Две жени се осудени за клевета поради што тврделе дека Брижит Макрон е трансродова жена - Канал 5

Две жени се осудени за клевета поради што тврделе дека Брижит Макрон е трансродова жена

Судот во Париз две жени прогласи за виновни за клевета две жени кои интернет го споделувале тврдењето дека сопругата на францускиот претседател Брижит Макрон е трансродова жена.

Две жени се осудени за клевета поради што тврделе дека Брижит Макрон е трансродова жена

Двете жени се осудени на парична казна од по 500 евра, чие плаќање е условно. Исто така, им беше наложено да и платат отштета од вкупно 8.000 евра на Брижит Макрон и 5.000 евра на нејзиниот брат Жан-Мишел Троњо, кои беа тужители во судскиот процес, кој почна во јуни минатата година.

Ова не е победа, туку нормална примена на законот, изјави адвокатот на Брижит, Жан Еноки.

За време на судското рочиште во јуни, адвокатот ја истакна „огромната“ штета предизвикана од оваа кампања со дезинформации, што стана позната низ светот. Тој додаде дека судски постапки се водат и во Франција и во странство.

Случајот се заснова на лажни вести што се појавуваа на социјалните мрежи по изборот на Емануел Макрон за претседател во 2017 година, во која се тврдеше дека Брижит Макрон (роденото Троњо) никогаш не постоела и дека нејзиниот брат Жан-Мишел го презел тој идентитет, по го сменил полот.

Двете жени одиграа клучна улога во промовирањето на приказната во 2021 година споделувајќи на интернет „интервјуто“ на Наташа Реј објавено на „ЈуТјуб“ (YouTube).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се менува законот за трансплантација: Поголем број донори и побрзи процедури за спас на животи

Прв ќе дадам согласност за да бидам потенцијален донор на органи, посочи Министерот Алиу.

Се менува законот за трансплантација: Поголем број донори и побрзи процедури за спас на животи

Прв ќе дадам согласност за да бидам потенцијален донор на органи, а за околу една недела откако измените на законот се очекува да стапат на сила и системот на „мој термин“ биде променет, сите граѓани при следната посета кај матичниот лекар ќе мора да се изјаснат со „да“ или со „не“ на прашањето дали сакаат да бидат органодарители. Ова го посочи Министерот Азир Алиу потенцирајќи дека докторот нема да може да пристапи во „мој термин“ за да им издаде извештај или да ги упати на специјалист пациентите ако не се одговори на прашалникот. Понатаму, за олеснување на процедурите, во случај на клиничка смрт при отворање на комјутерот само со еден клик специјалистите и координаторите за трансплантација веднаш ќе знаат дали додека бил жив граѓанинот се изјаснил неговите органи да бидат донирани на друг човек.

Со следните чекори процесот ќе се дигитализира и за трансплантација на орган нема повеќе да има бирократски процедури и да се чека на потпис и печат од Министер, а трансплантацијата е само една од областите во здравството во која институциите отсега ќе можат да конкурираат за европски средства, откако Македонија се приклучи кон програмата EU4Health – „ЕУ за здравјето“, која располага со буџет од околу 4,4 милијарди евра.

Во однос на реконструкцијата на шест операциони сали на Клинички кои и по два ипол месеци откако се најави нивното отворање се уште не се во фукција, Алиу тврди дека нема пропусти при градењето туку во тек е верификација на салите кои ќе имаат гаранција долга 100 години и најави дека во нив пациенти ќе се оперираат од наредниот месец.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Која е причината за вчерашниот инцидент во скопската ЗОО?

Молк од Зоолошката градина и еден ден откако беше објавена скандалозната информација дека волци успеале да излезат од  живеалиштата и да тргнат во неколкучасовен крвав пир, усмртувајќи неколку кенгури и ему птици. 

Која е причината за вчерашниот инцидент во скопската ЗОО?

Директорката Катерина Костова не одговора ниту на телфонските повици, ниту на пораките, па останува нејасно што точно се случило.

- Само неколку часа биле доволни бегството на белите волци за заврши со неколку угинати животни овде во скопската зоолошка, по што се поставува прашањето колку се безбедни и самите посетители доколку диви животни можат лесно да избегаат од своите живеалишта.

Од здружението за заштита на животните Анима Мунди бараат темелна истрага за тоа како дошло до самата бетство, но и одговорност за усмртувањето на животните. Според здружението, безбедноста не смее да се темели на импровизација и среќа, туку на соодвена заштита и редовен надзор.

-Како можеме ние да гарантираме дека утре децата или граѓаните нема да бидат жртвти на побегнати волци? Како е можно воопшто да копаат дупки без тоа никој да го забележи од вработените? Како е можно објектот во кој се чуваат диви и потенцијално опасни животни да нема елементарен надзор и безбедносни протоколи? Јавноста бара одговори, чека одговори, а во меѓувреме животните платија со живот за овие пропусти во самата институција.- Столе Велковски - претседател на здружение за заштита на животни „Анима Мунди“

Според информациите Белите волци избегале од своето живеалиште, така што ископале дупка под оградата... Откако биле забележани, на вработените им биле потребни неколку часа да ги заловат и вратат волците назад..На видео објавено од Анима мунди се гледа самото живеалиште на на белите волци кое е импровизирано со мрежа, и од кое без поголеми пречки волците успеваат да копаат под оградата..

од Анима Мунди бараат зоолошката итно да биде затворена и да се направи инспекција на сите живеалишта и безбедносни системи, и истата да биде претворена во спасувачки и рехабилитирачки центар за животните, наместо како што велат, да се внесуваат нови животни на место кое не ги обезбедува законските и стручните стандарди за нивно чување и нега.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Владина реконструкција „на маса“: Мицкоски викендов на клучни средби за распределба на ресорите

Владината реконструкција влегува во завршна фаза.

Владина реконструкција „на маса“: Мицкоски викендов на клучни средби за распределба на ресорите

Владината реконструкција влегува во завршна фаза- викендов на поединечни средби со Вреди и со Знам премиерот Мицкоски ќе ја дефинира распределбата на владините ресори, а потоа на партиските тела ќе се стават и кадровските решенија за министерските позиции. Премиерот Мицкоски најави дека официјално ќе ги кажат деталите во вторник, по состанокот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, со што ќе се расчистат и дилемите дали ќе се менува една третина од составот за што Собранието би гласало министри поединечно, или ќе бидат назначени поголем број нови кадри, со што ќе се избира целосно нова влада.

Според неофицијалните информации,единствено министерство за кое имало негодувања е земјоделство, ресор кој премиерот го понудил на Димитриевски во замена за министереството за правда кое веќе е ветено на Вреди. Од Знам демантираат дека за ова прашање има и внатрепартиски кавги и тврдат дека се уште сите опции се во игра

Во Вреди пак денеска на претседателство ги започнуваат внатрепартиските консултации за договореното со премиерот и веќе се споменуваат имиња на потенцијални министри кои тие би ги предложиле. Неофицијално еден од новите предлози ќе биде универзитетскиот професор и заменик член на Венецијанската комисија, Јетон Шасивари, како експертско решение за министерството за правда, додека вицепремиерот Беким Сали од евроинтеграции најверојатно ќе преземе друг ресор.

Од она што е досега договорено, Вреди наместо досегашните 5, ќе добие 6 места- освен правда, ќе имаат кадар за односи меѓу заедниците на местото на Иван Стоилковиќ, како и министри за култура и за спорт, на местото на Љутков и Ристовски. ВМРО-ДПМНЕ пак ги добива евроинтеграции, добро владеење, како и ресорите здравство и социјална политика со кои ќе си заминат Азир Алиу и Фатмир Лимани. Цветан Трипуновски од земјоделство пак, според информациите ќе ја напушти функцијата поради здравствени причини.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер