Две третини од Германците сакаат да продолжат со работа од дома, работодавачите се против

Повеќе од две третини од Германците кои работеле од дома за време на пандемијата се уште сакаат да ја задржат можноста за ваква форма на работа, покажува денешното истражување.

„Популарноста да се работи во своите четири sида се зголеми дополнително за време на пандемијата“, соопшти енергетската компанија Еон, врз основа на резултатите од тестовите спроведени од Институтот ЈуГов.

71 процент од испитаниците изјавиле дека сакаат во иднина да работат од дома. На почетокот на пандемијата минатата година, само 58 проценти од анкетираните ја изразиле таа желба.

Но, само 26 проценти од испитаниците сакаат да работат трајно од дома. 45 проценти сакаат наизменично да работат од дома и да одат во канцеларија во текот на работната недела.

Како најважна причина за работа од дома, испитаниците го наведуваат времето заштедено за патување до работа и позитивниот аспект на животната средина.

На крајот на јуни, германската влада ја укина обврската за работодавачите да им дозволат на своите вработени да работат од дома каде што е можно.

Германското здружение на работодавачи се спротивставило на законската обврска за правото на работа од дома, во кое било поддржано од моментално владејачката унија ЦДУ / ЦСУ.

Социјалдемократската партија на Германија (СПД), која најверојатно ќе освои најмногу гласови на претстојните парламентарни избори, објави дека има намера законски да го регулира правото на работа од дома.

Германија во шок: Убил девојче, полово ја злоставувал и тоа го снимал

Случајот со убиството на Марија Софија (14) ја потресе и згрози цела Германија.

Кога на крајот на септември девојчето не се вратило од училиште, семејството го пријавило како исчезнато. Но, 23 часа подоцна, била откриена страшна сцена: дрвокрадец го пронашол мртвото девојче зад барака во Бад Емстал, пишува Билд.

Марија Софија била задавена и нејзиното тело било сексуално злоставувано.

Денеска пред Големиот младински совет на Окружниот суд во Касел започна судењето за убиството на осомничениот Рене Г.(21).

„Кога ќе се смирам навечер, многу размислувам за тоа“, вели нејзината сестра Шантал Р. (18).

На денот кога починала нејзината сестра, таа го родила своето второ дете, синот Емилијано. Марија Софија требало да биде кума.

Шантал го познавала осомничениот убиец уште од училишните денови, некогаш биле блиски пријатели. Сега вели: „Тој е опасност за човештвото“.

Родителите на Марија Софија живеат одвоено, а двајцата се помошници обвинители.

„Најголема грижа ми е сторителот да биде преблаго казнет“, вели таткото Демијан С. (40).

Како што вели, од фотографии го познава само Рене Г.

„Не знам како ќе биде кога ќе го видам на суд за прв пат. Но, што и да се случи на судењето – ништо и никој нема да ми ја врати ќерката“.

Марија Софија и Рене Г. повремено поминувале време заедно, биле пријатели. Очигледно, Рене Г. сакала врска.

"Таа се чувствуваше премногу млада. На тоа тој веројатно рече: "Ако не можам да те имам, никој нема да те има", рекла нејзината тетка.

На 27 септември 2023 година, тој наводно го задавил 14-годишното девојче за време на средба за да го задоволи својот сексуален нагон, се вели во обвинението.

После тоа, тој наводно „сексуално мотивирано“ го допирал телото и тоа го снимал. Според информациите на Билд, тој носел проѕирни ракавици за еднократна употреба.

Инспекторите нашле две инкриминирачки видеа на телефонот на обвинетиот.

На прашањето на Билд, главниот обвинител Андреас Тоне потврдил дека покажале мртво 14-годишно девојче и „рака што го допира телото“.

„Злосторството се случило пред да наполни 21 година, така што тој сè уште спаѓа под законот за млади. Сигурен сум дека тоа го имал на ум. Тој исто така направил опсежно истражување пред злосторството“, рече Ергун Есер (52).

Според информациите на Билд, Рене Г., меѓу другото, пребарувал и колку време е потребно за човек да умре од давење.

За првиот ден од судењето се повикани 11 сведоци. Пресудата би можела да биде изречена до крајот на мај.

Најмалку десет жени и деца загинаа кога минибус пропадна во реката Нил (ФОТО)

Најмалку 10 лица, претежно жени и деца, загинаа денеска кога автобус со околу 20 патници се лизна од траект и падна во реката Нил во близина на Каиро, соопштија египетските власти, додавајќи дека се уште не е јасна причината за несреќата.

Државните медиуми објавија дека најмалку пет жени се водат како исчезнати, пренесува АП.

Ахмед Рашед, гувернер на провинцијата Гиза, една од трите провинции што го сочинуваат Големиот Каиро, рече дека автобусот бил извлечен од реката и дека континуираните напори за пронаоѓање и спасување не успеале.

Министерството за здравство соопшти дека на лице место е укажана помош на шест повредени лица, додека тројца се префрлени во болници, не прецизирајќи каква е природата на повредите.

Списокот на жртви што претходно го доби АП покажува дека шест од жртвите се малолетни, а државниот весник Акбар објави дека „во автобусот кој превезувал работници на работа имало дваесетина патници“, а возачот на автобусот е приведен.

Јадел јагоди додека не го испразнил аквариумот, снимката има 226,4 милиони прегледи (ВИДЕО)

ТикТокерот @wallywhatthe се пофали со извонреден успех, а неговото видео „собра“ повеќе од 226,4 милиони прегледи.

Под видеото напишал „100 литри јагоди наспроти еден дечко“, а тврди дека изел еден куп овошје за 12 часа.

Видеото е делумно забрзано, прикажувајќи еден дечко како собира јагоди и не престанува да јаде додека целосно не го испразни аквариумот.

Секако, предизвика голем интерес кај тиктокерите, а доказ за тоа се преку 242.000 коментари.

Многумина се воодушевени од неговата „вештина“, други повикуваат на претпазливост, а трети се сомневаат дека „потфатот“ е автентичен.

@wallywhatthe ♬ original sound - Wally.

И навистина, на снимката има „рифови“, додека светлото во просторијата практично не се менува.

„Јадеше јагоди 12 часа, но светлината во собата не се смени? Зошто да не“, напишало едно лице.

Друг продолжил: „Сакаш да кажеш дека стоел во речиси иста положба и џвакал 12 часа?“.

Третиот не се двоумеше: „Одлични вештини на монтажа! Штета што сонцето не зајде во тие 12 часа“.

притисни ентер