Две одбојкарки на Бразил доцнеа на подготовки поради вградување на силикони - Канал 5

Две одбојкарки на Бразил доцнеа на подготовки поради вградување на силикони

Вградувањето на „силиконски инпланти“ во градите е дефинитивно многу популарно помеѓу спортистките од Бразил .

Две одбојкарки на Бразил доцнеа на подготовки поради вградување на силикони
Две одбојкарки на актуелниот олимписки шампион Бразил првиот техничар Дани Линс и Фернанда Гарај одлучиле да си вградат силикони во градите ,поради што мораа доцнат на подготовките на репрезентацијата која тренира за настап на Мастер турнирот во Монтреу.

Како причина за доцнењето на подготовките двете одбојкарки навеле дека не се во состојба на работат некои вежби, поради движењата кои би му наштетиле на нивниот процес на рехабилитација.
Дани Линс


Фернанда Гарај






Минатата година други две репрезентативки на кариоките си ги зголемија градите, по што сега со право медиумите во Бразил нивната женска одбојкарска репрезентација сега ја нарекуваат „силиконска “.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Над 3.500 загинати во разорните земјотреси во Венецуела

Бројот на загинати во двата силни земјотреси што ја погодија Венецуела се искачи на 3.535, соопштија властите, додека речиси 18.000 луѓе и понатаму се без покрив над главата, повеќе од една недела по катастрофата.

Над 3.500 загинати во разорните земјотреси во Венецуела

Според официјалните податоци, во земјотресите со магнитуда од 7,2 и 7,5 степени, повредени се 16.740 лица, а 17.854 се раселени.

Најтешко погодени се главниот град Каракас и крајбрежната област ла Гуаира, каде што продолжуваат спасувачките и хуманитарните активности.

Властите информираа дека најмалку 12.800 лица се сместени во 80 привремени засолништа во Каракас и Ла Гуаира..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

23-годишна девојка од Македонија пронајдена мртва во стан во Солун

23-годишна девојка од Македонија е пронајдена мртва во стан во областа неаполи во Солун, објавија грчките медиуми..

23-годишна девојка од Македонија пронајдена мртва во стан во Солун

Според информациите, нејзините родители подолго време не можеле да стапат во контакт со неа, по што близок роднина заминал до станот во кој престојувала.

Таму ја пронашол девојката без знаци на живот и веднаш биле известени надлежните служби.

Грчките медиуми јавуваат дека на телото бил извршен првичен преглед, а според досега собраните податоци не биле утврдени траги кои би упатувале на кривично дело..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Град Скопје започнува инфраструктурни проекти во Кисела Вода и Шуто Оризари

Советот на Град Скопје на денешната седница ја усвои одлуката за меѓуопштинска соработка со општините Кисела Вода и Шуто Оризари, со што се создаваат услови за реализација на повеќе значајни инфраструктурни проекти.

Град Скопје започнува инфраструктурни проекти во Кисела Вода и Шуто Оризари

Советот на Град Скопје на денешната седница ја усвои одлуката за меѓуопштинска соработка со општините Кисела Вода и Шуто Оризари, со што се создаваат услови за реализација на повеќе значајни инфраструктурни проекти насочени кон подобрување на квалитетот на животот на граѓаните.

Во општина Кисела Вода ќе се реализира проектот за пробивање и продолжување на улицата „Димо Хаџи Димов“ до кружниот тек. Со ова се овозможува подобро сообраќајно поврзување, зголемена безбедност на сите учесници во сообраќајот, намалување на сообраќајниот метеж и создавање современо инфраструктурно решение за овој дел од градот.

Продолжувањето на улицата „Димо Хаџи Димов“ претставува важен чекор кон подобрување на урбаната мобилност и исполнување на обврските преземени пред граѓаните на Кисела Вода.

Истовремено, започнува реализацијата на неколку капитални инфраструктурни зафати во општина Шуто Оризари. Предвидена е санација на улицата „Македонско-косовска бригада“ 38, санација на главната улица во населеното место Горно Оризари, како и санација на улица „37“ со изградба и унапредување на водоводната мрежа.

Овие проекти претставуваат конкретен одговор на долгогодишните потреби на жителите на Шуто Оризари и значат подобри услови за живот преку изградба на квалитетна инфраструктура, побезбедни улици и сигурно водоснабдување.

Град Скопје останува посветен на рамномерниот развој на сите општини и населени места, со фокус на реализација на проекти кои носат конкретни придобивки за граѓаните. Политиката на рамномерен развој подразбира еднаков пристап кон инвестиции во сите делови на градот, без запоставени населби и без разлика на нивната местоположба.

Во наредниот период следува реализација на нови инфраструктурни проекти во повеќе скопски општини, со цел создавање подобри услови за живот, поквалитетна инфраструктура и современ урбан развој за сите граѓани на Скопје.

Град Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер