3ТИРЗ: ВДЛ Бус Македонија ќе започне со трета фаза на инвестицијата - производство на нов модел на автобус
МакедонијаДвемесечно бебе почина во болницата во КавадарциДоенче од два месеца почина во болницата во Кавадарци, откако два дена минало во болничка соба со мајка си која го донела на лекар поради обилно повраќање. Синоќа околу 21 часот мајката испаничена ги повикала дежурните лекари бидејќи детето престанало да дише, но обидите да се спаси новороденчето не вродиле со плод велат за Канал 5 од кавадаречката болница. Информацијата ја потврдија и од полицијата, од каде што велат дека со обдукција допрва ќе се утврдува од што починало бебето. Од болницата во Кавадарци изразувајќи сочувство, објаснуваат дека иако првично бебето било примено на Одделот за педијатрија поради обилно повраќање по хранење, за време на престојот во болница не повраќало, а сите направени испитувања биле уредни и не отстапувале од нормалата. -Доенчето со иницијали У.М. на возраст од два месеца во текот на деновите кога беше на нашиот оддел е со уредни параметри и уредни лабораториски анализи без повраќање. Вчера, по итен повик од мајката поради тоа што бебето престанало да дише, веднаш бил повикан дежурен педијатар, а во истиот момент и анестезиолог. Започната е реанимација со соодветна терапија која траела околу 35 минути, но за жал, без успех,- - Д-р Гордана Ѓорчева Камчева – Директорка на ЈЗУ ,,Општа Болница со проширена дејност'' Кавадарци. Од кавадаречката болница велат дека надлежните земале изјави и од родителите и од дежурниот медицински персонал, по што телото на доенчето е предадено на обдукција за да се утврди точната причина за смртта. Лекарите изјави ќе треба да даваат и пред инспекторите од Државниот санитарен и здравствен инспекторат кои со вонредниот надзор ќе ја проверуваат и медицинската документација со цел да утврдат дали има пропусти во медицинскиот дел од нивна надлежност, потврдуваат оттаму за Канал 5. Колку време ќе трае обдукцијата не се знае, велат од Обвинителството за Канал 5, бидејќи се уште нема финален извештај од судска медицина за последниот случај со починато тригодишно дете од Кавадарци што се случи пред околу шест месеци, кога малиот Блаже почина во автомобил на раце на мајка си на пат кон Детската клиника во Скопје. Тагови: Болница - Кавадарци мртво бебе Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОслободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36Собранието ги избра новите 8 министри23:39Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55Собраниска седница за реконструкција на Владата, ќе се сменат 8 министри18:18
Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00
Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36
Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55
СветКина е длабоко загриженаКина е длабоко загрижена поради обновената ескалација на воените конфликти во регионот на Персискиот Залив, изјави денес портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лин Џијан.Тој, исто така, ги повика сите релевантни страни да покажат воздржаност и „да го одржат тешко постигнатиот прекин на огнот“, објави Синхуа. Одговарајќи на поврзано прашање за време на редовната прес-конференција, Лин ги повика сите вклучени страни да избегнат враќање на војната. Тој особено нагласи дека спречувањето на понатамошна ескалација на борбите е клучно за заштита на животите на невините луѓе. „Почитувањето на легитимните права и интереси на крајбрежните земји на Ормутскиот теснец и брзото враќање на нормалниот и безбеден премин низ теснецот е она што меѓународната заедница сака да го види“, рече Лин, додавајќи дека релевантните страни мора да работат во иста насока и да бараат соодветно решение, соопшти агенцијата. Централната команда на САД (CENTCOM) објави претходно денес дека го завршила најновиот бран напади врз воени цели во Иран. САД започнаа неколку бранови напади врз Иран од 7 јули. CENTCOM соопшти дека нападите биле одговор на иранските напади врз комерцијалниот брод во Ормутскиот теснец. Техеран одговори со напади врз американските бази во Кувајт, Бахреин и Јордан.Тагови: Кина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОслободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36Собранието ги избра новите 8 министри23:39Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55Собраниска седница за реконструкција на Владата, ќе се сменат 8 министри18:18
Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00
Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36
Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55
МакедонијаЃорѓиевски: Конечно решение за булевар „Борис Трајковски“Фејсбук објава на градоначалникот на Град Скоје, Орце Ѓорѓиевски.„30 години голгота - конечно решение за булевар „Борис Трајковски“ Зборот е збор. Со силна динамика продолжуваат работите на довршување на булеварот „Борис Трајковски“, проект што со децении беше симбол на лажни ветувања, застој и секојдневен сообраќаен хаос. Денес, со задоволство можам да кажам дека работите напредуваат според предвидената динамика и дека наскоро повеќе од 100.000 жители ќе добијат нов, модерен и безбеден булевар со четири сообраќајни ленти, како и уредена пешачка и велосипедска патека. Трасата е речиси целосно пробиена, а паралелно се гради и нова атмосферска канализација, со што трајно се решаваат проблемите што со години го отежнуваа животот на граѓаните од овој дел на Скопје. Свесен сум низ што поминуваше мојот народ сите овие години. Свесен сум за изгубеното време, нервозите и долгото чекање. Но, деценискиот сообраќаен хаос конечно заминува во историјата. Ова е враќање на достоинството на граѓаните и доказ дека кога има волја, работа и одговорност - нема невозможни работи! Продолжуваме да го менуваме ликот на Скопје!“- напиша Ѓорѓиевски. Тагови: Орце Ѓорѓиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаТИРЗ: ВДЛ Бус Македонија ќе започне со трета фаза на инвестицијата - производство на нов модел на автобусДиректорот на ТИРЗ Гоце Димовски денес имаше средба со Аврам Стојчевски, генерален директор на компанијата ВДЛ Бус Македонија. На средбата се разговараше за тековните активности на компанијата, реализирањето на третата фаза од инвестицијата која ќе изнесува повеќе од 5 милиони евра, со нови 150 висококвалификувани работни места во рамките на ТИРЗ Скопје 2. Димовски нагласи дека Дирекцијата за ТИРЗ останува посветен партнер на компаниите кои веќе инвестираат во земјата, преку навремена институционална поддршка и активно следење на нивните потреби. Тој истакна дека токму постојните инвеститори претставуваат најсилен показател за квалитетот на деловното окружување, а нивното проширување е важен сигнал за довербата во домашната економија. На средбата беше разгледан планот за реализација на третата фаза од инвестицијата, која предвидува производство на нов модел на автобус. Дополнително, беше потврдена заложбата за продолжување на конструктивна соработка, со цел создавање услови за успешна реализација на овој инвестициски циклус, натамошен развој и зајакнување на конкурентноста на домашната економија. Инаку, компанијата во април годинава од ВДЛ Ван Хоол Македонија се преименува во ВДЛ Бус Македонија, со што истата започна нова развојна фаза во своето работење. Промената е дел од поширокиот процес на трансформација и развој на компанијата, со фокус на понатамошно унапредување на производствените активности и зајакнување на нејзината позиција во автомобилската индустрија.Тагови: ТИРЗ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОслободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36Собранието ги избра новите 8 министри23:39Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55Собраниска седница за реконструкција на Владата, ќе се сменат 8 министри18:18
Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00
Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36
Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55