Двегодишно девојче почина на стоматолошки стол, обдукцијата покажа шокантни детали - Канал 5

Двегодишно девојче почина на стоматолошки стол, обдукцијата покажа шокантни детали

Невидена трагедија се случи во четвртокот вечерта во Букурешт, кога двегодишно девојче починало за време на посета на стоматолог.

Двегодишно девојче почина на стоматолошки стол, обдукцијата покажа шокантни детали

На девојчето му била дадена интравенска седација за навидум едноставна процедура. Таа била реанимирана два часа, но без резултати. Родителите ги обвинија лекарите дека одлучиле да ја извршат медицинската процедура, иако девојчето претходно било тестирано, а резултатите покажале проблеми со црниот дроб.

По нејзината смрт, телото на девојчето било префрлено во Институтот за судска медицина, а судските експерти извршија обдукција утрово. По завршувањето на процедурата, тие открија дека девојчето страдало од „сложена хронична претходно постоечка патологија“, пренесе Телеграф.

Претставници на Обвинителството при Трибуналот во Букурешт издадоа соопштение во кое ги забележале изјавите на судските експерти.

„На 13 ноември 2025 година, службениците од Генералната полициска управа во Букурешт беа известени дека двегодишно малолетно девојче, кое било во приватна стоматолошка ординација за медицинска процедура што вклучувала давање анестезија, доживеало кардиореспираторен застој за време на интервенцијата“, се вели во соопштението.

Што велат нејзините родители

Таткото на девојчето рече дека неговата сопруга го информирала стоматологот дека некои од резултатите од тестовите на нивната ќерка покажуваат резултати надвор од референтниот опсег, но дека сепак им било кажано дека постапката може да се изврши. Тој објасни дека на неговата ќерка ѝ биле закажани два третмани за забен канал, за што мајката дала писмена согласност.

„Таа му испратила порака на стоматологот на WhatsApp и прашала дали би било подобро да се откаже интервенцијата, но докторот рекол дека не е потребно и дека сè е во ред. Потоа сопругата го потпишала формуларот за согласност“, рече неутешниот татко.

Тој објасни дека претходно направиле тестови на девојчето, кои неговата сопруга ги испратила кај стоматологот, а кои покажале дека „некои вредности на црниот дроб биле шест пати повисоки од дозволените“.

„Тој ѝ кажал дека разговарал со анестезиологот и дека одговорил дека е во ред, дека може да дојде, дека тоа нема да влијае на тие повисоки вредности на никаков начин. 20 минути откако ја успале, нејзината ќерка доживеала кардио-респираторен застој, а тој нè информираше дури по еден час, а и брзата помош дојде по час и половина“, рече таткото.

Тој истакна дека не им било дозволено да влезат во ординацијата со нивната ќерка.

„Ја убија“, ги обвини таткото стоматолозите, прецизирајќи дека, освен тековните тестови, девојчето немало други здравствени проблеми.

Министерот за здравство Александру Рогобете предупреди дека секоја хируршка интервенција и секоја општа анестезија може да имаат „одредени несакани ефекти во одредени околности“. Рогобете рече дека не добил никакви поплаки за приватната клиника.

Истрагата е во тек.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Започна изградбата на подземната катна гаража и плоштад во Велес

Изјава за медиуми на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски од Општина Велес.

Мицкоски: Започна изградбата на подземната катна гаража и плоштад во Велес

„Добар ден и од мене, би сакал исто така да се придружам на ова што го кажа градоначалникот.

Со Марко за овој проект разговаравме се сеќавам уште кога беше во првиот мандат кандидат за градоначалник на општина Велес.

Еве денеска можеме и двајцата заедно со велешани да посведочиме дека голема работа е завршена, од ова што можеме да го видиме подготовката е направена. Моето искуство вели кога подготовката е добро направена, тоа значи 90% завршена работа.

Јас сум сигурен дека ако се оди според планот, а не гледам причина зашто така да не биде, дека таму некаде во првата половина на следната година, при крајот на првата половина ќе можеме да го пуштиме овој прекрасен објект во употреба, во функција да може да го користат велешани се разбира и да уживаат во новиот плоштад.

Ние како Влада ќе продолжиме да поддржуваме проекти низ општините се разбира, очекуваме првиот и вториот повик конечно оваа година еве да речеме делумно и почетокот на следната година да биде завршен.

Преку ЗЕЛС општините имаат инструкција да подготвуваат проекти за следната година.

Цениме дека овие проекти донесат резултат, тоа впрочем се гледа и во економската активност на македонските компании.

И цениме дека тоа беше правилна одлука кога бевме избрани како Влада и веднаш започнавме со реализација на овој проект.

На крај да му честитам на градоначалникот за посветената, инспиративна работа којашто ја прави во општина Велес, да се заблагодарам на советниците во општина Велес коишто ја поддржуваат работата на градоначалникот, на администрацијата се разбира без кои ова ништо не може да се случи, тие се најважниот дел во подготовката на документацијата за ваков тип на проекти, на колегите во Владата, се разбира, на пратениците во парламентот од Велес коишто се борат за проект повеќе да добие Велес и се разбира да се заблагодарам на велешани за трпението и се надевам дека многу наскоро ќе уживаме сите заедно во овој проект.“

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Борозан: За лотото на Мицкоски од 5,5 милиони евра за прославата мора да се отвори истрага по трагата на парите

Елитниот арамија Мицкоски ги излажа граѓаните дека прославата на независноста ќе чини „нула денари“.

Борозан: За лотото на Мицкоски од 5,5 милиони евра за прославата мора да се отвори истрага по трагата на парите

Сега сите знаат дека се потрошени 5,5 милиони евра. Толку е лотото за Мицкоски.

Околу 5 милиони евра од нераспределената добивка на Државната лотарија, а уште околу 40 милиони денари од приватни компании.

Влада сега ги крие документи, суми, договори, анекси, добавувачи...

Да било се чисто и законски немало да се крие.

Суштината е дека ова е обид да се прикрие трагите на парите.

5 милиони евра народни пари кога ќе се потрошат мора граѓаните да знаат секој денар, секое евро каде завршило.

Владата мора да ги објави договорите, анексите, фактурите, банкарските исплати, примателите, изведувачите, добавувачите и пресметаните даночни обврски.

Сомнежите за дилови се оправдани, поради начинот, одлуката, криењето информации и отворањето на јавниот повик, кој траел само пет работни дена и на кој пристигнала само една понуда.

Значи условите биле однапред приспособени за конкретен организатор бил договорен.

Колку точно чинел настапот на Дејвид Гета – неговиот хонорар, продукцискиот пакет, сцената, техниката, транспортот и меѓународниот тим.

И кога бил договорен и исплатен.

Затоа што јавниот повик завршува на 8 мај, а само три дена подоцна, власта веќе го најавува настапот на Гета.

Граѓаните треба да знае кои фирми, домашни и странски профитирале, колкав бил хонорарот на организаторот и колкава заработка оствариле „Стардаст“, односно Авалон.

А Авалон е со блокирана сметка.

Дали е колкав данок е платен?

Скриени остануваат и компаниите што обезбедиле околу 40 милиони денари. Не се познати нивните имиња, поединечните износи и основата врз која биле уплатени средствата.

Нема јасна евиденција ниту за приближно 1,75 милиони денари од продадените билети – кој ги наплатил, на која сметка завршиле и како биле даночно и сметководствено евидентирани.

СДСМ бара веднаш да бидат објавени сите договори, анекси, фактури, банкарски исплати и даночни пресметки, како и целосната листа на приматели, изведувачи, добавувачи и приватни финансиери.

Ако владата не ги објави веднаш, мора да се отвори истрага.

Мора да се утврди каде завршил секој денар, кој заработил на грбот на народот и кој ги злоупотребил народните пари.

Народот не е ниту „талог“, ниту „идиот“.

Не може постојано да го лажете и да правите некакви споредби.

Едноставно е. Прославата за членството во НАТО, во 15 градови, чинеше 240.000 евра и објавени се сите детали и докименти.

А сега една прослава, неколку изведувачи, 5,5 милиони евра и се крие од народот.

Доста лажете!

Ќе одговарате! Доаѓа времето на вистината и правдата.

YouTube video

Прес конфереција на СДСМ, Маја Борозан

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: Остатоците на СДС и ДУИ во правосудството повторно одработија во нивна корист, односно ги заштитија криминалците

Остатоците на СДС и ДУИ во правосудството повторно одработија во нивна корист, односно ги заштитија криминалците.

Манасиевски: Остатоците на СДС и ДУИ во правосудството повторно одработија во нивна корист, односно ги заштитија криминалците

Врховниот суд преводен од Африм Фидани, Џемаили Саити и Сафет Кадрии, ја укинаа пресудата за случајот Ласкарци во кој загинаа 16 граѓани и ги ослободи виновниците. Повторувам, Африм Фидани, Џемаили Саити и Сафет Кадрии ја укинале судската пресуда во која се ослободуваат виновниците за сообраќајната несреќа во Ласкарци.

Во исто време, Врховниот суд исто така на слобода го пушти и Стевчо Јакимовски, кој беше правосилно осуден за криминал.

Само во Македонското судство и обвинителство, може за случај во кој гинат 16 луѓе да нема ниту еден одговорен. Истото е случај и со модуларната болница каде загинаа 14 лица а нема ниту еден виновник според правосудните органи.

Дополнително, дали е точна информацијата дека овие судии се блиски до структурите на ДУИ?

Почитувани,

Одлуките на Врховниот суд предводено од Африм Фидани, Џемаили Саити и Сафет Кадрии, доби уште една потврда зошто довербата на граѓаните во правосудството е на дното.

Политичките инсталации на СДС и ДУИ градени со години не исчезнуваат преку ноќ. Тие и понатаму се обидуваат да ги користат последните бастиони во институциите за да го заштитат системот што самите го создадоа.

На Македонија не и треба судство и обвинителство кое ќе биде бастион на СДС и ДУИ. И треба судство и обвинителство кое ќе биде бастион на правдата.

Нема да молчиме и нема да се откажеме. Правда и одговорност мора да има.

YouTube video

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер