ВМРО-ДПМНЕ: СДС молчеше за милионите од прославата на НАТО фестот, името и ОБСЕ самитот кои завршија во Дубаи и на луксузни јахти
2ВМРО-ДПМНЕ: СДС молчеше за милионите од прославата на НАТО фестот, името и ОБСЕ самитот кои завршија во Дубаи и на луксузни јахти
3Николоски: Изградбата на когенеративната централа во Чаир ќе донесе поевтино парно и намалување на загадувањето во Скопје
Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
ЖивотДвегодишно девојче има ретка болест, најлошо е на рацете (ВИДЕО)Приказната за малата Кори Рубен ги обиколи светските медиуми, а ова девојче дојде во центарот на интересот поради необичното нарушување со кое се родило.Имено, Кори боледува од лимфедем - неправилно функционирање на лимфниот систем, а понатаму оваа болест доведува до неверојатен оток и акумулација на течност во нозете, стомакот, стапалата и рацете. Поради тоа, двегодишното девојче Кора Рубен има екстремно отечени, речиси џиновски раце, и покрај бројните третмани и масажи, нејзините раце не престануваат да растат. Но, германски експерт им открија на нејзините очајни родители дека 80 проценти од отокот е всушност маснотија, а само 20 проценти е лимфна течност. Во договор со Кејси и Брет, мајката и таткото на слатката Кори, лекарите се согласиле дека ќе подлежи на липосукција, и оваа постапка ќе и` овозможи на девојчето конечно да ги држи работите во раце и да носи нормална облека. Лекарите исто така веруваат дека таа ќе може да води нормален живот. "Нејзините раце се најголемото нешто што луѓето го гледаат. Но, она што луѓето не го знаат е дека има отоци по целото тело. Во стомакот, во двете нозе, на гениталиите и како што старее, отоците стануваат полоши и полоши. ", објаснува Брет Рубен за состојбата на неговата ќерка и додаде дека неговата сопруга имала нормална бременост, и дека лекарите по раѓањето им рекле дека отокот на телото на бебето на крајот ќе се намали. "Првите неколку недели верувавме дека отокот ќе се намали, така ни рекоа. Но, тоа не се случи, затоа посетивме педијатар и беше дијагностициран лимфедем", се сеќаваат родителите, посочувајќи дека д -р Емили Фолди од Германија помогнала најмногу, всушност, открила дека тоа не е само лимфна течност, туку и масно ткиво. „Не е таа виновна што се родила со оваа состојба и ќе направам се што можам за да и помогнам да живее квалитетен и среќен живот“, рекла мајката за Daily Mail, додавајќи дека состојбата на Корина е далеку подобра од порано. "Нејзината способност да ги зема и држи работите е многу подобра отколку порано. Рацете сега и` се меки и може да ги провлече низ ракавите на фустанот што сака да го носи". Лимфедемот е тешка хронична и прогресивна болест која главно се јавува како оток на екстремитетите. Тоа е болест на лимфната циркулација, а ризичната група ги вклучува сите оние чии лимфни јазли се отстранети поради некоја причина или чиј лимфен систем е оштетен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПретрес во Битола, пронајдено оружје, лишено едно лицеНа 11.09.2026 во 17:30 часот, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Р.Д. (67) од Битола.При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Битола, биле пронајдени и одземени три пушки и три пиштоли. По целосно документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.Тагови: оружје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед10:45Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00Неколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)10:14Газдата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11
Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС молчеше за милионите од прославата на НАТО фестот, името и ОБСЕ самитот кои завршија во Дубаи и на луксузни јахтиРазликата е евидентна денес имаме целосна транспарентност и отчетност.За разлика од СДС и нивниот начин на владеење Владата на ВМРО-ДПМНЕ е целосно транспарентна. Разликата е евидентна. СДС молчеше за тоа каде завршиле парите од организација на НАТО фестот, прославата за промена на името и ОБСЕ самитот а народот тоа многу јасно може да го види во луксузните јахти на Заев и Филипче, висококатниците во Дубаи и скапите турбо Фолк забави со Харис. За разлика од нив, парите од прославата за независноста се транспарентно објавени и доколку од СДС сеуште имаат неразјаснати прашања одговорот може да го пронајдат во едночасовната прес-конференција на Владата. СДС се против се што е добро за граѓаните и државата. СДС е против прослава за независност, против напредок и развој. СДС е најголемата антимакедонска партија и токму затоа се на дното а рејтингот секојдневно им се топи. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНиколоски: Изградбата на когенеративната централа во Чаир ќе донесе поевтино парно и намалување на загадувањето во СкопјеВладата е рамноправен партнер на домашните компании кои инвестираат во зелена транзиција на државата и придонесуваат кон енергетската независност.Ова го истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски на отворањето на новите капацитети за производство на електрична и топлинска енергија на компанијата Теса Енерџи во Скопје. Ова е многу значајно затоа што домашни компании покажуваат дека можат да бидат во чекор со најголемите светски трендови. Би сакал да му честитам на инвеститорот Ајри Шеј кој навистина направи еден храбар чекор да покаже како може да се инвестира со домашен капитал. Се надевам дека нема да застане тука и дека ќе има и нови инвестиции и дека ќе гледаме и нови постројки, а ние како Министерство за транспорт ќе продолжиме да ги поддржуваме овие инвестиции и во најбрз можен период да ги завршуваме сите административни процедури, како и можност да имаме уште повеќе вакви инвестиции, затоа што зелената транзиција е она што ѝ е потребно на државата. Секако, оваа инвестиција ќе придонесе и да се намали загадувањето во рамки на градот Скопје, што паралелно со останатите проекти коишто ги правиме за градот Скопје — како што е воведувањето на градски воз, како што е набавката на нови електрични автобуси — секако дека многу ќе придонесе во намалувањето на загадувањето” – истакна Николоски. Тој додаде дека оваа е една од многу инвестиции кои се промовирани овие денови и кои придонесуваат за економски развој на државата. “Имаме след од неколку дена на инвестиции коишто се инвестиции на 21-от век — дали се работи за ветерен парк, дали се работи за практично нов аеродром или се работи за оваа когенеративна централа. И додека едни се против дата-центри и да останеме или да се вратиме во 19-тиот век, ние храбро грабиме во 21-от век, и Владата предводена од премиерот Мицкоски има јасна визија каде треба да движи државата, а тоа е во насоката којашто ја гледаме и денес”- додаде заменик претседателот на Владата, Николоски. Министерство за транспортТагови: Александар Николоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter