МакедонијаДве жени од Кавадарци затруени со заостанати велигденски јајцаДве жени на возраст од 62 и 56 години побарале помош во Итната медицинска помош број два во Кавадарци, каде биле медицински третирани под сомнеж за труење со заостанати велигденски јајца. Едната била задржана на болничко одделение во кавадаречката болница, а другата, по неколкучасовно медицинско следење, сама изразила желба да си оди дома, бидејќи, како што рекла, се чувствувала подобро. Оваа информација ја потврди за МИА, доктор Антоан Паракеов, началник на Службата за итна медицинска помош во Кавадарци. Ратко Грков, доктор во Итна медицинска помош број еден, рече за МИА дека и во негова смена, имало пациенти кои се пожалиле на лесни симптоми на труење, а кажале дека претходно консумирале велигденски јајца. Паракеов и Грков апелираа до населението за внимателност при консумирање преостанати велигденски јајца од празникот, до цел да се избегнат несакани последици од консумирање постара храна.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БизарноРеновирала куќа, стара 200 години и се шокирала од она што го пронашла над каминот (ВИДЕО)Додека ја реновирала својата куќа од 1829 година, Клое Кемпстер немала поим дека зад еден дел од ѕидот се наоѓа сцена што била целосно скриена со децении.Таа ја купила старата куќа на границата на англиските окрузи Лестершир и Нортхемптоншир, во селото Котингем, која некогаш била пекара. Изненадување зад гипс-картонот Клое го документирала процесот на реновирање, а потоа следело неверојатно изненадување. Зад гипс-картонот, таа пронашла голем мурал што прикажува идилична сцена од руралниот живот. Во објавеното видео, го гледаме сопственичката како внимателно ја отстранува белата табла над каминот и го открива зачуваниот мурал, објавува „Мирор“. Сцената наликува на лов Таа прикажува пејзаж од природата, со двајца луѓе во црвени палта кои јаваат коњи. Околу нив се неколку кучиња, а целата сцена наликува на лов на лисици, некогаш карактеристичен дел од животот во англиската природа. „Не можевме да им веруваме на нашите очи кога го откривме неверојатниот мурал, датиран во 1967 година“, напиша Клое. View this post on Instagram A post shared by Chloe Kempster (@our_oldbakehouse) „Колку е ова убаво“ Објавата го привлече вниманието на корисниците на социјалните мрежи. Многумина беа воодушевени што муралот беше зачуван по сите овие години. „Колку е убаво ова! И колку е убаво што беше безбедно покриен, што не беше уништен кога претходниот сопственик сакаше промена“, напиша едно лице. „Ова е неверојатно! Јас само би ставил рамка врз него и би завршил со тоа“, додаде друго лице. View this post on Instagram A post shared by Chloe Kempster (@our_oldbakehouse) Тагови: камин куќа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаБуданов се огласи за преговорите со Русија- откри кога ќе продолжат Шефот на канцеларијата на украинската претседателска администрација, Кирил Буданов, изрази надеж дека мировните преговори со Русија, со посредство на САД, би можеле да бидат обновени до крајот на септември.Шефот на канцеларијата на украинската претседателска администрација, Кирил Буданов, изрази надеж дека мировните преговори со Русија, со посредство на САД, би можеле да бидат обновени до крајот на септември, но оцени дека условите за прекин на огнот веројатно нема да бидат исполнети пред пролетта 2027 година. Буданов во интервју за „Њујорк тајмс“ изјави дека се очекува процесот на преговори да продолжи по септемвриските парламентарни избори во Русија и неколку недели пред изборите за Конгресот на САД, кои ќе се одржат во ноември. Шефот на украинската претседателска администрација изјави дека почетокот на нова рунда преговори би можел да биде означен со посетата на Киев на специјалните претставници на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф и Џаред Кушнер. Буданов, сепак, нагласи дека иако преговорите би можеле да бидат обновени уште овој месец, „условите за прекин на огнот веројатно нема да бидат создадени до пролет“. „Преговорите ќе доведат до нешто порано или подоцна. Не можете да водите војна цел живот“, рече Буданов. Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно изјави дека Киев изнесе нови предлози во врска со мировниот процес и ги повика САД поактивно да се вклучат во неговото спроведување. Зеленски повторно ја отфрли можноста за територијални отстапки кон Русија во регионот Донбас. На 3 септември, тој рече дека веќе се одредени прелиминарни датуми за посетите на Виткоф и Кушнер на Украина, додавајќи дека американските претставници треба да ја посетат и Русија.Тагови: Буданов русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаМорска пијавица направи хаос на плажа: Летаат лежалки, туристите багаат (ВИДЕО)Моменти на страв беа забележани утрово во Скила, Италија, каде што морска пијавица, формирана на отворено море на Месинскиот теснец, стигна до брегот и зафати дел од плажата Марина Гранде.Вртлогот, јасно видлив од брегот, брзо се приближи кон копното сè додека не стигна до самиот брег. Силата на ветерот крена и фрли чадори, лежалки и друга опрема за плажа во воздух, додека капачите и туристите се оддалечија од подрачјето погодено од овој феномен. Морската пијавица потоа брзо го изгуби својот интензитет и се распрсна. И покрај драматичните моменти, не се пријавени повредени или последици за луѓето, додека е регистрирана штета на опремата што се наоѓаше на плажата. Погледнете како изгледаше: Тагови: пијавица плажа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАрмиски хеликоптер се вклучи во гаснењето на пожарот кај Грачани15:00Пожарот од Грачани го покри Скопје09:34Седма жртва на западнонилска треска, почина 66-годишен пациент од Гази Баба15:11Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07Полициска акција и апсења за проневра од 210.000 евра за лажирани уплати во државни институции10:18
Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07