30 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна и централна потерница поради убиството на Дурмиши
230 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна и централна потерница поради убиството на Дурмиши
Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
1Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
КултураДве македонски книги преведени на украинскиВо издание на украинската издавачка куќа „Тврдина“ објавени се две книги за деца и млади од македонски автори на украински јазик.Книгите „Весел зоопарк“ од Киро Донев и „Прва љубов во Розевата улица“ од Натали Спасова се во превод на украинската писателка Анна Баграјана, која привремено живее во Скопје. Преводот е поддржан од Министерството за култура на Република Македонијам, во рамките на Конкурсот за странски издавачи. „Весел зоопарк“ е книга за веселиот животински свет. Наменета е за помладите читатели. „Прва љубов во Розевата улица“ е роман наменет за тинејџерската читателска популација. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈанев во работна посета на СВР Тетово: Фокус на безбедносната состојба и претстојните избориДиректорот на БЈБ, Александар Јанев, во работна посета на СВР Тетово: Фокус на безбедносната состојба и претстојните избори.Денеска (13.10.2026), директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, заедно со дел од својот тим, оствари работна посета на СВР Тетово, при што беа разгледани актуелните безбедносни состојби, сообраќајната безбедност, јавниот ред и мир и борбата против криминалот. Посебен акцент беше ставен на претстојните локални избори и обврската на полицијата да обезбеди безбеден, мирен и демократски изборен процес, без притисоци и незаконски влијанија врз граѓаните. Директорот Јанев ја нагласи важноста на превентивното дејствување, оперативната координација и користењето на современите технолошки средства, како и професионалното и непристрасно постапување на полициските службеници. „Во борбата против криминалот нема простор за селективност, а во извршувањето на полициската должност нема простор за неодговорност. Законот мора да важи за сите подеднакво“, порача Јанев, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија30 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна и централна потерница поради убиството на Дурмиши 30-дневен притвор за Ива Михаилова определи кочанскиот суд по предлог на ОЈО Кочани, два дена откако таа побегна во Бугарија .30-дневен притвор за Ива Михаилова определи кочанскиот суд по предлог на ОЈО Кочани, два дена откако таа побегна во Бугарија иако против неа и натаму беа на сила мерки за претпазливост, а и беше одземена и патната исправа. Ова значи дека Михаилова веднаш откако ќе биде обезбедена ќе заврши во ефективен притвор, а во меѓувреме, за неа ќе биде распишана и меѓународна и централна птоерница. „Основниот суд Кочани, постапувајќи по службена должност, а по претходно добиено известување од ОВР Кочани, за кое веднаш го известил ОЈО Кочани, и определи мерка притвор од 30 дена на обвинетата Ива Михаилова, сметано од датумот и часот на лишување од слобода. Врз основа на решението, издадена е наредба до МВР ОВР Кочани, со барање, доколку истата се крие или е во бегство, да биде распишана меѓународна и централна потерница. Наредбата е доставена и примена од страна на ОВР Кочани.“ Од МВР пак ниту денеска нема одговор како Михаилова побегнала, ниту пак дали е во тек внатрешна истрага на МВР за евентуален пропуст на граничните службеници....Според поранешниот началник во МВР, Љубомир Ѓучевски, пак, полицијата во оваа фаза од постапката и не треба да открива детали од истрагата, но треба темелно да ги разгледа сите можни сценарија за бегството на Михаилова. – Еден од основите е поминување на границата со коруптивни елементи – коруптивните елементи значат дека некој полициски службеници кои биле на смена требало да евендтираат, да скенираат личен документ дали е патна исрапава и така натаму...Тоа се дејсвија кои биле должни да ги преземат. Вториот момент е со фалисфикувани документи – фалсификувана патна исправа, за што република бугарија е позната, по однос на издавање на фалсификувани патни документи, а тоа го имавме и ние во република македонија. За бегството на Ива Михаилова во Бугарија македонската јавност дозна опо нејзиното пристигнување во Бугарија – Таа и нејзиниот адвокат за тамошните медиуми изјавија дека легално ја поминале границата, а дека причина за заминувањето во Бугарија на Михаилова е нејзината влошена здравствена состојба состојба. Иако Михаилова тврди дека за излез од Македонија и за влез во Бугарија користела лична карта, официјално, МВР соопшти дека во системот за гранична контрола не е евидентирано дека ниту таа, ниту нејзиниот адвокат ја напуштиле земјава и влегле во Бугарија. Преку заедничкиот контакт-центар меѓу двете земји пак, било добиено известување дека ниту бугарската гранична полиција нема евидентиран легален влез на овие две лица. На Ива Михаилова, која има двојно државјанство, и македонско и бугарско, и се суди во Кочани за сообраќајна несреќа со трагичен крај, а во која загина 33-годишниот Бесим Дурмиши, од скопското село Љуботен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПревентивни активности за спречување на насилство и зголемување на безбедноста во сообраќајотДенеска (13.10.2026) полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје на подрачје на ПС Центар реализираа превентивни активности „Не користи мобилен телефон додека возиш“ и „Стави појас“.Денеска (13.10.2026) полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје на подрачје на ПС Центар реализираа превентивни активности „Не користи мобилен телефон додека возиш“ и „Стави појас“, со цел да им се укаже на возачите за ризикот од користење на мобилен телефон за време на управување со возилата, како и за потребата од користење на сигурносниот појас и од страна на возачите, но и од страна на сопатниците, како и доследно почитување на сите сообраќајни правила. Во Кочани пак, полициски службеници од ПС БПС Кочани акцент ставија на обврската за прописно паркирање на возилата, со цел да не се загрозува безбедноста на другите учесници во сообраќајот, пред се пешаците. Отсекот за превенција при СВР Куманово во текот на изминатиот викенд, во склоп на активностите организирани за одбележување на 11 Октомври, учествуваше во организацијата на традиционалната велосипедска трка во Куманово, како и литературен конкурс на кој учествуваа ученици од основни и средни училишта. Полициски службеници од ПС Пробиштип реализираа едукативни предавања во ПОУ „Браќа Миладиновци” Општина Злетово, со цел спречување на меѓуврсничко насилство и безбедно користење на интернет.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter