Две третини од граѓаните никогаш не користеле административна онлајн услуга

Две третини од граѓаните никогаш не користеле административна онлајн услуга, близу 60 отсто преферираат да отидат на шалтер.

Две третини од граѓаните никогаш не користеле дигитална административна услуга, а близу 60 отсто повеќе сакаат услугите да ги добиваат на шалтер отколку онлајн, покажува последното истражување на јавното мислење кое за „Детектор“ го спроведе Институтот за политички истражувања - Скопје. Анкетата на ИПИС е спроведена од 28 февруари до 3 март оваа година врз репрезентативен примерок од 1107 испитаници.

Според анкетата, 58,2 проценти од граѓаните доколку имаат потреба од одредена услуга преферираат истата да си ја завршат лично на шалтер. Само 33,9 отсто велат дека кога би можеле, работата би ја завршиле онлајн.

Истражувањето покажало дека повозрасните граѓани имаат повеќе отпор кон компјутерите. Меѓу оние кои се над 60 години, само 19,1 отсто услугата би ја завршиле онлајн, додека кај граѓаните на возраст од 18 до 50 години процентот на анкетирани кои рекле дека преферираат услугите да ги добиваат онлајн се движи околу 44 проценти.

Според образовната структура, истражувањето покажува дека граѓаните со поквалитетно образование повеќе се вртат кон онлајн административните услуги. Па така, ако 62,1 отсто од анкетираните со високо образование изјавиле дека преферираат онлајн административни услуги, ваков став делат само 11,6 проценти од оние кои немаат завршено ни основно образование.

Анкетата покажува дека над две третини од граѓаните никогаш не користеле онлајн услуга во некоја јавна институција. Додека само 26,5 проценти изјавиле дека ги користеле онлајн услугите на државните институции, а дури 69,2 отсто никогаш не се обиделе некој документ или услуга да го добијат онлајн.

Оние кои користеле онлајн услуги, во огромно мнозинство изразуваат задоволство. Дури 87,4 отсто од анкетираните рекле дека се задоволни од онлајн услугата која ја добиле од државните институции, додека само 11,6 проценти велат дека не се задоволни. Најголем дел од граѓаните или 25,6 отсто користеле онлајн услуги на Министерството за внатрешни работи. Следи УЈП со 10,6 проценти и катастарот со 7,8 отсто.

Граѓаните во мнозинство велат дека не стравуваат за своите лични податоци со кои располагаат државните институции, иако, една третина од анкетираните сè уште се скептични. Процентот на оние кои сметаат дека нивните лични податоци кои ги имаат институциите се безбедни и заштитени е 44, а 32,1 отсто сметаат дека не се.

Во поглед на ефикасноста на институциите кои ги нудат административните услуги, граѓаните во мнозинство не гледаат некоја разлика во последните пет години. Од анкетираните, 35 отсто сметаат дека денес не е ниту полесно, ниту потешко да се извади документ во споредба со условите од пред пет години, 30,3 проценти сметаат дека денеска документите и административните услуги се добиваат полесно, а 25,7 отсто сметаат дека се добиваат потешко.

Според граѓаните, реформата во јавната администрација не треба да се прави преку нови вработувања, туку преку намалување на бројот на вработени и дигитализација. Ваков став дела 53,3 отсто од анкетираните, додека 23,7 проценти се на ставот дека реформата во јавната администрација треба да биде насочена кон нови вработувања и обуки.

Споредбата со истото прашање кое „Детектор“ го имал пред четири години покажува дека граѓаните денес во поголемо мнозинство инсистираат на намалување на бројот на вработените и дигитализација./МИА.

Холандски фудбалер прегазил 4- годишно дете, додека пијан возел со 200 км/час

Холандскиот фудбалер Раи Влоет (27) предизвикал тешка сообраќајна несреќа во која усмртил четиригодишно момче.

Во ноември 2021 година, фудбалерот на руски Урал пијан удрил во задниот дел на возилото во кое се наоѓало четиричлено семејство со брзина од околу 200 километри на час. За жал, четиригодишното момче кое седело на задното седиште, како последица од тешките повреди починало во болница.

Влоет подоцна признал дека пиел на забава: „Бев на забава во Амстердам, уште имаше корона, забавата заврши рано. Требаше да преноќам во Амстердам, но донесовме нова одлука, да одам во Ротердам .Без размислување почнав да возам, ногата ми беше на педалата за гас кога ја наместив контролата на патување и потоа се случи несреќата“.

По несреќата, со преглед е утврдено дека Влоет испил двојно повеќе од законски дозволеното количество алкохол. Не сакал да признае во полиција дека го управувал возилото, пишува холандскиот АД, додавајќи дека неговото сведочење ја вознемирило мајката на несреќното момче, која му викала: „Како побогу да продолжиме? Сѐ ни одзеде!"

Освен затворска казна, државното обвинителство бара и четиригодишна забрана за возење. Влоет во својата кариера настапувал за ПСВ, Камбур, ФК Ајндховен, НАЦ Бреда, Кјасо, Фросиноне, Хераклес и Астана, а од 2022 година е член на руски Урал. Настапувал за помладите селекции на Холандија, а за У-21 на три настапи постигнал два гола.

Млада Американка влегла во автомобил, по два месеци ѝ го нашле телото во количка за пазарување

Телото на исчезнатата 21-годишна девојка од Чикаго е пронајдено врзано и завиткано во чаршафи во количка за пазарење.

Роза Чакон последен пат била видена надвор од нејзиниот дом на 18 јануари, а нејзиното тело било пронајдено во уличка во Чикаго на 15 март. Во саботата семејството и месната заедница организирале бдение во чест на починатата девојка која тој ден требало да го прослави својот 22 роденден.

"Ми недостига моето дете. Обично кога ќе си оди ќерка ни се слушаме. Се јавува утредента, се јавува еден час по заминувањето, дома е, безбедна е, убаво е и топло. Но ништо не сме слушнале“, изјавил таткото Хозе Лусио за ABC7. Нејзината мајка се присетила на последните зборови што 21-годишната девојка ѝ ги кажала.

"Ќе се вратам, мамо. Се возам со Uber назад", рекла мајката, која исто така се вика Роза Чакон. На снимката од безбедносната камера на семејната куќа се гледа како девојката влегува во автомобилот Uber. Семејството тврди дека таа им кажала дека кај себе немала лична карта ниту капут, пренесува Индипендент.

Сè уште не е јасно дали стигнала до целта. Телото било пронајдено на три километри од местото каде што последен пат била видена околу 10:45 часот на 15 март, а нејзиното семејство го идентификувало телото по тетоважите. „Не знам како имаат срце да убијат некого таков“, вели мајката на жртвата.

Инспекторите наскоро треба да ја утврдат точната причина за смртта. Семејството истакнува дека полицијата во Чикаго не направила доволно за да ја пронајде, па морале да ангажираат приватни истражители да помогнат во потрагата. Полицијата понудила награда од 15.000 долари за информација која ќе доведе до апсење и осуда во случајот.

ОН: Разорните климатски промени доаѓаат побргу од очекуваното

Разорните климатски промени се случуваат побрзо од очекуваното, а светот се движи кон границата на затоплување од 1,5 степени Целзиусови што ќе ја достигне за нешто повеќе од десет години, објавија ОН.

Температурите забележани во последните години предизвикаа бројни разорни бури и поплави, топлотни бранови што ги уништуваат земјоделските култури и катастрофални суши во различни делови на светот.

Но, на следните генерации најтоплиот период од 2020-тите ќе им биде релативно кул, дури и ако емисиите на фосилни горива што ја затоплуваат планетата брзо опаѓаат, се вели во извештајот на советодавниот панел на ОН за климата. „Резиме за креаторите на политики“ од 36 страници е синтеза на шест главни извештаи од 2018 година до денес, составени од Меѓувладиниот панел за климатски промени (IPCC).

Извештајот е брутален потсетник дека, иако човештвото има алатки за да спречи климатска катастрофа, сè уште не ги користи тие алатки.

На почетокот на 2030-тите, светот би можел да ја достигне зацртаната цел за ограничување на зголемувањето на температурата на 1,5 степени Целзиусови во споредба со прединдустрискиот период, што ќе влијае во блиска иднина. Но, шефот на ИПЦЦ изјави за АФП дека верува дека не е доцна да се сменат работите и го нарече извештајот „порака на надеж“.

„Имаме знаење, технологија, алатки, финансирање, во основа сè што е потребно за да се надминат климатските проблеми за кои сме свесни толку долго“, рече Хоесунг Ли во видео интервјуто. „Но, во моментов ни недостига клучна работа - силна политичка волја еднаш засекогаш да ги решиме овие прашања.“

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, реагирајќи на извештајот, рече дека богатите земји кои се стремат кон јаглеродна неутралност до 2050 година или подоцна треба да ги забрзаат своите цели и да ги остварат најдоцна до 2040 година за да ја „деактивираат климатската темпирана бомба“.

„Човештвото е на тенок мраз и тој мраз брзо се топи“, рече шефот на Обединетите нации во видео пораката откако панелот на IPCC го објави својот најнов извештај. Гутереш го спореди со „водич за опстанок на човештвото“.

IPCC јасно посочи дека придобивките за општеството и светската економија од ограничувањето на глобалното затоплување под два степени Целзиусови ги надминуваат економските трошоци. Деветдневните преговори, кои се одржаа во Интерлакен, Швајцарија, беа обележани со несогласувања околу фосилните горива, убедливо најмоќниот двигател на глобалното затоплување.

притисни ентер