Движењата за традиционалните родови улоги сѐ попопуларни меѓу младите во Европа - Канал 5

Движењата за традиционалните родови улоги сѐ попопуларни меѓу младите во Европа

Движењата што промовираат враќање на традиционалните родови улоги кај младите луѓе во Европа доживуваат остар пораст, пренесуваат дел од светските медиуми.

Движењата за традиционалните родови улоги сѐ попопуларни меѓу младите во Европа

Тие движења ги вклучуваат и модерните ознаки „Традвајфс“ ('tradwives' / 'традиционални сопруги') и „мажосфера“ ('manosphere' - заедница на мажи кои ја слават и поттикнуваат „алфа-машкоста“), според списанието „Парламент“ (The Parliament). Од друга страна, пак, истражување на платформата за медиумска аналитика „Мелтвотер“ (Meltwater), посочува дека меѓу јануари и април оваа година, ознаките како #Tradwife, #FeminineNotFeminist ('женствени а не феминистки') или #BiblicalWomanhood ('библиска женственост') - бележат најголем раст во Холандија, Полска, Финска и Шведска. Истражувачите го наведуваат примерот на данско-руската инфлуенсерка Екатерина Андерсен, која го опишува својот живот како „живо православие“ објавувајќи на „Инстаграм“ слики од, според неа - совршеното домаќинство, со примери од рачно везени престилки, па сѐ до совршено стилизирани фризури од 1950-тите.

„Традиционалната женственост не значи откажување од образованието, интересните професии или радоста и уживањето вон домот. Станува збор за тоа да се биде различен од мажите и таа разлика да биде нормална, добра и свесно прифатена“, пишува Андерсен во една објава.

Во истовреме, „Гугл трендс“ (Google Trends) покажува дека Белгија, Германија, Норвешка, САД и Австрија се земјите со најголем број пребарувања на поимот за „Традвајвс“ изминативе 12 месеци.

Од друга страна, „Мажосферата“ ги привлекува младите мажи „со ветувања за индивидуален излез од економската несигурност и враќање на статусот и престижот“, се наведува.

- Тие им велат: „Во ваша моќ е да излезете од оваа состојба“. Тоа често е поубедливо од традиционалниот повик на левичарското крило за организирање и долгорочна борба, објаснува Хавиер Карбонел Кастањер од Европскиот центар за политики, забележувајќи дека публиката на содржината на „мажосферата“ честопати се преклопува со гласачите на крајната десница.

Сесил Симонс од Институтот за стратешки дијалог, со седиште во Лондон вели дека обете движења го искористуваат разочарувањето на младите генерации од либералниот феминизам.

- Дури и ако сте релативно привилегирана млада жена во Европа денес, Вие гледате дека феминизмот не дава резултати за мнозинството - не сте добиле унапредување со години, инфлацијата расте, а Вие сте исцрпени, вели Симонс.

Иако овие трендови не се секогаш претерано политички насочени, се вели, вредностите што ги промовираат, со нагласката на мајчинството, биолошките разлики и правото на жените да останат дома, јасно се совпаѓаат со приоритетите на крајната десница, особено во контекст на пронаталистичките политики и стремежите за жените да преземат повеќе неплатена работа во ова време на демографски пад, се вели во анализата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот

Шкотските навивачи  ги освоија улиците на Скопје. Не очекува ли жешка атмосфера вечерва на арената Тодор Проески, на дуелот мегу Макеоднија и Шкотска.

Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот

Каква беше денеска атмосферата во Скопје, каде видливо беше присуството на таканаречената Тартан арми. Какви се очекувањата на шкмотските навивачи?

Скопје вечерва носи возбудлива атмосфера и поради уште еден настан традиционалната Бела ноќ. Што всушност носи нејзината програма, која најавено е дека ке трае до 3 часот по полноќ?

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Центарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритам

Скопје денеска живее во фудбалски ритам. 

Центарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритам

Неколку часа пред дуелот Македонија – Шкотска, центарот на градот е исполнет со навивачи од двете репрезентации, со песна, добро расположение и позитивна атмосфера пред вечерашната пресметка.

Највпечатливи, како и секогаш, се гостите. Шкотите во препознатлив стил – со килтови, знамиња и песна – уште од претпладне ја загреваа атмосферата низ скопските улици.

Добро расположение и кај македонските навивачи. Со надеж дека домашниот терен ќе донесе пресврт, тие очекуваат Македонија да ја прекине лошата серија и да стигне до првиот позитивен резултат.

За македонската репрезентација ова е можност пред домашната публика да го поправи впечатокот по поразите од Швајцарија и Словенија.

Вечерва од 20 часот и 45 минути, атмосферата од скопските улици ќе се пресели на трибините на Националната арена „Тодор Проески“. Таму прогнозите ќе завршат, а ќе почне борбата за првата победа во групата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријава

На 02.10.2026 во 18:00 часот во Велес, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го лишија од слобода Н.М.(42) од Велес. 

Лишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријава

Имено, тој бил забележан како на неколку места остава пакувања со бела грутчеста материја и при преглед на местата во негово присуство, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, кафена грутчеста материја и дигитална вага, а при преглед кај Н.М. биле пронајдени и одземени пари.

Исто така, по издадена судска наредба од Основен суд Велес, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Н.М., каде биле пронајдени и одземени пари. Тој бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер