СветДве жени се главните кандидати за претседателската функција во МексикоМексико, земја во која многу жени вршат неформални работи или работат дома во екстремно лоши услови, е на пат да ја добие својата прва жена претседател на претстојните избори.Бета Мексико, земја во која многу жени вршат неформални работи или работат дома во екстремно лоши услови, е на пат да ја добие својата прва жена претседател на претстојните избори. Најблиску до освојување на оваа позиција се две жени: поранешната градоначалничка на Мексико Сити Клаудија Шајнбаун и поранешната сенаторка Чочитл Галвез. Сепак, не е познато колку изборот на едната или другата ќе ја промени реалноста на „невидливите“ мексикански работнички, од кои многу работат во услови кои често се опишуваат како „модерно ропство“. Домашните помошнички, многу потценети во мексиканското општество, всушност играат фундаментална улога, особено сега кога некои жени го следат патот на мажите и се дел од професионалната работна сила. Но, и покрај реформите што ги спроведува актуелната влада, тие се уште се екстремно слабо платени, злоупотребени од работодавачите, изложени на долги работни часови, лоши работни услови и нестабилност на работните места. Покрај домашната работа, многу жени во Мексико, слично како и нивните сонароднички во другите земји од Латинска Америка, вршат неформални работи како што се продавање на улица на црно, без никакви работнички права и привилегии и многу почесто од мажите, што експертите понекогаш го поврзуваат со мизогинија во тамошните култури. Затоа, многу жени се надеваат дека доаѓањето на жена на функцијата претседател ќе им овозможи подобрување на состојбата и промена на рамнотежата во нивна корист. Некои од нив напоменуваат дека ќе гласаат првпат после толку време, бидејќи до сега „сите им биле исти, кој и да победи“. Бројот на професионални работнички е зголемен во последните петнаесет години во споредба со машките професионалци, но се уште постои голема разлика во заработката и пристапот до раководни позиции. Сепак, невообичаено голем број жени во социјално конзервативно Мексико преземаат раководни и политички улоги, а од 2005 до 2021 година јазот меѓу мажите и жените во владините и меѓународните ентитети се намали за повеќе од 25 отсто, покажуваат владините податоци. За тоа придонесоа законите кои со децении се носеа за да придонесат за поголема застапеност на жените во политиката, па така постои регулатива која налага половина од партиските кандидати на изборите за мексиканскиот парламент – Конгрес, да бидат жени. Од 2018 година, половина од пратениците во Конгресот се жени, а бројот на гувернерки исто така нагло се зголеми. Засега, ниту една од водечките кандидатки за претседателската функција не зборуваше експлицитно за домашните работнички, но и двете јасно се изјаснија против се поизразеното насилство врз жените во Мексико и се залагаат за укинување на јазот во платите меѓу мажите и жените.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Сидни Свини никогаш по провокативна Жежок спектакл со една од најубавите жани во Холивуд, актерката Сидни Свини.Русокосата убавица се појави во десега најпровокативното издание. Сидни Свини ја пречекува празничната сезона во мошне провокативно издание, кое повторно е дел од нејзината најнова колекција. Актерката Сидни Свини позира облечена само во бела чипкана долна облека за новата кампања на нејзиниот бренд „Syrn“. Фотографиите, инспирирани од зимската магија, беа објавени како дел од серија фотографии на Инстаграм-профилот на нејзиниот бренд. Сидни позираше пред снежна позадина, седејќи на црвен сатенски огртач со крзнени детали. Таа носи градник со прерамки околу вратот и соодветни гаќички со низок струк и исечоциа. Ова не е прва празнична колекција, но Сидни не сака да губи време. „Првите снегулки во сезоната-заводничка“, стои во описот на објавата.Тагови: Сидни Свини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Фатална српска пејачка во теретана: Утринско растегнување!!Најфаталната Србинка го запали интернетот! Се појави „жежок“ материјал од атрактивната пејачка Теодора Џеферовиќ – неверојатно е што прави оваа жена во теретана.Сексапилната пејачка Теодора Џехверовиќ покажа како го започнува својот ден, а сцената од теретаната го привлече вниманието на нејзините следбеници. Теодора очигледно не ги пропушта тренинзите, дури и кога станува збор за раните утрински часови. На својот профил на Инстаграм таа објави видео од теретаната, на кое се гледа како напорно работи на својата форма и се посветува на вежбањето. Таа носеше кафеав спортски комплет, составен од краток топ и тесен шорц, а вежбите ги изведуваше боса, во бели чорапи, со помош на спортски подлоги. Покрај објавата, таа накратко напиша „Утринско растегнување“, придружено со емотикон на жена која медитира. Пејачката уште еднаш покажа дека физичката активност е важен дел од нејзиното секојдневие, а судејќи според видеото, таа го започнува денот со вежбање и грижа за својот изглед и физичка подготвеност. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
ТехнологијаВселенско летало по осум години стигна до Меркур Вселенското летало „БепиКоломбо“ (BepiColombo) – заедничка европско-јапонска вселенска мисија – пристигна кај Меркур по патување кое траеше повеќе од осум години и сега е подготвено да влезе во неговата орбита, пренесува „Гардијан“. Мисијата „БепиКоломбо“ ќе стане втората во историјата што ќе орбитира околу оваа планета – најмалата во Сончевиот Систем – при што се планира мапирање на нејзината површина и проучување на нејзината внатрешност. Целта на оваа мисија, вредна 1,6 милијарди евра, е да се утврди како Меркур се формирал толку блиску до Сонцето, зошто поседува магнетно поле, како и каков е составот на мразот скриен во кратерите на планетата кои се постојано во сенка. Професорката Ема Банс од Универзитетот во Лестер, која работи на проектот веќе 20 години и е главен истражувач за инструментот „Спектрометар за рендгенско снимање на Меркур“ (MIXS) – дизајниран за анализа на геохемискиот состав на површината на планетата – ја опиша мисијата како „многу сложена и предизвикувачка“, на чија реализација се чекало долго време. По влегувањето во орбитата на Меркур, MIXS ќе го анализира геохемискиот состав на површината на планетата; сепак, се очекува да поминат неколку месеци пред научниците да можат да започнат со набљудување на Меркур. На почетокот на декември, вселенското летало ќе се раздели на две орбитални единици – една европска и една јапонска – кои ќе маневрираат во посебни поларни орбити околу планетата. Научните операции се планирани да започнат во април следната година. Европската сонда, „Орбитер за планетата Меркур“ (MPO), ќе ја мапира површината и составот на планетата во висока резолуција, истовремено проучувајќи ја внатрешноста на Меркур за да фрли светлина врз неговото необично големо јадро. Нејзиниот јапонски пандан ќе го мери магнетното поле на планетата и нејзината натриумова егзосфера – исклучително тенок слој од гас и атоми што ја опкружува планетата. Иако Меркур е само 50 проценти поголем од Месечината, тој има четири пати поголема маса; едно од прашањата што мисијата ќе ги истражува е потеклото на оваа извонредно висока густина. Се очекува вселенските летала да кружат околу Меркур приближно три години, по што ќе останат без гориво, ќе изгубат височина и на крајот ќе удрат во површината.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter