Двете нови државни награди „Блаже Конески“ и „Ремзи Несими“ на разгледување во Собранието - Канал 5

Двете нови државни награди „Блаже Конески“ и „Ремзи Несими“ на разгледување во Собранието

Собраниската Kомисија за политички систем и односи меѓу заедниците денеска го разгледа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди и едногласно одлучи дека е прифатлив и треба да се даде на понатамошно читање.

Двете нови државни награди „Блаже Конески“ и „Ремзи Несими“ на разгледување во Собранието

Со донесувањето на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди, се предвидува востановување на две нови државни награди, „Блаже Конески“ и „Ремзи Несими“, информираат од Министерството за култура.

- Пред членовите на собраниската Комисија, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска нагласи дека со овој Предлог-закон ќе се овозможи во Република Македонија да се оддава општествено признание на поединци, групи лица, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани, кои со својата активност дале придонес кон промоцијата, заштитата и унапредувањето на македонскиот јазик, односно да се оддава општествено признание на поединци, групи лица, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани кои со својата активност дале придонес кон промоцијата, заштитата и унапредувањето на албанскиот јазик и албанологијата. Со донесувањето на Предлог-законот ќе се утврди денот кога ќе се доделува државната награда „Блаже Конески“, односно се предлага тоа да биде 19 декември - денот на раѓањето на Блаже Конески, како и денот кога ќе се доделува државната награда „Ремзи Несими“ - 25 декември, денот на раѓањето на Ремзи Несими, појаснуваат од Министерството.

Во согласност со предлогот, додаваат оттаму, „стручните, финансиските и административните работи во врска со доделувањето на наградите „Блаже Конески“ и „Ремзи Несими“ се предлага да ги врши Министерството за образование и наука. Со овој предлог се утврдува дека во текот на една година да може да се доделат најмногу две награди „Блаже Конески“ и најмногу две награди „Ремзи Несими““.

Паричниот износ на наградите се предлага да изнесува пет просечни плати исплатени во Република Македонија во последните три месеци во тековната година.

- Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за државните награди е подготвен по доставени иницијатива од Советот за македонски јазик, со која се предлага да се востанови нова државна награда за оддавање признание за високи стручни и научни достигнувања во областа на македонскиот јазик и иницијатива од Институтот за духовно и културно наследство на Албанците, со која се предлага да се востанови уште една нова државна награда за оддавање признание за високи стручни и научни достигнувања од областа на албанскиот јазик и албанологијата во земјава, истакнуваат од Министерството.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

УХМР: Следува период со променливо време, на планините се очекува и снег

Завршија топлите и сончеви денови..

УХМР: Следува период со променливо време, на планините се очекува и снег

Дождливото и ветровито време ќе продолжи и во следните денови, а според прогнозата од синоптичарите, наскоро на повисоките планини ќе падне и снег.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонија го одбележува 11 Октомври

Македонија денеска го слави 11 Октомври е денот кога во 1941 година со нападите во Прилеп и Куманово започна организиранот антифашистичко востание за слобода и сопствена држава.

Македонија го одбележува 11 Октомври

Овој голем празник останува морален компас кој потврдува дека македонскиот народ секогаш ја избрал вистинската страна на историјата.

Борбата од 1941 година ги постави темелите на АСНОМ и на современата независна Македонија. Со низа свечености денека се одбележува празникот. Централниот настан е во Куманово... Таму е Михаило Донев, го имаме во живо.. Михаило како помина настанот?

Во видеото погледнете го целиот извештај.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Безбеден град“ се шири во југозападниот регион

Камерите од системот на МВР „Безбеден град“ од утре ќе бидат вклучени и на подрачјето во Охрид, Струга, Кичево и Дебар.

 „Безбеден град“ се шири во југозападниот регион

МВР информира дека по извршените технички проверки и финалните тестирања, камерите на системот ќе бидат ставени во функција.

Оттаму апелираат до сите возачи доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и со одговорно однесување да придонесат за поголема безбедност во сообраќајот.

-По извшените технички проверки и финалните тестирања камерите на системот ќе бидат ставени во функција во подрачјето на СВР Охрид. Со активирањето на системот ќе се овозможи засилена и континуирана сообраќајна контрола навремено откривање на сообраќајните прекршоци, зголемување на сообраќајната дисциплина и унапредување на безбедноста на патиштата. изјави – Гоце Андреевски –портпарол на МВР.

Системот „Безбеден град“ во државата е во функција од 1 февруари годинава а од неодамна ја стави во функција веб апликацијата Безбеден град наменета за странските државјани каде според МВР заклучно со 05.10.2026 регистрирани се вкупно 53.437 прекршоци од странци.

-23.202 прекршоци биле евидентирани во периодот од 19 до 31 август, во септември нивниот број се искачил на 27.723, додека во првите пет дена од октомври биле регистрирани уште 2.512 прекршоци. МВР.

Во меѓувреме, додека МВР најавува проширување на системот „Безбеден град“, кој веќе регистрира и мотоциклисти што ја надминуваат дозволената брзина, на социјалната мрежа ТикТок се појави видео на кое се гледа како мотоциклист со голема брзина се движи по булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, претекнува возила непосредно пред пешачки премин и вози на едно тркало.

Снимката е направена во близина на Универзалната сала, на истата локација каде што во јануари 2025 година животот го загуби 22-годишната Фросина Кулакова.

Од МВР побаравме информации дали мотоциклистот од видеото е идентификуван и дали се преземени мерки против него, но до овој момент од Министерството не добивме одговор.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер