Две манифестации од Ресен содржани во националната програма за култура

Асоцијацијата за фолклор „Преспански славеј" и Здружението „Езеро без граници" добија поддршка и финансиски средства за реализација на две посебни културни манифестации кои се опфатени во националната програма за култура на Министерството за култура.

За добро аргументирани проекти, конципирани со квалитетни уметнички содржини и проекти преку кои се негуваат и поттикнуваат културниот диверзитет, уметничкото творештво и културниот развој, оценети и поддржани се манифестациите „На брановите на серенадата" и Интернационален театарски фестивал „Актерот на Европа".

Согласно одлуката на Министерството за култура, Асоцијацијата за фолклор „Преспански славеј" од ресенското село Наколец за манифестацијата „На брановите на серенадата" ќе добие 250.000 денари, а исто толку средства доделени се и за здружението „Езеро без граници" од Отешево кое годинава ќе го организира 18. издание на Интернационалниот театарски фестивал „Актерот на Европа".

Како што е познато, минатата година фестивалот „Актерот на Европа" предизвика голем интерес со програмските содржини, а најголем дел од нив се одржаа на брегот на Преспанско Езеро. /МИА

Најмалку петмина уапсени пред белоруската амбасада во Москва

Најмалку пет лица се уапсени за време на вечерашниот протест пред белоруската амбасада во Москва.

По двочасовните мирни протести против резултатите од претседателските избори во Белорусија, руската полиција растури група од 200 демонстранти и уапси најмалку пет лица, јавува ТАСС.

По објавувањето на резултатите од претседателските избори во Белорусија, на кои сегашниот претседател Александар Лукашенко освои повеќе од 80 проценти од гласовите, избувнаа протести во целата земја.

За време на тридневните протести во Минск и другите белоруски градови, едно лице загина, а повеќе од 6.000 лица се уапсени.

Малолетната ќерка на Моника Белучи стана заштитен лик на Долче и Габана

Познатиот бренд Dolce & Gabbana има нова муза - тоа е 15-годишната Дева Касел, ќерка на италијанската актерка Моника Белучи и францускиот актер Винсент Касел, која се чини дека има светла иднина во светот на модата.

Тинејџерката, која очигледно ја наследи безвременската убавина од нејзината убава мајка, деновиве снимаше кампања за новиот парфем „D&G“ Shine на бреговите на италијанското езеро Комо во провинцијата Ломбардија.

Секако, присуството на Дева предизвика голем интерес кај папараците и медиумите, а нејзината благосостојба и безбедност внимателно ги следеа грижливите родители - иако се разведоа во 2013 година, Моника и Винсент учествуваат подеднакво во воспитувањето на 15-годишната Дева и нејзината петгодишна сестра Леони.

\

Дева дефинитивно се обидува да ја заштити својата приватност во секое време и е многу внимателна со објавите на социјалните мрежи, но за жал, и таа неодамна се најде под оган од злонамерните интернет тролови кои почнаа да шират озборувања за тоа како таа се подложува на козметичка хирургија, т.е. ја обвинија дека ги зголемила усните.

- Ве молам, јас сè уште немам 16 години ... Нормално е тинејџерите да поминат низ физички промени, особено на оваа возраст. Никогаш не размислував за каква било постапка и знам дека моите родители никогаш не би го дозволиле тоа. Човечкото тело се менува, затоа ве молам уште еднаш, размислете пред да започнете да ширите бесмислени, глупави и лажни вести за младите – им одговори Дева.

Шпанија забрзано гради болница поради зголемениот број заболени од корона

Бројот на нови случаи на коронавирус во Шпанија денеска се зголеми за скоро 1.700, а во овие бројки не е опфатен Мадрид, кој не даде информации заради технички проблеми.

Од укинувањето на строгите рестриктивни мерки пред шест недели, Шпанија се обидува да го спречи ширењето на коронавирусот.

Иако просечниот дневен број на заразени лица бил помалку од 150 во јуни, околу 1.500 нови случаи се регистрираат секој ден во првите 12 дена од август.

Како резултат, војската брзо гради нова полска болница во Сарагоса, главниот град на Арагон, регион кој сега е жариште на коронавирусот.

притисни ентер