лица во воениот хеликоптер, ниту за нивната здравствена состојба.Тагови: турција хеликоптер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
СветДвајца загинати, меѓу кои и напаѓачот во пукотницата во близина на Белата куќа (ВИДЕО)Едно лице е убиено, а четворица други се повредени во пукотница на повеќе локации во населбата Логан Серкл во Вашингтон, на околу една милја од Белата куќа. Осомничениот напаѓач, исто така, почина откако се забарикадирал во стан на седмиот кат од зграда над теретаната Вида Фитнес, објави NBC Washington. Смртта на осомничениот беше потврдена за NBC News од два извори на федералните органи за спроведување на законот и еден полициски службеник. Вршителот на должноста шеф на полицијата Џефри В. Керол претходно на прес-конференција изјави дека стрелецот бил пронајден со прострелна рана во станот каде што се забарикадирал. Според него, стрелецот се чини дека се застрелал во себе. Полицијата влегла во станот откако слушнала истрел Полициските преговарачи претходно стапиле во контакт со осомничениот. Откако слушнале истрел од станот, полицајците ја отвориле вратата насилно и влегле, каде што го пронашле ранет. BREAKING: Washington DC shooting suspect has died, Sky's US news partner NBC News reports The news breaks as former SWAT Operator and detective joins @JayneSeckerSky on air. https://t.co/mU12og4Vv2 https://t.co/8k63jtnRtc — Sky News (@SkyNews) November 12, 2026 Полицијата, исто така, потврди нови информации за жртвите од пукотницата. Вкупно пет лица биле застрелани, од кои едно починало на местото на настанот. Останатите четири се однесени во болница. Едно лице е во критична состојба, додека другите тројца имаат повреди кои не се опасни по живот. Пукањето се случило на раскрсницата на 15-та улица и улицата П во северозападен Вашингтон. Сè уште не е јасно дали жртвите биле застрелани внатре или надвор од зградата. Идентитетот на стрелецот не е објавен. Сведок: „Слушнавме многу гласни истрели“ Оскар Васкез, менаџер на блискиот центар „Повикај ја мајка ти“, рече дека првпат го слушнал противпожарниот аларм во зградата. Минута до два откако сите го напуштиле местото, ги слушнале истрелите. „Слушнавме многу гласни, силни истрели. Не звучеа како истрели“, рече Васкез. „Видовме луѓе како трчаат кон нас. Целиот тим се врати внатре и се обиде да извлече што е можно повеќе луѓе од улицата. После тоа, ги заклучивме сите врати. Полицајците ни рекоа да не пуштаме никого внатре и се држевме подалеку од прозорците“, рече тој. Вида Фитнес се наоѓа на источната страна од 15-та улица, додека „Повикај ја мајка ти“ се наоѓа на северната страна од улицата П, веднаш зад аголот, во истиот блок. DC SHOOTING SUSPECT SHOOTS HIMSELF A gunman wanted over a shooting in Washington DC turned his weapon on himself after a standoff with police. Officers found the suspect with a self-inflicted gunshot wound once negotiations that stretched beyond an hour had come to an end. #WashingtonDC #DCShooting #BreakingNews #PoliceStandoff #USNews #Shooting https://t.co/zSEKZmg8Zh — Diganta Guha (@diganta_guha) November 12, 2026 Полицијата ги блокираше околните улици Полициската управа на Вашингтон претходно издаде итно предупредување до жителите да ја избегнуваат областа околу 15-та улица и улицата П. Спроведувањето на законот ги блокираше околните улици, а издадена е наредба за засолнување на местото за блокот 1500 на 15-та улица. Полицајци во тактичка опрема и бројни служби за итни случаи пристигнаа на местото на настанот. Агенти од федералното биро за алкохол, тутун, огнено оружје и експлозиви (ATF) исто така беа вклучени во операцијата, помагајќи ѝ на локалната полиција. 13 училишта во готовност 13 училишта во близина на местото на пукањето беа ставени во готовност, потврди портпаролот на јавните училишта во Вашингтон (DCPS). Ова значеше дека никој не можеше да влезе или да излезе од училишните згради, додека часовите и другите активности во училиштата се одвиваа нормално. Рајан Дубики, жител на блиската зграда, рече дека околу 8 часот наутро по локално време, слушнал приближно пет гласни тресоци од неговиот стан. „Беа доста распоредени, па помислив дека станува збор за градежни работи“, рече тој. Набргу потоа, како што раскажа тој, „полицијата беше насекаде“. Управата на неговата зграда потоа испрати предупредување до станарите за можен активен напаѓач.Тагови: Белата куќа напаѓачот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
АвтомобилизамСубару со нов пристап кон европскиот пазар: Од 2028. остануваат само електричните автомобили Субару се збогува со боксер автомобилите во Европа. Од 2028 година ќе продаваат само електрични автомобили. Субару ќе ги повлече сите модели со мотори со внатрешно согорување од европската гама до крајот на 2027 година. Брендот, кој со децении се карактеризираше со боксер мотори и погон на сите тркала, треба да им понуди на европските клиенти исклучиво електрични автомобили од 2028 година. Одлуката ја потврди германското претставништво на Субару за списанието Auto Motor und Sport. Промената ги вклучува и бензинските и хибридните модели, па така Outback, Impreza, Crosstrek и Forester во нивните сегашни верзии постепено ќе исчезнат од понудата. Нивното место ќе го заземат електричните модели развиени во соработка со Тојота. Прв што ќе си замине е бензинскиот Outback Повлекувањето започнува со Outback, чија сегашна верзија со 2,5-литарски атмосферски боксер мотор од 169 КС треба да ја напушти европската понуда подоцна оваа година. Во 2027 година, Impreza, Crosstrek и Forester ќе следат со дволитарски e-Boxer хибриден погон со 136 КС. Ова ќе го остави Subaru во Европа без дизајнот на моторот што стана еден од неговите заштитени знаци. Сепак, ова не е глобално збогување со boxer: брендот продолжува да развива вакви погони за други пазари, меѓу другите во комбинација со целосен хибриден систем. Европските регулативи ги зголемуваат трошоците Како причини за промената, Subaru ги наведува европските ограничувања за просечните емисии на CO₂ и барањата за безбедносни системи и системи за помош на возачот. Прилагодувањето кон тие правила ја отежнува хомологацијата и продажбата за помалите марки на автомобили. За Subaru, кој продава релативно малку автомобили во Европа, инвестирањето во адаптирање на постојните бензински модели станува сè потешко да се оправда. Затоа тие ќе се фокусираат на електричната понуда. Три електрични модели ја преземаат понудата Според сегашниот план, европската понуда од 2028 година ќе се состои од Solterra, Uncharted и E-Outback. Сите три модели се технички поврзани со автомобилите на Тојота: Solterra со bZ4X, Uncharted со C-HR+ и E-Outback со bZ4X Touring. Subaru официјално го најави електричното трио во јули 2025 година, тогаш како проширување на гамата на постојните модели со боксер мотори. Особено го истакна подобрениот погон на сите четири тркала, подолгиот досег и побрзото полнење. Интересно е што името Outback ќе остане во Европа дури и откако бензинскиот модел ќе исчезне.Тагови: Субару Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook